Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛЕОНАРДО

helikopter

Мисајловски: Државата ќе плати 100 милиони евра за хеликоптерите од „Леонардо“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 нагласи дека државата оваа година ќе исплати околу 100 милиони евра за договорот со „Леонардо“, што значително влијае врз буџетот на Министерството за одбрана.Министерот информира дека испораката на хеликоптерите се очекува до крајот на следната година..Министерството направило ревизија на договорот за набавка на хеликоптери од италијанската компанија Леонардо, но дека клучната цел останува тие да пристигнат во земјава без доцнење. Мисајловски рече дека ревизијата ги потврдила забелешките кои претходно биле нотирани и од Државниот завод за ревизија, по што случајот е разгледуван од надлежни институции.„За мене најважно е хеликоптерите да пристигнат. Станува збор за огромна индустрија, а ‘Леонардо’ е една од најголемите компании во оваа област и нивни хеликоптери користат повеќе НАТО држави“, изјави Мисајловски.Тој посочи дека првичната понуда за набавката била околу 213 милиони евра, но договорот подоцна пораснал на 249 милиони евра со вклучен ДДВ, што според него е едно од најсериозните прашања во процесот.„Доколку во постапката се бара дополнителна опрема, тогаш тоа требало повторно да се понуди и на другите компании кои учествувале во постапката, за да се види дали ќе има подобра цена“, рече министерот.Мисајловски објасни дека пред институциите постоеле две опции – арбитражна постапка за целиот договор или продолжување на процесот со подобрување на условите.„Арбитражата носи ризик да останете и без хеликоптери и без средства, а можни се и пенали. Затоа ангажиравме адвокатска куќа која детално го анализира договорот и предложи чекори за подобрување на условите“, истакна тој.Според него, во договорот има пропусти, меѓу кои и тоа што хеликоптерите не доаѓаат со сериозно вооружување.„Воен хеликоптер треба да биде соодветно вооружен. Овие се повеќенаменски, претежно транспортни, но постои можност дополнително да се догради вооружување и тоа ќе биде една од темите на разговор во следниот период“, додаде Мисајловски.

Македонија | пред 1 седмица

media-library6in59jkg5f4ofLaHqX5

Нова бура во Португалија: Врнежите можат да предизвикаат поплави

Португалија се подготвува за нова бура Леонардо која, како што предупредуваат властите, би можела да предизвика поплави и дополнителни штети, додека земјата се обидува да се опорави од бурата Кристин.Португалскиот институт за море и атмосфера (IPMA) соопшти синоќа дека се очекува новата бура, наречена Леонардо, да почне да го погодува копнениот дел на Португалија од денес попладне па сè до сабота, пренесува Ројтерс.Полуостровот во последните неколку месеци беше погоден од серија бури со обилни врнежи, громови, снег и силни ветрови, при што јужна Шпанија забележува, највлажна зима во последните 40 години.IPMA наведе дека бурата Леонардо би можела да донесе постојани, а повремено и силни врнежи, со удари на ветер до 75 километри на час долж крајбрежјето јужно од Кабо Мондега во централниот дел на земјата и до 95 километри на час во планинските предели.Сепак, ударите на ветерот треба да бидат помалку интензивни од оние кои надминуваа 200 километри на час за време на бурата Кристин, која го погоди централниот копнен дел на Португалија минатиот четврток, усмрти најмалку шест лица и остави разурнати домови, фабрики и клучна инфраструктура.Данијела Фрага, заменик-командант на Националната управа за вонредни ситуации и цивилна заштита (ANEPC), изјави синоќа за новинарите дека обилните врнежи во следните денови би можеле да предизвикаат поплави и излевање на водите, пред сè во региони кои веќе беа погодени од бурата Кристин.Според податоците на дистрибутерот на електрична енергија E-Redes, скоро 134.000 домаќинства сè уште немаат струја, од кои околу 95.000 во регионот Леирија во централниот дел на земјата.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања