Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МАРОКО

sad-policija

Лезбијка барала азил во САД, депортирана во земја каде што хомосексуалноста е казнива

Дваесет и едногодишна лезбијка од Мароко, која побарала азил во САД откако избегала од земја каде што хомосексуалноста е казнива со затвор, тврди дека била депортирана преку таканаречен систем на депортација во трети земји, а на крајот повторно завршила во Мароко, каде што сега се крие од сопственото семејство кое ѝ се заканувало со смрт.Фара, како што се претставува од безбедносни причини, изјавила за агенцијата „Асошиејтед прес“ дека по долготрајното патување до САД и речиси една година помината во притвор, нејзиното барање за азил било одбиено, но во август добила судска заштита со која ѝ било забрането да биде вратена во Мароко, поради ризик по нејзиниот живот.Во Мароко, хомосексуалноста е кривично дело и се казнува со до три години затвор. Фара тврди дека била физички нападната од членовите на своето и на семејството на нејзината партнерка кога дознале за нивната врска. Била исфрлена од домот, а откако се преселиле во друг град, повторно биле пронајдени и, како што наведува, бил направен обид за убиство.Преку пријатели дознале за можност да добијат виза за Бразил, од каде што планирале да стигнат до САД. Од Бразил, Фара со недели пешачела низ шест земји за да стигне до американската граница, каде што побарала азил.Наместо слобода, таа поминала речиси една година во притвор во Аризона и Луизијана. Иако добила судски налог со кој ѝ се гарантира заштита од враќање во Мароко, службеници на американската Имиграциска и царинска служба ѝ ставиле лисици и ја качиле на авион за Камерун – земја каде што, исто така, хомосексуалноста е незаконска.Таа била задржана во притворен центар во главниот град Јаунде, а подоцна, според нејзините тврдења, била префрлена назад во Мароко. Во притворниот центар во Камерун, според адвокати, се наоѓале и други лица депортирани од САД, од кои дел имале судски налози за заштита.Адвокати од организацијата „Ново Лигал груп“ изјавиле дека депортацијата во трета земја, од која лицата може повторно да бидат вратени во матичната држава, претставува „правна празнина“ и потенцијално кршење на американските имиграциски закони и меѓународните обврски.Американското Министерство за внатрешна безбедност соопшти дека законот се применува како што е напишан и дека доколку суд утврди дека лицето нема право да остане во САД, тоа ќе биде отстрането од земјата. Државниот секретаријат на САД не коментирал детали за дипломатските договори со трети земји.Според извештаи, администрацијата на претседателот Доналд Трамп склучила договори со повеќе африкански држави за прифаќање депортирани лица кои не се нивни државјани, при што дел од тие земји добиле милионски надоместоци.Фара, која сега живее во страв во Мароко, вели дека се чувствува изневерено. „Ова што ми го направија е неправедно. Да ме депортираа на вообичаен начин ќе беше поинаку, но да поминеш низ сето тоа, да изгубиш сè, и на крајот да те вратат таму каде што ти се заканува опасност – тоа е сурово“, изјавила таа.

Свет | пред 1 месец

media-librarynour270m1mm0cWvrkbO

Уапсените демонстранти во Мароко сведочат: Бевме претепани, оставени без вода и храна со саати“

Во пресрет на неделното домаќинство на Африканскиот куп на нации, Мароко се соочува со сериозни обвинувања за масовни и произволни апсења, полициска бруталност и тешко кршење на човековите права, предупредуваат меѓународни и домашни организации за човекови права.Бранoт протести, предводен од младите од таканаречената „Генерација З“, познат како движењето „Gen Z 212“, ја зафати земјата кон крајот на септември и почетокот на октомври и беше најголемиот од времето на Арапската пролет во 2011 година. Главните барања беа насочени кон реформи во хронично недофинансираните сектори – здравството и образованието, пишува британскиот весник „Гардијан“.Според здруженијата за човекови права, мароканските власти на протестите одговориле со апсење на илјадници луѓе. Многумина од приведените, тврдат активистите, биле претепувани во полициски притвор и со часови оставани без храна и вода.„Мојот син беше во локална сендвичара на вечера кога го уапсија. Тој воопшто не протестираше“, изјавила мајка на 18-годишно момче кое поминало повеќе од два месеца во притвор. Таа тврди дека за време на апсењето бил толку силно удиран што изгубил неколку заби, а подоцна повторно бил претепан во притвор затоа што одбил да потпише полициски записници.Протестантки, според Мароканското здружение за човекови права (AMDH), биле изложени на вознемирување, навреди и груби, сексистички коментари, а дел од нив пријавиле и случаи на недолично допирање.На протестите одржани на 1 октомври во градот Лклиаа, во близина на туристичкиот центар Агадир, безбедносните сили, според наводите, застрелале и убиле тројца демонстранти, додека уште 14 биле повредени, меѓу кои и деца на возраст од 12 години со прострелни рани.Властите тврдат дека полицијата реагирала откако група демонстранти упаднала во полициска станица. Сепак, според „Амнести интернешнл“, досега се покренати кривични постапки против повеќе од 2.400 лица, а десетици учесници на мирни протести се обвинети за насилни дела.Според AMDH, дел од обвинетите веќе добиле затворски казни до 15 години. Организацијата предупредува на сериозни пропусти – отсуство на адвокати за време на сослушувањата, површни истраги и непочитување на презумпцијата на невиност. Стотици лица, меѓу кои и малолетници, сè уште се наоѓаат во притвор.Портпаролот на „Хјуман рајтс воч“, Ахмед Бенчемси, смета дека властите сакале да испратат јасна порака.„Владата очигледно се исплаши и ја оркестрираше оваа репресија за да покаже дека нема да толерира никаков облик на несогласување“, изјави тој.Иако владата по немирите најави зголемени инвестиции во здравството и образованието, во повеќе градови повторно избија протести со барања за ослободување на притворените. Дополнителен револт предизвикаа и неодамнешните поплави во покраината Сафи, во кои загинаа 37 лица, при што демонстрантите ја обвинуваат власта дека им дава приоритет на меѓународни престижни проекти, а не на основната инфраструктура.Активистите предупредуваат дека голем број млади се плашат јавно да зборуваат. „Слушнавме ужасни сведоштва за тортура во полициски притвор“, изјави Мустафа Елфаз од мароканската подружница на AMDH. Според него, некои притвореници биле принудени да се соблечат, а дел биле тепани со електрични кабли, при што трагите од повредите биле видливи со недели.Адвокати кои доброволно ги бранат демонстрантите за „Гардијан“ потврдиле сериозни процедурални прекршувања и изрекување тешки казни врз основа на слаби докази. Од друга страна, мароканските власти тврдат дека сите постапки се водени согласно законот и дека се почитувале условите за фер судење.

Свет | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања