Јапонија воведува кризен министер, Јужна Кореја размислува за ограничување на возење
Јапонија воведе специјална министерка задолжена за обезбедување стабилна испорака на клучни суровини, како одговор на енергетската криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, додека Јужна Кореја сериозно разгледува ограничувања на возењето доколку цената на нафтата дополнително порасне.Токио веќе презема конкретни чекори – ослободува дел од стратешките резерви на нафта и ја засилува енергетската дипломатија со цел да спречи нарушување на снабдувањето. Властите предупредуваат дека се можни недостиг на гориво и индустриски производи, а веќе се забележуваат проблеми кај транспортните компании.Паралелно, во Јужна Кореја се разгледува проширување на мерките за ограничување на возењето на пошироката јавност доколку цената на нафтата достигне меѓу 120 и 130 долари за барел. Вакви рестрикции веќе важат за јавниот сектор, но нивното проширување би значело прво национално ограничување од времето на Заливската војна во 1991 година.Енергетскиот шок, предизвикан од растот на цените и нарушените транспортни рути, ги принудува азиските економии да активираат вонредни механизми, со цел да го ублажат ударот врз индустријата и граѓаните.
Свет | пред 7 часа