Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МАРШ НА АНГЕЛИТЕ

media-libraryal1bf04gcr551aeZsrH

39-ти „Марш на ангелите“ во Кочани: Додека светот го поместува часовникот напред, за нас времето стои

На 28 март 2026 година во Кочани ќе се одржи 39-тиот „Марш на ангелите“, во чест на жртвите од трагедијата во дискотеката „Пулс“. Собирањето е закажано во 15:50 часот во Паркот на Револуцијата во Кочани, а почетокот на маршот ќе биде во 16:05 часот.„Додека светот го поместува часовникот напред, додека деновите стануваат подолги и светлината трае повеќе, за нас времето стои.За некого ова е почеток на пролет, на движење, на живот, на планови. За нас — продолжение на тишината што не поминува. Надвор има повеќе светлина. Во нас — истата темнина. Но веруваме… дека оваа светлина нема да биде само во денот, туку и во вистината. Дека пролетта нема да донесе само топлина, туку и правда.Дека конечно ќе се симне мракот што веќе цела година демнее над Кочани. И токму затоа чекориме. Не затоа што ни е лесно, туку затоа што мораме.Секој чекор е болка што не престанува. Секој чекор е љубов што не исчезнува. Секој чекор е глас за оние што ги нема — а засекогаш се со нас. Ова е борба. За вистината. За правдата. И за никогаш да не се повтори.Бараме целосно расветлување на случајот и одговорност за системските пропусти кои дозволиле дискотеката да работи спротивно на безбедносните прописи.Трагедијата во „Пулс“ Кочани останува силна порака за потребата од строга примена на безбедносните стандарди во јавните објекти и одговорно постапување на институциите. Додека денот се продолжува, ние ја продолжуваме борбата. Додека времето оди напред, ние не дозволуваме споменот да застане.Да донесеме светлина таму каде што има темнина. Да донесеме правда таму каде што има тишина.Ќе чекориме заедно. Со болка. Со љубов. Со сеќавање што никогаш нема да згасне“, стои во објавата.

Македонија | пред 4 дена

media-library1kmti6qo5ljtdbbVpXp

„Маршираме затоа што им должиме вистинска правда“, во сабота нов „Марш на ангелите“

Во Сабота, 28 февруари 2026 во 15:05 часот ќе се одржи Марш на ангелите во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Ја повикуваме целата јавност да ни се придружи и да даде поддршка на Маршот на ангелите.Маршираме со тивка болка, но со силен глас. Маршираме за оние што не се со нас, а присутни се во секој наш здив. Маршираме затоа што им должиме вистинска правда — не половична, не одложена, не премолчена.Ова не е само марш. Ова е чекор за достоинство. Чекор за вистината да не биде скриена. Чекор за правдата да не остане недостапна.Вашето присуство е сила. Поддршка. Обврска кон нашите ангели. Да покажеме дека болката не нè скршила — туку нè обединила во борбата за она што им следува“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 месец

media-librarydomdur700fnm2WHyXki

Во сабота нов „Марш на ангелите“: Правдата не смее да доцни

Во Сабота, 21 февруари 2026 во 15:05 часот ќе се одржи Марш на ангелите во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.„Маршот на ангелите — достоинствен собир посветен на сеќавањето и на барањето правда.Ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат во тивок марш, обединети во истата цел: вистинска правда за секој млад живот и одговорност за секоја неправда.Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања.Чекориме за да потсетиме дека правдата не смее да доцни и дека секое изгубените животи нè обврзуваат на упорност.Вашето присуство е важна поддршка.Да одиме заедно — достоинствено, тивко, но одлучно“, стои во објавата.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања