Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛИСИЧЕ

media-library48jj4s3u8srafhnULtN

Ќе се уредува просторот во Трговскиот центар во Лисиче

Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.Трговскиот центар претставува едно од главните јадра во овој дел од Аеродром, место каде што секојдневно гравитираат голем број граѓани и кое има значајна улога во локалното секојдневие.Со проектот се поставуваат нови павер-елементи во централниот дел, како и на пристапните патеки, на површина од околу 6 000 квадратни метри. Дотраените површини се заменуваат со квалитетни и издржливи материјали, што значително ќе ја подобри функционалноста и естетиката на просторот.Просторот ќе биде и хортикултурно збогатен и опремен со нова урбана опрема. Исто така, во трговскиот центар ќе бидат поставени и маси за шах, како и детско игралиште за пријатен престој и дружење на сите генерации.Станува збор за капитален инфраструктурен проект, реализиран со поддршка од Владата, во вкупна вредност од 22,2 милионa денари.По подолг период, жителите на Лисиче добиваат уреден и побезбеден трговски центар – простор што секојдневно го користат голем број граѓани и претставува важен дел од локалното живеење.Продолжуваме со инвестиции што го подобруваат квалитетот на животot и го разубавуваат Аеродром“, велат од Општина Аеродром.

Скопје | пред 1 седмица

Нема фотографија

(ВИДЕО) До темел изгореа три магацини во Лисиче, детали за пожарот кој се гаснеше до утрово

Доцна синоќа избувна пожар во скопската населба Лисиче.Според првичните информации три магацини се целосно изгорени.Според иформациите кои ги има “Скопје1”, изгорел магацин на на фабрика за производство на мебел, вториот магацин е на фабрика за производство на слатки и третиот е магацини на фабрика за производство дистрибуција и продажба на мраз салфети, цевки и други производи.Гасењето на пожарите започна вчеравечерта. Eкипи на територијалната противпожарна единица со пет возила беа на терен, веќе 12 часа, поради можност пожарот повторно да избувне. Утрово над тој дел од Скопје надлетуваше и хеликоптер, но не е познато дали од воздушен пат. Местото се обезбедува и од полиција.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања