Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЛЕНЧЕ РИСТОВСКА

Screenshot-2025-08-01-at-12.06.16

Ленче Ристоска поднесе оставка, заминува од Обвинителството: Нема услови за работа

Јавната обвинителка Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата, наведувајќи дека повеќе не постојат услови за независно и принципиелно извршување на обвинителската должност.Во своето обраќање, Ристоска посочува дека обвинителската функција ја доживувала како повик и можност за подобрување на системот, но дека во текот на кариерата се соочувала со сериозни опструкции – институционални и лични.Целото обраќање преку соопштение:„Јавнообвинителската функција секогаш сум ја поимала како повик и можност за придонес кон подобрување на системот, општеството и пред сè животот на граѓаните. Затоа во текот на мојата кариера особен предизвик ми претставуваше работата на случаи кои најдиректно влијаат врз дерогирањето на општествените вредности и принципи.Работењето на високопрофилни случаи создава и високопрофилни непријатели — такви кои ги користат своите моќ, влијание и конекции за да избегнат одговорност и да ве оттргнат од вашата намера. Тоа подразбираше опструкции на различни нивоа, институционални и лични. Низ годините бевте сведоци на многу од тие случувања: влијание врз сведоци, вршење притисоци, менување на законски решенија, чување предмети во фиока и застарување на предмети. Сето тоа не ме спречи да опстојам во моите заложби, па јавно ги критикував состојбите во правосудството без оглед на општествено-политичкиот контекст и без калкулации за последиците по мојата кариера.Сите тие напори сакав да ги заокружам од раководна позиција преку мојата кандидатура за државен јавен обвинител, со јасна визија, акумулирано знаење и изградена отпорност спрема влијанија и притисоци. Верував дека е дојдено времето за институција чија водилка ќе биде јавниот интерес, борбата против корупцијата и криминалот и заштитата на правата на граѓаните.Оваа недела Советот на јавни обвинители ја отфрли мојата претставка за напад врз мојот интегритет и самостојност, а државниот јавен обвинител донесе одлука за повлекување на овластувањата за застапување во клучни предмети во завршна фаза. Сметам дека овие одлуки сериозно ја ослабуваат позицијата на јавното обвинителство и носат конкретни ризици за исходот на предмети кои таргетираат висока корупција и криминал.Овие постапки се во директна спротивност со визијата за која се залагам, а тоа е обвинителство кое работи надвор од политички влијанија, ги штити своите професионалци и го брани јавниот интерес доследно и без селекција.Бидејќи не гледам простор за работа, ниту во перспектива како би можела да делувам во согласност со моите принципи, денес поднесов оставка од функцијата јавен обвинител. Искрена благодарност на сите кои ја препознаа и поддржаа мојата посветеност и борба“.

Македонија | пред 2 седмици

media-library96eieugc7clj1ROl9P7

Едногласна позитивна оценка за Ристовска и Савевски, еден против Раичевиќ: заврши оценувањето на кандидатите за републички обвинител

Девет членови на Совет на јавни обвинители сметаат дека Лидија Раичевиќ треба да биде избрана за републички јавен обвинител и ѝ дадоа позитивна оценка, додека против беше само членката Кети Петкова.Едногласна поддршка доби Ленче Ристовска, за која десетте членови гласаа „за“, односно дадоа позитивно мислење. Позитивна оценка од сите десет членови доби и судијата од Кривичен суд Скопје, Ненад Савевски.Претходно, Советот заклучи дека Владимир Панчевски не ги исполнува законските услови, бидејќи нема непрекинат работен стаж од најмалку 10 години, што е предуслов за да биде оценуван како кандидат за функцијата на местото на разрешениот Љупчо Коцевски. Панчевски доставил и програма од 50 страници.Позитивно мислење претходно доби и в.д. државна јавна обвинителка Анита Тополова-Исајловска. Расправата по кандидатурите е во тек.Постапката за избор на нов државен јавен обвинител започна со огласот што го распиша Собрание на Република Северна Македонија на 12 јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години непрекинат стаж како јавни обвинители или судии од областа на кривичното право.Согласно Законот за Јавното обвинителство, кандидатурите се доставуваат до Владата, која бара мислење од Советот на јавните обвинители. Советот има рок од 15 дена да достави образложени мислења. Доколку не даде позитивно мислење за ниеден кандидат, Владата не може да утврди предлог и му предлага на Собранието распишување нов оглас. За избор на нов државен јавен обвинител се потребни најмалку 61 глас од пратениците.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryhh4up50b08u95o1qjag

„Не сум непријател на власта“, вели Ристоска која го укоруваше премиерот и тужеше ВМРО-ДПМНЕ, па конкурираше за да биде државен обвинител

Јас очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка, затоа и конкурирав, порача во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска.„Не се пријавив да ја нервирам власта, туку бидејќи сериозно мислам дека имам што да понудам и имам квалитет. Јас не сакам да верувам дека некој ме ставил во категорија „непријател“ на власта. Тоа би било еден многу незрел потег за политички делувања. Сметам дека постои одговорност кај носителите на извршната и законодавната власт за оние кои ги донеле на власт, граѓаните. Бидејќи граѓаните очекуваат државниот јавен обвинител да работи во нивен интерес, а не во интерес на партијата или било кои центри на моќ. И граѓание се тие што на избори даваат оценка за политиките на власта. И сметам дека доколку постои политичка зрелост, мојата кандидатура вреди и те како да се разгледа. И јас искрено ви кажувам дека јас се гледам во ново поглавје како државен јавен обвинител- вели Ристоска

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања