Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МАСЛО

media-library09o1eklg7bkm3q1oVO8

Нагло пораснаа светските цени на шеќерот и растителните масла

Глобалните цени на храната повторно пораснаа во март, а најголем раст е забележан кај шеќерот и растителните масла, покажуваат најновите податоци на Организацијата на ОН за храна и земјоделство (FAO).Според FAO, индексот на светските цени на храната достигнал 128,5 поени, што претставува раст од 2,4 проценти во однос на февруари и втор последователен месец на зголемување.Најмногу поскапел шеќерот – за 7,2 проценти, бидејќи се очекува Бразил, најголемиот извозник во светот, да насочи поголем дел од шеќерната трска кон производство на етанол, поради растот на цените на нафтата.Цените на растителните масла исто така нагло пораснале – за околу 5,1 процент, поради зголемената побарувачка за биогорива и поскапувањето на енергенсите. Посебно поскапеле палминото, сончогледовото и репичиното масло.Покрај тоа, умерен раст е забележан и кај житарките, месото и млечните производи, додека растот на цените делумно бил ублажен од стабилната понуда на некои земјоделски производи на светските пазари.Експертите предупредуваат дека растот на цените е поврзан со геополитичките тензии на Блискиот Исток и поскапувањето на енергенсите и ѓубривата, што може дополнително да го зголеми притисокот врз глобалните пазари на храна.

Свет | пред 2 седмици

D3C_5068-1024x681-1

Маслото за јадење „Брилијант“ ќе се продава со драстично заголемена цена

„Брилијант“ ја зголемува цената на маслото за јадење, од 115 на 135 денари. Како што изјави за МИА директорот на фабриката Коста Ташков, новата цена е резултат на покачувањето на суровината.Според него, новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина чини околу 2 200 евра за еден тон, а пред два-три месеци суровото масло на светските берзи се движело од 1 200 до 1 500 евра за тон.На прашањето дали ќе има ново зголемување на цената на маслото за јадење, Ташков одговори дека тоа ќе зависи од цената на светската берза. Тој смета дека во моментов кризата со маслото се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават резерви.Со поскапувањето „брилијант“ ја изедначи цената на маслото за јадење со онаа на другите македонски производители.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања