Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЈУГОСЛАВИЈА

media-library69fqtegusji19Pvvy53

Ахмети: Јас ја уништив Југославија, не сум претставник на мачки, туку на лавови

Различни оценки има за петтиот конгрес на ДУИ, на кој Али Ахмети беше реизбран за лидер.За партијата конгресот бил успешен и ја потврдил нејзината висока политичка зрелост и капацитет за длабоко, одржливо и сеопфатно реформско преструктуирање.Додека едни се одишевени, Валмир Азири, еден од функционерите на ДУИ во Тетово и поранешен државен секретар во Министерството за култура оценува дека во паријата на се случила реформа, туку шоу.За Изет Меџити од ВЛЕН по изборниот дебакл, Конгресот на ДУИ станал театар во кој од никого не била побарана политичка одговорност.Ахмети пак се пофали:,,Нема никој во Македонија кој знае подобро од мене како да прави национализам. Јас ја уништив Југославија и 20 години го спроведував проектот 1981 – 2001. Но, слушнете го мојот говор на Конгресот, никогаш не сум се занимавал со ВМРО, СДСМ или ВЛЕН. Она што го имав за вазалите, им го кажав од 2002 до 2025 година. Тие не нудат одржливо решение“, кажа Ахмети.Тој има два плана, планот А е развој и напредок на државата, а изрази надеж дека нема да се префрли на план Б.„Ако излезам на улица, никогаш нема да се вратам дома. Јас не сум претставник на мачки, туку на лавови“, рече Ахмети.

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryitksoec2mu4afLjgwAJ

Од АВНОЈ до распадот: што претставуваше 29 ноември за поранешна Југославија?

На денешен ден, 29 ноември 1945 година, беше воспоставена федерацијата од шест републики на југот од Европа – новата, социјалистичка Југославија. По крвавата Втора светска војна, започна периодот на обновување на земјата и изградба на новиот политички модел, заснован врз социјализмот и еднопартискиот систем. Денот на Републиката со децении се славеше како најзначаен државен празник, а од 1955 година прославата траеше два дена, со манифестации што потсетуваа на победата над фашизмот и на создавањето на новата државна структура.Празникот го одбележува и Второто заседание на АВНОЈ во 1943 година во Јајце, кога беше формирано првото законодавно и извршно тело на идната држава, а беше забранет и повратокот на кралот Петар II Караѓорѓевиќ и на владата во егзил. Во тој период Тито се двоумеше како да спречи споделување на власта со монархистите, додека Черчил инсистираше на плурализам. Но, партизанското раководство сметаше дека оние што ја поминале војната во туѓина не можат да управуваат со земја ослободена со огромни жртви.По 1945 година, партизаните веќе ги контролираа сите институции и можеше отворено да се воспостави југословенскиот модел по комунистички принципи. Првите прослави го нагласуваа сојузништвото меѓу Тито и Сталин, а по разидувањето во 1948 година, Денот на Републиката стана симбол на партизанската победа, антифашизмот и култот кон Тито. Во прославите се вложуваа значителни средства, a традицијата продолжи до распаѓањето на државата.По 2002 година празникот и официјално престана да се одбележува. За младите генерации 29 ноември е обичен ден, додека за постарите останува потсетник на поинакво време – за едни период на братство и единство, за други време на идеолошка строгост, контрола и цензура. Како и многу датуми од поранешната држава, и овој останува дел од сложената историја и различните сеќавања на народите од поранешна Југославија.

Магазин | пред 4 месеци

media-libraryh6lvsedpfmu03fKt8D8

29 ноември – денот кога се славеше Републиката во поранешна Југославија

На денешен ден, 29 ноември, во поранешна СФР Југославија се славеше Денот на Републиката – еден од главните државни празници што го обележуваше второто заседание на АВНОЈ од 1943 година.На заседанието во Јајце, АВНОЈ беше конституиран како законодавно и извршно претставничко тело на идната југословенска држава, со што датумот доби особено историско и политичко значење. По завршувањето на Втората светска војна, од 1945 година, празникот беше официјално воспоставен и со децении се прославуваше низ целата федерација со свечености, паради, приредби и семејни собири.Во Србија, Денот на Републиката се одбележуваше сè до 2002 година, кога беше укинат со одлука на тогашната Сојузна скупштина. Иако повеќе не е официјален празник, 29 ноември и денес останува датум што буди силни асоцијации и различни сеќавања на времето на поранешната Југославија, нејзините симболи и политичкиот систем во кој овој ден имаше централно место во календарот на државните празници.

Свет | пред 4 месеци

solkanski-most

Две железнички лини од поранешна Југославија рангирани помеѓу десетте најубави

Си-ен-ен травел објави листа на десет најубави европски железнички линии. Покрај патувањето со воз од Фиренца до Неапол, од Барселона до Монсерат или од Ница до Вентимиља, свое место на листата најдоа и две линии од земји од поранешна Југославија, Босна и Херцеговина и Словенија.Си-ен-ен пишува за патувањето од Сараево до Мостар како прекрасно двочасовно патување со воз во кое патниците ќе поминат под зелените планини и клисури што ги следи смарагдната Неретва.„Во Мостар, едно од омилените мали гратчиња на Си-ен-ен во Европа, ќе пристигнете веднаш над познатиот мост што го изградиле Турците, а кој беше уништен од хрватската војска во 1993 година, за повторно да биде обновен во 2004“, пишува познатиот американски медиум. Што се однесува до Словенија, Си-ен-ен наведува дека во таа земја има повеќе од 1.000 километри железничка пруга, а широката железничка мрежа ја поврзува Словенија со Унгарија, Австрија, Хрватска и Италија.Тие наведуваат дека бохињската пруга е дел од линијата што ја поврзува Прага со Трст, а централна Европа со Медитеранот.„Една од најстарите железнички линии во Словенија вклучува 28 тунели и 65 мостови, вклучувајќи го и Солканскиот мост, најголемиот камен железнички мост во светот, кој ги поврзува двата брега на реката Соча“, пишува во репортажата.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања