Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕФКОВ

Screenshot-2024-03-16-at-11.24.39

Очигледно има струја во ДУИ која посакува крај на политичката кариера на Ахмети, единствени партии кои не поминаа длабоки реформи се СДС и ДУИ, вели Лефков

Очигледно има струја во ДУИ која најавува и посакува крај на политичката кариера на Ахмети. Ние нема да се противиме околу тоа, напротив единствената партија покрај СДС која нема длабоки реформи е токму ДУИ, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков денеска беше прашан за коментар за изјавата на Крешник Бектеши за партиите да потпишат договор, кој ќе ги изгуби изборите да не се занимава веќе со политика.Лефков додаде дека на сите им е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на претстојните избори, при што изрази надеж дека поразените ДУИ, после изборите, нема да се откажат од ова барање и ќе си заминат во политичка пензија.„Што се однесува до самата понуда, за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека е наредниот победник благодарение на поддршката на граѓаните и желбата за промени. Се надеваме дека нема да се откажат од ова барање ДУИ, поразените, да се пензионираат од политика и за ова прашање ќе ги охрабруваме не само преку изјави, туку и преку дебата да го отворат во рамките на нивните органи и тела при што ќе дојдат до единствен став. Засега нејасно е дали изјавата на Крешник беше негов личен став и иницијатива или партиски став на ДУИ“, рече Лефков.

Македонија | пред 2 години

Нема фотографија

Лефков: Лично Ковачев го поздрави Пендаровски

„Стево Пендаровски ги сруши Македонските позиции и ја понижи нацијата кога кажа дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин.Стево Пендаровски беше поздравен и охрабрен за овој свој став лично од Андреј Ковачев. За разлика од поддршката за Пендаровски, Ковачев го нападна претседателот Мицкоски затоа што го повикал Стево да се повлече од тие негови ставови.И наместо да се срами од поддршката на Андреј Ковачев, Стево Пендаровски лично се пофали дека имал директна поддршка од Андреј Ковачев, како што тој самиот вели „евродепутатот од ГЕРБ". По што Андреј Ковачев уште еднаш го поздрави, пофали и охрабри.Ова покажува кој ги урниса македонските позиции, и зошто Македонија е понижена и блокирана.За разлика од Стево Пендаровски и СДС, ВМРО-ДПМНЕ е на линија на македонските национални интереси.Лично Стево Пендаровски и СДС истапија со тезите на најголемите бугарски шовинисти, тези кои никој во Бугарија не верувал дека ќе бидат прифатени од било кој македонски политичар, и кои се граничат со научна фантастика и до пред доаѓањето на Пендаровски и СДС им служеле само за домашен фолклор.Стево Пендаровски ја носи Македонија само во нови понижувања и мизерни ситуации. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме“, изјави Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

Македонија | пред 2 години

grubi-4

Груби ќе го тужи Лефков: „Тој е многу гласен, ја заменува храброста со гласноста“

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби на собраниска седница порача дека ќе го тужи пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, поради, „клевета за изборот на надзорот за изградбата на коридорите 8 и 10Д“.„Колегата Лефков е многу гласен, ја заменува гласноста со храброста, јас му упатив барање да се извини, вашата партија го прифати барањето, а тој кукавички избегнува. Поднесов веќе тужба да се видиме на суд за сето тоа што го клевети. Му недостига храброст да излезе од говорницата и да го клевети истото и ја користи говорницата на Собранието затоа што знае дека ќе се соочи со правни последици за тоа што го зборува, рече Груби.Вицепремиерот Груби се надева дека од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат конструктивни и ќе дадат придонес да го поддржат проектот и ќе имаат и тие дел во изградбата на автопатите.„Се надевам дека новите ветришта кои дуваат во ВМРО ДПМНЕ се конструктивни и ќе успееме заеднички да ја заокружиме приказната на европска Северна Македонија. Многу сум радосен за позитивната атмосфера која владее во нивната партија“, посочи тој.Левков претходно го обвини Груби за местење на тендер за коридорите и за тоа дека треба да се отвори истрага за надзорот вреден 22 милиони евра затоа што условите под кои се тендерирани се за фирма загубар да може да го добие тендерот.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања