(Видео) Шумски пожар од големи размери во Канада, најавена е масовна евакуација
Поради шумски пожар во близина на градот Форт Мекмареј во северниот дел на канадската провинција Алберта, најавена е евакуација на повеќе од 6.000 локални жители.Пожарот веќе уништи речиси 21 илјада хектари и моментално е на оддалеченост од помалку од 10 километри од периферијата на градот. Сувото време и силниот ветер придонесуваат за ширење на пожарот во правец на населбата, јавува канадскиот јавен сервис CBC News.Регионалната општина Вуд Бафало во вторникот попладне прогласи вонредна состојба и издаде наредба за евакуација.Во сила е наредбата за евакуација за населбите Бикон Хил, Абасанд, Прери Крик и Грејлинг Тераса.Голем шумски пожар во 2016 година предизвика значителна штета и предизвика евакуација на сите 66.000 жители на тој град.Сепак, според пожарникарите, природата на сегашниот шумски пожар е поинаква, бидејќи уништената шума се уште не е закрепната. Ова значително го забавува ширењето на пожарот и им ја олеснува работата на пожарникарите.Во гаснењето на пожарот биле вклучени 14 хеликоптери и 70 пожарникари.Во Алберта моментално горат околу 50 шумски пожари, но само два се во близина на населени места.https://twitter.com/rugcarpetz/status/1790522744875999304https://twitter.com/leandro_ptbr/status/1790555145404633443
Свет | пред 1 година