Мадрид со остар потег: Забрана за американски летови во операции против Иран
Шпанија го затвори својот воздушен простор за американските авиони кои учествуваат во операции поврзани со војната во Иран, со што дополнително се дистанцира од конфликтот на Блискиот Исток.Министерката за одбрана Маргарита Роблес изјави дека на САД не им е дозволено ниту користење на воените бази во Шпанија, ниту прелетување преку нејзиниот воздушен простор за вакви операции.„Не дозволуваме користење на базите ниту на воздушниот простор за акции поврзани со војната во Иран“, рече Роблес во Мадрид.Оваа одлука ги принудува американските воени авиони да бараат алтернативни рути кон Блискиот Исток, иако се предвидени исклучоци за итни ситуации.Потегот е дел од пошироката политика на шпанската влада, која отворено се спротивставува на нападите врз Иран. Премиерот Педро Санчез е меѓу најгласните критичари на американско-израелските операции, оценувајќи ги како еднострани и спротивни на меѓународното право.Одлуката дополнително ги затегнува односите меѓу сојузниците, откако американскиот претседател Доналд Трамп претходно се закани со трговски мерки кон Мадрид поради одбивањето да се користат шпанските бази за воени цели.
Свет | пред 6 часа