Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КОВИД

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Њујорк тајмс: Десет деца починале од ковид вакцинација, постои документ на американската Администрација за лекови

Американската Администрација за храна и лекови (FDA) во внатрешен документ навела дека најмалку десет деца можеби починале како последица од вакцинација против ковид-19, пренесе „Њујорк тајмс“. Како потенцијална причина за смртните случаи е наведена појава на миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул, кое во ретки случаи може да се јави по примена на одредени вакцини.Документот го составил главниот медицински и научен службеник на FDA, Винај Прасад, но во него не се наведени ниту возраста, ниту здравствената состојба на децата, како ни тоа која од вакцините против ковид е поврзана со пријавените случаи. Притоа нема официјална потврда за дефинитивна причинско-последична врска, туку се работи за интерна проценка заснована на пријавени податоци и медицински извештаи.„Њујорк тајмс“ наведува дека дописот е дел од поширока анализа на ретките несакани реакции по вакцинацијата, кои американските здравствени институции продолжуваат да ги следат и ревидираат. Официјални претставници на FDA досега јавно укажуваа дека вакцините против ковид остануваат безбедни и ефикасни и дека сериозните несакани реакции се исклучително ретки.Очекувањата се дека институцијата дополнително ќе го разгледа секој од случаите, по што би можеле да следат и нови препораки или разјаснувања за јавноста.

Свет | пред 4 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Ковидот замина од насловите, но не и од секојдневието - има болни! Нови доминантни соеви – Stratus и Nimbus

Иако Ковид-19 веќе одамна исчезна од дневните наслови, вирусот сè уште е присутен и тоа во форма што лесно се потценува. Симптомите често се прикриени или наликуваат на други сезонски заболувања, што го прави препознавањето потешко. Последниот извештај на Институтот за јавно здравје и тоа за првата недела од јуни покажува дека во Македонија се потврдени три нови случаи од 140 тестирани материјали, со просечна стапка на позитивност од 1,3 отсто.Епидемиолошката состојба е оценета како стабилна, но со предупредување дека намаленото тестирање и ограниченото известување го отежнуваат реалното следење на вирусот. Од почетокот на 2025 година во Македонија се евидентирани вкупно 49 заболени, со две починати лица едно во јануари и едно во април. Во истиот период тестирани се 5.631 примерок, а просечната позитивност е 0,9 отсто.Нови доминантни соеви – Stratus и NimbusИако бројките во Македонија се ниски, глобалната епидемиолошка слика покажува дека вирусот продолжува да се прилагодува. Моментално, здравствените власти ги следат двата доминантни соја – Stratus и Nimbus – кои во изминатите месеци брзо го зголемија своето учество меѓу новите случаи.Од мај до август, процентот на инфекции предизвикани од овие варијанти постојано расте, што укажува на висока преносливост. Според д-р Шерон Нахман од Stony Brook Children’s Hospital, и Stratus и Nimbus се „еднакво добри“ во инфицирање на домаќинот, но засега не се поврзани со потешка клиничка слика во споредба со претходните варијанти. Она што е забележливо е промената во симптомите – кај многу заразени се јавуваат интензивно гребење и болка во грлото, засипнатост и чувство дека „не можат да зборуваат или голтаат“. Овие симптоми, иако непријатни, најчесто не доведуваат до хоспитализација.Експертите предупредуваат дека двата соја имаат повеќе точки на мутација во однос на оригиналните варијанти од 2020, 2022 и 2023 година. Поголемиот обем на пренос значи и поголема можност за нови мутации, па есенската и зимската сезона може да донесат нов бран со различни соеви.Ковид во Македонија – сега болеста не предизвикува паника кај пациентитеФармацевтите велат дека статистиката не ја открива целата слика. Од една скопска аптека за Скопје1 велат дека во последните недели имале пациенти со скриени ковид симптоми, кај дел од нив и со сериозни компликации. Меѓу нив бил и лекар кој по инфекцијата развил перикардит – воспаление на срцевата обвивка.„Иако ретко се тестираат во лабораторија, има значителен број луѓе кои купуваат тестови за домашна употреба. Ако тестот е позитивен, некои се одлучуваат и за лекови како ивермектин,“ велат од аптеката.Додаваат дека значителен дел од новите случаи се лица кои се вратиле од одмор, најчесто од Албанија, а освен со ковид, како што велат, има и пациенти со други заразни болести и кожни проблеми.Во изјава за Скопје1, двајца пациенти кои од пред неколку дена се позитивни на ковид-19 раскажуваат како денес ја доживуваат болеста и како се справуваат со симптомите.„Сега веќе не е како во 2020-та, не се плашам воопшто. Искрено, мислев дека имам обичен стомачен вирус, имав дијареја и болки во стомакот, но и температура. Не ми падна на памет дека може да е ковид, сè додека не се појави кашлица“, вели Борче А, од Скопје, кој минатата недела се вратил од одмор.Вториот соговорник пак, кој на 15 август треба да патува, вели дека симптомите биле класични:„Температура, болки во грлото, омалаксаност...Купив тест од аптека и испадна дека сум позитивен. Се надевам дека ќе оздравам до петок за да можам са патувам, а совен тоа ивермектинот добро ми делува. Ковидот за мене е како дел од секојдневието, како што зборуваа многу епидемиолози, тој постојано ќе биде присутен – непријатно е, но не е онаа паника од порано.“Ивермектин – лек што предизвика полемикиИвермектин е антипаразитен лек кој со децении се користи за третман на инфекции предизвикани од различни паразити – како што се цревни нематоди и кожни паразитни заболувања, вклучувајќи шуга – и кај луѓето и кај животните. Развиен во доцните 1970-ти години, овој лек се смета за едно од значајните откритија во медицината, а доби и признание одСветската здравствена организација (СЗО) поради својата ефикасност против одредени тропски заболувања. За време на пандемијата на ковид-19, ивермектинот привлече внимание поради првични лабораториски истражувања кои сугерираа можен антивирусен ефект врз SARS-CoV-2.Ова доведе до широка, но често неконтролирана употреба во некои земји, иако голем број клинички студии и анализи, вклучително и од СЗО, Европската агенција за лекови (EMA) и Американската FDA, утврдија дека нема доволно докази за неговата ефикасност во превенцијата или лекувањето на ковид-19.Здравствените власти предупредуваат дека неправилната употреба на ивермектин, особено во повисоки дози од препорачаните, може да предизвика сериозни несакани ефекти – како оштетување на црниот дроб, невролошки симптоми и интоксикација.

Македонија | пред 7 месеци

koronavirus-korona-kovid-test

Нов тип на коронавирус откриен во Кина

Тим кинески научници откри нов коронавирус кај лилјаци со потенцијален ризик од пренос од животни на луѓе, но засега не треба да се стравува од ризикот од негова појава кај човечката популација, објави хонгконгскиот весник „Саут Чајна Морнинг пост“.Студијата беше спроведена од научници од Академијата на науките во Гуангжу, Универзитетот Вухан и Институтот за вирологија Вухан, предводени од вирологот Ши Женгли, во лабораторија во градот Гуангжу, во јужната кинеска провинција Гуангдонг.Научниците идентификуваа нова варијанта на вирусот HKU5 во јапонски лилјак во Хонг Конг, член на видот меркадовируси, како вирусот што предизвикува блискоисточен респираторен синдром (МЕРС).Според истражувачите, идентификуваниот вирус може да се поврзе со човечкиот ензим за конвертирање на ангиотензин (ACE2), истиот рецептор што го користи вирусот Сарс-КоВ-2 што предизвикува Ковид-19 и ги инфицира клетките.„Ние известуваме за откривање и изолација на посебна лоза (лоза два) на HKU5-CoV што може да користи не само ACE2 на лилјак, туку и човечки ACE2 и разни ортолози ACE2 од цицачи“, напишаа научниците во трудот објавен во списанието Cell.Истражувачите исто така изјавија дека „мербековирусите на лилјаците… претставуваат висок ризик од ширење на луѓето или со директен пренос или преку посредни домаќини“.Тие веруваат дека HKU5-CoV-2 се врзува за ACE2 рецепторите не само кај луѓето, туку и кај многу други видови, од кои сите можат да дејствуваат како посредни домаќини и подоцна да го пренесат вирусот на луѓето.Научниците додадоа дека е потребно повнимателно следење на вирусот, имајќи предвид дека неговата моќ е „значително помала“ од онаа на вирусот „Ковид-19“ и „не треба да се преувеличува ризикот од појава на HKU5-CoV-2 кај човечката популација“.

Свет | пред 1 година

koronavirus-korona-kovid-test

Регистрирани нови 57 случаи на Ковид: Четири лица починале

Во периодот од 9 до 15 септември во земјава се регистрирани 57 нови случаи на Ковид.Четири лица починале како последица од вирусот, две во Скопје и по еден во Битола и во Тетово, сите биле над 70-годишна возраст и невакцинирани. Тројца починале во болнички услови, а кај три лица биле регистрирани коморбидитети, се посочува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од осум градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=39; 68,4 отсто), a највисока инциденца е регистрирана во Делчево (14,7/100.000).Најголем број на пријавени заболени лица се на воозраст над 60 години.

Македонија | пред 1 година

infektivna-kovid-ambulanta

Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

Кога помисливме дека заразната болест Ковид-19 е минато, таа почна засилено да се шири.Во последните две недели во Македонија имаше околу 500 случаи на ковид-19 потврдени со лабораториски тест, а три лица починаа од заразата.Сепак огромен е бројот на граѓани кои не се тестираат и не се јавуваат на лекар.Комисисијата за заразни болести препорача вакцинирање против ковид-19, особено на лицата постари од 65 години. Сепак вакцини се уште нема.Ммнистерот за здравство најави донација од 11.000 вакцини.,,Набргу доаѓа донација од 11.000 дози вакцини против ковид-19, се надевам да пристигнат во следните десет дена. Преку Европската комисија се водат набавките за сите држави во Европската Унија, а и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тоа е во финална фаза и набргу сите европски држави ќе бидат снабдени, па и Македонија, со вакцини птотив инфлуенца и ковид-19“, рече министерот Арбен Таравари.Ковид-19 засилено се шири, донација од 11 илјади дози вакцини за Македонија

Македонија | пред 1 година

koronavirus-korona-kovid-test

Расте бројот на заболени од Ковид-19, најзагрозени лицата над 60 години

Расте бројот на заболени од Ковид-19, сепак портпаролот на Комисијата за заразни болести, Злате Мехмедовиќ во изјава за МИА рече дека засега, состојбата со Ковид-19 не е алармантна кај нас и нема простор за паника кај граѓаните.Тој посочи дека таму каде има зголемена фреквенција на луѓе, треба да се користат заштитни маски, како и често да се проветруваат просториите.Во текот на минатата недела регистрирано е и едно починато лице. Од 12 до 18 август, регистрирани биле заболени лица во општините од 17 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје – 152, Кавадарци – 25, Тетово – 23 и од Охрид – 22, според податоците на ИЈЗ. Највисока инциденца е регистрирана во Кавадарци.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, а најголем број случаи пријавени се во возрасната група над 60 години.,, Нема зголемување на тешките респираторни инфекции што се следат редовно од Институтот за јавно здравје, не се зголемува бројот, нема пораст. Тоа ни укажува дека немаме тешки клинички форми на болеста, рече Мехмедовиќ, портпаролот на Комисијата за заразни болести.

Македонија | пред 1 година

DSC_0683

Да се избегнува групирање, почесто да се мијат раце, избегнување контакт со заболени - донесени мерки против корона, бројките во порат

Комисијата за заразни заболувања на последниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица.„За потсетување вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста.На состанокот, комисијата ја реафирмираше препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа. За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку паиентот има симптоми карактеристични за ковид.Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти.Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, велат од Комисијата.

Македонија | пред 1 година

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Ковидот повторно се разгорува, 250 заразени во јули

Повторно јавноста е уплашена од разгорување на состојбата со заразени од вирусот Ковид-19.За само еден месец, или поточно во месец јули бројот на заразени лица со ковид скокна дојде до 250 или за десет пати зголемен е бројот на заразени со коронавирусот.Иститутот за јавно здравје во јули ја регистрира и првата жртва од новиот бран на коронавирусот, иако новиот сој во земјава официјално се уште не е потврден. Во регионот и на европско копно ова лето присутен е сојот флирт,кој што според епидемиолозите е послаба варијанта на омикронот.Според епидемиолозите ова е поради годишните одмори, летните журки, концерти, свадби.Од заболените со коронавирусот во јули 2024, најголем број и тоа 148 се пријавени од Скопје, а највисока инциденца се регистрира во Кавадарци.Матичните лекари предупредуваат дека бројката е поголеме, бидејќи најголемиот дел од заразените не се тестираат, а доколку го сторат тоа го прават со тестовите купени во аптека.,,Возрасната група над 60 години е најризична, исто и децата до 9 години, кај нив е забележен најголем број на инфекции. Во јули, над 60 години инфицирани биле 74 лица, а кај малите деца бројката достигнала 45 или 18% од вкупниот број. Во групата од 30-39 години регистрирани се 38 лица, во групата од 40-49 години има 35 заболени, од 50-59 има 26 заболени, а најмал број на заболени се пријавени во групата 20-29 години и 10-19 години, информираат од ИЈЗ.Како што велат матичните лекари главните симптоми на новата варијанта се: зголемена телесна температура, кашлица, болка во зглобовите и во мускулите, затнат нос, главоболка и замор, но сè поминува за два до три дена, без посериозни последици.

Македонија | пред 1 година

ohrid-lugje-carsija-guzva-turisti

Има Ковид низ Македонија: Во јуни од 415 тестирани, 25 лица биле позитивни

Во текот на месец јуни, од тестирани 415 лица, пријавени се вкупно 25 случаи на Covid-19, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Република Македонија.,,Во однос на претходниот месец мај 2024 (n=12), се регистрира двојно зголемување на бројот на пријавени од Covid-19, a во однос на месец јуни 2023 (n=29) има намалување на заболените за 17,2%. Од заболените во јуни 2024, најголем број -14) се пријавени од Скопје, а највисока инциденца (7,3/100.000) се регистрира во Охрид.”, велат од Институтот.Во текот на минатиот месец не биле пријавени починати од оваа болест.Осум од заболените се лица над 60 години, пет од 20-29 години, по три заболени од 0-9 години, 30-39 и 40-49 години, две лица на возраст од 50 години и едно на возраст меѓу 10 и 19 години.,,Од почетокот на пандемијата, заклучно со 30-ти јуни годинава, пријавени се вкупно 350.625 потврдени случаи на Covid-19 (I=19.089,8/100.000) и 9.984 смртни случаи (Mt= 543,6/100.000; CFR=2,8%).”, информираат од ИЈЗ.

Македонија | пред 1 година

zeneka

АстраЗенека ја повлекува вакцината по неколку месеци откако призна дека предизвикува несаканите ефекти

Британско-шведската фармацевтска компанија АстраЗенека објави дека ја повлекува вакцината против Ковид-19 неколку месеци откако пред судот во Лондон призна дека вакцината може да предизвика ретки и опасни несакани ефекти.Вакцината повеќе не може да се користи во Европската унија, откако компанијата доброволно го повлече одобрението за ставање во промет. Барањето за повлекување на вакцината беше поднесено на 5 март и стапи на сила во вторник.Слични апликации ќе бидат направени во наредните месеци во Велика Британија и други земји кои ја одобриле вакцината, позната како Вакзеврија. „АстраЗенека“ соопшти дека вакцината е отстранета од пазарот од комерцијални причини и дека повеќе не се произведува или испорачува, бидејќи е заменета со ажурирани вакцини кои се ефикасни против новите соеви на Ковид-19, пренесува британски Телеграф.Ваксеврија е под интензивна контрола во последниве месеци поради многу редок несакан ефект, кој предизвикува згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити во крвта. АстраЗенека призна во судските документи поднесени во Високиот суд во Лондон во февруари дека вакцината „може, во многу ретки случаи, да предизвика ТТС“.ТТС, тромбоза со синдром на тромбоцитопенија, е поврзана со најмалку 81 смртен, како и со стотици сериозни несакани ефекти. AstraZeneca е тужена од повеќе од 50 наводни жртви и ужалени роднини во случајот, кој сега е пред Високиот суд.Компанијата тврди дека одлуката за повлекување на вакцината не е поврзана со тужба или признание дека може да предизвика ТТС, туку дека времето е чисто случајно.„Развивме вакцини за нови соеви на Ковид-19 и имаме вишок. Ова доведе до пад на побарувачката за Ваксеверија, која повеќе не се произведува ниту се испорачува. „Затоа AstraZeneca одлучи да иницира повлекување на овластувањата за ставање во промет на Ваксеверија во Европа“, соопшти фармацевтската компанија.Во соопштението се наведува и дека компанијата е „горда“ на својот придонес за ставање крај на глобалната пандемија на Ковид 19 и тврди дека во првата година, имунизацијата со оваа вакцина спасила над 6,5 милиони животи преку три милијарди испорачани дози ширум светот.

Магазин | пред 1 година

tatko-i-bebe1

Научниците изненадени: Кај бебињата родени за време на пандемијата на корона, откриле две фасцинантни промени

Научниците открија како пандемијата на корона донела промени кај бебињата родени во тој период.Заклучувањата за време на пандемијата на корона доведоа до две фасцинантни промени во телото на бебињата кои можеби ги заштитија од болести и алергии, според новото истражување објавено во списанието Алергија.Истражувачите од Универзитетот во Корк во Ирска открија дека децата родени додека светот бил затворен за време на Ковид имаат изменет цревен микробиом - екосистем од добри и лоши бактерии во цревата кои го помагаат варењето, ги уништуваат штетните бактерии и помагаат во контрола на имунолошкиот систем.Откриено е дека микробиомот е подобар кај доенчињата, пишува Daily Mail.Истражувачите веруваат дека т.н „бебињата од ковид“ имаат помалку од очекуваното алергиски состојби како алергии на храна, во споредба со бебињата родени пред пандемијата.Анализирани се 351 примероци на столица од бебиња родени во Ирска во првите три месеци од пандемијата, помеѓу март и мај 2020 година. Овие примероци беа споредени со оние на бебињата родени пред пандемијата.Анкетата користеше онлајн прашалници за собирање информации за исхраната, домашната средина и здравјето. Примероците од столицата се собрани од деца на возраст од шест, 12 и 24 месеци, а тестирање за алергија е направено кај деца на возраст од 12 и 24 месеци.Утврдено е дека т.н Ковид-бебињата имаат повеќе корисни микроби добиени од мајката по раѓањето, а таквите микроби може да дејствуваат како одбрана од алергии.Ако поединците имаат нарушен цревен микробиом, тоа може да доведе до развој на алергии на храна.Бебињата родени за време на пандемијата имале пониски стапки на алергии: Околу пет проценти од бебињата со Ковид развиле некој вид на алергија на храна до една година, додека 22,8 проценти од бебињата родени пред пандемијата имале алергија на храна.Истражувачите веруваат дека мајките им пренесувале корисни микроби на своите бебиња за време на бременоста, а тие добиле уште повеќе микроби по раѓањето. Студијата покажа дека бебињата родени за време на карантин имале помалку инфекции бидејќи не биле изложени на бактерии и бактерии. Ова значеше дека им требаат и помалку антибиотици, кои ги убиваат добрите бактерии, што автоматски води до подобар микробиом на цревата.Исто така, бебињата од Ковид се доеле подолго, што им давало дополнителни предности.Од бебињата со Ковид, на само 17 отсто им биле потребни антибиотици до првата година од животот, додека дури 80 отсто од бебињата родени пред пандемијата земале антибиотици до првата година од животот.Педијатарот професор Џонатан Хурихан вели дека оваа студија нуди нова перспектива за влијанието на социјалната изолација во раниот живот врз цревниот микробиом.Истражувачите планираат повторно да ги тестираат децата кога ќе наполнат пет години за да видат дали има долгорочни ефекти од раните промени во цревниот микробиом, пренесува Јутарњи.хр.

Магазин | пред 2 години

Нема фотографија

Германец примил 217 вакцини против Ковид без негативни последици

Германецот (62) бил вакциниран против Ковид 217 пати, против медицински совет, но истражувачите од Универзитетот во Ерланген-Нирнберг тврдат дека оваа количина на имунизација не му наштетила.Човекот бил приватно вакциниран во рок од 29 месеци, а овој случај е снимен во медицинското списание „The Lancet Infectious Diseases“, пренесува Би-Би-Си.Д-р Килијан Шобер, од одделот за микробиологија на Универзитетот во Ерланген-Нирнберг, го контактирал човекот за да ја тестира плунката, како и примероците од свежа и замрзната крв.„Можевме да земеме примероци од крв кога човекот прими дополнителни вакцини за време на студијата на негово инсистирање. Можевме да ги искористиме овие примероци за да утврдиме точно како имунолошкиот систем реагира на вакцинацијата“, рече Шобер.Д-р Шобер беше загрижен дека хиперстимулацијата на имунолошкиот систем, кој преку вакцинација препознава и се бори против Ковид, може да замори одредени клетки со повторени дози.Но, истражувачите не пронајдоа докази за ова кај 62-годишниот маж, ниту пак постоеле индикации дека тој некогаш страдал од вирусот. Истражувачите нагласија дека не ја поддржуваат хипервакцинацијата како стратегија за зајакнување на адаптивниот имунитет, а резултатите од нивните тестови на 62-годишникот биле недоволни за да се извлечат далекусежни заклучоци и препораки за пошироката јавност.„Тековните истражувања покажуваат дека три дози вакцинација, заедно со редовните засилувачки вакцини за ранливите групи, остануваат оптималниот пристап“, се вели на веб-страницата на универзитетот.

Свет | пред 2 години

korona1

Минатата недела регистрирани 104 нови случаи на ковид

Изминатата недела тестирани се вкупно 2.659 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 15,1% во однос на минатата недела (n=2.310).Регистрирани сe 104 нови позитивни случаи од 19 градови во државата, за 20,6% помалку во однос на минатата недела (n=131). Процентот на позитивност се движи од 1,5% до 5,4%, просечно 3,4%.Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=54; 51,9%). Највисока инциденца е регистрирана во Берово (45,9/100.000), Македонска Каменица (31,1/100.000) и Гевгелија (13,9/100.000).Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи освен во возрасната група од 0-9 години каде во изминатата недела не е регистрирано ниту едно заболено лице, а најголем број на случаи се пријавени во возрасната група над 60 години (n=57; 18,3%). Се забележува намалување кај сите возрасни групи со најголемо намалување кај возрасната група од 30-39 години (-33,3%). Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 121 лице во хоспитални услови или на домашно лекување, со намалување од 25,8% во споредба со минатата недела (n=163)

Македонија | пред 3 години

IMG_0960

Шпанија ги промени условите за влез, постави нови правила поврзани со Ковид

Шпанија е меѓу последните европски земји што ги укина патните ограничувања поврзани со пандемијата. Шпанија сака да ја усогласи својата политика со онаа на речиси сите други земји од ЕУ кои веќе ги отстранија сите ограничувања кога станува збор за коронавирусот.Шпанија ги укина сите ограничувања за патување. Сите меѓународни патници кои доаѓаат надвор од ЕУ или Шенген зоната повеќе не треба да имаат никаков документ. До неодамна им беше неопходен доказ за вакцинација, доказ за прележан ковид или негативен тест.Позитивниот тренд на вакцинација на глобално ниво овозможи да се укинат ограничувањата. Дополнително, намалениот број на случаи на сериозни болести најави крај на сите ограничувања во повеќето европски земји. Некои од земјите кои исто така ги укинаа ограничувањата за патување се Обединетото Кралство, Грција, Италија, Франција и Исланд.Од остатокот од светот, Австралија, Нов Зеланд и Канада, земји кои одржуваа особено строги протоколи за време на пандемијата, исто така ги укинаа своите ограничувања. Овие земји се целосно отворени за сите меѓународни патници.Ваквата одлука е особено важна, имајќи предвид дека Шпанија е една од земјите кои годинава ги сруши речиси сите туристички рекорди.

Магазин | пред 3 години

testovi-korona-germanija

За еден ден регистрирани речиси 700 нови случаи на ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 1.480 тестови, а регистрирани се нови 693 случаи на КОВИД-19: Скопје – 255, Битола – 49, Куманово – 44, Кавадарци – 42, Охрид – 32, Прилеп, Велес и Струмица – по 27, Тетово и Штип – по 24, Гевгелија и Радовиш – по 20, Гостивар – 16, Кочани и Делчево – по 12, Неготино – 10, Кичево и Струга – по 8, Ресен – 7, Крива Паланка и Берово – по 5, Свети Николе и Валандово – по 4, Кратово – 3, Виница, Богданци и Демир Капија – по 2, Пробиштип и Крушево – по 1.Од вкупниот број на позитивни (693), регистрирани се 170 реинфекции.Регистрирани сe 827 оздравени пациенти од: Скопје – 431, Струмица – 56, Битола – 49, Куманово – 39, Прилеп – 30, Тетово – 28, Велес – 23, Кавадарци и Гевгелија – по 21, Штип – 20, Гостивар и Кичево – по 17, Неготино и Ресен – по 15, Радовиш – 14, Кочани – 6, Валандово – 5, Богданци – 4, Крива Паланка, Кратово и Демир Хисар – по 3, Свети Николе и Виница - по 2, Македонски Брод, Струга и Демир Капија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица, од Скопје (77г) и Богданци (77г). Двете лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.Направени се 1.480 теста преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-80, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-16, ЦЈЗ Тетово-35, ЦЈЗ Куманово-55, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–143, Жан Митрев (Филип Втори)-15, Авицена-26, Биотек-68, Систина-47, лабораторија Лаор-9, Синлаб-7, Ремедика-11, Плодност-5, Генеа-7, Никоб Лаб-41, ВФВ Медикал-3, Ели Медика Плус-6, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-8, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 623.Досега во земјата се направени вкупно 2.131.728 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.360, бројот на оздравени пациенти е 319.717, на починати е 9.400, а бројот на активни случаи изнесува 4.243Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      157099, Активни   1645Куманово    17739, Активни    195Битола      17233, Активни    288Прилеп      15075, Активни    188Тетово      14220, Активни    200Кавадарци   11660, Активни    207Велес 10514, Активни    133Гостивар    10102, Активни    156Охрид 9830, Активни     217Струмица    8582, Активни     105Штип  8539, Активни     104Кичево      5958, Активни     59Кочани      5361, Активни     76Струга      5060, Активни     109Гевгелија   4685, Активни     67Неготино    4002, Активни     73Ресен 2949, Активни     37Радовиш     2751, Активни     89Свети Николе      2745, Активни     27Крива Паланка     2563, Активни     25Делчево     2043, Активни     28Берово      1774, Активни     39Дебар 1772, Активни     31Валандово   1574, Активни     14Виница      1437, Активни     19Пробиштип   1290, Активни     2Богданци    1064, Активни     12Кратово     1064, Активни     27Крушево     996, Активни      32Демир Хисар 902, Активни      18Македонски Брод   774, Активни      7Демир Капија      616, Активни      8Македонска Каменица     530, Активни      4Пехчево     493, Активни      0Дојран      364, Активни      2

Македонија | пред 3 години

kovid-koronavirus-makedonija1001

За три дена, заразени се 1261 пациент, а шест починале

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 22.07 до 24.07.2022):Направени се 2.989 тестови, а регистриран е 1.261 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 572, Битола – 107, Кавадарци – 75, Прилеп – 64, Охрид – 62, Куманово – 54, Тетово – 44, Велес – 36, Гостивар – 29, Неготино – 27, Струмица – 23, Струга – 22, Кичево – 19, Крива Паланка – 18, Ресен – 16, Штип – 15, Кочани – 12, Гевгелија и Свети Николе – по 9, Дебар – 8, Радовиш и Кратово – по 7, Валандово – 5, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 4, Македонски Брод – 3, Делчево – 2, Виница, Богданци, Пехчево и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (1.261), регистрирани се 295 реинфекции.Регистрирани сe 1.085 оздравени пациенти од: Скопје – 578, Битола – 80, Куманово и Кавадарци – по 51, Велес – 41, Охрид – 35, Тетово – 26, Гостивар и Струмица – по 25, Штип – 19, Прилеп – 18, Струга и Кичево – по 17, Кочани и Гевгелија – по 14, Ресен – 12, Неготино и Кратово – по 10, Крива Паланка, Валандово и Демир Хисар – по 6, Свети Николе – 5, Крушево – 4, Радовиш, Берово и Делчево – по 3, Дебар, Виница и Богданци – по 2.Во текот на изминатите 3 дена (22.07-24.07.2022) пријавени се 4 починати лица од: Скопје (69г), Битола (84г), Прилеп (80г) и Велес (83г). Сите лица се починати во болнички услови.Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од: Куманово (86г) и Македонски Брод (79г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 26.06.2022 - 01.07.2022г.Направени се 2.989 тестови преку: ИЈЗ-323, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-86, ЦЈЗ Прилеп-34, ЦЈЗ Тетово-47, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–147, Жан Митрев (Филип Втори)-34, Авицена-75, Биотек-123, Систина-62, лабораторија Лаор-14, Синлаб-28, Ремедика-7, Плодност-37, Генеа-9, Никоб Лаб-160, ВФВ Медикал-16, Ели МедикаПлус-21, Ројал Медика–4, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–9, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-31, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.601.Досега во земјата се направени вкупно 2.108.611 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 323.425, бројот на оздравени пациенти е 309.761, на починати е 9.359, а бројот на активни случаи изнесува 4.305Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      152984, Активни   1953Куманово    17242, Активни    208Битола      16489, Активни    340Прилеп      14633, Активни    207Тетово      13833, Активни    146Кавадарци   11166, Активни    209Велес 10170, Активни    146Гостивар    9805, Активни     79Охрид 9385, Активни     208Струмица    8318, Активни     104Штип  8301, Активни     83Кичево      5799, Активни     78Кочани      5223, Активни     39Струга      4862, Активни     83Гевгелија   4527, Активни     55Неготино    3832, Активни     74Ресен 2841, Активни     59Свети Николе      2685, Активни     28Радовиш     2592, Активни     35Крива Паланка     2496, Активни     47Делчево     2014, Активни     5Берово      1713, Активни     12Дебар 1707, Активни     19Валандово   1522, Активни     13Виница      1404, Активни     3Пробиштип   1288, Активни     4Богданци    1039, Активни     4Кратово     1005, Активни     16Крушево     951, Активни      13Демир Хисар 864, Активни      16Македонски Брод   761, Активни      13Демир Капија      599, Активни      1Македонска Каменица     527, Активни      2Пехчево     489, Активни      2Дојран      359, Активни      1

Македонија | пред 3 години

218278749_326628449205463_2277962667892665479_n

Матичните доктори се гневни: Ова нема да ви помине!

Илјадници забелешки јавно доби вчерашната најава на Комисијата за заразни болести за отворање на пет нови ковид- амбулатнти од следната недела во кои по принцип на ротации ќе работат матичните лекари. Најголемите забелешки се токму од матичните лекари. Дел од нив велат дека не се против отворање ковид-амбуланти, но бараат да се преиспита одлуката бидејќи вака предложена ќе значи пациентите да останат без лекари во периодот кога тие ќе дежураат што ќе направи хаос во здравствениот систем.Доктор Марија Михајлова вели дека овој модел е добар, но не по грбот на матичните лекари.„Моделот за Ковид амбуланти е добар, но не по грбот на матичните лекари.Матичниот лекар не може да ротира и работи бесплатно за системот да бидеме на чистоНавистина се сетивте на нас дека сме дел од системот кога треба само да се работи. Каде попрво матичниот да стасаЗнаеме ние како функционира примарно здравство и во Словенија и Хрватска од сам почеток на пандемијата ,но истовремено знаеме и колку се платени колегите. Така да олабавете со споредбите. Ова нема да ви помине !“, вели Михајлова.

Македонија | пред 3 години

predrag-kon

Епидемиологот Кон: „Не знам што чекаат“

Епидемиологот Предраг Кон денеска изјави дека во Србија ќе продолжи да расте бројот на новозаразени со корона вирусот.„Сега во Србија има само омикрон, многу заразен вирус“, изјави Кон за ТВ Пинк.Тој повтори дека вакцината против коронавирусот е секогаш заштита и дека е само прашање на доверба во лекарите.Оние над 65 години кои имаат послаб имунитет треба да се вакцинираат, не знам што чекаат“, рече Кон.

пред 3 години

koronavirus-1

Речиси 900 нови случаи на ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 15.07 до 17.07.2022):Направени се 2.466 тестови, а регистрирани се 899 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 470, Битола – 75, Кавадарци – 50, Прилеп – 40, Куманово – 39, Охрид – 31, Гостивар – 27, Тетово – 25, Велес – 23, Струмица – 22, Кичево – 16, Штип – 13, Струга – 10, Неготино – 9, Ресен и Кратово – по 8, Гевгелија – 6, Кочани и Валандово – по 5, Македонски Брод – 4, Крива Паланка и Демир Хисар – 3, Берово – 2, Свети Николе, Радовиш, Богданци, Крушево и Дојран – по 1.Од вкупниот број на позитивни (899), регистрирани се 201 реинфекција.Регистрирани сe 670 оздравени пациенти од: Скопје – 413, Куманово – 39, Битола – 33, Кавадарци – 28, Велес – 25, Прилеп – 19, Тетово – 18, Штип – 16, Струмица – 13, Гостивар и Гевгелија – по 9, Кичево – 8, Неготино и Кочани – по 7, Делчево – 6, Богданци – 5, Свети Николе – 3, Ресен, Кратово, Валандово, Крива Паланка, Радовиш и Пробиштип – по 2.Во текот на изминатите 3 дена (15-17.07.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица.Направени се 2.466 тестови преку: ИЈЗ-278, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-76, ЦЈЗ Прилеп-21, ЦЈЗ Тетово-33, ЦЈЗ Куманово-50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-50, Авицена-110, Биотек-135, Систина-72, лабораторија Лаор-16, Синлаб-5, Ремедика-11, Плодност-26, Генеа-22, Никоб Лаб-113, ВФВ Медикал-12, Ели МедикаПлус-10, Ројал Медика–9, Спектра-ММ-15, Рапид Лаб–13, Жан Митрев Струмица–6, Нова Лаб Дијагностика–2, Рамус-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.162.Досега во земјата се направени вкупно 2.098.561 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 319.037, бројот на оздравени пациенти е 306.979, на починати е 9.339, а бројот на активни случаи изнесува 2.719Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје      150992, Активни   1390Куманово    17011, Активни    125Битола      16153, Активни    207Прилеп      14445, Активни    122Тетово      13678, Активни    86Кавадарци   10943, Активни    104Велес 10017, Активни    101Гостивар    9727, Активни     57Охрид 9195, Активни     127Штип  8215, Активни     50Струмица    8208, Активни     65Кичево      5719, Активни     35Кочани      5180, Активни     36Струга      4790, Активни     41Гевгелија   4466, Активни     20Неготино    3754, Активни     22Ресен 2783, Активни     19Свети Николе      2656, Активни     10Радовиш     2558, Активни     16Крива Паланка     2444, Активни     16Делчево     2005, Активни     6Берово      1700, Активни     7Дебар 1686, Активни     1Валандово   1509, Активни     13Виница      1401, Активни     3Пробиштип   1284, Активни     2Богданци    1034, Активни     3Кратово     988, Активни      15Крушево     934, Активни      1Демир Хисар 847, Активни      8Македонски Брод   751, Активни      8Демир Капија      596, Активни      1Македонска Каменица     525, Активни      0Пехчево     486, Активни      0Дојран      357, Активни      2

пред 3 години

korona

Д-р Беќаровски предупредува: Следи рапидно зголемување на бројот на заразени со ковид

Докторот од Клиниката за токсикологија и професор на Медицинскиот факултет, Нико Беќаровски објави дека бројките на новозаразени со Ковид-19 ќе се зголемуваат во наредниот период.-Бројките во дневната статистика за Ковид-19 ќе започнат рапидно да растат во следните недели како резултат на доаѓањето на Омикрон-БА 4 и 5 и тоа е лошата вест. Добрата вест е што сепак болниците ќе ни останат полупразни, напиша на Фејсбук доктор Нико Беќаровски.Министерството за здравство вчера информираше дека од направени 1.101 тест, регистрирани се 168 нови случаи на КОВИД-19.

пред 3 години

korona

Виролог: „Уште четири нови соеви на корона вирус доаѓаат од Африка“

Вирологот Миланко Шеклер денеска изјави дека се појавил нов вид на корона - БА.5, но дека смртноста не е зголемена, така што нема причина за загриженост.„Тоа е нов вид на омикрон и ништо значајно нема да се промени во клиничката слика. Преносливоста можеби е дури и малку повисока од варијантата што ја имавме во јануари, но смртноста не е зголемена, така што нема причина за грижа“, изјави Шеклер за РТС.Тој додаде дека некој што претходно не прележал ковид или не се вакцинирал сигурно ќе се зарази.Шеклер објасни дека има зголемување на бројот на новозаразени бидејќи поминало многу време од вакцинацијата.Тој рече дека сојот омикрон има пет варијанти и дека првата во Србија била доминантна во јануари, но дека уште четири нови соеви доаѓаат од Африка.

Актуелно | пред 3 години

IMG_5816

Постои можност Грција да ги врати ковид мерките

Грција би можела повторно да воведе ограничувања и мерки за борба против коронавирусот наесен, „ако е потребно“, рече во понеделникот министерот за здравство Танос Плеврис, со оглед на порастот на позитивните случаи и реинфекции инфекции.Оваа вест министерот ја соопшти за локалните медиуми откако Националната здравствена организација (ЕОДИ) објави 12 смртни случаи и вкупно 9.064 случаи на инфекција со коронавирус - 7.682 нови и 1.382 реинфекции инфекции.Плеврис рече дека притисокот врз јавното здравство се очекува наесен, кога властите би можеле да одлучат за низа „благи“ и насочени мерки кои се однесуваат на одредени групи.Сепак, тој додаде дека сегашниот шести бран на коронавирус, за кој рече дека е очекуван поради движењето во Европа, не врши притисок врз националниот здравствен систем на Грција.Во меѓувреме, во интервјуа за локалните медиуми, професорот по инженерство за животна средина Димостенис Сариџанис рече дека очекува дневниот број на случаи да достигне 25.000 до 15 јули, кога се смета дека сегашниот бран е на својот врв.Иако беше укинато носењето маски, грчкиот министер за здравство посочи дека останува индивидуалната одговорност и ги советуваше луѓето да носат маски во преполни простори и во затворени објекти.

Магазин | пред 3 години

koronavirus-kovid-skopje

Се зголемува боројот на заразени со ковид

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:Направени се 894 тестови, а регистрирани се 110 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 72, Битола – 8, Куманово – 6, Кавадарци, Штип и Неготино – по 4, Кочани – 3, Прилеп и Гостивар – по 2, Струмица, Кичево, Струга, Ресен и Богданци – по 1.Од вкупниот број на позитивни (110), регистрирани се 18 реинфекции.Регистрирани сe 42 оздравени пациенти од: Скопје – 34, Кочани и Охрид – по 2, Кавадарци, Штип, Тетово и Гевгелија – по 1.Во текот на изминатите 24 часа, како и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.Направени се 894 тестови преку: ИЈЗ-143, ЦЈЗ Скопје-28, ЦЈЗ Битола-28, ЦЈЗ Прилеп-8, ЦЈЗ Тетово-13, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–55, Жан Митрев (Филип Втори)-18, Авицена-26, Биотек-23, Систина-35, лабораторија Лаор-8, Синлаб-34, Ремедика-9, Плодност-11, Генеа-6, Никоб Лаб-61, ВФВ Медикал-3, Ели МедикаПлус-9, Ројал Медика–2, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–6, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–5, Рамус-4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 326.Досега во земјата се направени вкупно 2.074.132 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.160, бројот на оздравени пациенти е 303.396, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 442.Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)Скопје 147769, Активни 295Куманово 16705, Активни 21Битола 15753, Активни 28Прилеп 14235, Активни 11Тетово 13499, Активни 10Кавадарци 10711, Активни 10Велес 9806, Активни 5Гостивар 9619, Активни 6Охрид 8957, Активни 17Штип 8092, Активни 8Струмица 8085, Активни 6Кичево 5659, Активни 5Кочани 5106, Активни 4Струга 4733, Активни 3Гевгелија 4426, Активни 0Неготино 3704, Активни 4Ресен 2754, Активни 2Свети Николе 2637, Активни 0Радовиш 2531, Активни 0Крива Паланка 2419, Активни 0Делчево 1986, Активни 0Берово 1693, Активни 0Дебар 1681, Активни 0Валандово 1488, Активни 0Виница 1396, Активни 1Пробиштип 1268, Активни 1Богданци 1023, Активни 2Кратово 966, Активни 0Крушево 931, Активни 1Демир Хисар 836, Активни 0Македонски Брод 741, Активни 2Демир Капија 593, Активни 0Македонска Каменица 525, Активни 0Пехчево 486, Активни 0Дојран 347, Активни 0

Македонија | пред 3 години

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Прва отштета за смрт предизвикана од вакцинација против Ковид

Жена во Велика Британија, чиј партнер починал откако ја примил вакцината AstraZeneca, е првата личност која добила отштета за смрт предизвикана од вакцинација.Вики Спит добила максимална отштета од 120.000 фунти (околу 140.000 евра), но таа тврди дека тоа не е доволно и дека обештетувањето е несоодветно, пренесува Би-би-си.Нејзиниот покоен вереник, рок пејачот Зајон (48) од Алстон, Камбрија, Англија, се разболел осум дена откако примил вакцина и починал во мај 2021 година.Вики Спит повикала брза помош на 13 мај минатата година, кога здравствената состојба на Зајон се влошила поради главоболка, но шест дена подоцна тој починал во болницата Ројал Викторија во Њукасл.Во неговата смртна потврда се наведува дека пациентот „починал поради компликации од вакцината“, пренесува Би-би-си.38-годишната девојка вели дека се задолжила откако ја изгубила платата на Зајон и верува дека требало да добие околу 180.000 фунти (околу 210.000 евра).Таа, исто така, негодуваше поради фактот што мораше да чека премногу долго за компензација во согласност со правилата на Британската шема за компензација за вакцинација, формирана во 1979 година, додавајќи дека износот не е во согласност со зголемената инфлација.Вики Спит вели дека Зајон бил здрав, во добра физичка форма и дека имал добри шанси да преживее доколку лекувањето започнело порано.Таа додаде дека црниот дроб и бубрезите на Зајон биле донирани по неговата смрт и дека донирањето на неговите органи помогнало да се спасат животите на три лица.Џејмс Бел, партнер во специјализираната адвокатска канцеларија за спорови кои произлегуваат од медицинска небрежност, исто така смета дека британскиот систем за плаќање компензација не е доволно усогласен.„Иако ми е драго што Вики успеа да добие реституција за сите тешкотии со кои се соочи по смртта на Зајон, шемата за плаќање едноставно не е усогласена“, рече Бел.

Македонија | пред 3 години

vakcina-dete1

САД започнаа со вакцинирање на деца постари од 6 месеци против Ковид

Соединетите Американски Држави почнаа да дистрибуираат вакцина за деца постари од 6 месеци, која треба да биде достапна на национално ниво за неколку дена, рече координаторот на Белата куќа за „Ковид-19“, д-р Ашиш Џа.Кон крајот на минатата недела, американските регулатори ја одобрија вакцината со две дози за деца на возраст од 6 месеци до пет години и вакцината со три дози на Pfizer-BioNTech за деца на возраст од 6 месеци до четири години.Засега не се знае колку родители ќе ги вакцинираат своите деца. Само еден од пет родители на деца помлади од пет години изјавиле дека ќе го вакцинираат своето дете што е можно поскоро, според истражувањето објавено од Фондацијата Семејство Кајзер во мај.Според официјалните бројки, само 29 отсто од децата на возраст меѓу пет и 11 години се целосно вакцинирани со Pfizer-BioNTech откако тој беше одобрен во октомври.

пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања