Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЛИБАН

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Либан бара продолжување на примирјето и нови преговори со Израел

Либан ќе побара продолжување на тековниот прекин на огнот со Израел за уште еден месец на претстојните разговори што се очекува да се одржат во Вашингтон, според информации од меѓународни агенции. Постојниот десетдневен договор за примирје истекува во недела, а ова би бил втор состанок на двете делегации во последните две недели.Либански претставник навел дека на средбата ќе се настојува и да се утврди временска рамка за започнување пошироки преговори меѓу двете страни.Во рамки на тие идни разговори, Либан би побарал повлекување на израелските сили, враќање на заробените лица и дефинирање на копнената граница меѓу двете држави, според изјавите на либански официјални лица.

Свет | пред 11 час

liban

Израел ликвидира две лица во Либан и покрај прекинот на огнот

Израелската војска соопшти дека во јужен Либан ликвидирала две лица кои, според нивните наводи, го прекршиле договорот за прекин на огнот и претставувале директна закана за безбедноста на израелските сили.Во објавено соопштение, армијата наведува дека лицата биле забележани во областа Салукија, откако ја преминале линијата на раздвојување меѓу територијата под контрола на израелските сили и остатокот од Либан, приближувајќи се кон воени позиции.Според истите информации, по нивна идентификација, бил преземен брз одговор, при што израелските воздухопловни сили извршиле напад со цел, како што се наведува, „елиминирање на заканата“.Десетдневниот прекин на огнот меѓу Израел и Либан стапи во сила минатиот петок, но и покрај тоа тензиите на теренот продолжуваат. Израелската војска во меѓувреме спроведува активности на уривање објекти во пограничниот појас, додека Хезболах соопшти дека возвратил со ракетни напади кон северен Израел, обвинувајќи за прекршување на примирјето.

Свет | пред 15 часа

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

Либан: Вовлечени сме во војна што не ја избравме

Министерот за надворешни работи на Либан изјави дека земјата е „вовлечена во војна што не ја избрала“, нагласувајќи дека владата е решена да ја врати контролата врз одлуките за војна и мир и самостојно да го наметне својот суверенитет на целата територија.Во објава на социјалните мрежи, тој информираше дека разговарал со својата австралиска колешка, која изразила целосна поддршка за напорите на либанската влада да го прошири својот суверенитет на целата држава, како и подготвеност да обезбеди хуманитарна помош.Либанскиот министер истакна и надеж дека тековните преговори ќе доведат до враќање на окупираните подрачја и повлекување на израелските сили во најкраток можен рок.

Свет | пред 2 дена

liban

Клучен состанок во Тел Авив: фокусот на Иран и примирјето во Либан

Израелскиот потесен безбедносен кабинет денеска ќе одржи претходно одложен состанок на кој ќе се разгледува најновиот развој на настаните поврзани со Иран и Либан, пренесуваат израелските медиуми.Состанокот се одржува неколку дена откако истиот кабинет веќе дискутираше за можноста за примирје во Либан. Според тогашните информации од медиумите разговорите опфатиле и поширока безбедносна рамка, вклучително и ситуацијата со Иран.Очекувањата се дека денешната седница ќе се фокусира на актуелните безбедносни предизвици и можните следни чекори на Израел во контекст на зголемените регионални тензии.

Свет | пред 2 дена

media-librarynv0331bc8pvj5bX2EFO

Израелски министер се извини по инцидент со оштетување на кип на Исус во Либан

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар го осуди постапок на израелски војник кој оштетил кип на Исус во јужен Либан, оценувајќи го како „срамно дело“ и упати јавно извинување.Фотографија од инцидентот, објавена од либански новинар на социјалните мрежи, подоцна била потврдена како автентична од Израелски одбранбени сили. На неа се гледа војник кој со чекан го удира и оштетува религиозниот споменик.Израелската армија соопшти дека ќе соработува со локалната заедница за обновување на кипот и негово враќање на првобитната локација, како и дека случајот ќе биде истражен.Саар на платформата X напиша дека израелската војска постапила правилно со осуда на инцидентот и најавата за истрага, додавајќи дека се очекуваат строги мерки против одговорниот војник. Тој нагласи дека ваквото однесување е спротивно на вредностите на Израел, кој, како што наведе, ги почитува сите религии и нивните симболи и се залага за толеранција и меѓусебно почитување.

Свет | пред 2 дена

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израел издаде предупредување: Забрана за движење кон реката Литани во Либан

Израелската војска им издаде предупредување на жителите на југот од Либан да не се движат јужно од одредена линија на села и да не се приближуваат до подрачјата околу реката Литани.Во соопштението се наведува дека израелските сили и понатаму се распоредени во таа област, и се потенцира дека цивилите не треба да се враќаат во повеќе погранични села.Меѓу наведените населени места се Beit Siyad Farm, Majdal Zun, Zabqin, Yatar, Sarbin, Hula, Beit Yahun, Shaqra, Majdal Salm, Qabriqa, Farun, Zutr al-Gharbiyya, Yahmar al-Shaqif, Arnun, Deir Mimas, Marjayoun, Aabbel al-Saqi, Al-Mari, Kfar Shouba, Ain Qana и Ain Atta.Портпаролот на израелската војска, Авихаи Адраеи, повика цивилите да не се враќаат во десетици погранични села на југот од Либан.Инаку, десетдневното примирје меѓу Либан и Израел, постигнато со посредство на САД, е во сила од 16 април.

Свет | пред 2 дена

media-library1i77ko6sdf9l4iKUt6s

Гутереш го осуди убиството на француски мировник во Либан

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, го осуди убиството на француски мировник во Либан, оценувајќи дека станува збор за трет смртоносен инцидент со мировни сили во последните неколку недели.„Ова е трет инцидент во последните неколку недели што доведе до смрт на мировник во Либан. Овие напади мора да престанат“, напиша Гутереш на социјалната мрежа Икс.Тој ги повика сите страни во конфликтот да го почитуваат десетдневниот прекин на огнот кој во моментов е на сила во Либан.Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изјави дека „сè упатува“ на тоа дека Хезболах стои зад нападот во кој загина наредникот Флоријан Монторио, додека уште тројца војници се повредени.Од Хезболах, пак, ги отфрлија овие обвинувања и соопштија дека немаат никаква поврзаност со инцидентот.Случајот дополнително ги зголемува тензиите во регионот, во момент кога меѓународната заедница се обидува да одржи кревко примирје.

Свет | пред 3 дена

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Нападнати француски војници во Либан: Еден убиен, тројца ранети

Француски војник кој учествувал во меѓународната мировна мисија во Либан е убиен утринава на југот од земјата, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.Според објавата на платформата X, станува збор за штабниот наредник Флоријан Монторио од 17. падобрански инженериски полк од Монтабан. Во нападот биле ранети уште тројца француски војници, кои подоцна биле евакуирани.Макрон изјави дека сè укажува оти за нападот е одговорен Хезболах и побара либанските власти веднаш да ги приведат одговорните.Либанскиот премиер Наваф Салам остро го осуди нападот и најави итна истрага.„Ваквото неодговорно однесување му нанесува голема штета на Либан и на односите со пријателските земји кои го поддржуваат“, порача Салам, без да посочи конкретен виновник.Од УНИФИЛ соопштија дека нивна патрола, која отстранувала неексплодирани убојни средства во селото Гандурија, била изложена на оган од лесно оружје отворен од недржавни актери.УНИФИЛ ја повика либанската влада итно да спроведе истрага и да ги идентификува и казни напаѓачите.

Свет | пред 4 дена

media-librarypsr4cv6bes5ieZz6JSR

Пакистанскиот премиер Шариф: „Храбра и мудра дипломатија“ зад примирјето меѓу Израел и Либан

Пакистанскиот премиерот Шехбаз Шариф го поздрави постигнатото десетдневно примирје меѓу Израел и Либан, оценувајќи ја улогата на американскиот претседател Доналд Трамп како „храбра и мудра дипломатска иницијатива“.Шариф нагласи дека Пакистан останува цврсто посветен на поддршка на суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан, истакнувајќи дека стабилноста во регионот е од клучно значење за поширокиот мир.Според информации од разговорите, преговорите меѓу Израел и Либан се одржале во Вашингтон со посредство на Соединетите Американски Држави, што дел од аналитичарите го оценуваат како значаен чекор кон потенцијално нормализирање на односите меѓу двете земји.Овој развој доаѓа по неуспешните разговори меѓу Иран и САД, кои исто така биле организирани со посредство на Пакистан, во период на засилени дипломатски активности на Блискиот Исток.

Свет | пред 5 дена

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Либан: Израел го прекршил примирјето со повеќе напади

Армијата на Либан соопшти дека израелските сили повеќепати го прекршиле прекинот на огнот кој стапи во сила синоќа, обвинувајќи ги Израелски одбранбени сили за нови напади и гранатирања.Во соопштението објавено рано утринава се наведува дека се регистрирани повеќе напади, како и повремено гранатирање на неколку населени места во јужниот дел на земјата. Либанската армија апелираше до граѓаните да бидат внимателни при враќањето во своите домови, и покрај тоа што примирјето формално е во сила.Десетдневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан беше најавен од американскиот претседател Доналд Трамп и започна да важи синоќа. Либанскиот претседател Жозеф Аун го поздрави договорот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го оцени како „историска можност“ за мир.И покрај договорот, Хезболах, коj има поддршка од Иран, претходно разменуваше напади со израелските сили, а ситуацијата на терен и натаму останува нестабилна. Израелската страна засега нема официјален одговор на обвинувањата, но соопшти дека нејзините сили остануваат во состојба на висока подготвеност.

Свет | пред 5 дена

media-libraryp6rje5uv3ftnfCezgky

Постигнато примирје: Израел и Либан со 10-дневен прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој треба да започне денес во 23 часот по средноевропско време.Целта е, како што рече, постигнување траен мир меѓу двете земји.„Штотуку имав одлични разговори со почитуваниот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Биби Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија дека, со цел да се постигне мир меѓу нивните земји, официјално ќе започнат десетдневно примирје“, напиша претседателот на САД.Кабинетот на либанскиот претседател Џозеф Аун претходно потврди дека тој разговарал телефонски со Трамп.Според извештај на катарската телевизија Ал-Араби, Трамп му рекол на Аун дека објавата за примирје во Либан се очекува во наредните часови.Аун му се заблагодарил на Трамп за напорите за обезбедување прекин на огнот во Либан, се наведува во соопштението, пренесува Тајмс оф Израел.Трамп возвратил со изразување поддршка за владата на Аун и истакнал дека е посветен на исполнување на либанското барање за постигнување примирје.Либанските и арапските медиуми претходно објавија дека американскиот претседател разговарал телефонски со претседателот на Либан, а според Скај њуз, ова е првиот разговор меѓу двајцата лидери откако Аун ја презеде функцијата во јануари минатата година.Аун на социјалните мрежи наведе дека за време на разговорот повторно му се заблагодарил на претседателот на САД за напорите за постигнување примирје во Либан и обезбедување траен мир и стабилност.Тој исто така изразил желба непријателствата да престанат „во најкраток можен рок“.Официјални претставници на двете земји во вторникот разговарале во Вашингтон за конфликтот, што е прв ваков контакт од 1993 година.На израелската војска ѝ било наредено да се подготви за прекин на огнот во Либан, изјавиле воени претставници за израелскиот дневен весник „Харец“.Весникот наведува дека високите команданти на израелската армија добиле инструкции да ги подготват своите сили, кои моментално дејствуваат во јужен Либан, за прекин на огнот кој треба да започне денес меѓу 17 и 22 часот.

Свет | пред 6 дена

media-library7a6p6ihqqfokfxQdE20

Трамп најави 10-дневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека е постигнат договор за десетдневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој би требало да започне денеска во 23 часот по хрватско време.Тој на социјалната мрежа „Трут соушл“ наведе дека целта на договорот е постигнување траен мир меѓу двете земји.„Само што имав одлични разговори со ценетиот либански претседател Џозеф Аун и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Двајцата лидери се согласија да започнат десетдневен ПРЕКИН НА ОГНОТ со цел мир“, напиша американскиот претседател.Објавата следува по состанокот меѓу израелски и либански претставници во Вашингтон, кој е прв ваков официјален разговор по 34 години, организиран од американскиот државен секретар Марко Рубио.Трамп наведе дека за понатамошните разговори за траен мир се задолжени американски високи функционери, меѓу кои потпретседателот Џеј Ди Венс, државниот секретар Рубио и началникот на Здружениот штаб Дениел „Разин“ Кејн.Тој порача дека досега посредувал во неколку мировни процеси и дека ова би можело да биде уште еден успешен договор.

Свет | пред 6 дена

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Вечерва би можело да биде прогласено примирје меѓу Израел и Либан

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со либанскиот претседател Џозеф Аун, потврди либански функционер. Разговорот се случил во момент кога Израел разгледува дали да прифати прекин на огнот во конфликтот со Хезболах.Според американски функционер, Трамп би ја поздравил таквата одлука, пренесува „Аксиос“. Седницата на израелскиот кабинет за безбедност завршила без конечна одлука за можен прекин на огнот, но израелски безбедносен претставник изјавил дека примирје би можело да биде објавено наскоро.Либанското претседателство потврди дека разговорот навистина се одржал. Во соопштението се наведува дека претседателот Аун му се заблагодарил на Трамп за поддршката за прекин на огнот, додека американскиот претседател ветил дека ќе работи на исполнување на барањето за примирје во најкус можен рок.Предлогот за прекин на огнот се оценува како политички чувствителен за израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но истовремено се смета дека би можел да помогне во пошироки дипломатски напори поврзани со Иран.Американскиот државен секретар Марко Рубио организираше состанок меѓу израелски и либански претставници, а исто така одржал и разговор со претседателот Аун.Од Вашингтон наведуваат дека дипломатските напори продолжуваат со цел постигнување прекин на огнот како чекор кон долгорочна стабилност во регионот.

Свет | пред 6 дена

liban

Уништен последниот мост што го поврзува јужен Либан со остатокот од земјата

Во израелски воздушен напад е уништен последниот мост кој го поврзувал јужниот дел на Либан со остатокот од земјата, потврди висок либански безбедносен претставник.Според неговата изјава, мостот е целосно разрушен и „размрскан“, а штетата е оценета како непоправлива. Инцидентот дополнително ја влошува инфраструктурната состојба во јужниот дел на земјата, каде што во последниот период се интензивирани судирите.Засега нема официјална реакција од израелската страна за нападот.

Свет | пред 6 дена

media-libraryo1d2c154dp434d5eiLf

(Видео) Израелската армија објави видео: „Уништивме 70 позиции на Хезболах за една минута“

Израелските одбранбени сили (Israel Defense Forces) соопштија дека уништиле околу 70 позиции на Хезболах во подрачјето на Бинт Џбеил во јужен Либан, по вчерашна операција на специјалните единици.Според израелската армија, единицата „Егоз“ извршила упад во населбата Аината, која ја опишуваат како борбен комплекс на Хезболах. Во текот на операцијата, како што се наведува, биле пронајдени поголеми количества оружје, меѓу кои ракетни фрлачи, автоматски пушки, гранати и противвоздушни проектили.Истовремено, единицата „Маглан“ на истото подрачје, според израелските тврдења, елиминирала повеќе оперативци на Хезболах.По завршување на пребарувањата, израелските сили соопштија дека во краток временски интервал биле уништени околу 70 инфраструктурни цели кои ги опишуваат како воени позиции на групата.

Свет | пред 6 дена

media-librarys5jeh9vbt26e36UJuVp

Повеќеслојна дипломатија: кој со кого преговара на Блискиот Исток

Во услови на повеќеслојни дипломатски и воени процеси, состојбата на Блискиот Исток останува сложена, со паралелни преговори и продолжени судири меѓу различни актери.Во делот на израелско-либанските односи, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денеска би можеле да се одржат разговори меѓу претставници на Израел и Либан. Сепак, од кабинетот на либанскиот претседател наведуваат дека немаат информации за најавени контакти со израелската страна.Во Вашингтон претходно се одржаа разговори меѓу израелски и либански претставници, кои се опишани како први директни контакти по подолг временски период. И покрај дипломатските најави, на терен продолжуваат нападите меѓу Израел и движењето Хезболах во јужен Либан.Во паралелен процес, преговорите меѓу САД и Иран, со посредство на Пакистан, засега не донеле договор. Разговорите одржани во Исламабад завршиле без конкретен напредок, иако двете страни изразуваат различни позиции околу условите за евентуален мир.Иранската страна бара целосен прекин на војната, укинување на санкциите и компензација за штетите, додека Вашингтон оценува дека разговорите се „во тек“ и „продуктивни“, но без потврдени детали за нова рунда преговори.Според најавите, двонеделниот прекин на огнот меѓу САД и Иран истекува на 22 април, што дополнително ја зголемува неизвесноста околу идните дипломатски чекори.

Свет | пред 6 дена

liban-1

Напади во јужен Либан: погодена област во близина на болница

Израелски воздушни напади погодиле подрачје во близина на една од последните функционални болници во јужен Либан, во градот Тибнин, кој се наоѓа на околу десет километри од границата.Според локални проценки, ова е втор ден по ред како се гаѓаат области околу здравствената установа, при што постојат стравувања дека целта е постепено да се направи регионот непогоден за живот. Инцидентите дополнително ја влошуваат хуманитарната состојба во пограничните области.Истовремено, израелските сили ја продолжуваат копнената операција во градот Бинт Џбеил, каде борците на движењето Хезболах продолжуваат да даваат отпор. Градот има силно симболично значење, бидејќи Израел не успеа да го заземе ниту во конфликтот во 2006 година, ниту во подоцнежните операции.Аналитичари оценуваат дека тековните операции се дел од пошироки обиди за постигнување воена предност во регионот, додека целосно разоружување на Хезболах се смета за исклучително сложена и скапа задача која би барала долготрајно воено присуство.

Свет | пред 6 дена

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Реакција од Либан: Нема најавени контакти со Израел

Од кабинетот на либанскиот претседател соопштија дека Либан не е запознаен со какви било најавени контакти со Израел, демантирајќи ги наводите за можен разговор меѓу лидерите на двете земји.Реакцијата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи навести ваква можност, што предизвика внимание во Бејрут. Либанските власти посочуваат дека нема потврда за постоење на такви планови или контакти.Ова доаѓа во време на засилени дипломатски активности во регионот и најави за можни преговори.

Свет | пред 6 дена

liban

Можно примирје во Либан додека се обновуваат разговорите меѓу Техеран и Вашингтон

Оптимизмот дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да се приближи кон крајот денеска е во пораст, во услови кога Израел разгледува прекин на огнот во Либан, додека дипломатските напори меѓу Иран и САД продолжуваат со посредство на Пакистан.Според надворешни извори, израелскиот кабинет одржал состанок на кој се разговарало за можен прекин на огнот во соседен Либан, повеќе од шест недели по почетокот на судирите со движењето Хезболах, кое има поддршка од Иран. Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека разговори меѓу претставници на Израел и Либан би можеле да се одржат во текот на денот, додека дел од медиумите наведуваат дека договор за прекин на огнот би можел наскоро да биде објавен.Прекинот на борбите во Либан беше една од главните пречки во претходните мировни преговори, заедно со прашањето за нуклеарната програма на Иран. Американски и ирански претставници размислуваат за нова рунда разговори во Пакистан веќе следниот викенд, откако последните преговори завршија без конкретен напредок.Клучна улога во посредувањето има командантот на пакистанската армија, Асим Мунир, кој пристигна во Техеран со цел да придонесе за намалување на разликите меѓу двете страни. Од Белата куќа оценуваат дека изгледите за договор се позитивни и дека разговорите се „продуктивни и во тек“.Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изрази подготвеност за унапредување на мирот и стабилноста во регионот, истакнувајќи дека Техеран останува посветен на дипломатско решение.

Свет | пред 6 дена

media-libraryb4pgv2eeu4u32CwrZBr

Се разгледува примирје меѓу Израел и Либан

Израелската влада вечерва ќе расправа за можноста за примирје во Либан, изјави висок израелски функционер. Премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе присуствува на состанокот на безбедносниот кабинет кој започнува во 20 часот по локално време.Истовремено, двајца високи либански функционери за Ројтерс изјавиле дека се запознаени со напорите за постигнување договор за примирје. Според нив, евентуалното примирје во Либан би можело да биде поврзано со тековниот двонеделен договор за примирје меѓу САД и Иран.Информацијата доаѓа по вчерашните разговори меѓу израелски и либански дипломати во Вашингтон, што претставува прва таква средба од 1993 година.Израелскиот амбасадор во САД, Јехиел Лајтер, по состанокот изјави дека разговорите биле „победа на разумот, одговорноста и мирот“, додека либанската амбасадорка Нада Хамаде Муавад ги оцени како „конструктивни“.Судирите во Либан меѓу Израел и Хезболах, група поддржана од Иран, траат од 2 март.

Свет | пред 1 седмица

media-library79fpk2vphpuh1yJHObt

Израелската армија издаде предупредување за евакуација на југот од Либан

Армијата на Израел упати предупредување за евакуација до жителите на јужен Либан, јужно од реката Зарани, во услови на продолжени воени дејства во регионот.Според соопштението објавено од Israel Defense Forces на платформата X, жителите се предупредуваат дека воздушните напади продолжуваат и дека армијата дејствува со значителна сила на тоа подрачје. Во пораката се наведува дека останувањето јужно од реката Зарани може да ги загрози животите на граѓаните и нивните семејства.Јужниот дел на Лебанон во последниот период е често опфатен со зголемени безбедносни тензии, а ваквите предупредувања доаѓаат како дел од поширокиот контекст на интензивирани судири во пограничните области.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryuvvum54k1gl29GdH0se

(Видео) Израелски напади врз возила јужно од Бејрут

Либан соопшти дека најмалку две возила биле погодени во израелски напади на крајбрежен пат јужно од Бејрут, во нов инцидент кој дополнително ги зголемува тензиите во регионот.Според локални извештаи, возилата биле погодени во близина на крајбрежните населби Џие и Саадијат, околу 70 километри северно од границата со Израел.Засега нема информации за жртви или материјална штета, а израелските вооружени сили сè уште не се огласиле во врска со наводите за нападот.

Свет | пред 1 седмица

departmentofstate

Израел и Либан ги продолжуваат преговорите во Вашингтон

Преговорите меѓу Израел и Либан продолжуваат денеска во Вашингтон, со почеток закажан во 17 часот по македонско време.На состанокот ќе присуствува и американскиот државен секретар Марко Рубио, според соопштение од Стејт департментот.Во разговорите учествуваат и амбасадорите на двете земји во САД – израелскиот амбасадор Јехиел Лајтер и либанската амбасадорка Нада Хамаде Моавад.Според најавите, учесниците кратко ќе се обратат пред медиумите пред продолжувањето на преговорите зад затворени врати.

Свет | пред 1 седмица

liban-1

Канада бара итен прекин на израелските напади по смрт на свој државјанин во Либан

Канадската министерка за надворешни работи изјави дека канадски државјанин е убиен во јужен Либан, по што Канада упати повик за итен прекин на израелските напади и за дипломатско решение на конфликтот во регионот.Министерката Анита Ананд соопшти дека била информирана за смртта на канадскиот државјанин и изрази сочувство до неговото семејство, наведувајќи дека канадските институции се во контакт за обезбедување конзуларна помош.Жртвата е идентификувана како 38-годишниот Мохамад Хасан Хајдар, жител на Онтарио и татко на пет деца, кој, според канадски медиуми, загинал додека се обидувал да помогне на друго лице за време на напад со беспилотно летало.Канадскиот јавен сервис наведува дека Националниот совет на канадските муслимани соопштил дека Хајдар бил убиен во израелски напад, додека израелската војска засега не ја потврдила директната одговорност.Во меѓувреме, либанските здравствени власти соопштија дека во последните 24 часа во израелските напади загинале десетици лица, а стотици се повредени, при што бројот на жртви значително се зголемува во последниот период на ескалација.Израелската војска во меѓувреме ги прошири воздушните и копнените операции на територијата на Либан, по прекугранични напади и зголемени регионални тензии поврзани со поширокиот конфликт во регионот.

Свет | пред 1 седмица

media-libraryapn3sue4kmql3YvYIoX

(Видео) Израелските одбранбени сили : уништена подземна инфраструктура на Хезболах во јужен Либан

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија видео-снимка за која тврдат дека прикажува уништување на тунел на Хезболах во јужниот дел на Либан.Според соопштението, станува збор за подземна рута која, како што наведуваат, се користела за планирање и изведување активности насочени против израелските војници. Снимката е црно-бела и прикажува напад врз инфраструктурата за која ИДФ тврди дека е дел од мрежата на Хезболах.Од израелската армија додаваат дека објектот бил уништен по спроведени претреси во внатрешноста на тунелот и дека операциите против оваа инфраструктура ќе продолжат.

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања