Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЛАЗАРОПОЛЕ

media-librarya1uhflul4j2f4AE2v6G

(Видео) Мече забележано во Лазарополе, апел да не се вика по неа, да не се тепа, ниту да се паничи

Мече повторно е забележано во атарот на Лазарополе, по што до жителите е упатено предупредување за внимателно однесување при евентуална средба со животното.Според објавата на социјалните мрежи, мечето се движи на поширокиот простор од Миревичина до Ѓурепи, но не се исклучува можноста да се појави и во близина на селото.„Во атарот на селото повторно се појави мечката (мече) па должни сме да ве предупредиме за внимателно однесување при средба со неа. Имено, не викајте по неа, не мавтајте, не ја нудете со некаква храна, не ѝ се приближувајте и останете незаинтересирани без брзи движења или трчање, полека оддалечете се без паника. Мечето гравитира од Миревичина до Ѓурепи што не значи дека може да се појави и во близина на селото. Ве молиме сериозно да го прифатите ова предупредување. Во прилог фотографии од мечето“, напиша Борис Гиновски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library9qtpdb95l7f931bX0LS

Во Маврово падна најмногу дожд и беше најстудено

Во Маврово и во Лазарополе утрово беше најстудено, со измерени четири степени. Во Крушево се измерени шест, Пожаране седум, Тетово и Берово осум степени.Покрај тоа што беше најстудено во Маврово, таму наврна и најмногу дожд , 18 литри на метар квадратен.

Македонија | пред 5 месеци

sneg-krov-kukja-skopje

(Видео) Октомвриски снег и во Лазарополе

Во Лазарополе утрово падна првиот снег, а снежни врнежи беа забележани и на Попова Шапка. Сцените од белите покривки за овој период од годината веќе ги преплавија социјалните мрежи.Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека денеска времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините ќе преминуваат во снег. Очекувањата се врнежите да бидат пообилни на повеќе места во земјава. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а максималните дневни температури ќе се движат меѓу 6 и 13 степени.Во Скопје, како што најавуваат метеоролозите, ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поинтензивни. Северниот ветер ќе биде засилен, а температурата во главниот град ќе се искачи до 10 степени.

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања