Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЛОТО

loto-1

Русинка освои 29.000 евра: Верува дека ловоров лист ѝ донел среќа

Русинката Нели освоила повеќе од 29.000 евра на лотарија откако купила тикет вреден помалку од едно евро, соопшти прес-службата на Националната лотарија.Како што наведува компанијата, добитничката верува дека среќа ѝ донел ловоровиот лист што го носи во паричникот, пренесе РИА Новости.Таа освоила повеќе од 29.000 евра во лотаријата „Величествените осум“, откако купила три тикети вредни по околу шест центи.„Воопшто не се замарав со правилата, искрено. Само купив три тикети – и еден од нив беше добитен“, изјавила Нели.Како што додала, планира добиените пари да ги искористи за отплата на кредит.

Магазин | пред 1 седмица

loto-1

Се здружиле и добиле на лото три милиони евра: Сега треба да поделат

Главната добивка од три милиони евра извлечена на белгиската национална лотарија ја освои група од 77 жители на градот Борнем, кои заеднички направиле уплата, така што секој од нив ќе добие по 39.000 евра, пренесуваат денешните белгиски медиуми.Откако било најавено дека „џекпотот“ ќе изнесува толкава сума, локалните жители кои купуваат тикети во продавницата за весници Летертрап се здружиле и формирале група во која секој вложил по 15 евра, пренесе телевизијата VRT.Сопственикот на Летертрап, Џоел Вербек, раскажал дека веќе 20 години игра лото, но никогаш претходно не ја освоил главната награда.Извлекувањето се одржало в петок навечер, а Џоел во сабота наутро дознал дека нивната група имала шест точни погодока.„Многу сум среќен што нас 77 ни се случи да освоиме главната награда од над три милиони евра. Не можам да поверувам. Тоа значи дека секој од нас ќе добие по 39.271 евра“, рекол тој.Тој не сакал да го открие идентитетот на учесниците, иако мештаните биле љубопитни да дознаат кој ја освоил добивката.„Веднаш ги известив сите добитници, додавајќи дека најмногу ми е драго што успеав да им донесам радост на 77 луѓе. Еден од добитниците ми рече дека целата добивка ќе ја подели на децата и внуците, но дека малку ќе задржи и за себе“, рекол Џоел.„Петок, 13 март, ќе биде секогаш ден што никогаш нема да се заборави во Борнем“, заклучил Џоел.

Магазин | пред 2 седмици

loto-1

Маж освоил 10 милиони рубљи благодарение на датумот на својата венчавка

Жител на Јекатеринбург, Русија, освоил 10 милиони рубљи на лотарија со тоа што на ливчето го впишал датумот на својата венчавка.Добивката се случила само неколку дена пред годишнината од неговиот брак, а тикетот содржел токму датумот на овој незаборавен и значаен настан.Според изјавата на добитникот, венчавката била одржана на 6 февруари 2019 година, кога двајцата сопружници имале по 33 години.Добитникот истакнал дека планира да ја искористи добивката за отплата на хипотека и за купување нов автомобил. Десет милиони рубљи се околу 110.000 евра.

Магазин | пред 1 месец

loto

Хаос во лотарија: Машините исплатиле стотици добивки по грешка

Касата на Електронската видео лотарија (ЕВЛ), компанија во мнозинска сопственост на „Лутрија Република Српска“, би можела да остане празна под опсада на играчите.Имено, во средата низ Српска голем број играчи пријавиле добивки на своите терминали, на кои ЕВЛ, очигледно, не сметала.Имено, речиси сите кои завчера се коцкаа на своите машини добија парични награди. Иако од ЕВЛ тврдат дека се уште ја утврдуваат причината, порталот Капитал пишува дека дошло до грешка на серверот.Во нивната редакција контактирал играч на Мркоњиќ Град, кој бил сведок на оваа необична ситуација. Играше бинго во ресторанот „Бенц“ и на ждрепката освои нешто повеќе од 5.000 марки.Останал збунет кога сфатил дека не е единствениот среќен добитник.„На тој ден, најмалку сто луѓе во Мркоњиќ Град освоија по неколку илјади марки“, тврди тој.Според неговите зборови, локалот од каде што ги добил добивките го испратиле на адресата на ЕВЛ во Бања Лука од каде му ветиле дека наскоро ќе ги добие парите.Во Електронската видео лотарија ги потврдуваат изјавите на Капитал. Тие ветуваат дека ќе ги платат сите добивки штом ќе ги обработат податоците што доаѓаат од сите делови на Српска.Повикуваат на трпение, а играчите се потсетуваат дека во Правилникот за приредување на електронски игри на среќа е предвидено рокот за исплата на добивката да е десет дена.„Во изминатиот период не контактираа голем број играчи од различни градови на Република Српска, а се уште не можеме со сигурност да го утврдиме дефинитивниот број на добитници. Во наредните ден-два ќе имаме попрецизни податоци, видеолотаријата гарантира дека сите играчи ќе бидат целосно исплатени, а со тоа дополнително ќе ја оправдаме довербата што ја уживаме кај сите наши играчи“, велат оттаму.Велат дека добивките ќе бидат уплатени на тековните сметки на играчите, а ќе дадат се од себе исплатите што поскоро да се извршат.Овие ветувања играчите треба со резерва да ги сфатат со оглед на досегашните искуства што ги имале со „Лотаријата на Република Српска“, пишува порталот.Во април 2020 година, Коста Чивчиќ од Бања Лука играше „Lotto Superpetica“, брза лотарија организирана од Лутрија Српска преку сега веќе непостоечката „Кено телевизија“ и освои 30.000 марки.Под изговор за софтверска грешка „Лутрија“ се обиде да ја откаже ждрепката, но судот застана на страната на играчите ја спречи.

Магазин | пред 3 години

loto-1

Добил 250.000 на лото, но немал документи па не можел да ги подигне

Алжирец кој добил на лото 250.000 евра во Белгија, не може да ги земе парите бидејќи нема документи. Тој се обидува да го докаже својот идентитет за да си ја подигне добивката.Според „Еуро њуз“, 28-годишникот купил грепка од пет евра во супермарк пред неколку недели и не бил во можност да ја подигне својата добивка.Александер Верстраете, алжирски адвокат, изјави за АФП дека неговиот клиент работи на докажување на својот идентитет пред белгиските власти.„ Мојот клиент е во незаконска ситуација, нема документи и нема жиро сметка. Ги бараме оние документи кои можат да го докажат неговиот идентитет, тој ќе мора да контактира со семејството во Алжир“, рече адвокатот.Јавното обвинителство во Бриж отвори истрага за пронаоѓање на среќниот добитник.Адвокатот вели дека човекот нема намера да поднесе барање за азил во Белгија и дека добил гаранција дека нема да биде депортиран додека не ја добие својата лотарија.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања