Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МАКРАДУЛИ

makraduli

„Дека ни треба нова влада, немам дилема, и тоа час поскоро“ – Макрадули со критика до Владата

Поранешниот функционер на СДСМ, Јани Макрадули, оцени дека вниманието на македонската јавност е погрешно насочено кон случувањата во странство, наместо кон домашните проблеми, потенцирајќи дека политичките промени не се увезуваат.„Да се секиравме вака за Македонија како за Унгарија, гарант подобро ќе ни беше“, порача Макрадули, додавајќи дека „револуцијата во една земја е уникатна, не се увезува и не се копира“.Тој нагласи дека смената на власта не се постигнува со реакции на настани во други држави, туку преку доверба од граѓаните.„До промена на власта не се доаѓа со постови за Унгарија, туку со гласање на кредибилна понуда“, вели Макрадули, додавајќи дека е потребен „широк прогресивен фронт“ со луѓе од доверба.Во однос на актуелната власт, тој е дециден: „Дека ни треба нова влада, немам дилема. И тоа час поскоро. Затоа што оваа ниту знае, ниту вреди“.Макрадули повика фокусот да се врати на реалните проблеми на граѓаните, укажувајќи на состојбите во образованието, економијата и социјалната сфера.„Џабе Унгарија слави, кога во Македонија професорите молчат... Џабе комшиите полнат бензин кај нас, кога мерките ги празнат џебовите на нашите граѓани“, посочи тој.Според него, решенијата мора да се бараат дома, преку конкретни политики и социјална правда, а не преку споредби со други држави.Во делот на политичкото организирање, Макрадули смета дека иницијативата за обединување треба да дојде од СДСМ.„Иницијативата за прогресивниот фронт мора да дојде од СДСМ... Спремна за ветинг во сопствените редови, како прв чекор“, вели тој, додавајќи дека ветингот треба да биде „доказ дека сме подготвени да бидеме поразлични“.Тој повторно ја отвори и темата за надзор во Собранието, потенцирајќи дека тоа е механизам што може да донесе политичка одговорност.„За милијардата сум предлагал надзорна расправа во Собрание. Надзорна веднаш“, рече Макрадули, потсетувајќи дека „и падот на Груевски почна од надзорните во Собрание“.

Коментари | пред 2 дена

media-librarykfgf6e5cmk4c4RVgALy

Јани Макрадули од СДСМ му пиша на Дедо Мраз

Со сатиричен тон и јасна иронија, поранешниот висок функционер на СДСМ, Јани Макрадули, објави „празнично писмо“ до Дедо Мраз, во кое преку хумор и алузии се осврнува на политичките случувања во Македонија, европските теми, економијата, загадувањето и улогата на ПР-от во јавниот живот.„За разлика од другите, јас верувам во чуда, а и во тебе. Нереален, ама тука. И моите гласачи веруваат во нереални работи“, пишува Макрадули, додавајќи дека и самиот е „од север“, како Дедо Мраз, со иронична напомена дека на своите гласачи им ветил дека нема да го користи терминот „северна“.Во писмото, тој потенцира дека не бара подароци, бидејќи, како што наведува, „си имаме буџет, дури и папаја во зима“, но затоа има неколку „молби“. Меѓу нив е и прашањето за европските субвенции: „Ако го знаеш колегата од Брисел, види дали може нешто со субвенциите да се направи. Ни ги замрзнаа, не дека е ладно, туку малку моите се опуштија“.Макрадули со сарказам се осврнува и на проблемот со загадувањето и енергентите. „Чисто од љубопитност, види некаде мазут да не има? Да, тој што загадува. Моите се заиграа, па не испланираа на време, а што знае дете што се 50 тони – зема и увезува“, пишува тој.Посебно место во писмото има и ветената милијарда евра за справување со загадувањето. „Кога леташ, види таа една милијарда евра што им ја ветив, да не е заглавена во некој снег. Не унгарската, друга е ова. Унгарската, зошто испрана, некако брзо ни клизна низ рацете“, наведува Макрадули.Со уште поостра иронија, тој тврди дека земјата е „трета економија во Европа“, но дека за да стане прва, „има еден талог што треба да се исчисти“. „Не е од кафе талог, туку луѓе што размислуваат со своја глава. За нив популизмот е непристоен, а ПР-от без ефект. Тие ја сакаат земјата во ЕУ, и тој талог мора да се покрие“, пишува Макрадули.Во завршницата, писмото добива уште поексплицитен сатиричен карактер. „Слободно прескокни со критичка мисла. Кампањиве одлично функционираат и без неа. Не ни носи разум, ќе ни ги расипе слоганите“, порачува тој, додавајќи: „Без прашања годинава, те молам. Си имаме готови одговори. Задржи ги фактите, со нив не се прави добар ПР“.Писмото завршува со повик за „тишина“, која, според Макрадули, е предуслов за стабилна политика, како и со забелешка дека ако Дедо Мраз има нешто „од себе“ да остави, слободно може да го остави кај него, „зашто има некои што ја примаат пораката, ама не знам дали ја читаат“.Со ова сатирично обраќање, Макрадули уште еднаш ја користи формата на иронија и алегорија за да упати критика кон политичката практика, комуникацијата со јавноста и односот кон суштинските општествени прашања.

Коментари | пред 3 месеци

makraduli

Наместо да плаќате за мигранти, намалете ја брзината на 26 км/ч, казнувајте и ќе имате вишок во буџетот, напиша Макрадули

Поранешниот пратеник и ексзаменик-министер за животна средина, Јани Макрадули, остро ја критикуваше Владата за економските политики и актуелните дискусии околу можниот договор со Велика Британија за вдомување мигранти.„Денешната Влада, како да пишува римејк на Печалбари од Антон Панов, потврдувајќи ја тезата: ‘сѐ за тие пусти пари’“, напиша Макрадули, алудирајќи дека економската состојба е драматична, иако, како што вели, на прес-конференциите се прикажува поинаква слика.Тој посочи дека за унгарската милијарда „сѐ уште нема отчет“, а веќе се бара нова еврообврзница. Според него, домашното задолжување се префрлува на ЕСМ, а како „решение“ се појавил и проектот „мигрант за пари“.„За 20.000 фунти може да вдомите мигрант. Не успеав да видам која бројка од Програмата 1198 е ова“, иронично напиша Макрадули.Во продолжение додаде дека 20.000 фунти би биле еквивалент на околу 2.000 прекршоци за возење со 51 километар на час.„Нека размисли власта – наместо да наплаќа за мигранти, нека ја намали брзината за казна на 25/26 километри на час, па ќе има и вишок у буџетот ненаситен“, заклучи саркастично Макрадули.Премиерот беше дециден дека државата нема проблем со финансии, а ниту дека ќе се примаат мигранти за пари.

Коментари | пред 4 месеци

makraduli

Макрадули: Не лидерски средби, СДСМ да повика на општа мобилизација во која ќе водат тие со срце, а не тие што им аплаудираат

Јани Макрадули, поранешен пратеник од СДСМ , во објава на ФБ вели дека Кочани бара помош а не поделби. Тој вели по изјавите на Мицкоски, СДСМ треба да престане да повикува на лидерски средби, туку на општа мобилизација.„Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, при тоа мислам на ДПМНЕ, а не на ВМРО (кое впрочем е симбол на сите), за жал, има поделба на општеството.Иако мислев дека политиката на Груевски е врв на таа поделба, деновиве сме сведоци на уште пооштра поделба. Па така, и покрај “стандардните” поделби - дали се живее подобро или полошо, про или контра ЕУ, дали е повкусна охридска цреша или владина папаја, за жал, имаме поделба и околу изборите во МПЦ, и што е најстрашно - околу Кочани.Денес, со политиките на власта се доподели општеството околу трагедијата во Кочани, за која мислев сите сме обединети во тагата, грижата и емпатијата да се помогне.Замислете, има граѓани на Македонија кои ги напаѓаат родителите што го загубиле најмилото. Па, зарем има минимум човечност во тоа?Време е власта да сфати дека Кочани бара помош, а не поделби. Бара разбирање, а не рамнодушност. Да се покаже човечност, а не да се зголемува болката која и веќе е премногу голема за носење.Ретките медиуми укажуваа токму на ова - опасноста од погрешната политика на централната власт во однос на Кочани. Но, Тешките муабети власта не ги чу, и затоа, сега, како бумеранг им се враќаат.И на крај, лажните тези не менуваат факти, и евентуална победа на ВМРО ДПМНЕ во некоја општина, и покрај очигледното неспроведување на проекти и отсуството на резултати, не само што нема никаква врска со Кочани, туку само зборува за авторитарниот и антиемпатичниот дух на власта.П.С. Иако очекував реакција уште по заканите упатени кон пратеник од собраниската говорница од страна на министерката, ама денес верувам уште повеќе – по изјавата на Мицкоски дека СДСМ „нема да постои“, актуелното раководство ќе престане да повикува на лидерски средби и конечно ќе повика на општа мобилизација. Мобилизација во која ќе водат тие со став, а не тие што аплаудираат, тие што знаат како, а не тие што калкулираат, тие со срце, а не со градежна поддршка…Со народот, а не зад компромисите“, напиша тој.

Коментари | пред 10 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања