Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МАДОНА

Madona-1-800x445

(Видео) Спектакл и контроверзии: Настапот на Мадона на Коачела тема на социјалните мрежи

На музичкиот фестивал Коачелa повторно во центарот на вниманието се најде поп-иконата Мадона, откако видео-запис од нејзиното присуство меѓу публиката стана вирален на социјалните мрежи. На снимките се гледа како 67-годишната пејачка танцува меѓу посетителите, облечена во широка јакна и високи црни чизми, целосно внесена во фестивалската атмосфера.Видеото предизвика голем број реакции на интернет, при што дел од корисниците ја пофалија нејзината енергија и сценски дух, додека други сметаат дека нејзиното однесување е несоодветно за нејзините години. Дел од коментарите се однесуваа на тоа дека нејзиниот танц бил „претеран“, додека други ја бранеа со став дека секој има право на забава без оглед на возраста. Расправата брзо се прошири на повеќе платформи, каде што се појавија и хумористични и критички реакции.Покрај присуството во публиката, Мадона привлече внимание и со кратко појавување на сцената за време на настапот на младата пејачка Сабрина Карпентер. Овој момент, наместо да биде дочекан со едногласно одобрување, исто така предизвика поделени реакции. Дел од публиката и корисниците на интернет ја обвинија дека настапот бил изведен со плејбек, што дополнително ја засили дискусијата околу нејзиното учество.Сепак, Сабрина Карпентер подоцна реагираше со поинаков тон, истакнувајќи дека за неа тоа било исклучително искуство и дека присуството на Мадона на сцената го смета за голема чест. Таа го опиша моментот како остварување на долгогодишен сон и изрази благодарност за заедничкиот настап.Мадона, која со децении е една од највлијателните личности во поп-музиката, на фестивалот се наврати и на својот претходен настап на Коачела пред две децении. Таа нагласи дека враќањето на сцената по толку време за неа претставува заокружување на еден важен круг во кариерата и личен уметнички момент од големо значење.Настапот и нејзиното појавување повторно ја отворија јавната дебата за границите на сценското однесување, возраста и слободата на изразување кај уметниците, при што дел од публиката ја гледа како симбол на постојана енергија и провокација, а други како пример за непотребна контроверзност.И покрај поделбите во јавноста, Мадона останува една од најпрепознатливите фигури во светската поп-култура, чии појавувања и понатаму редовно привлекуваат силно медиумско внимание и реакции од публиката ширум светот.

Магазин | пред 1 ден

Madona-1-800x445

(Видео) Танцот на Мадона мета потсмев: „Ова е смешно, таа сепак има 67 години“

Мадона (67) повторно е во центарот на вниманието откако уживаше и настапи на фестивалот Кoачела, каде видеа од нејзиното танцување брзо се проширија на социјалните мрежи.И покрај годините, поп-иконата уште еднаш покажа дека има енергија, но нејзините движења овојпат предизвикаа бројни реакции и потсмев на интернет.Раскошна бунда и црни чизми беа дел од нејзиниот аутфит, барем она што се гледа на снимката, а Мадона не штедеше енергија и добро расположение. Бидејќи често е мета на негативни коментари поради изгледот и бројните пластични операции, Мадона и овојпат не успеа да ги избегне.Сега нејзините танцови движења беа во центарот на вниманието, а многумина се прашуваа зошто Мадона се однесува како да има 17 години...„Толку многу постигнала во индустријата, ова ѝ е непотребно“, „Секој има свое задоволство, нека прави што сака“, „Малку агресивен танц со оглед на тоа што има 67 години“, „Пати од тоа да биде во центар на внимание“, „Ова е многу смешно, не изгледа ни како да се забавува“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.

Магазин | пред 2 дена

Madona-1-800x445

Мадона итно пренесена во болница во Њујорк

Мадона итно била пренесена во болница во Њујорк во саботата откако било откриено дека не реагира, односно дека е без свест, дознава „Пејџ сикс“.Истиот извор пренесува дека поп-кралицата (64) била интубирана најмалку една ноќ пред да ѝ ја извадат цевката – и таа сега е будна и закрепнува.Нејзината ќерка Лурд Леон цело време била покрај неа.Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Осеари, сподели на „Инстаграм“ во средата дека неговата клиентка развила сериозна бактериска инфекција што довело до неколкудневен престој во одделот за интензивна нега.

Магазин | пред 2 години

madona-kerka

(ФОТО) Ќерката на Мадона го привлече вниманието со провокативно издание

Ќерката на Мадона, Лурд Леон (26) присуствуваше на отворањето на изложбата Mugler Couturissima во Њујорк и она што можеме да го кажеме е дека Мадона дефинитивно доби достоен наследник.Лудрес успеа да привлече внимание покажувајќи ги неизбричените пазуви, давајќи проблематични изјави под дејство на алкохол и дискутабилни комбинации на облека.Таа не направи исклучок ниту синоќа кога се појави во проѕирни хеланки, гаќички и топ.Да потсетиме, Лурдес долго време се занимава со манекенство, а рече дека нејзината мајка ја научила дека изгледот не е единственото нешто по што треба да биде позната.https://twitter.com/upnextdesigner/status/1592700996580478981?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1592700996580478981%7Ctwgr%5E0496608e5ac1b084491d8d31d318096499d984e9%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsuperzena.b92.net%2Fzivoti-poznatih.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D11nav_id%3D2243233 

Магазин | пред 3 години

1_madonna

(ФОТО) Мадона повторно се соблече гола

Поп пејачката Мадона ги покажа градите на социјалната мрежа Инстагарм пред 1.8 милиони следбеници, за да покаже дека е задоволна со своето тело и да покаже дека е зрела личност која се чувствува удобно во сопственото тело.Фотографијата набрзо беше избришана од Инстаграм, па Мадона ја замени со нова, облечена во црн корсет.Фановите на Мадона лути на нејзините објави, па побараа некој да и пренесе на пејачката да престане, и ѝ порачаа да не се соблекува бидејќи од неа се имаат видено, а дел од фановите ја нарекоа и баба.

Магазин | пред 3 години

madona

(ВИДЕО) Мадона призна: „Јас сум геј"

Мадона ги изненади фановите со објава на TikTok во која, како што многумина разбраа, објави неочекувани информации за нејзината сексуална ориентација.Мадона на својот профил објави видео во кое се обидува да удри во корпа за отпадоци и напиша: „Ако не погодам, јас сум геј“.Таа промаши, па само ги крена рамениците со насмевка, што многумина го сфатија како потврда дека сака да открие дека е геј.„Дали само видов дека Мадона вози автомобил? Добро за неа“, „Мадона со децении е отворено бисексуалка, луѓе мои“, „Нејзините менаџери сега се откачуваат“, се само дел од коментарите под објавата. Да потсетиме дека настапите на Мадона вклучуваа историски моменти во шоу-бизнисот кога ги бакнуваше колегите на сцената, а можеби и најпознатиот бакнеж, го имаше со Бритни Спирс и Кристина Агилера на доделувањето на МТВ наградите во 2003 година.Сепак, Мадона официјално беше во врски само со мажи.Таа е романтично поврзана со мноштво познати личности во текот на годините - вклучувајќи ги Денис Родман, Тупак, Мајкл Џексон, Ванила Ајс и многу повеќе.Беше во брак и со Шон Пен и Гај Ричи.

Магазин | пред 3 години

3074809_profimedia0702390555_ff-696x619-1

(ВИДЕО) Со дива и перверзна кореографија, Мадона отвори ЛГБТ настан

Поп иконата Мадона повторно го привлече вниманието на светската јавност со своето однесување, а овој пат како повод го искористи Месецот на гордоста на ЛГБТ.„Месецот на гордоста“ се одржува во САД во спомен на немирите во Стоунвол, кои се случија на крајот на јуни 1969 година. Овој месец се одбележуваат многу настани за да се препознае влијанието на ЛГБТ луѓето врз светот.Мадона тоа очигледно го сфатила сериозно, што го покажала со концертот во Њујорк, каде еден од настапите го завршила со бакнежи со 26-годишниата раперка Токиша од Доминиканската Република.Мадона и Токиша го изведоа својот хит „Hung Up“ од 2005 година, кој го зачинија со „дива“ и прилично перверзна танцова кореографија. Во моментите кога раперката клекнала пред 63-годишната Мадона, пејачката изјавила: „Тешка задача, но некој мора да ја направи“, алудирајќи на орален секс, по што си размениле жешки бакнежи.https://twitter.com/branniganlynch/status/1540186082242871296?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1540186082242871296%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fzivot%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D26nav_id%3D2175987

Магазин | пред 3 години

madona

(ВИДЕО) Мадона испрати шокантна честитка до мажите

Мадона не престанува да го шокира светот, па сега на скандалозен начин го честита Денот на татковците.Таа на својот Инстаграм профил објави видео од задникот и ги остави луѓето во шок.„Кој е тато“, напиша Мадона.Обожавателите беа изненадени од видеото, па коментираа дека нејзиното однесување е невкусно.„Жено, што ти е?“, „Целосно невкусно однесување Мадона, немаш мерка“, „Она што заслужив да го видам ова на фид, морам да ја отследам“, се само дел од коментарите.

Магазин | пред 3 години

madona

Мадона сака да се види со папата

Поп-кралицата на музиката Мадона рече дека сака да се види со папата за да може да разговараат за важни работи. Рече дека се надева дека и папата ќе има време за да се состане со неа и напиша дека била добра католичка и дека не пцуела.Мадона не потенцираше за што точно сака да зборува со папата, но само навести за што би можело да станува збор. Неодамна во шоуто на Џејмс Корден рече дека била екскомуникацирана три пати од страна на Католичката црква.„Дали би било можно да се сретнеме еден ден за да разговараме за некои важни работи? Бев екскомуницирана три пати. Не ми изгледа фер“, рече Мадона.Таа призна дека не се исповедала неколку децении.Не е јасно дали пејачката и добитник на Греми е сериозна. Сепак, во текот на нејзината кариера Мадона ги искористи контроверзите што го поттикнаа нејзиното разбирање за теми како што се сексот, истополовите врски и христијанската симболика.Кога дојде во Италија во летото 1990 година како дел од нејзината трета концертна турнеја за промовирање на четвртиот студиски албум „Како молитва“, тогашниот папа Јован Павле Втори ги повика христијаните да не одат на концерти, нарекувајќи ја нејзината турнеја една од најсатанистичките во историјата на човештвото.Мадона тогаш го навлече гневот на црквата и по нејзиниот настап во Рим во 2006 година, кога што беше распната на сцената како дел од нејзиниот настап. Папата Франциско сè уште не одговорил на поканата на Мадона за средбата.

Магазин | пред 3 години

56218091-0-image-a-82_1649105381884

Мадона и синот Дејвид направија исти тетоважи

Во понеделникот Мадона сподели низа фотографии од неа и синот Дејвид како седат во салон за тетоважи.Една фотографија покажува дека Мадона (63) и Дејвид (16) сега имаат ист цртеж на своите зглобови – дијаграм „дрво на животот“ инспириран од Кабалата.Пејачката всушност го направи тој конкретен дизајн минатиот месец, а сега се чини дека Дејвид, кој го посвои во 2006 година кога тој имаше само 13 месеци, се одлучи да го има истото на неговиот зглоб.

Магазин | пред 4 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања