Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

КРИСТИЈАН БЕЈЛ

media-libraryletimcjgbl2r8rHAoeE

Кристијан Бејл по 17 години го отвори „пеколот“ од снимањето на „Терминатор“: „Молев да ме отпуштат“

Кристијан Бејл повторно проговори за еден од најпознатите инциденти зад камерите во Холивуд – неговиот бурен испад на снимањето на „Terminator Salvation“ (2009), кога во јавноста протече аудио-снимка на која со минути го кара членот на екипата што, според него, му го нарушил кадарот во емотивна сцена.Актерот, кој со години важи за човек со екстремна посветеност и жесток интензитет на сет, призна дека тогаш се однесувал недолично и дека за такво однесување нема оправдување. Во истиот контекст откри и дека во еден момент, на друг проект кој не го именувал, одел чекор подалеку – барал од продуцентите да го отпуштат.Во интервјуто се присетил дека буквално ги молел да го тргнат од филмот, но тие не прифатиле. Додал и дека никогаш не отпуштил никого, затоа што тоа не е негова работа, но дека им се обраќал на продуцентите како на последна „спасувачка“ опција, признавајќи дека понекогаш премногу се внесува во ликот.Бејл зборувал и за своите физички и психолошки трансформации низ кариерата – од драстично слабеење за „The Machinist“, до новиот проект „The Bride“, во кој, како што раскажал, со часови дневно поминувал во шминка и протетика. За да го издржи тој ритам, објаснил дека секојдневно викал од глас – не од бес, туку како начин да се „испразни“ и да ја задржи психичката стабилност, што екипата со време го прифатила како необичен, но заеднички катарзичен ритуал.

Магазин | пред 1 седмица

bejl

Кристијан Бејл: „Актерите добиваат улоги кои Ди Каприо ги одбива“

Актерот Кристијан Бејл, најпознат по улогите во „American Psycho“ и трилогијата за Бетмен, во интервју за GQ истакна дека својата голема кариера му ја должи на Леонардо ди Каприо.Како што рече, кариерата ја изградил на улоги кои Ди Каприо ги одбивал, бидејќи режисерите редовно оделе прво кај него, а дури потоа кај други актери."Не сум само јас. Видете, така е денес, и така е веќе некое време. Секоја улога што ја добива еден актер е улога што Ди Каприо претходно ја одбил. Нема врска со тоа колку си добар со режисер, секоја улога што ја играв прво нему му беше понудена“, изјави Бејл и потоа додаде:„Има голем број луѓе кои ми го кажаа тоа. Затоа, ти благодарам, Лео. Тој буквално може да избере што ќе прави. И добро за него, тој е феноменален. Благодарен сум што добивам каква било улога, знам дека не можам да глумам како него. Не би можел ни да живеам со славата со која живее, а тој тоа го прави на одличен начин“.

Магазин | пред 3 години

ANo2x-196319-profimedia0137950095-ff

Кристијан Бејл би го глумел Бетмен, но под еден услов

Кристијан Бејл изјавил дека би се согласил повторно да го глуми Бетмен, но само доколку Кристофер Нолан повторно седне на режисерското столче.Актерот кој го играше легендарниот суперхерој во трилогијата „Мрачниот витез“, изјави за Variety дека и покрај одредени гласини, никој не побарал од него да се врати во таа улога.Меѓутоа, доколку Нолан побара од него уште еднаш да стане Бетмен, Бејл тврди дека веднаш би го прифатил неговиот предлог.„Имав пакт со Крис Нолан. Рековме: „Ајде да снимиме три филма, ако имаме доволно среќа да го направиме тоа. А потоа да одиме, да не се задржуваме долго.“ Кога Крис би ми рекол дека има да раскаже уште една приказна, и дека сака да ја раскаже со мене, јас би се согласил“, истакнува актерот.Бејл и Нолан работеа заедно на филмовите „Batman Begins“, „The Dark Knight“ и „The Dark Knight Rises“. Последните два заработиле преку милијарда долари по филм, пренесува „Дејли мејл“.Кристијан моментално го гледаме во филмот „Thor: Love and Thunder“ каде игра улога во која уште еднаш ја покажа својата неверојатна моќ на трансформација.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања