Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛАБУДОВИЌ

media-libraryqf0q0i22vcvj4MP9u1u

Николова до Лабудовиќ: Кој ќе понесе одговорност за затруените работници во РЕК Битола?

На денешната седница за пратенички прашања, пратеничката од СДСМ, Даниела Николова, во отсуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, упати прашање до заменик-министерот Мирослав Лабудовиќ во врска со случајот на масовно труење на работници во РЕК Битола. Николова побара детално да се испита причината за инцидентот и да се утврди одговорноста за настанатата состојба.Во своето излагање, Николова посочи дека, според јавни информации, поголем број работници се жртви на труење што се случило во кујната на РЕК Битола. Надлежните инспекциски служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и други институции, излегле на терен, наредено било вонредно чистење на кујната и спроведени се вонредни санитарни прегледи на вработените.Таа нагласи дека бројките на заболени работници постојано се менуваат – првично се зборувало за пет до шест случаи, потоа бројот се искачил на околу 80, а сега се споменува и троцифрена бројка. Николова го праша заменик-министерот кој е одговорен за инцидентот и дали ќе бидат преземени сите законски мерки за казнување на оние што ја довеле ситуацијата до ваков сериозен степен.Овој случај ја отвори дебатата за безбедноста и здравствените стандарди на работниците во РЕК Битола, како и за контролата на работните процеси во енергетскиот сектор.

Македонија | пред 4 дена

media-library6s9t2tjlctc58ro9JGy

Лабудовиќ во Центар со поддршка од ВЛЕН

Во вториот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник на Центар од редовите на ЗНАМ Мирослав Лабудовиќ ќе ja добие поддршката од ВЛЕН.Вечерва, Лабудовиќ, заедно со генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, ја официјализираа соработката на средба со локалните жители од Кале и Дуќанџик. На средбата присуствуваа новоизбраниот градоначалник на Чаир, Изет Меџити кој ги повика жителите од албанска националност од овие населени места на 2 ноември кога ќе се гласа во вториот круг, да му се даде максимална поддршка на кандидатот за градоначалник од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ.Затоа што само на тој начин, може да се надеваат на брзо, ефикасно и целосно решавање на нивните комунални проблеми, кои во претходните неколку години во мандатот на Горан Герасимовски воопшто не беа надминати, смета ВЛЕН.И Максим Димитриевски ќе биде поддржан од ВЛЕН во Куманово.

Македонија | пред 5 месеци

maksim-dimitrievski-91234

ЗНАМ со листи во над 50 општини, Димитриевски и Лабудовиќ кандидати за градоначалници

„Движењето ЗНАМ започнува ново и силно поглавје во своето политичко делување. Преку нашите претставници во локалната самоуправа ќе покажеме како вистински се управува со општините – чесно, одговорно и со визија“, изјави Мемов.Одлуките што беа донесени се: ЗНАМ ќе настапи самостојно со листи за советници во повеќе од 50 општини; ќе има взаемна соработка со ВМРО-ДПМНЕ околу поддршка на кандидатите за градоначалници, при што ЗНАМ ќе ги поддржи кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ во сите општини, вклучително и во Скопје, додека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи кандидатите на ЗНАМ во определени општини; за Куманово кандидат е актуелниот градоначалник и претседател на движењето Максим Димитриевски, а за Центар – Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика и претседател на градската организација на ЗНАМ во Скопје.Мемов нагласи дека нивните кандидати се личности со „чист образ, интегритет и визија“, а преку советниците и градоначалниците ќе се погрижат секоја општина да стане подобро место за живеење, со вложувања во инфраструктура, образование, социјална заштита, култура и спорт.На новинарско прашање зошто имаат само два кандидати за градоначалници, Мемов рече дека ЗНАМ настапува „релаксирано, без притисок да има кандидати по секоја цена“. Тој не ја исклучи можноста во наредниот период да бидат објавени и други кандидатури за градоначалници, но потврди дека сериозен акцент ќе биде ставен на советничките листи во над 50 општини.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања