(Видео) Предупредување до граѓаните по силниот земјотрес во Јапонија: „Бидете подготвени за евакуација“
По силниот земјотрес со јачина од 7,7 степени што денеска ја погоди Јапонија, властите упатија апел до населението за зголемена претпазливост во текот на следната недела.Јапонската премиерка Саанае Такаичи побара од граѓаните да „останат во состојба на готовност“ поради зголемен ризик од нови потреси на тлото.Таа истакна дека постои зголемена опасност од последователни земјотреси, па дури и мала можност за разорен мегаземјотрес.„Поради можни последователни земјотреси, ги молиме граѓаните во наредната недела да бидат особено внимателни. Бидете подготвени за итна евакуација и секогаш имајте со себе основни работи за вонредни ситуации“, изјави Такаичи.И покрај предупредувањата, таа истовремено ги повика луѓето да продолжат со своите секојдневни животни и работни активности.Јапонската железничка компанија „East Japan Railway“ соопшти дека повторно е воспоставен сообраќајот на брзите возови на неколку линии кои беа затворени по земјотресот.Се вози повторно на релациите Токио – Хачинохе, како и Токио – Мориока и Фукушима.Сепак, сообраќајот сè уште е прекинат меѓу Мориока и Акита, а одложувања има и на линијата Фукушима – Шинџо.Предупредувањата за цунами во делови од префектурите Ивате, Хокаидо и Аомори се намалени на ниво на совет.Јапонската метеоролошка агенција претходно предупреди на бранови високи до 3 метри по земјотресот во североисточна Јапонија, но подоцна проценките се намалени на околу 1 метар.
Свет | пред 2 дена