Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЉУТКОВ

media-libraryt5slp5sar911decs7Vm

Костадиновска-Стојчевска до Љутков: Ќе земат ли мартовска плата вработените во култура според колективен договор?

Пратеничката на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, на собраниската седница за пратенички прашања упати остри критики кон министерот за култура, Зоран Љутков, обвинувајќи го за недоследности во одговорите, непознавање на документите што ги потпишува и непочитување на законските обврски. Таа истакна дека нејзините три прашања се однесуваат на нетранспарентност во работењето на министерството, доцнењето и контрадикторностите во одговорите, како и односот кон вработените и клучните културни политики.Костадиновска-Стојчевска посочи дека, и покрај присуството на Љутков на седницата, одговорите на нејзините прашања беа добиени дури по повеќе од десет месеци, а во нив се наведува дека министерството во тој период немало именувано државен секретар. Таа ја критикуваше и управата за културно наследство за доцнење во издавање дозволи и ја истакна нетранспарентноста при објавување резултати од националните програми и конкурси.Пратеничката упати конкретни прашања до министерот: како ќе се заштити културното наследство, конкретно Курбиново; што е направено со клучните закони и стратегии во културата во изминатите две години; и дали вработените во култура ќе ја добијат мартовската плата согласно закон и колективен договор.Костадиновска-Стојчевска нагласи дека, и покрај нејзините напори, многу национални институции морале самостојно да ги објавуваат резултатите од програмите, бидејќи Министерството за култура не ги спроведува законските обврски.Оваа реакција следува во контекст на долготрајни критики за недоволна транспарентност и непочитување на роковите од страна на министерството.

Македонија | пред 4 дена

media-library95ev74pnn0fnfD7sPyp

Јас нема да попуштам на притисок, ќе одам до крај во оваа работа, им порача министерот Љутков на колегите кои бараат кривично да одговара

Министерот за култура Зоран Љутков на денешната прес-конференција изјави дека Министерството во повеќе наврати побарало дијалог со Синдикатот на културата, но дека разговорите завршиле без договор. Тој посочи дека биле одржани два состанока со претставниците на синдикатот, при што, според него, наместо разговор за унапредување на правата на културните работници и нов колективен договор, се инсистирало Министерството да признае грешка во пресметката на платите, прашање кое во моментов се разгледува на суд.Овдека го имам документот, којшто им е даден. И во тој документ стои дека ова решение е возможно. Но, како и сè друго, се разбира дека можеле да се надминат проблемите. Како и сè друго, синдикатот за култура на Република Македонија не преговара со институцијата Министерство за култура. Пред малку го слушнав и пресот каде што таа изјави дека никогаш не било побарано од страна на Министерството за култура да се оствари дијалог. Еве, ги имам преписките овде и сите барања. Овдека не гледам дека имаше и еден новинар којшто беше присутен како лично, значи како лично, пред него се јавувам на претседателката и барам да се сретнеме на дијалог, а тоа беше на прес-конференцијата претходната година на Охридско лето во Охрид, и каде што се договоривме дека ќе продолжиме со дијалог. Потоа, следеше, еве го документот каде што го барам, потоа следеше и мејл којшто беше испратен до СКРМ и одржавме два состаноци коишто беа неуспешни. Значи, не отворивме дијалог за унапредувањето на правата на културните работници, да го отвориме колективниот договор. Туку се инсистираше ние да признаеме грешка во пресметките на платите, вели Љутков.Тој изјави дека тие се на суд за пресметките на платите, и сè додека не заврши процесот на судење, нема да коментира судски пресуди.Додека трае целиот процес, ние можеме да продолжиме со дијалогот, да разговараме за другите проблеми. Бидејќи овој колективен договор е истечен веќе неколку години. Ние мораме да преговараме, да се унапредат правата и на другите. Не само како што си ги напишале правата на одредена група на луѓе. Каде се правата на актерите? На балетаните? Каде е бенефицираниот стаж? Зошто не е ставен во колективниот договор за балетските играчи? Зошто теренски додатоци не се обезбедени за актерите, за музичарите? Зошто само за одредена група? За тоа треба да разговараме. Да ги отвориме работите внатре, а не да се гледа тесниот интерес внатре во синдикатот и да се делува политички и да се врши притисок врз судии. Бидејќи, како што знаете, тие судските пресуди ги добиваат 10-15 дена пред да бидат донесени. Од каде ги добиваат тие судски пресуди? Така да, дијалог постоеше од наша страна. Побаравме, одржавме два состаноци. Но, не најдовме заедничко решение. Како што не најдовме заедничко решение, уште на самиот почеток, бидејќи тие доаѓаат во кабинетот кај мене со ултиматум. Јас под притисок и со ултиматум не функционирам. Ако претходен министер во 2023 година потпаднал врз такво влијание и донел погрешно решение и паднал под притисок од која причина, не знам, јас тоа нема да го направам. И ќе одам до крај во оваа работа“, изјави Љутков.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryc8chnov432j6fbJTM3e

Синдикатот на културата поднесе кривична до Љутков: Кога функцијата ќе удри во глава, тогаш законот мора да приземји

На денешната прес-конференција на претставниците на Синдикатот на културата, пред Основното јавно обвинителство соопштија дека поднеле кривична пријава до министерот за култура Зоран Љутков за злоупотреба на сопствената положба и овластување и повреда на права од работен однос.Секако оваа кривична пријава ја поднесуваме со жалење, не затоа што се сомневаме во нејзината оправданост, туку затоа што станува збор за човек кој до неодамна беше и еден од нас, колега, член на синдикатот и соучесник во борбата за правата на културните работници. Денес, од позиција на министер, за жал, стои на спротивната страна од оваа борба. Министерот кој до вчера беше дел од синдикалната борба за работнички права, денес е симбол на нивното кршење.Министерот Љутков направи нешто што во правна држава не смееше да се направи. Со насоки пратени по мејл и упатство што сам го изготви и сам го потпиша, се обиде да ги поткопа правата на вработените во културата и да ги девалвира колективните договори. Упатство или мејл не е закон, а министер не е над закон. Упатството што го изготви министерот Зоран Љутков со иницијатива го поднесовме до Уставниот суд, со која бараме истото веднаш да се стави вон сила и да се поништи поради неуставност“, велат од Синдикатот на културата.Од синдикатот додаваат дека има повеќе од 800 тужби од вработените во културата против институциите и државата.Сведоци сме денес на над 50 судски пресуди во корист на синдикатот, од кои 8 се правосилни. Кога министерот не ги почитува законите и се става над нив, единственото место каде што може да се бара правдата е ова обвинителство, кое треба да го потсети дека никој не е над законите. Затоа денес сме овде и со целосна одговорност ја објавуваме кривичната пријава против министерот Зоран Љутков. Основниот суд во Битола повторно ја потврди првостепената пресуда, со што правдата уште еднаш излезе на виделина. Останува да видиме дали апелациониот судија во јавноста повторно ќе се обиде да ја поништи оваа пресуда повикувајќи се на наводен недостаток од економско вештачење во статусно-тужбено барање. Воедно, јавноста очекува и одговор дали Судскиот совет конечно ќе постапи по претставката што Синдикатот на култура ја поднесе против истиот овој апелационен судија.Со своите постапки, министерот Љутков ги доведе и директорите на институциите од културата во исклучително незавидна и правно ризична позиција, туркајќи ги да постапуваат по негови упатства, иако тие беа во спротивност со законите, одлуките на управните одбори во институциите и сега последно со судските одлуки.Поради тоа Синдикатот подготви и денес ќе поднесе кривични пријави и против директорите на институциите од културата за повреда на правата од работен однос. Важно е да се нагласи дека директорите на институциите беа претходно писмено предупредени од Синдикатот, дека доколку постапат по незаконските налози и ги прекршат правата на вработените, ќе следуваат кривични пријави. Наместо тоа, тие избраа да продолжат по погрешниот пат и сега следствено ќе мораат да се соочат со правните последици од таквите одлуки“, велат од Синдикатот.Тие директно му се обратија и на министерот Љутков дека сето ова можело да се избегне доколку се почитувале законите и колективните договори.Требаше само да се почитуваат судските пресуди. Требаше само да се слушнат луѓето со кои до вчера работевте. Требаше само да се сетите дека утре повторно ќе седите со нас, а не над нас. Требаше само малку помалку суета и малку помалку самоувереност во сопствената безгрешност. Ништо повеќе. Но кога функцијата ќе удри во глава, тогаш законот мора да приземји. Мора да потсети дека никој не е над него. Инаку, зашто ни се законите? Затоа сме денес овде. Не затоа што гориме од желба да поднесуваме кривични пријави, туку затоа што имаме должност да ги браниме правата на работниците во културата, права што се стекнувани со години, труд и борба, права кои да потсетиме и вие ги уживавте пред да станете министер“, додаваат од Синдикатот.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryletriei6lnfn3ERk1rU

Синдикатот на културата ќе поднесе кривична пријава против Љутков и директори на културни институции

Синдикатот на културата информира дека во среда пред Основното јавно обвинителство на прес-конференција ќе го објави поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.На прес-конференцијата јавно ќе биде објавено поднесувањето кривична пријава против министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, поради постоење основано сомневање дека сторил кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 од Кривичниот законик и „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Според наводите во пријавата, министерот Зоран Љутков во текот на 2025 година свесно и спротивно на закон носел упатства и давал насоки за пресметка на платите на вработените во културата, со што незаконски воспоставил нова методологија за пресметка на плати. Со ваквите постапки, министерот директно ги дерогирал Општиот колективен договор за јавниот сектор и колективните права на вработените, и свесно ги ограничил нивните законски права од работен однос.Со ваквото постапување, министерот извршил сериозен упад во системот на работнички права и владеењето на правото, ставајќи се над законите и колективните договори.На прес-конференцијата ќе бидат објавени и кривични пријави против директори на институции од културата, кои спроведувајќи ги незаконските насоки дадени од министерот, постои основано сомневање дека сториле кривично дело „Повреда на правата од работен однос“ по член 166 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Јавноста ќе биде информирана и за нови судски пресуди донесени во корист на вработените во културата, кои дополнително ја потврдуваат незаконитоста на постапките со кои се кратат правата и платите на културните работници.Синдикатот на културата јасно порачува дека никој не е над законите и дека секоја злоупотреба на функцијата со која се повредуваат правата на работниците ќе биде институционално и јавно оспорена“, велат од синдикатот.

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryp0rqbqbaqcmk3kukgRF

Премиера на македонскиот филм во Брисел: „Диџеј Ахмет“ ја воодушеви европската публика

Вчеравечер во „Синема галери“ во Брисел се одржа европската премиера на македонскиот игран филм „Диџеј Ахмет“, режисерското деби на Георги Унковски, настан што го привлече вниманието на претставници на европските институции, дипломати, филмски професионалци,  гости и љубители на седмата уметност.Пред почетокот на проекцијата, пред присутните се обрати министерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој истакна дека прикажувањето на македонски филм во срцето на Европа претставува значаен успех и силна потврда за квалитетот на домашната кинематографија.Чест ми е што вечерва, овде во срцето на Европа, во Брисел, го одбележуваме  премиерното прикажување на македонскиот игран филм  „Диџеј Ахмет“. По оваа проекција, верувам дека сите ќе почувствуваме колку филмот може истовремено да биде длабоко локален по својата приказна, а сепак универзален по емоцијата и пораката што ја носи“, истакна министерот Љутков.Тој упати искрени пофалби до авторскиот и продуцентскиот тим, нагласувајќи дека филмот претставува уметничко остварување што достоинствено ја претставува државата на европската сцена и е доказ за зрелоста, креативната храброст и меѓународниот потенцијал на македонската кинематографија.Тој додаде дека филмот е резултат и на силна меѓународна соработка и доверба меѓу партнерски институции.  Тоа е потврда дека кога се работи заеднички, може да се создаде вредност што ги надминува границите и говори на јазик разбирлив за сите.Ова не е само уметничко дело, туку резултат на соработка, доверба и заедничка визија. Копродукциските проекти се одлична можност нашите автори и продуценти да станат дел од поширока европска мрежа, да добијат пристап до нови пазари и нова публика и на тој начин малите кинематографии да бидат рамноправен и видлив дел од европскиот аудиовизуелен простор“, рече министерот.По проекцијата се одржа панел-дискусија посветена на улогата и значењето на копродукциите во европскиот аудиовизуелен сектор.Премиерата и панел-дискусијата претставуваат уште една потврда за активното присуство на македонската култура на европската сцена и за континуираната заложба за продлабочување на соработката со европските партнери.

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryhu2k4voo6gk4er5LtNE

Министерот Љутков во Брисел на средба со Нела Рајхл: Фокус на младите, дигитализацијата и развојот на креативните индустрии  

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, во рамките на посетата на Брисел, денеска оствари работна средба со Нела Рајхл, претседателка на Комитетот за култура и образование при Европскиот парламент.На средбата, Љутков ја истакна цврстата заложба на Министерството за култура и туризам за унапредување на културните политики, со акцент на младите, дигитализацијата и современата промоција на културното наследство, како и на системски развој на креативните индустрии.Министерот ја потенцираше активната вклученост на Македонија во користењето на европските инструменти за помош и програмите за соработка со земјите членки на Европската Унија, вклучително и ТАЕКС (TAIEX) и другите ИПА-инструменти за претпристапна помош. Тој рече дека Министерството за култура и туризам ги имплементира програмите „Креативна Европа – Култура и Медиа“, кои овозможуваат поддршка за копродукции, мобилност на уметници, европски мрежи и градење институционални капацитети, додека Министерството за образование и наука ги спроведува програмите „Хоризонт“ (Horizon) – за истражувања во технологиите за дигитално наследство и „Еразмус +“ (Erasmus+) – насочена кон образовна и младинска мобилност.Љутков нагласи дека Македонија ја препознава сѐ поголемата економска и општествена вредност на креативните индустрии, кои претставуваат стратегиски двигател на економскиот раст, иновациите и меѓународната видливост. Во таа смисла, ќе се интензивира соработката со европските земји кои ги препознаваат културните и креативни индустрии како приоритетен сектор.Според министерот Љутков, акцент е ставен врз дигитализацијата и дигиталната трансформација, особено во заштитата и промоцијата на културното наследство. Тој рече дека како земја со исклучително богато културно наследство, Македонија посветува големо внимание на зачувувањето на јазикот, фолклорот, традиционалните занаети, фестивалите и музиката како континуитет на културниот идентитет.Дополнително, тој информираше дека Министерството за култура неодамна го презеде и секторот туризам во својата институционална структура, со што се отвораат нови стратегиски цели за развој на културниот туризам и за воспоставување рамнотежа меѓу заштитата на наследството и современиот креативен развој.На средбата соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на соработката, со цел унапредување на европските културни политики и зајакнување на улогата на културата во процесите за европска интеграција.

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryv9jvucvjsfldfQIxqzd

Љутков: „Тодорица“ е мост меѓу генерациите и народите

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Свети Николе го отвори Меѓународниот фестивал на изворен фолклор „Тодорица“ 2026.Во своето обраќање пред присутните Љутков истакна дека оваа  манифестација е значаен симбол на духовната сила, културната меморија и идентитетот на народите.„Фолклорот не е само песна или оро, туку жив јазик на традицијата во кој се втиснати историјата и мудроста на предците“, рече министерот.Тој додаде дека фестивалот претставува мост меѓу генерациите и народите, потенцирајќи дека културната различност не разделува, туку збогатува. Според него, ваквите настани ја зајакнуваат соработката и пријателството и придонесуваат за афирмација на земјата како простор на богато културно наследство.Љутков посочи дека Министерството за култура и туризам ќе продолжи и во иднина да ги поддржува манифестациите што ја негуваат автентичната традиција и ги поттикнуваат младите да ги чуваат своите корени.

Македонија | пред 1 месец

ljutkov

СКРМ со остра реакција до министерот Љутков: Задоволен е тој од себе, но дали се задоволни работниците во културата?

Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) со остро соопштение реагира на изјавите на министерот за култура Зоран Љутков, кој од собраниската говорница изрази задоволство од, како што ја нарече, „победата“ по одлуката на Апелациониот суд во Битола, поврзана со една од судските постапки што ги води СКРМ.Од Синдикатот посочуваат дека, за разлика од министерската интерпретација, судската одлука е јасна и недвосмислена – предметот е вратен на повторно судење, што, како што нагласуваат, е вообичаена судска пракса и не претставува поништување на пресуда во корист на Министерството.СКРМ потсетува дека секогаш постапувал одговорно и информирал јавноста дури по официјален прием на судските одлуки, и иронично констатира дека овојпат министерот очигледно бил побрз од нивната пошта. Воедно, Синдикатот го потсетува Љутков на периодот кога биле донесени првите пресуди во корист на културните работници, кои, според нив, тој ги игнорирал и тогаш тврдeл дека не бил запознаен со нив.„Тие пресуди вешто ги релативизиравте, баравте алиби и тврдевте дека судиите биле партиски наклонети, сведувајќи ги судските одлуки на политичка волја“, наведуваат од СКРМ, прашувајќи реторички дали оваа одлука, која веднаш била јавно истакната од министерот, сега одеднаш е прифатлива затоа што одговара на неговата волја.Синдикатот нагласува дека нема намера да ги игнорира судовите и пресудите, туку напротив – ќе продолжи јавно да ги коментира, бидејќи јавноста има право и обврска да дебатира за општествените процеси, вклучително и за судските одлуки. Од СКРМ додаваат дека е сосема очекувано дел од постапките да продолжат пред Апелациониот и Врховниот суд, а доколку е потребно и пред Судот за човекови права во Стразбур.Членството на СКРМ, како што се наведува, е свесно дека станува збор за долг и исцрпувачки процес, но и уверено дека правдата на крајот ќе биде на нивна страна, по што ќе се бара и јавно и судско утврдување на одговорноста.„Дотогаш, министре, дозволете да Ви честитаме за задоволството што го покажувате. Но од вашата работа треба да бидат задоволни сите вработени во културата, а не само Вие“, порачуваат од Синдикатот.

Македонија | пред 1 месец

ljutkov

Исмаил до Љутков: Следува милионска штета по буџетот по ваша вина – кога планирате да си поднесете оставка!

Пратеникот Реџеп Исмаил, од Левица, на седницата за пратенички прашања се обрати до министерот за култура Зоран Љутков, оценувајќи дека предупредувањата упатени уште во првите сто дена од неговиот мандат, дека ќе стане најлошиот министер за култура во историјата на државата, денес, на половина од мандатот целосно се оствариле.Според Исмаил ваквата оценка не е политичка квалификација, туку емпириски факт, поткрепен со состојбата во културата, кршењето на законите и последиците што веќе се мерат во судски спорови и финансиска штета.Главен проблем според Исмаил е свесното и системско кршење на Колективниот договор за култура. „Колективниот договор е донесен многу пред вашиот мандат, повеќепати беше оспоруван и секогаш потврден како уставен и легитимен. То сѐ уште важи и вие сте должни да го почитувате“, истакна пратеникот и додаде дека со доаѓањето на Љутков на функција започнало намерно саботирање на колективниот договор преку упатство од министерот со кое биле воведени незаконски пресметки на плати.„Со тоа упатство директно го прекршивте Колективниот договор. Ова не е политика, ова е правен факт“, рече Исмаил.Пратеникот посочи дека како резултат на ваквото постапување, во моментов има околу  800 тужби за пресметка на плати низ сите судови во Македонија, а дел од нив веќе се добиени во корист на работниците. „Речиси е извесно дека и останатите тужби ќе имаат ист исход. Прашање е дали сте свесен за штетата што ја нанесовте врз државниот буџет, штета која ќе биде поголема од онаа доколку Колективниот договор се почитуваше“. Опишувајќи ги состојбите во културата Исмаил се осврна и на случајот со Филхармонија кога на средина од конкурсот името на директорот беше јавно соопштено од коалицискиот партнер во Владата, а конкурсот се претворил во фарса.  Дополнително потсети дека во март минатата година над 3.000 работници во културата останаа без плата, што, како што нагласи е директна последица на неспособното и неодговорно раководење со Министерството за култура. Укажа и на фактот дека во два последователни буџетски циклуси се намалуваат средствата за култура, додека истовремено значително расте буџетот за НАТО.На крај, Исмаил своето обраќање го заврши со прашањето: „После сето ова останува само едно прашање – кога планирате да си поднесете оставка?“.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryb1gmm8dp3d4cceHQJ5a

Љутков: По седум години започнуваме со нови културни инвестиции за заштита и промоција на културното наследство

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска е во посета на Општина  Виница во која по цели седум години институционално запоставување, ќе  се започне со конкретни инвестиции и проекти од областа на културата.  Со тоа како што рече Љутков покажуваме дека и помалите општини  заслужуваат системска поддршка и внимание, особено кога станува збор за заштита и промоција на културното и историското наследство.На археолошкиот локалитет Виничко Кале, каде е откриено едно од најзначајните богатства на македонската археологија со ретка уметничка и духовна вредност, познатите теракотните икони,  министерот најави почеток на голем проект за истражување, конзервација и ревитализација на локалитетот.„Во 2026 година Министерството за култура и туризам, преку своите институции: Националниот конзерваторски центар и Археолошки музеј од   Скопје заедно со локалниот Музеј „Теракота“ од Виница, ќе започне со реализација сеопфатен проект за истражување, заштита, конзервација и ревитализација на локалитетот. Проектот вклучува целосна конзервација на објектите и на бедемите, структурна стабилизација на загрозените делови, како и современи археолошки истражувања, што ќе овозможат долгорочна заштита и достапност на локалитетот за јавноста“, рече Љутков.Целта е, како што истакна министерот,  Виничко Кале да стане централна точка за културен туризам, научни истражувања и едукативни програми во овој дел на државата. Тоа не значи само зачувување на наследството, туку и нова перспектива за економски и туристички развој на целиот регион. Локалитетот ќе стане жив културен простор, отворен за сите граѓани, посетители и идни генерации.Во Виница Љутков ќе ги посети и сите локални институции од областа на културата, каде Општина Виница, во изминатиот период, вложи значителни средства и напори во обнова на културната инфраструктура. Завршена е реконструкцијата на киносалата, која доби нов покрив и фасада, а целосно е обновена и Сината сала при Домот на културата „Тошо Арсов“ – простор кој денес повторно живее со настани, концерти и театарски претстави.Министерот Зоран Љутков вечерва во Виница ќе присуствува и ќе се обрати и на творањето на фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“

Македонија | пред 5 месеци

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

„Документи потврдуваат, ја објавивме вистината за злоупотребите на Љутков“, велат од СДСМ

„СДСМ не може позитивно да одговори на барањето за извинување на министерот за култура и туризам Зоран Љутков затоа што ја објавивме вистината“, велат од СДСМ и додаваат:Зарем очекува Љутков да му се извинуваме за тоа што СДСМ, а не тој, зборувавме за не исплатените плати на културните работници за Велигден кои тој ги остави сами себе?Или очекува да му се извинуваме што ја соопштивме болната вистина за непочитување на колективниот договор ,според кој платите се зголемија само за 5,5 %, а требаше многу повеќе?Дали Љутков очекува да му се извинуваме и затоа што го фативме жив на егзотичните патувања вредни над 50.000 евра, пари на граѓаните?Или за неговото незаконско работење со унапредувања на негови блиски?Дали очекува извинување затоа што објавивме низата скандали со државната секретарка Ѓоргова или за плановите за продажба на културното наследство?Или мисли дека некој треба да му се извини затоа што Љутков нема објавено никаква стратегија или план за развој за културата и туризмот.Она што го говори СДСМ е апсолутна вистина и затоа ги објавуваме документите кои го потврдуваат кажаното.Очекуваме надлежните институции веднаш да преземат мерки за санкционирање.Ние ќе продолжиме да ги објавуваме сите незаконски постапки, сите аздисувања на Љутков и гласно ќе говорите за неговата неспособност.

Македонија | пред 9 месеци

ljutkov-sobranie-1

СДСМ бара оставка од Љутков оти вработените во културата немаат земено плата

„СДСМ најостро реагира на катастрофалното раководење со културата од страна на министерот Зоран Љутков, кој остави над 3.000 културни работници без плата додека најавува распродажба на културното наследство под концесија“, велат од партијата и додаваат:„Ова е дното, ова е институционалната негрижа за културата, за културните работници и за нашето културно наследство.Сака ли ДПМНЕ македонските свети места да завршат во туѓи портфолија само за некој лично да профитира?Ова ли е новото нормално со разнебитување на културата?СДСМ е на страната на граѓаните и нема да дозволи разнебитување на културното наследство.СДСМ бара:- Оставка и политичка одговорност од Љутков за хаосот што го направи во културата.- Повлекување на срамните изјави за приватизација на културното наследство- Итна исплата на мартовската плата за сите културни работници.Културата и културното наследство не се трговска роба. Културата, не е зделка. Археологијата не е парцела. Оваа земја има народ што памети – и што не заборава“.

Македонија | пред 11 месец

thumbnail_Ljutkov-15.11-2

Љутков им се извини на вработените во културата оти останаа без плати за Велигден

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, се извини на колегите кои Велигден ќе го дочекаат без плата.„Како ваш колега и министер за култура и туризам, сакам искрено и длабоко да Ви се извинам поради тоа што се случи - платите да доцнат и да не бидат исплатени пред Велигденските празници. Свесен сум дека тоа е голем проблем кој предизвика непријатност за Вас и Вашите семејства, уште повеќе што ова треба да се денови на радост и семејна прослава. Искрено жалам што дојде до ова доцнење и покрај сите мои напори да се стигне на време. Причината за ова е долгогодишниот, нерешен проблем со усогласувањето на платите на вработените во културата што пак секоја година создава огромни проблеми. За конечно и трајно да го надминеме овој предизвик мораше да се усогласат сите засегнати страни, што не било пракса во минатото и сето тоа за жал, доведе до доцнење со исплатата“, напиша Љутков и додаде:„Ве уверувам дека оваа постапка која се одвиваше деновиве има за цел да создаде основа за подобро, поправедно и достоинствено вреднување на нашата работа во иднина. Ви се заблагодарувам на трпението, разбирањето и професионалноста што ја покажувате.Од мое име Ви се извинувам и Ве уверувам дека посветено работиме ваквите ситуации никогаш повеќе да не се повторат“.

Магазин | пред 11 месец

vevcanski-karneval

Љутков: Вевчанскиот карневал е национален бренд со уникатен спој на културата, традицијата и туризмот

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков на денешната прес-конференција на која беше најавено претстојното издание на традиционалниот Вевчански карневал, го истакна значењето на како што рече, еден од најавтентичните симболи на нашето културно наследство, со над илајада годишна традиција.Тој подвлече дека Вевчанскиот карневал и покрај предизвиците и недостигот на континуирана поддршка во изминатите години, опстојува како симбол на нашата култура и традиција.„Вевчанскиот карневал е потврда за посветеноста и љубовта на вевчанци кон своето наследство, кои со својата упорност и страст го задржаа духот на карневалот жив, и ја потврдија неговата важност. Креативните маски изработени со големо мајсторство, се повеќе од уметнички дела. Тие се огледало на времето – носат пораки, раскажуваат приказни и на уникатен начин го поврзуваат минатото со сегашноста, и ја коментираат стварноста“, рече Љутков.Министерот Љутков ја истакна туристичката атрактивност и можностите за развој на културата и туризмот на Вевчани:„Вевчани е и вистинска туристичка атракција. Лоцирано на падините на планината Јабланица, со недопрена природа како Вевчанските извори, богата историја, традиционална архитектура, специјалитети од локалната кујна, традиција и фолклор е основа Министерството за култура и туризам во иднина да посвети особено внимание во промоција и поддршка на културниот туризам на целиот овој регион, вклучувајќи ги и Охрид, Струга, и Дебарца“.Во пресрет на годинешниот Вевчански карневал, министерот најави дека оваа манифестација, која е членка на меѓународната асоцијација на карневали, ќе биде промовирана како национален бренд кој нуди уникатно искуство и кој како спој на културата и туризмот привлекува и ќе привлекува уште поголемо меѓународно внимание и посетеност.На прес-конференцијата се обрати и градоначалникот на Вевчани, Спасе Кочовски. Беше најавено дека Вевчанскиот карневал ќе се одржи традиционално за празникот Василица, од 12 до 14 јануари. Покрај традиционалните маски и новите креации кои го отсликуваат општествениот живот во изминатите 12 месеци, организаторите најавија богата и разновидна дводневна музичка програма.

Македонија | пред 1 година

staro-nagoricane

Љутков: Започнува повеќегодишна конзервација на вредното сликарството од византискиот период на „Св. Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска беше во работна посета на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Старо Нагоричане, која е ремек-дело од XIV век, и во архитектонска и во сликарска смисла.„Она што е особено значајно за ова вредно културно наследство е тоа што по 10 години негрижа и застој во работата, започнаа подготовките за реализација на проектот за конзервација на живописот на црквата, со што ќе се овозможи зачувување на овој византиски споменик на културата кој говори за милениумското цивилизациско наследство на наша почва“, рече министерот Љутков, потенцирајќи ги уникатните вредности на црквата од Старо Нагоричане.Министерот Љутков изрази жалење поради тоа што во изминатите десет години имало застој, а со тоа се деградира исклучително вредното културно наследство, и додаде: „Затоа од надлежната установа Национален конзерваторски центар побаравме корекција на претходно дефинираната динамика за реализација на планираните активности. Фокусот го ставаме на реализацијата на проектот, а како држава и како Министерство за култура и туризам уште еднаш на дело ја потврдуваме нашата грижа и посветеност за зачувување на културното наследство и ќе направиме сè за црквата да блесне во целиот свој сјај“, рече министерот Љутков.Тој додаде дека за 2025 година е планирано да бидат обезбедени околу 5 и пол милиони денари, но што е уште поважно, како што рече, ова е проект кој добива повеќегодишно финансирање, и во следните три-четири години конзервацијата на фрескоживописот ќе се одвива без застој.Цветанка Хаџи-Пецова, в.д. директорка на Националниот конзерваторски центар и советник-конзерваторот Владо Муковски, изразија задоволство од започнувањето на овој, како што го нарекоа, проект од национално значење, и додадоа дека е чест, привилегија и одговорност да се работи на монументалниот споменик на културата и да се конзервира фрескоживописот на големите мајстори на византиското сликарство, зографите Михаил и Евтихиј.При посетата на црквата во Старо Нагоричане беше најавено дека со сиот кадровски и стручен потенцијал на Националниот конзерваторски центар и на Конзерваторскиот центар – Скопје започнува конзервацијата на еден од најраскошните фрескоаранжмани на византиската уметност од 14 столетие.Во оваа пригода, министерот Љутков изрази уверување дека со реализацијата на проектот, црквата ќе го добие заслуженото место меѓу културните добра во нашата земја, а тоа во иднина ќе даде силен импулс за развојот на туризмот, како и активности за локален економски развој.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-tokura-3

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска во Владата оствари билатерална средба со комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, кој е во дводневна работна посета на нашата држава. По средбата, Љутков и Токура потпишаа Меморандум за соработка во областа на културата, кој е прв билатерален документ во оваа сфера меѓу двете држави.Во изјавата за медиумите, министерот Љутков посетата на јапонскиот комесар за култура ја оцени како историска, бидејќи, како што нагласи, сите наши заложби за продлабочување на блиските и пријателски односи со Јапонија, во оваа година кога се одбележува 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи, се материјализираат со потпишувањето на Меморандумот за културна соработка.Министерот за култура и туризам изрази очекување дека директната комуникација ќе овозможи реципрочни гостувања на ансамбли и репродуктивни уметници од музичко-сценската и театарската дејност, соработка меѓу музеите, галериите и уметничките центри, како и размена на искуства во управувањето на локалитетите кои се впишани на Листата на светското наследство на УНЕСКО, со оглед на тоа што Јапонија има впишано вкупно 26 локалитети.Љутков ја нагласи можноста за соработка и во филмската дејност, имајќи го предвид фактот дека во Токио секоја година се одржува големиот филмски фестивал чиј еден од програмските директори е и Андријана Цветковиќ, на која ѝ упати благодарност за нејзиниот целокупен ангажман во реализацијата на оваа посета, но и за нејзиниот влог во градењето на односите меѓу двете држави, како прв резидентен амбасадор во Јапонија.Упатувајќи благодарност за целокупната јапонска помош за нашата држава преку различни донации, грантови и проекти што го стимулираат нашиот економски, социјален и културен развој, министерот Љутков изрази уверување дека и во иднина ќе се реализираат уште многу иницијативи и проекти кои ќе ги унапредат нашите односи.На средбата, министерот Љутков го запозна комесарот Токура и со претстојното претставување на нашата држава во рамките на EXPO OSAKA 2025 година, каде што во чест на одбележувањето на 60-годишнината од проектот на големиот Кензо Танге за реконструкција на централното подрачје на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, во Јапонија ќе биде презентирана и изложбена поставка која ќе ги претстави особеностите на овој проект, а ќе има и други значајни програмски содржини, настапи на нашите реномирани уметници.Јапонскиот комесар за културни врски, Токура, во изјавата за медиумите потенцираше дека потпишувањето на Меморандумот во година кога се одбележуваат три децении од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји претставува огромен поттик за развој на соработката која ги покрива сите сфери од културата и уметноста.За време на работната посета на нашата држава, комесарот за културни врски на Јапонија, Шуничи Токура, ќе ја посети и Филхармонијата, каде што ќе се сретне со репродуктивни уметници, а во текот на утрешниот ден ќе ги посети и Музејот на македонската борба за самостојност и Старата скопска чаршија, каде што во Даут-пашиниот амам ќе ја разгледа изложбата на македонскиот сликар Вангел Коџоман. Денеска во 18 часот во Македонскиот народен театар, министерот Љутков и комесарот Токура ќе присуствуваат на концерт на Оркестарот за џез-музика, во чест на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Јапонија.

Македонија | пред 1 година

konferencija_baku

Љутков од Баку: Министерскиот состанок е поттик за враќање на балансот меѓу туризмот и животната средина

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, присуствува на Првиот министерски состанок за засилена климатска акција во туризмот, во Баку, Република Азербејџан, кој се одржува во рамките на 29. Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени – КОП29.На овој висок собир, министрите разговараат за усогласување на политиките во областа на туризмот со ублажување на климатските промени и усвојување мерки за адаптација.Говерејќи за улогата на овој еминентен состанок, министерот Љутков рече дека министрите имаат политичка, но и морална одговорност за преземање итна акција која ќе биде дел од глобалните напори за справување со климатските промени.„Затоа сите заедно мора да работиме на засилување на мерките против климатските промени. Но, пред сè, во едно сум сигурен: за да се постигне успех во справувањето со глобалните предизвици, потребни се голема посветеност и активно учество на сите нивоа: на власта, на приватниот сектор, на граѓаните и, секако, меѓународната соработка. Во тој контекст ќе подвлечам дека како Министерство за култура и туризам, и во иднина продолжуваме со заложбите за спроведување иновации и инклузивни стратегии во туризмот што ќе обезбедат не само економски развој, туку и заштита на природните ресурси и на културното наследство“, истакна Љутков.Тој додаде дека иднината на туризмот е во хармонија со животната средина, а природните катастрофи, затоплувањето на водите, уништувањето на природните ресурси, урбанизацијата, се само дел од факторите што имаат сериозни влијанија врз туризмот, неговата инфраструктура и неговото одржување.Во тој контекст, министерот Љутков ја издвои значајната улога на македонското Министерство за култура и туризам, кое преку Секторот за туризам, активно е вклучено во креирањето политики во туризмот, во заштитата на културното богатство, но ја подвлече и: „несебичната поддршка од Владата на Република Северна Македонија за реализација на проекти со кои пред домашните и странските посетители ќе бидат претставени богатото културно наследство и туристичките потенцијали на нашата земја и на народот што живее на овие простори“.Во духот на состанокот, каде што ќе биде усвоена Декларација за засилена климатска акција во туризмот од Баку, министерот Љутков го заврши своето обраќање со потенцирање на потребата од носење битни стратешки документи, соработка и имплементација на одржливи практики кои ќе овозможат светот да го создаде туризмот на иднината.„Затоа, оваа конференција нека биде поттик за нови акции и решенија што ќе го вратат балансот меѓу развојот на туризмот и заштитата на природата и животната средина“, порача министерот Љутков.Организатор на состанокот е Претседателството на КОП29/ Државната агенција за туризам на Република Азербејџан, во партнерство со Светската организација за туризам на Обединетите нации и со поддршка од Програмата за животна средина на Обединетите нации.

Македонија | пред 1 година

thumbnail_Ljutkov-15.11-4

Министерот Љутков учествуваше на дебата со граѓанските организации

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска присуствуваше на Годишната конференција на граѓански организации за соработка помеѓу Владата и граѓанското општество, Национален форум на Цивика Мобилитас која се одржа во хотелот „Холидеј ин“.По отворањето на настанот, се одржа и дискусија, на која министерот Љутков, покрај другите гости, одговараше на прашањата на претставниците на граѓанските организации, кои се добитници на грантови на програмата „Цивика мобилитас“.Одговарајќи на прашања од областа на туризмот, Љутков нагласи дека како владин приоритет, освен редовните механизми за финансирање, ќе бидат разгледани и други опции на финансирање.„Министерството за култура и туризам ќе има годишна програма која ќе биде изготвена заедно со сите чинители во туризмот на која предлозите за поддршка и развој на алтернативни видови на туризам ќе бидат опфатени со конкретни мерки“, информираше Љутков.Истакнувајќи дека руралниот туризам е особено важен, бидејќи нуди автентични искуства за туристите кои сакаат да уживаат во традиционалниот начин на живот, локалната гастрономија, Љутков нагласи дека овие региони се од особено значење за зачувувањето и понатамошното развивање на традицијата и локалната култура.„Затоа за да го оствариме потенцијалот на културниот туризам, треба да се направи баланс помеѓу големите туристички центри и руралните средини. Истовремено со правилна стратегија и инвестиции во инфраструктурата, како што се патишта, сместувачките капацитети, и засилена промоција, може да станеме препознатлива дестинација на културната карта на Европа и пошироко“, рече министерот Љутков.Одговарајќи на прашања за одржување на културни манифестации во училиштата, министерот Љутков потсети дека Владата во својата програма има еден многу значаен сегмент: култура за деца и за млади, и како што рече, во оваа насока, се размислува за развивање на системски концепт за развој на културно-образовни програми и активности за нивна достапност до публиката.Потенцирајќи дека во наредиот период се планира потпишување на Меморандуми за соработка помеѓу Министерството за култура и туризам или Националните установи од културата и училиштата, министерот Љутков рече дека тие ќе бидат рамка за соработка и контиунирано гостување на театарски претстави, музички концерти и филмски фестивали, кои би се одржувале во основните и средните училишта.„Министерството за култура и туризам и јас како министер сум целосно отворен за соработка и за предлози, бидејќи само со едуцирани и образовани млади луѓе кои имаат познавања од културата, можеме да сметаме на сигурна иднина и суштински развој во државата“, истакна министерот Љутков.За можностите на младите таленти за музика и уметност да имаат студиски посети на ЕУ и средби со младите од земјите во ЕУ, министерот Љутков информираше дека наскоро ќе биде распишан Конкурс за поддршка на студенти на прв, втор и трет циклус студии во странство на студиски програми од областа на културата и уметноста за 2025 година.„На тој конкурс всушност поддржуваме и млади таленти кои својата доедукација ја продолжуваат на некои од најпрестижните високообразовни установи и академии во странство“, рече Љутков кој најави дека годинава ќе биде поддржано стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2025 година што подразбира стручен престој, стручно усовршување и резиденцијални престои на стручни кадри во земјава и во странство.Програмата за поддршка на граѓанското општество „Цивика мобилитас“ е поддржана од Владата на Швајцарија, а ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска, и ФЦГ од Шведска.

Македонија | пред 1 година

Ohrid-naodi-5

(Фото) Љутков: Ексклузивните наоди од пред 2 илјади и петстотини години го зацврстуваат местото на македонската археологија во светот

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во просториите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид се обрати на прес-конференција по повод најновите археолошки откритија во Охридско-струшкиот Регион.На прес-конференцијата, на која ексклузивно беа изложени дел од пронајдоците, министерот Љутков рече станува збор за голем научно-истражувачки успех кој не само што фрла нови светла на археолошката историја на нашата земја, туку и претставува значаен придонес во европското и светското археолошко наследство.„Пред нас и пред целата јавност денеска ексклузивно ги презентираме вредните наоди откриени на локалитет во Охридско-струшкиот регион. Истражуваниот локалитет на ова место претставува некропола од архајскиот период (6 век пр. Христа), која по многу нешта наликува на далеку попознатата Требенишка некропола која е во непосредна близина. Во рамките на гробната целина регистрирани се околу 80 наоди, од кои дел се пред нас. Откритијата се резултат на последните археолошки ископувања кои го осветлуваат животот на цивилизациите што оставиле траги од минатото, но чија култура и влијание се и понатаму значајни за нашето разбирање на историскиот контекст“, рече министерот Љутков.Тој информираше дека археолошките истражувања се дел од проектот за „Систематски археолошки истражувања на архајската некропола Корошишта“ на Археолошкиот музеј, што се одвиваат на локалитетот Расница во атарот на с. Корошишта, Струшко. Се започнало во 2020 година кога Шефит Шемшедини при извршување на земјоделски работи во атарот на с. Корошишта, Струшко открива бронзен шлем кој потоа го предава во Завод и музеј Охрид.Министерот изрази голема благодарност за одговорниот пристап кон културното наследство и за несебичната помош и соработка.„Зачувувањето на нашето културно наследство, не е само наша обврска, туку и одговорност кон идните генерации. Со овие откритија, не само што го прошируваме нашиот историски контекст, туку ја зацврстуваме нашата позиција како важен чинител на регионалната, балканската и европската археолошка сцена“, рече Љутков.Археологот Перо Арџанлиев раководител на истражувањата информираше дека во 2023 година тимот од Археолошкиот музеј Скопје добива согласност од сопственикот на нивата Букури Шемшедини за вршење археолошки истражувања.„Во рамки на гробната целина откриени се бронзен шлем; златни прстени, килибарни и стаклени перли; златни фолии со различни форми и декорација; сребрени игли; бронзен сад за вино; сребрен кантарос; бронзени чинии и др кои подоцна ќе бидат конзервирани и претставени пред јавноста. Овие наоди се од посебно значење за научниот и културниот аспект на истражувањата туку тие ја надополнуваат и сликата за нашето познавање за културно-историските и општествени прилики во овој регион“, рече Арџанлиев.Инаку во Охридско-струшкиот Регион досега се истражувани голем број на некрополи од архајскиот период, со богати гробни наоди што сугерира на активен живот на високо организирана социјална елита на овој простор во тоа време.На прес-конференцијата на која беа изложени ексклузивно дел од пронајдоците присуствуваа и директорите на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Охрид, НУ Археолошкиот музеј од Скопје и на НУ Музеј Д-р Никола Незлобински од Струга, Горан Патчев, Славица Бабамова и Цветлана Василевска како и археологот Перо Арџанлиев со дел од тимот археолози.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-kinoteka-1

Министерот Љутков во посета на Кинотеката: Нашето филмско наследство е многу значајно, ќе издвојуваме повеќе средства за негово одржување

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, при денешната работна посета на НУ Кинотека на РС Македонија, потенцираше дека македонското аудиовизуелно наследство е многу значајно, но значајно е да се одржува и да има средства за тоа.„Изминатите седум години, токму оваа институција, која е најстара институција задолжена за чување на аудиовизуелното наследство, во споредба со периодот пред 2017 година, имаше намален буџет за речиси 50 – 60 проценти, што ја покажува и недоволната посветеност на претходното раководство за грижата кон филмското наследство“, рече министерот Љутков, најавувајќи зголемување на буџетот за оваа национална установа.Министерот Љутков потсети дека Кинотеката на Македонија во 2009 година беше меѓу водечките европски филмски архиви обезбедувајќи климатизирани депоа по меѓународни стандарди за чување на македонското филмско наследство, а во 2011 година беше меѓу првите европски филмски архиви од регионот коишто започнаа со реализација на долгорочниот проект за дигитализација и дигитална реставрација на аудиовизуелното наследство.На средбата со новиот в. д. директор на оваа установа, Бошко Грујоски, беше истакнато дека во изминатите три месеци е завршена реставрацијата на дигиталната копија од краткиот игран филм „Писмо“, во режија на Васил Христов, а заврши и скенирањето на филмската копија на филмот „Мис Стон“, во режија на Жика Митровиќ, по што следува дигитална реставрација на овој игран филм. Во 2025 година следува дигитална реставрација на наслови од „златното време“ на македонскиот анимиран филм, како и дигитална реставрација на играниот филм „Македонска крвава свадба“, во режија на Трајче Попов.Во фоајето на Кинотеката, заедно со новинарските екипи, министерот Љутков ги разгледа и фотографиите кои даваат приказ како изгледал запуштено пред три месеци и како изгледа сега споменикот на културата „Хавзи-пашини конаци“ во с. Бардовци, кој во изминатите години, како што рече, очигледно целосно бил заборавен.При посетата беше истакнато дека овие три месеци е расчистен просторот пред депоата во Хавзи-пашините конаци каде што се чува фондот од светската продукција на 35-милиметарски филмови, со што е зголемена безбедноста на објектот и пристапот до зградата во која се чува дел од националното филмско наследство е непречен. Направена е интервенција на водоводната мрежа во Хавзи-пашините конаци и се презедоа мерки за санација на проблемот за да се спречи поголема штета.На средбата со раководството на Кинотеката стана збор и за јубилејот 50 години од започнувањето на нејзината значајна културна активност, кој ќе се прослави во 2026 година, кој за што в. д. директорот Грујоски информираше дека вработените во оваа институција работат и на монографија за Кинотеката по повод прославата на 50-годишнината, а во наредниот период ќе се договорат сите филмски програми, гостувања, изложби и настани за одбележување на годишнината, со цел да се обезбеди пригодна програма во текот на целата јубилејна година.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Средба на министерот Љутков со новиот евроамбасадор, Михалис Рокас

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска оствари средба со новиот евроамбасадор, Михалис Рокас.На средбата, министерот Љутков потенцираше дека соработката со ЕУ e еден од најважните приоритети на Владата и на Министерството за култура и туризам. Тој истакна дека Северна Македонија вложува значителни напори во развојот на културниот и туристичкиот потенцијал на земјава, особено на заштитата на културното наследство, при што поддршката од ЕУ во овој процес е од клучна важност за понатамошниот раст на економијата и за меѓународна промоција на земјава.Во тој контекст, соговорниците разменија и мислења и ставови за унапредување на соработката во областа на културата и туризмот, а разговараа и за можностите за натамошно зацврстување на партнерството со ЕУ во овие два клучни сектори.На средбата стана збор и за начините и можностите за искористување на европските фондови за финансирање проекти кои ќе ги подобрат културните и туристичките капацитети на земјава преку разни инцијативи во овие области.Амбасадорот Рокас нагласи дека соработката и помошта во реализацијата на проектите, како што се реконструкцијата на Шалтер-салата на Поштата која треба да прерасне во мултифункционален центар и манифестацијата „Скопје – европска престолнина на културата за 2028 година“, ќе придонесат за дополнително зацврстување на односите меѓу Северна Македонија и Европската Унија.На крајот, министерот Љутков му посака успешна дипломатска мисија на евроамбасадорот Рокас и изрази очекување дека за време на неговиот мандат, пријателските односи и соработката во областа на културата и туризмот со Европската Унија ќе продолжат да се засилуваат и да се продлабочуваат со уште понагласена динамика.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-belgrad-4

Министерот Љутков од Белград: Изложбата од „Вевчанските видувања“ е вистински мост за разбирање

Министерот за култура и туризам вчеравечер во галеријата „ОЗоне“ во Белград, во присуство на многубројни гости, меѓу кои и српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, екселенции и претставници на македонската дијаспора, ја отвори изложбата „Мостови на уметноста: Вевчани – Белград“, која е во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“.Изразувајќи задоволство што присуствува на отворањето на изложбата на дела од познатата „Вевчанска колонија“, министерот Љутков нагласи дека станува збор за посебен културен настан кој не само што ги спојува Вевчани и Белград, туку и ги поврзува уметниците, идеите и инспирациите кои ги надминуваат границите.„Вевчанската колонија е ликовна рефлексија на нашата богатата македонска изворна традиција, која со љубов ја чуваме за идните генерации. Од скромните почетоци пред петнаесет години, неуморните вевчански уметници создадоа мост кој поврза повеќе земји во регионот и светот“, нагласи министерот Љутков, потенцирајќи дека оваа изложба е моќен аргумент за важноста на културните врски меѓу нашите народи и потврдува дека културата е вистински мост за меѓусебно разбирање.Министерот Љутков дополни дека оваа изложба е уште еден израз на меѓусебно почитување и разбирање, чин на културна дипломатија што е од непроценлива важност за идните процеси во унапредувањето на односите во културата, туризмот, во политичката и во економската сфера. Македонскиот министер за култура и туризам упати благодарност до својот српски колега Селаковиќ, до македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски, како и до претседателката на Националниот совет на Македонците во Србија, Зорица Митровиќ, за учеството на овој значаен културен настан, кој се одржува во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.На изложбата „Мостови на уметноста: Вевчани – Белград“ се претставени уметнички дела од над 25 македонски и српски уметници, кои преку својот творечки израз го доловуваат духот на заедништвото, дијалогот и креативната енергија што ја поврзува уметноста во овие две држави. Изложбата е резултат на долгогодишната успешна соработка меѓу уметничките заедници на двете земји, поттикната од Министерството за култура и туризам и амбасадите на двете држави.

Македонија | пред 1 година

Ljutkov_100-dena-Vlada-12

Ќе ја изградиме Универзална на легален начин, кажа Љутков

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на денешната прес- конференција, на која информираше за резултатите во областа на културата и туризмот во првите 100 дена од мандатот на новата Влада, рече дека е задоволен од сработеното и дека изминатиот период бил полн со предизвици, но и со значајни успеси.„Искрено, задоволен сум од сработеното досега и што и покрај сè, нашата визија останува јасна. Пред нас имаме јасна цел: да ги поврземе и да ги унапредиме овие два сектори, не само како важни носители на економскиот развој туку и како клучни фактори во зачувувањето на нашиот идентитет, традиција и уникатност“, рече Љутков на денешната прес-конференција.Отчетот за сработеното во изминатите 100 дена, министерот Љутков го започна со кусо резиме на затекната состојба, и рече: „Како последица на неефикасното и недомаќинско работење на претходната власт во текот на 7-те години управување со секторот Култура, наследивме долгови за неисплатени плати, девастирани и неосигурани институции, со раководства без стратегија, без утврдени приоритети и динамика на реализација на проектите. Се соочивме и со скратени средства за програмски активности, стопирани или заглавени проекти, како и инвестиции сведени на минимум, а поради ненавремено објавување на Јавната набавка за електрична енергија, Министерството за култура и туризам оваа година ќе плаќа поскапа струја“.Затоа, со ребалансот на буџетот се обезбедени дополнителни средства во износ од 414.781.000,00 денари, од кои: со 273 милиони денари е регулиран долгот по основа на неисплатени плати во согласност со колективните договори на вработените во националните и во локалните установи и обезбедени се средства за регрес за локалните установи; 6 милиони денари за осигурување на институциите; дополнителни 71 милион денари за програмски активности; 5,5 милиони денари за намирување на долгот за континуирано функционирање на библиотечно-информацискиот систем COBISS.MK; 78,5 милиони денари за инфраструктурни проекти за локалните самоуправи.Според министерот, во изминатите 100 дена посветено се работело и на почнување или продолжување на стопираните или заглавени проекти, како и на заштита и рехабилитација на културно наследство. Во тој контекст, тој посочи дека е во тек постапката за добивање одобрение за градба, за реконструкција на покривот на Музејот на РС Македонија, за објектот на поранешното кино „Партизан“ во Битола, обезбедена е проектна документација за реконструкција на ЦК во Прилеп, продолжува реконструкцијата на театарот во Куманово, а деблокиран е и процесот за изградба на театарот во Струмица. Во делот на заштитата, министерот ги истакна активностите на музејскиот комплекс „Музеј на вода“, на Плаошник за довршување на изградбата на Светиклиментовиот универзитет, а подвлече дека се работи и на отворање на Скопското кале кое со години е затворено за јавноста.Интензивно се работи и во делот на законската регулатива. Притоа, во владина постапка е и измената за трансформација на работниот однос од определено во неопределено време на 160 вработени уметници и културни работници, а обезбедени се согласности за 38 вработувања во Албанскиот ансамбл за народни игри и песни.Министерството за култура и туризам ги реактуализира и процесите за промоција, развој и афирмација на креативните индустрии во Република Македонија – нешто што во владеењето на претходната власт не беше случај.Министерот додаде дека спојувањето на Министерството за култура и туризам носи нови предизвици, но и нови можности. Во тој контекст беше истакната и соработка со германскиот туроператор, компанијата „РСД“, партнерство кое ќе донесе 35 илјади туристи од Европа годишно, почнувајќи од февруари идната година.Министерот Љутков информираше и за дел од наодите констатирани во извештајот на Работната група за вршење увид во документацијата од постапката за преземање на документацијата од Град Скопје за објектот Универзална сала во Министерството за култура и туризам, при што рече дека се констатирани многубројни прекршувања на позитивните законски прописи како во постапката на преземање, така и во постапките за спроведување на јавните набавки.Тој додаде дека стручен правен тим два месеца работеше на документацијата за Универзална сала, и дека е негова должност како министер да обезбеди услови Министерството да ги исправи неправилностите за да може да продолжи реконструкцијата на овој значаен објект во интерес на граѓаните на нашата држава.Министерот Љутков ги наведе наодите на Работната група, при што е споменато дека склучениот договор од страна на Министерството за култура и Град Скопје содржи контрадикторни одредби, не е заверен на нотар и дека Решението за реконструкција од 22.03.2024 година издадено од Општина Центар не е запишано во Катастарот на недвижности. Понатаму, постапката продолжува со недоследности кои не се во согласност со закон и наместо постапка за промена на инвеститор, се продолжило со барање и добивање Решение за реконструкција, со соинвеститорите: Министерството за култура и Град Скопје. Министерот објасни одредени постапки на прекршување на Законот за градење што довело Министерството за култура и туризам да ги преземе правата и обврските кои претходниот инвеститор ги имал со учесниците во градењето, додека не го остварил условот да биде носител на правото на градење. Оттаму, поништени се и постапките за јавни набавки кои се распишани и спроведени во меѓувреме, рече министерот Љутков.Министерот за култура и туризам, Љутков, ги издвои чекорите што ги презема во насока на продолжување на реконструкцијата, наведувајќи дека во меѓувреме се поднесени барања до Државниот завод за ревизија и до Министерството за транспорт и врски да извршат надзор во своите надлежности. Со оглед на тоа што документацијата е во Јавното обвинителство, тој наведе дека со досегашните учесници во градбата се подготвува стручен извештај, пресек на извршени и незавршени градежни работи на објектот, исплатени и неисплатени, како и пресек на евентуална потреба од изведување дополнителни и непредвидени градежни работи што се предизвикани од пожарот на објектот.„Министерството за култура и туризам во меѓувреме достави до Владата на РСМ измени и дополнувања на постојниот Закон за културата со кои ќе се нормира надлежноста на Министерството да го врши правото на реконструкција и над објекти кои се во општинска сопственост“, рече Љутков, додавајќи: „Министерството за култура и туризам не е тука да руши или да ја одолжува изградбата на Универзална сала, или на кој било друг објект. Наша цел е да биде изградена Универзалната сала, објект кој е во нашата меморија како граѓани, сцена каде што сме виделе или сме доживеале прекрасни културни настани.Универзална сала ќе биде изградена, но исклучиво во постапка која е легална и која ги почитува сите законски норми, во интерес на македонските граѓани“, заврши министерот Љутков.

Македонија | пред 1 година

ljutkov-viena2-4

Министерот Љутков на отворањето на големата изложба на Рембрант во Виена

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е во дводневна посета на Виена, каде што вчеравечер во импресивниот Виенски музеј за историја на уметноста (Kunsthistorisches Museum Vienna) присуствуваше на отворањето на грандиозната изложба на Рембрант, заедно со австрискиот претседател Александер ван ден Белен и исклучително значајни личности од културниот и од општествено-политичкиот живот на Австрија.Овој голем настан е уникатен зашто за прв пат во овој музеј и во Виена се изложуваат над 60 дела од славниот сликар од 17 век, а се позајмени од многу институции од повеќе држави од светот. Станува збор за изложба на дела од Рембрант од перспектива на неговиот талентиран ученик Хогстратен.На големиот настан присуствуваше и амбасадорот на Македонија во Австрија, Освит Росоклија, а министерот Љутков оствари средба и со директорката на Музејот, Сабина Хаг. Изложбата се најавува како исклучителен настан за европската култура зашто изобилува со ретка меѓународна збирка на ремек-дела од Рембрант, дава увид во холандското барокно сликарство, но и ја осветлува поврзаноста меѓу Рембрант и Хогстратен вклопена во изложба надградена со виртуелната реалност.Министерот Љутков вечер ќе присуствува на концертот на Камерниот оркестар на Националната опера и балет, кој гостува во „Ehrbar Saal“ во Виена.

Македонија | пред 1 година

IMG_6835

Љутков се сретна со министерката за култура на Црна Гора, Вујовиќ

,,На маргините на Вториот министерски состанок на управувачките платформи на Западен Балкан, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, оствари билатерална средба со својата колешка, министерката за култура и медиуми на Црна Гора, Тамара Вујовиќ.На средбата, министрите се согласија дека соработката во областа на културата меѓу двете држави е на одлично ниво, со можности за нејзино унапредување. Во тој контекст беше истакнато и значењето на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу двете министерства за периодот 2023 – 2026 година, која ќе овозможи интензивна соработка, особено на полето на музичко-сценската дејност и во филмската дејност.Министрите се согласија дека репродуктивни уметници и ансамбли редовно гостуваат на позначајните фестивали и манифестации во двете земји. Со оглед на тоа што во Црна Гора сè уште не се воспоставени одредени институции, министерот Љутков предложи гостувања на сродни институции од земјава, со што ќе се овозможи претставување на македонската култура и традиција во Црна Гора.Љутков и Вујовиќ споделија и свои мислења околу начинот на функционирање на министерствата, при што министерот Љутков ја информираше министерката Вујовиќ за проширувањето на надлежностите на Министерството во областа на туризмот.Црногорската министерка побара помош од македонска страна за соработка на полето на заштитата во смисла на размена на искуства, студентски престои од оваа област.Министрите се осврнаа и на соработката на мултилатерален план, при што министерката Вујовиќ го покани министерот Љутков да присуствува на министерскиот состанок на иницијативата КОМОКОСЕЕ на крајот на ноември.”, информираат од Министерството за култура.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања