Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КЕШ

media-libraryf80tj7ah7kaufWqMifA

Путин воведе нови забрани: Ограничено изнесување кеш во овие држави

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ со кој од 1 април се забранува физичките лица да изнесуваат готовина во државите членки на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ) во износ поголем од 100.000 долари.„Се воведува забрана за извоз во државите членки на Евроазиската економска унија на готовински пари на Руската Федерација од страна на физички лица во износ што го надминува еквивалентот од 100 илјади американски долари и е пресметан според официјалниот курс на Централната банка“, се наведува во документот објавен на официјалниот портал на правни акти, пренесува РИА Новости.Исклучоци се предвидени кога валутата се пренесува преку воздушни гранични премини на меѓународните аеродроми во Русија што ќе ги одреди Владата, со задолжително поседување заверени банкарски извештаи кои го потврдуваат подигањето на средствата од сметки на физички и правни лица, како и други документи што ќе ги пропишат надлежните органи.Во моментов не постојат ограничувања за извоз на готовина во руска валута за компаниите, но тие мора да пријават износи што го надминуваат еквивалентот од 10.000 долари.Исто така, од 1 мај ќе биде воведена забрана за извоз на златни прачки со тежина поголема од 100 грама, за физички и правни лица и индивидуални претприемачи.Исклучоци се случаите кога златото се извезува во земјите на ЕАЕУ преку воздушни контролни пунктови на руската граница на московските аеродроми Внуково, Домодедово и Шереметјево, како и на аеродромот Кневичи (Владивосток), со дозвола од Федералниот завод за анализа на злато.Претходно беше објавено дека Банката на Русија ги продолжила ограничувањата за подигање готовина во странска валута за уште шест месеци. Новите мерки ќе останат на сила до 9 септември.

Свет | пред 4 дена

germanija-zname

Германија ќе воведе горна граница за плаќање кеш

Германија ќе воведе горна граница за плаќање кеш, прв пат во јуни 2027 година, како дел од спроведувањето на новата уредба на Европската унија чија цел е спречување перење пари и отежнување на финансирање тероризам.До сега, плаќањата во кеш во Германија не беа ограничени, но тоа се менува со новите правила. Правната основа ја обезбедија Европската унија и Европскиот парламент уште во 2024 година преку пакетот мерки против перење пари (Уредба 2024/1624 и Директива 2024/1640), објавен во Јуни 2024 во Службен весник на ЕУ.Од 10 јули 2027 година, во деловните трансакции со кеш може да се плати најмногу 10.000 евра. Сè што надминува овој износ, мора да се плати преку банкарска уплата, платежни картички или дигитални сервиси за плаќање. Ограничувањето се однесува само на трансакции каде барем едната страна е деловен субјект. На пример, купување автомобил од трговец подлежи на лимитот, додека приватна продажба на автомобил помеѓу две физички лица не е ограничена, ако нема регистрирана дејност.Истиот исклучок важи и за купопродажба на недвижности помеѓу приватни лица, но јавните бележници веќе мора да го евидентираат начинот на плаќање.Дополнително, при плаќања во кеш над 3.000 евра, трговците и давателите на услуги ќе мора да ја проверат и запишат идентитетот на купувачот, што значи дека при купување поскапи производи како часовници, лаптопи или мебел, купувачите ќе треба да покажат лична карта.Во споредба со другите земји членки на ЕУ, Германија се смета за една од последните поголеми економии која воведува вакво ограничување. Во Франција и Шпанија лимитот веќе изнесува 1.000 евра, додека во Грција кеш плаќањето е возможно само до 500 евра. Во некои соседни држави дополнително се намалува достапноста на банкоматите, поттикнувајќи безготовинско работење.

Свет | пред 1 месец

dragi-raskovski

Драги Рашковски задржан на граница со непријавени 20.000 евра?

Поранешниот генерален секретар на Владата во времето на Зоран Заев, Драги Рашковски, бил задржан на граница при обид да изнесе готовина во висина од 20.000 евра од МакедонијаПри детална контрола на возилото, царинските служби пронашле пари за кои Рашковски немал соодветна потврда ниту истите биле пријавени согласно законските прописи. Дел од сумата, која надминува дозволен лимит, е одземенa, а тој ќе биде прекршочно казнет.Институциите досега немаат излезено со официјално соопштение за конкретниот случај, ниту пак се огласил самиот Рашковски.Инаку, Рашковски во првостепена постапка, заедно со уште шест лица, беше осуден на затворски казни од три до осум години во предметот „Софтвери“, кој се однесува на злоупотреби со јавни набавки.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања