Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈОВАН ЈАУЛЕСКИ

sjo

(Видео) Трите грации се извалкаа повеќе од трите прасиња, ќе морате институционално да расчистите со СЈО, му рече Јаулески на Савески

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јован Јаулески, во Собранието упати остра порака до кандидатот за нов државен јавен обвинител, Ненад Савески, нагласувајќи дека идниот обвинител ќе има обврска да расчисти со, како што рече, „последиците од СЈО“.Јаулески оцени дека поранешното Специјално јавно обвинителство, кое првично било претставено како симбол на правда, се претворило во „срамно разочарување“.„СЈО беше претставено како историски коректив, а заврши како симбол на изневерена надеж. Тоа е пример како не треба да се работи. Трите грации од СЈО се извалкаа повеќе од трите прасиња, ја изгнасија професијата - обвинител“, изјави Јаулески.Тој додаде дека критиката кон СЈО мора да биде препознаена од новото раководство на обвинителството, со цел да не се повторуваат, како што ги нарече, злоупотребите.Во своето обраќање, Јаулески упати и директно барање до Савески, доколку ја добие функцијата, да обезбеди професионално постапување без политичко влијание.„Нема да ви биде обврска само да ја преземете функцијата, туку да докажете дека предметите се отвораат по индиции и докази, а не по агенда“, рече тој.Пратеникот нагласи дека новиот обвинител ќе мора институционално да воспостави јасна граница меѓу правото и неговата злоупотреба, дури и кога, како што рече, таа доаѓа од самите обвинители.„Ќе имате обврска институционално да расчистите со последиците од СЈО, ова е многу јасно за да се исцрта линија помеѓу правото и злоупотребата на правото. Па макар таа злоупотреба да е направена и од обвинител. За да се заврши со таквото поглавје“, порача Јаулески.

Настани | пред 1 седмица

331547456_1271806483717840_4461325004782467981_n

Кој е пратеникот што има земено 0 денари за патни трошоци од Собранието

Кристијан Јандриоски објави фотографија од пратеник кој не земал воопшто пари од Собранието за патни трошоци.„Пратеник од ВМРО. Од Струга.Читај овде.Нула факинг патни трошкови. НУЛА!И колку пати земал плата во годината, толку пати се јавил да наполни нечива кошничка со прехрамбени продукти!И кога и да го видите, каде и да го видите, поздравете го човекот.Ретко мајка ваквии раѓа како Јовче Јаулески.Изв Јовче брат, ама ми тежеше и мораше да напишам.Толку!

Коментари | пред 3 години

305501045_488420696627667_7457297402400919423_n

„Македонија го живее најлошиот сон од нејзиното постоење, таа е држава со насилно променето име, оспорен јазик, идентитет и историја“, вели Јаулески

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи објави статус во кој вели дека Македонија го живее најлошиот сон од нејзиното постоење.„Република Македонија денес ја слави својата независност.Македонија со оваа власт денес го живее најлошиот сон од нејзиното постоење. Македонија е држава со насилно променето име, оспорен јазик, идентитет и историја, но нашата борба за Македонија и исправување на грешките не престанува и тука не завршува.Република Македонија е нашиот мотив за борба, во неа е вгнезден и нашиот ген, македонскиот идентитет, македонскиот јазик, таа е нашата водилка да се избориме за вековниот стремеж на македонскиот народ за своја држава.Нека е вечна самостојна, суверена и независна Република Македонија“, вели тој.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања