Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ

eZy-Watermark_01-10-2023_05-04-34-9420PM

Ноќна стража за ѓубрето, во Скопје се воведува нов режим - по 22 часот не смее да се фрла отпад

Од денеска во главниот град започнува да важи новото правило со кое се ограничува фрлањето отпад после 22 часот – мерка што Град Скопје ја воведува со намера да се стави ред во одлагањето на сметот и да се спречат нерегуларностите околу користењето на контејнерите.Спроведувањето на забраната ќе го надгледуваат комуналните инспектори и редарските служби, кои од утре преминуваат на работа во три смени, покривајќи го теренот непрекинато, 24 часа дневно. На располагање се вкупно 20 комунални инспектори и исто толку редари, кои ќе патролираат низ сите делови на градот.Како што посочуваат од надлежните служби, фокусот ќе биде ставен на проверка на тоа каде и како угостителските објекти и фирмите го оставаат својот отпад.„Штом утре одлуката биде објавена во Службен весник, службениците ќе добијат ново распоредување во тросменска работа. Вклучени ќе бидат сите инспектори и редари, а казните ќе се изрекуваат непосредно на терен“, изјави новиот директор на „Комунална хигиена“, Драги Митковски за Сител.Тој додаде дека доколку се затекне поголема количина несоодветно одложен отпад, ќе се спроведува детална контрола кај фирмите. Казните остануваат непроменети – 50 евра за граѓаните, а од 1.300 до 1.800 евра за правните субјекти.Мерката има за цел да ги спречи угостителските и деловните субјекти да ги полнат контејнерите што се наменети за домаќинствата и да придонесе кон поорганизирано и навремено собирање на сметот низ градот.

Скопје | пред 4 месеци

viber_image_2024-12-13_00-14-31-790

Kомунална хигиена-Скопје подигна 𝟣𝟤𝟢𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на декември

Во текот на последниот месец од 2024-та година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 1200 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје. Најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром, извести Kомунална хигиена-Скопје.Во текот на месецов, ЈП Комунална хигиена-Скопје бележи и голем број интервенции на таканаречените „црни точки“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) - во општината Чаир, улиците Ѓорче Петров, Лука Геров, Христо Батанџиев и Македонска војска - во општината Ѓорче Петров, улицата Васил Чакаларов - во општината Карпош и улицата Димо Хаџи Димов - во општината Кисела Вода.На овие локации секојдневно се реализираат и интервентни патролни дежурства од страна на Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје, којашто во текот на месец декември изготви и врачи вкупно 29 едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти што се затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота, соопшти Kомунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-12-25_16-00-47-812

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟧𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 50 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Карпош и Гази Баба, информира Комунална хигиена-Скопје.Повторно е интервенирано на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, каде што се подигнати 15 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавна површина во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“. Во оваа скопска општина се отстранети и седум кубни метри непрописно одложен градежен отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов.Во општината Карпош се реализираа активности на булеварот Партизански одреди, каде што се расчистени приближно пет кубни метри отпад од картонски пакувања одложен на тревна површина во близина на Порта Влае.ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и мешан комунален отпад лоцирана на улицата Париска комуна во општината Гази Баба, извести Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-27_18-30-03-566

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за отстранување диви депонии во скопскитеопштини Кисела Вода и Центар.Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Невена Георгиева-Дуња и Димо Хаџи Димов, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и неколку помали диви депонии во околината на Градскиот стадион, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри отпад од јавни површини.Воедно, во текот на изминатава седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви седум едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош и Чаир.Во рамките на интервенциите на Еко-патролата, од страна на сторителите беа отстранети вкупно 32 кубни метри непрописно одложен градежен отпад, извести Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-26_10-33-09-458

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во скопските општини Кисела Вода, Центар, Ѓорче Петров и Чаир.На улицата Димо Хаџи Димов во општината Кисела Вода се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен отпад од картонска амбалажа. Во општината Центар се расчистени неколку диви депонии лоцирани на булеварот Партизански одреди и улицата Даме Груев, извести Комунална хигиена-Скопје.Интервенирано е и кај црквата Св.Ѓоргија во месноста Криви Дол, зад скопското Кале, каде што е отстранета дива депонија од самиот влез во црквата.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден подигнаа и приближно 20 кубни метри кабаст отпад одложен долж булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, како и 15 кубни метри мешан комунален отпад и автомобилски гуми одложени на улицата Борис Сарафов во скопската општина Ѓорче Петров, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

komunalna-otpad-1

Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во текот на викендот

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со отстранување на обемна дивна депонија лоцирана на улицата Лука Геров во општината Ѓорче Петров.Депонијата е составена од мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на Претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад.Во општината Карпош се подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Прашка.ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов интервенираше и во скопската општина Чаир, каде што се отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците Вуковарска и Џон Кенеди, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-20_23-00-46-072

Отстранети 𝟨𝟢 кубни метри отпад од диви депонии во општините Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.Во општината Гази Баба се отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Никола Киров Мајски во населбата Хиподром.Во општината Чаир се подигнати приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Кемал Сејфула, како и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на трговскиот центар „Мавровка“.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Христо Батанџиев во скопската општина Ѓорче Петров, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

cistenje1

Засилени активности за расчистување на улиците и булеварите по синоќешните обилни дождови

По синоќешните обилни дождови, ЈП Комунална хигиена-Скопје утринава започна со реализација на засилени активности за расчистување на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини.Во рамките на активностите се реализира рачно и машинско метење, како и отстранување на паднатите лисја, со цел – непречено одвивање на сообраќајот и движење на пешаците по јавните и сообраќајните површини, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-19_16-25-47-304

Отстранети неколку диви депонии во скопските општини Ѓорче Петров и Чаир

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје интервенираа на повеќе локации во општината Ѓорче Петров, каде што се отстранети приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани на улиците Лихнида, Ѓорче Петров и Никола Пушкаров - во непосредна близина на објектот на старата општина.Воедно, подигнати се и околу 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и мешан комунален отпад од сообраќајна површина на улицата Цветан Димов во скопската општина Чаир, велат од Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-18_23-25-05-655

Комунална хигиена-Скопје подигна 𝟦𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад во текот на изминатото деноноќие

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 45 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Кисела Вода, Аеродром, Центар и Карпош.Во општината Кисела Вода се отстранети 15 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Димо Хаџи Димов, во близина на драгсторот „Томи“. Во општината Аеродром се расчистени неколку диви депонии долж булеварот АСНОМ, при што се транспортирани вкупно 20 кубни метри отпад.Во општината Центар е интервенирано на улицата Тодор Александров, на потегот што води кон средно Водно, каде што се отстранети санитарни елементи и мебел одложени на тревна површина. ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на вчерашниот ден отстрани и обемна дива депонија составена од кабаст и отпад од картонски пакувања лоцирана на улицата Козара во општината Карпош, велат од Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-12_11-05-18-720

Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви 𝟤𝟤 записника во текот на минатата седмица

Во текот на минатата седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 22 едукативно-информативни записника за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош, Гази Баба, Чаир и Бутел, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.ЈП Комунална хигиена-Скопје повторно на терен ги активираше и интервентните еко-патроли коишто реализираат деноноќни дежурства на т.н. „црни точки“, односно локациите каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад.Во рамките на интервенциите на Еко-патролата во изминатите седум дена од страна на сторителите беа отстранети вкупно 57 кубни метри непрописно одложен претежно градежен и кабаст отпад, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

komunalec-otpad-1

За време на викендот се подигнати 𝟩𝟢 кубни метри непрописно одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.Во општината Чаир е интервенирано на улицата Самоилова, каде што во непосредна близина на Музејот на современата уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата Орце Николов, извести Комунална хигиена-Скопје.На улицата Февруарски поход во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае и на улицата Московска - во општината Карпош, беа отстранети 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана на улицата Димо Хаџи Димов во скопската општина Кисела Вода, каде што се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-07_13-29-02-743

Учениците од „Јохан Хајнрих-Песталоци“ го посетија Центарот за селекција на отпадот

Учениците од вторите одделенија при ООУ „Јохан Хајнрих-Песталоци“ од скопската општина Центар, денеска го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП Комунална хигиена-Скопје.Во рамките на посетата, од страна на стручните служби на Претпријатието на учениците им беше презентиран начинот како правилно да постапуваат со комуналниот отпад и беа информирани за значењето на неговата примарна селекција.Тие имаа можност да видат како се одвива процесот на машинско балирање на селектираното стакло, хартија, лименки и пет-амбалажа. Младите посетители научија дека стариот мебел, покуќнината и електронските апарати не смеат да ги исфрлаат на јавни површини, но можат бесплатно да ги одложат во Центарот за селекција.Програмата за едукација на учениците од градинките, основните и средните училишта во градот Скопје што ја имплементира ЈП Комунална хигиена-Скопје, има за цел – подигнување на свесноста кај младите генерации за значењето на правилното постапување со комуналниот отпад и грижата за заштитата на животната околина, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-06_20-09-11-622

Oтстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во општините Чаир, Центар и Кисела Вода

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Кисела Вода.Во општината Чаир се отстранети вкупно 20 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавни и сообраќајни површини на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“ . Во оваа општина е интервенирано и на улиците Ресенска и Струмичка.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и околу 10 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина веднаш до Агенцијата за вработување, на улицата Васил Ѓоргов во општината Центар.Воедно, во текот на вчерашниот ден се отстранети и вкупно 30 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Димо Хаџи Димов, Михаил Чаков, Христо Татарчев, Ѓорѓи Димитров, Вера Јоциќ и Антон Попов во скопската општина Кисела Вода, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-06_00-03-27-292

Подигнати 60 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување 60 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров.Отстранета е обемна дива депонија лоцирана до ООУ „Хасан Приштина“ во населбата Серава, а интервенирано е и на улицата Славеј Планина - во непосредна близина на скопското Теќе, како и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати вкупно 40 кубни метри претежно кабаст и градежен отпад, извести Комунална хигиена-Скопје.Во рамките на третата смена е извршено и расчистување на дива депонија лоцирана на улицата Македонска војска во општината Ѓорче Петров, каде што се подигнати и транспортирани приближно 20 кубни метри непрописно одложен отпад, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-11-04_13-53-39-972

Заменети оштетените корпи за ситни отпадоци во општината Сарај

Во текот на вчерашниот ден, ЈП Комунална хигиена-Скопје изврши замена на сите оштетени корпи наменети за одлагање ситни отпадоци во скопската општина Сарај. Активностите се реализираа на десетина локации во централниот дел на општината, каде што на местото на оштетените корпи се поставени сосема нови садови, известува Комунална хигиена-Скопје.И во претстојниот период, ЈП Комунална хигиена-Скопје ќе продолжи со етапно менување на сите оштетени корпи за одлагање ситни отпадоци поставени на подрачјето на градот Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-09-07_00-38-53-915

За викендот подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување приближно 70 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба, Центар, Карпош и Ѓорче Петров.Во општината Чаир е интервенирано на улиците Вуковарска и Крсте Асенов, каде што се подигнати 30 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.На улиците Борис Сарафов, Никола Пушкаров и Христо Батанџиев во општината Ѓорче Петров беа подигнати околу 10 кубни метри непрописно одложен отпад од од картонска амбалажа, додека во општината Карпош се отстранети 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Прашка и Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“.Воедно, за време на викендот се реализирани активности за расчистување диви депонии на улицата Васил Ѓоргов во општината Центар, како и на улицата 16-та Македонска бригада во скопската општина Гази Баба, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

thumbnail_viber_image_2024-10-29_08-05-01-530

Комунална хигиена-Скопје спроведува активности за чистење на Старата скопска чаршија

Во текот на минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија. Во рамките на активностите беше извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје и во претстојниот период ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на Старата скопска чаршија, којашто претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-22_07-09-19-019

Подигнати 30 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Бутел и Аеродром

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад.Активностите се одвиваа во скопските општини Бутел и Аеродром.Во општината Бутел е интервенирано во населбата Радишани, каде што се отстранети приближно 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Радишанска.Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа и 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Бојмија, во непосредна близина на Железничката станица во скопската општина Аеродром, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-15_09-02-56-477

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар и Чаир

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше повеќе активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри отпад одложен на јавни или сообраќајни површини.Активностите се одвиваа во неколку скопски општини, така што во скопската општина Центар - на булеварот Мајка Тереза (Водњанска) е отстрането поголемо количество кабаст и градинарски отпад одложени на тротоарот во непосредна близина на ООУ „Кочо Рацин“. Во оваа скопска општина е интервенирано и на улицата Васил Ѓоргов, велат од Комунална хигиена.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана веднаш до ООУ „Васил Главинов“ на улицата Џон Кенеди во општината Чаир, а подигнати се и околу 15 кубни метри непрописно одложен градежен отпад во близина на трговскиот центар „Мавровка“, соопшти Комунална хигиена.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-09_15-33-10-320

Расчистени обемни диви депонии во општините Центар, Чаир и Бутел

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар и Бутел.Отстранети се 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Џон Кенеди, во непосредна близина на ООУ „Васил Главинов“, како и големо количество органски отпад и отпад од картонска амбалажа на улицата Васил Ѓорѓов во населбата Капиштец, во општината Центар.Воедно, во рамките на третата смена е расчистена и обемна дива депонија лоцирана во скопската општина Бутел, во непосредна близина на Прифатниот центар за поддржано живеење за бездомни семејства во населбата Визбегово, велат од Комунална хигиена-Скопје.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-08_00-10-34-316

Подигнати 50 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Чаир и Ѓорче Петров

Во текот на изминатото деноноќие, ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше низа активности за отстранување диви депонии во чиишто рамки се подигнати и транспортирани приближно 50 кубни метри непрописно одложен отпад.Активностите се одвиваа на неколку локации во општината Ѓорче Петров - на улиците Борис Сарафов, Ѓорче Петров и Македонска војска, како и во општината Чаир- на булеварот Втора македонска бригада и на улицата Џон Кенеди.Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на минатата ноќ повторно интервенираа и на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) каде што е отстранета дива депонија лоцирана на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на Амбасадата на САД.

Скопје | пред 1 година

viber_image_2024-10-01_00-30-27-606

Комунална хигиена-Скопје подигна 30 кубни метри непрописно одложен отпад во скопските општини Центар и Карпош

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 30 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Центар и Карпош.Активностите се одвиваа на кејот „13-ти Ноември“, во строгиот центар на градот, каде што е отстранета дива депонија составена претежно од картонска амбалажа и органски отпад. Интервенирано е и на булеварот Гоце Делчев, на паркинг- просторот пред хотелот „ВИП“, каде што се подигнати приближно 10 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад.ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и уште една обемна дива депонија, лоцирана на улицата Брадфордска, во непосредна близина на ресторанот „Македонска куќа“, во скопската општина Карпош.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања