Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ЛИСАБОН

media-libraryo0q3096u2dff0PBFlsZ

Кои градови се најлоши во авиосообраќајот по времето на доцнење за полетување

Европските аеродроми и понатаму се соочуваат со значителни доцнења на летовите, иако во последниот период се забележува благо подобрување на точноста, покажуваат најновите податоци на Евроконтрол.Најлошо рангиран според точноста на поаѓањата е Лисабон, каде само 49 проценти од летовите полетуваат навреме. Меѓу аеродромите со најмногу доцнења се и Цирих и Ница, што ги става на врвот на негативната листа во Европа.Експертите како главни причини ги посочуваат зголемениот обем на воздушен сообраќај, ограничувањата на одредени рути, неповолните временски услови, како и фактот дека дел од аеродромите функционираат речиси на максимален капацитет.Спротивно на тоа, најдобри резултати бележат аеродромите во северна Европа. Берген, Осло, Стокхолм, Копенхаген и Лајпциг имаат стапка на точност над 80 проценти, што ги прави меѓу најсигурните кога станува збор за навремено полетување.Во извештајот се наведува и дека најпрометни европски воздухопловни јазли се Истанбул, Амстердам Схипхол, Лондон Хитроу и парискиот Шарл де Гол. Вкупниот воздушен сообраќај расте, со просек од околу 30.000 летови дневно, додека во летните месеци бројката достигнува и до 35.000.Кога станува збор за авиокомпаниите, најголем обем на летови има „Рајанер“ со околу 3.192 летови дневно, пред „Изиџет“ со 1.611 и „Туркиш ерлајнс“ со 1.559 летови. Следуваат „Луфтханза“ и „Ер Франс“ со нешто над илјада летови дневно.

Свет | пред 1 седмица

media-librarybap2jr9rd06icNU5VOv

Индекс на среќа за време на одмор: Лисабон на врвот на листата

Главниот град на Португалија, Лисабон, е прогласен за најсреќен град за одмор според новиот „Индекс на среќа за време на одмор“. Градот се издвојува по одличната храна, бројните зелени површини и можностите за активности на отворено, што овозможува опуштен престој на туристите.Агенцијата за патувања „Букритритс“ го спровела истражувањето кое ги оценува дестинациите според сончева светлина, квалитет на сон, здрава исхрана, време поминато во природа и можности за вежбање. Од вкупно 47 оценети дестинации, Лисабон се покажа како најдобар избор за релаксација и уживање.Градот нуди компактна пешачка зона, околни ридови за рекреација, обилни зелени површини и богата гастрономска понуда. Постојат речиси четирипати повеќе паркови отколку во Мадрид, а сончевите денови годишно достигнуваат 2.828.На второ место се најде Хелсинки, кој го привлекува вниманието со своите паркови и природни патеки, додека третото место го зазеде Орландо, град кој нуди сонце преку целата година, плажи и зелени површини, со можност за опуштен одмор далеку од гужвата.Меѓу петте најдобри дестинации се најдоа и Атина и Единбург. Целата листа е достапна на веб-страницата на „Букритритс“.

Магазин | пред 6 месеци

tramvaj-glorija

(Видео/фото) Голема трагедија во Лисабон, трамот „Глорија“ излета од шините - 15 загинати, десетици повредени

Португалија е во шок откако 15 лица загинаа кога 140-годишниот трам Глорија, една од главните туристички атракции во Лисабон, излета од шините. Уште 18 лица се однесени во болница, од кои пет се во сериозна состојба, потврдија службите за итни случаи, објави BBC News.Властите соопштија дека меѓу загинатите во несреќата, која се случи вчера околу 18:05 часот, има странски државјани, но нивната националност сè уште не е потврдена.Градоначалникот на Лисабон, Карлос Моедас, ја посети болницата и ја нарече несреќата „трагичен момент за градот“. Португалската влада прогласи ден на национална жалост, а претседателот Марсело Ребело де Соуза изрази „сочувство и солидарност со семејствата погодени од оваа трагедија“.Истрагата е во текПолицијата и службите за итни случаи поминаа часови на местото на настанот, а започнати се неколку истраги за причината за несреќата. Истрагата ја водат компанијата што управува со трамвајот, националниот орган за безбедност во сообраќајот и криминалната полиција.Лисабонската компанија за јавен превоз „Карис“ соопшти дека „Глорија“ ги поминала сите редовни инспекции - голема четиригодишна инспекција, привремена двегодишна инспекција, како и дневни, неделни и месечни инспекции.„Удри во зградата со брутална сила“И покрај редовните инспекции, сведоштвата на очевидци сугерираат дека системот за сопирање откажал, по што жолтиот трамвај свртел по стрмна улица и удрил во зграда.Очевидец изјави за SIC TV дека трамвајот се спуштил по стрмната улица „со полна брзина“. „Удри во зградата со брутална сила и се сруши како картонска кутија, немаше сопирачки“, рече таа.Симбол на ЛисабонТрамот Глорија е еден од најпознатите обележја на Лисабон. Отворен е во 1885 година и е електрифициран три децении подоцна. Неговите познати жолти вагони се клучен дел од транспортот во ридестиот дел на Лисабон.Патот каде што се случи несреќата е долг околу 275 метри и го поврзува плоштадот Рестаурадорес со живописното Баиро Алто. Иако го користат и локалното население, тој е исклучително популарен кај туристите.

Свет | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања