Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КАРТЕР

Screenshot_774

Парис Хилтон и Картер Реум ги пресекоа муабетите за развод: „Ние сме најсреќниот пар на светот“

Парис Хилтон и нејзиниот сопруг Картер Реум јавно ги демантираа гласините дека нивниот брак е во криза, откако на социјалните мрежи почнаа да кружат „анализи“ за нивниот однос по нивното појавување на доделувањето на Греми наградите.Шпекулациите се разгореа поради тврдења дека говорот на телото на Реум на црвениот тепих наводно „открива“ незадоволство, а дел од коментарите се фокусираа и на момент кога Хилтон ја свртела главата додека тој се обидувал да ја бакне.Реум реши директно да стави крај на приказните и со објава порача дека нивната врска не само што не е разнишана, туку и дека се чувствуваат одлично како двојка.„Ве уверувам, мојата сопруга е една во милијарда и ние сме најсреќниот пар на светот, но ги ценам сечии аматерски психолошки анализи. Како што гледате, јас сакам да ја бакнам Парис, но таа едноставно не сака да ѝ се расипе шминката на црвениот тепих“, порача тој.Во продолжение, Реум додаде и дека меѓу нив „нема голема филозофија“, нагласувајќи дека Хилтон го обожава, со што практично ја затвори темата за наводен развод која се ширеше онлајн.

Магазин | пред 1 седмица

Screenshot-2025-01-10-at-13.14.52

(Видео) Сите живи претседатели на САД на погребот на Картер; „Ми недостига“, рече Бајден

Стотици луѓе присуствуваа на комеморацијата за 39-тиот американски претседател Џими Картер што се одржа денеска во Националната катедрала во Вашингтон.Како што пренесува Бета, комеморацијата почна со пристигнувањето на ковчегот со телото на Картер, обвиен со американско знаме.Сите наследници на Картер во Белата куќа кои се живи, Бил Клинтон, Џорџ Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џозеф Бајден – присуствуваа на комеморацијата со нивните сопруги.„Пријателството на Џими Картер и неговиот живот ме научија дека силата на карактерот е повеќе од титулата или моќта што ја имаме. Тоа е силата да се разбере дека сите луѓе треба да се третираат со достоинство, почит и дека секој заслужува еднаква можност.” рече претседателот Џо Бајден во својот проштален говор, пренесуваат медиумите.Ова е првпат демократски кандидат да се види со новоизбраниот претседател по изборите во САД. Пред збогувањето, Трамп се ракуваше со својот поранешен потпретседател Мајк Пенс. Ова беше и првпат двајцата да бидат видени заедно во јавноста откако ја напуштија Белата куќа во 2021 година.Бајден рече дека Картер значително ги променил работите и дал пример за примерен ангажман по завршувањето на неговиот претседателски мандат. Претседателот во заминување рече дека животот на Картер е „приказна за човек кој никогаш не дозволил политичката плима да го одвлече од неговата мисија да му служи и да го обликува светот“.Од Картер се збогуваа и американската потпретседателка Камала Харис и нејзиниот сопруг, новоизбраниот американски потпретседател Џеј Ди Венс, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо. Картер почина на 29 декември на 101-годишна возраст. Картер годините потоа ги помина фокусиран на меѓународните односи и човековите права што му ја донесоа Нобеловата награда за мир во 2002 година.

Свет | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања