Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈАРЕВСКИ

media-libraryatvdc2mqonde7GGUsVE

Jаревски: Стабилизирани се цените на горивата, приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата

Во гостување во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски и се осврна на донесените одлука од страна на Владата за намалување на ДДВ-то за горивата и ослободување на количини на мазут од државните резерви, се со цел да се спречи зголемување на цената на производите и на електричната енергија. Пратеникот Јаревски истакна дека Владата успешно се справува со предизвиците од глобалната економска криза и додаде дека снабдувањето со горива се одвива непречено и без прекини. „Она што се укажа дека намалувањето од 18 на 10 отсто е првиот чекор, доколку има понатаму потреба ќе се намали и до 5 отсто. Паралелно со тоа, Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство покрај серијата на чекори што ги направи во изминатиот период исто така премина кон разговори со дистрибутерите на нафта, со цел да имаме дополнителен попуст на маржа од 2-3 денари. Практично барем во овој најсериозен бран да имаме состав во кој цените на горивата нема да бидат поскапени“, рече Јаревски. Јаревски додаде дека државата останува меѓу земјите со најниски цени на горивата во регионот потенцирајќи дека се потврдува ефикасноста на преземените мерки како и стабилноста на енергетскиот систем. Тој нагласи дека приоритет на Владата останува заштита на животниот стандард на граѓаните и стабилност на економијата.

Македонија | пред 1 седмица

jarevski

Јаревски: Парите за општините и стопанството се европски и се финансиска инјекција за нивна поддршка и развој

„Кредитот е од земја членка на ЕУ односно земја која сега и е претседавач со ЕУ. Станува збор за кредит кој се докажа дека е со исклучително поволни услови за Македонија. Половината ќе биде искористен за проекти за локалната самоуправа, другата половина ќе биде кон директна поддршка за стопанството. На наменски сметки на претходно проекти кои сите општини аплицирале“, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски на синоќешното гостување во емисијата „Анализа 24“ на ТВ 24.Јаревски продолжи и додаде „Сите општини аплицираа на проектот независно од која политичка провиниенција се раководени. Тие проекти откако ќе се разгледаат, се префрлаат парите на наменска сметка и понатаму си имплементира самата општина“.Пратеникот потенцираше дека нема да има мешање од страна на Владата кон самите општини.„Парите откако ќе ги добијат самите општини си ја спроведуваат постапката како што е пропишана со закон. Нема да има мешање на страна на извршната власт од Владата кон самите општини меѓутоа сите мерки и инструменти за следење на трошењето на пари си стојат“, дециден е Јаревски.Јаревски укажа дека трошоците за кредитот од Унгарија се драстично помали.„Факт е дека за овој кредит трошоците се драстично помали. Орбан беше кај нас и сите дилеми се решени со тоа дека Унгарија нема можност кинески пари да дава, бидејќи тие се наменски кои ќе ги трошат во Унгарија, а европските пари со кои располагаат ќе помогнат за Македонија“, вели Јаревски.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања