Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

КАРЛОС АЛКАРАС

alkaraz-1

Алкарас влезе во „клубот 300“: до јубилејот стигна побрзо од Ѓоковиќ, Надал и Федерер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас ја запиша 300. победа во кариерата на АТП-турнејата, ставајќи се во избрано друштво на најбрзите до оваа бројка во современиот тенис.Јубилејната победа ја оствари во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло, каде што го совлада Александер Бублик. Со тоа, Алкарас до 300 триумфи стигна по точно 367 одиграни мечеви — ист број што бил потребен и на Џон Мекинро.Побрзо од Алкарас до „троцифрениот“ јубилеј од овој ранг стигнале само двајца: Џими Конорс (365 мечеви) и Род Лејвер (355). Зад него, според истата статистика, остануваат имиња како Иван Лендл и Рафаел Надал (по 373), како и Борис Бекер (374), што дополнително ја нагласува тежината на овој резултат.Алкарас ќе има можност веќе во сабота да ја запише и 301. победа, кога треба да игра против Валентан Вашероа, во обид да го продолжи победничкиот ритам во Кнежеството.

Спорт | пред 1 седмица

alkaraz-1

Убедлива победа за Алкарас: Баез немаше шанси

Карлос Алкарас го совлада Себастијан Баез во второто коло на Мастерс турнирот во Монте Карло со 6:1, 6:3. Шпанскиот тенисер изјави дека едвај чека турнирот да започне, а тоа се виде и на теренот.Алкарас ја врати својата игра, каде минатата сезона имаше голем успех и каде годинава бранел многу поени. Првиот чекор го заврши успешно, рутински го победи Аргентинецот Баез, кој немаше никакви шанси против првиот светски рекет.Кога најдобриот тенисер на светот е во форма, тој е речиси несопирлив. Ова се виде уште од почетокот на мечот, кога Алкарас влезе со голема желба и играше на највисоко ниво.Првиот сет го доби убедливо со 6:1, а во вториот сет ништо не се промени. Алкарас поведе со 3:0, а потоа Баез освои својот прв гем за да не го загуби сетот без освоен поен. Аргентинецот успеа да врати брејк во вториот сет, но Шпанецот направи нов брејк, поведе со 5:3 и во следниот гем стигна до победата.Во наредното коло, Карлос Алкарас ќе игра против победникот од дуелот Ечеверие – Атмане.

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања