Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

КУЗМАНОВСКА

media-libraryv5p0k4ull5i5266Yjos

Кузмановска: Европската Унија е единствениот реален пат за подобра иднина на младите

Потпретседателката на Социјалдемократската младина на Македонија, Стефанија Кузмановска, се обрати на годишната конференција во рамки на Програмата „Вили Брант“ за проширување на Европската Унија, на тема „Проширување на ЕУ за новата генерација: Зајакнување на младите“, во организација на Групата на Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент, како што наведуваат СДСМ во партиското соопштение.Во своето обраќање, Кузмановска истакна дека европската перспектива на Македонија е загрозена и блокирана од актуелната власт, додавајќи дека сè поголем број млади ја напуштаат државата и својата иднина ја гледаат надвор од земјата, стои во сооопштението.Таа посочи дека сегашната влада се претставува како проевропска, но нема политичка волја за спроведување на клучните реформи, особено во делот на владеењето на правото, што според неа придонесува за одлив на млади луѓе и кадар кон земјите членки на ЕУ, стои во сооопштението.Кузмановска нагласи и дека кај младите расте евроскептицизмот, што го поврза со дезинформации и влијание на анти-европски наративи, при што порача дека тоа претставува аларм за прогресивните политички сили, како што се наведува со соопштението.Во соопштението се наведува дека во завршницата од обраќањето, таа истакна дека младите мора да бидат активно вклучени во процесите од национален интерес, нагласувајќи дека Европската Унија е единствениот реален пат за економска сигурност, социјална стабилност и долгорочен просперитет.

Македонија | пред 3 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања