Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

КРУЗЕР

media-library7lf9uob0rat05XU5wDo

Луксузно крстарење со скап исход: Отштета од 220.000 фунти

Жена (45) која за време на крстарење со крузер на Carnival Cruise Line испила 14 текили и паднала по скали, добила отштета од околу 220.000 фунти по судска пресуда.Инцидентот се случил во јануари 2024 година, кога туристката, по консумирање поголема количина алкохол во барот на бродот, паднала по скали и се здобила со потрес на мозокот, главоболки, повреди на грбот и модринки. Подоцна била пронајдена без свест во дел од бродот наменет само за екипажот, пренесува Sky News.Поротата во Мајами пресудила во нејзина корист, оценувајќи дека компанијата постапила несовесно.Нејзиниот адвокат истакнал дека случајот ја отвора темата за ризиците од „all-inclusive“ пакетите за пијалаци, кои, според него, поттикнуваат прекумерна консумација на алкохол и создаваат притисок врз персоналот да служи повеќе пијалаци заради бакшиш, наместо да внимава на безбедноста.Од компанијата, пак, не се согласуваат со пресудата, тврдејќи дека нема докази дека жената покажувала знаци на пијанство, како нестабилно одење, неразговетен говор или слично однесување.Во меѓувреме, во друг судски случај кој сѐ уште е во тек, свршеницата на маж кој починал на крузер на друга компанија тврди дека му биле послужени дури 33 алкохолни пијалаци, што дополнително ја отвора дебатата за одговорноста на туристичките оператори.

Магазин | пред 6 дена

media-library7lf9uob0rat05XU5wDo

Евакуирани 30 патници на крузер кај Фиџи

Триесет патници биле евакуирани од крузер кој се насукал на корален гребен на Фиџи, соопшти сопственикот на бродот.Бродот „MV Fiji Princess“, управуван од Blue Lagoon Cruises, се насукал во саботата во близина на островот Монурики, каде што е снимен филмот Изгнаник со Том Хенкс во главната улога.„Иако истрагата е сè уште во рана фаза, условите во моментот на сидрењето биле мирни, но се чини дека силен и ненадеен налет на ветер го поместил сидрото кон блискиот гребен, поради што бродот се насукал“, се наведува во соопштението.Ферибот пристигнал до бродот рано наутро, по што сите 30 патници биле евакуирани заедно со својот багаж и лични работи.Нема повредени, а патниците биле пренесени на островот Денарау.

Магазин | пред 2 седмици

media-libraryrfa3fp91vqj6a1gRryX

(Видео) Паника на крузер: Жена заглавена во тобоган шокираше милиони

Прошетките со крузер обично се симбол на релаксација, истражување нови дестинации и уживање, но за една жена одморот се претвори во вистински кошмар кој остана заглавена во тобоган над океанот. Снимката од нејзината борба да се извлече стана вирална и ги запрепасти речиси осум милиони луѓе кои го погледнаа видеото.На објавата на TikTok се гледа жена која се обидува да се ослободи од проѕирниот дел од тобоганот кој виси над океанот. Додека жената се мачи, во позадина се слуша глас кој вели: „О Боже, буквално е заглавена“.Снимката собра речиси 10.000 коментари. Таа предизвика лавина од вознемирувачки реакции, а многумина признаа дека гледањето им создаде непријатност и паника.За многумина, видеото предизвика и нов страв.Ова е за мене голема фобија. Што ако не знаат дека сум заглавена и продолжат да пуштаат луѓе надолу? напиша еден коментатор.

Свет | пред 6 месеци

brod

(ВИДЕО) Најголемиот крузер во светот ќе заплови во 2024 година: Ќе има свој водопад и модерна роботика

Крузерот „Icon of the Seas“ е најголемиот во светот. Планирано е оваа луксузна морска убавица да исплови во јануари 2024 година. На посетителите им се нудат бројни базени, водопади и тематски паркови.Компанијата „Royal Caribbean“ откри детали за својот најголем брод за крстарење во светот „Icon of the Seas“. Тоа ќе биде најголемиот брод за крстарење со неверојатна понуда на различни удобности за сечиј вкус.Дел од бродот е дизајниран како Централ Парк. Ќе има водопад висок 16 метри, решетки, тобоган, кино, караоке и огромна тераса. Крузерот е 250.800 тони, долг е 365 метри и три метри подолг од крстаречкиот брод „Cuda Mora“, кој моментално е најголемиот во светот.Може да прими 7.600 патници и 2.350 членови на екипажот. Има 2.805 кабини и е фокусиран на семејните одмори. Посетителите ќе можат да уживаат во луксузните семејни кабини и апартмани.На врвот на бродот за крстарење се наоѓа AquaDome, кој преку ден ќе има сопствен водопад и поглед на океанот, а навечер ќе се претвори во центар за забава со ресторани, барови и ревии.Бродот ќе биде опремен со најсовремени технологии, вклучувајќи модерна роботика.„Од моментот кога посетителите влегуваат во бродот за крстарење, секое нивно движење е дизајнирано да им го понуди најдобриот одмор. Пред се, „Icon of the Seas“ е наменет за семеен одмор“, рече Џејсон Либерти, претседател и извршен директор на Royal Caribbean Group.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања