Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛАНДОВ

media-libraryntsjntei4a7ncD2NTb6

Арсовска, Глигоров и Витина изгубија спор за клевета против Ландов: Граѓанскиот суд изрече пресуда

Граѓанскиот суд ја одби тужбата на ексградоначалничката на Скопје Данела Арсовска, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров и советничката Ирена Витина против новинарот и уредник на “Скопје1”, Кристијан Ландов. Судијата Кристијан Митревски ги одби тужбените барања како неосновани.Тројцата покренаа тужба за утврдување на одговорност за јавно поставено прашање и пренесен став за работењето и функционирањето на Град Скопје.„Добро утро. Од судската постапка во Граѓански суд каде Арсовска, Витина и Глигоров ме гонеа за клевета излегувам со чист образ. Судијата Кристијан Митревски ја одби тужбата и тужбените барања како неосновани.Ова беше класичен обид за замолчување на новинар. Наместо одговори, добив тужба. Наместо аргументи, притисок. Судот овојпат покажа дека таквите обиди не поминуваат. Денешната одлука покажува дека институциите можат да направат јасна разлика меѓу критика и клевета”, напиша Ландов по пресудата.Предметот се судеше повеќе од година, а тужбата беше покрената додека тие беа носители на јавни функции. Предметот беше следен од ЗНМ и Коалицијата за правично судење

Македонија | пред 11 час

media-librarykgdpq155lut4anAoTB8

Нација што се навикна на трагедии: Извинете што ве вознемирувам, но нечиј син нема да се врати дома

Извинете што ве вознемирувам. Знам, сега сите сте „фокусирани“ – на плакати, на анкети, на партиски штаботи. На избори по кои, да бидеме искрени, избраните и неизбраните – можеби веќе никогаш нема ни да ве погледнат. Само кусо.Во август, Македонец се обиде да изврши атентат врз член на мафијашки клан во Црна Гора. Неделава, друг Македонец загина – во Белград, во обид да изврши ликвидација. Не зборуваме за криминални „ветерани“. Зборуваме за момци родени во 2000-тите. А да, во Љубљана неделава исто беше убиен жител на Кочани.Додека ние се караме кој е „повеќе патриот“, додека лепат плакати со празни зборови, некој таму, во сенка, ги купува вашите/нашите деца за евтина крв. Им даваат пари, им даваат оружје, им земаат иднина. А ние? Ние не сме фокусирани на нив, туку на евтини приказни.И ако ова не нѐ тресе повеќе од победите и поразите на партиите и кандидатите, ако не чувствуваме срам за ова, тогаш сме станале нација што се навикнала на трагедии. Секојдневни. Рутински. Со израз на рамнодушност и слоган на усни.Па продолжете, мерете проценти, споделувајте анкети, навивајте за вашите. Само не заборавајте – некаде меѓу тие постери, ќе недостига некој син што замина „да заработи“. На друг начин.А сега, да се вратиме на нашите рекла-казала избори.

Коментари | пред 5 месеци

300004479_10228407940004644_863135617630116481_n

Сака да биде премиер, па со национализам потпалува, вели Ландов за изјавата на Таравари

Околу 30 отсто од жителите на Северна Македонија припаѓаат на албанска националност, но и покрај постојните договори за соживот со Македонците, тие продолжуваат да бидат дискриминирани, вели претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари во интервју за албанската телевизија „Топ-ченл“.За ова свој коментар даде новинарот Кристијан Ландов.„Читај: Сакам да бидам премиер, па сеа ќе почнам со национализам оти на тоа сите се палат.А ќе речеш, доктор е, интелектуалец. Ќе се разликува од останатите, ќе зборува за суштински проблеми, ќе решава маки.Оф.Важно не е забрането крадење, корупција, криминал, судско влијание. Затоа ја имаме политичкава постава“, вели Ландов.

Коментари | пред 2 години

291865954_5120892358021153_593478293244124137_n

„Маричиќ нека им каже на децата што јадат од контејнери, како е да се јадат бифтеци на државна сметка“, вели Ландов

Новинарот Кристијан Ландов, на социјалните мрежи објави статус преку кој побара од вицепремиерот Бојан Маричиќ да им објасни на децата кои јадат од контејнери, како е да се јадат бифтеци, калифорниски риби и телешки мускули на државна сметка.„Маричиќ не треба на Ландов да му кажува колку бифтеци изел со државни пари. Тоа веќе го знае и цела јавност. А тоа што не го знае, а е од јавен интерес, дополнително ќе биде презентирано.Тој нека им каже на овие деца кои спијат на улица, јадат од контејнери, преживуваат и растат со просење по улица, како е да се јадат бифтеци и калифорниски риби, телешки мускули пиејќи високо квалитетни вина на државна сметка.Претпочитам на нив да им објасни и како во ваквото однесување не гледа проблем. Па дури, ако јас се прашувам, ќе треба да им посочи и како е од државна сметка да се плаќаат и кафиња од 10 денари, салати од 20 денари во владиниот ресторан“, додава тој.

Коментари | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања