Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МЕРЦЕДЕС

media-librarys4a3ip6hpeg28cnPcu2

БМВ и Мерцедес добијаа битка на суд – нема забрана за бензинците по 2030 година!

Германскиот Сојузен врховен суд ги отфрли тужбите на организацијата DUH против компаниите БМВ и Мерцедес, со кои се бараше забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување по октомври 2030 година.Судот ги потврди одлуките на пониските инстанци, со што практично се затвора правниот пат за овие тужби во сегашниот облик. Организацијата DUH најави дека ја разгледува можноста за обраќање до Сојузниот уставен суд, но исходот е неизвесен.Volkswagen не беше цел на DUH, но се соочи со многу слична правна постапка покрената од „Greenpeace“. Тој случај заврши во 2023 година кога беше пресудено дека судовите немаат овластувања да наметнуваат забрани за мотори со внатрешно согорување построги од сојузниот рок кој предвидува 2035 година.Правната постапка, покрената во 2021 година, се темелеше на повикување на тужителите на општото право на лична слобода од германскиот Устав. Тие тврдеа дека БМВ и Мерцедес, трошејќи преголем дел од преостанатиот национален CO2 буџет, го ограничуваат просторот за идни политички одлуки. Според нив, тоа би довело до неизбежно воведување на порадикални мерки за намалување на емисиите во иднина, со што би се загрозиле нивните слободи.Аргументот не беше без основа, бидејќи директно се потпираше на пресудата на Уставниот суд од 2021 година, со која беше утврдено дека тогашниот закон за заштита на климата префрла несразмерен товар за намалување на емисиите врз идните генерации. Сепак, Сојузниот уставен суд останува единствената преостаната опција за продолжување на постапката.Засега, судот не го прифати ваквото толкување. Претседавачкиот судија наведе дека тужителите не се лично оштетени од постапките на компаниите, нагласувајќи дека концептот на CO2 буџет се однесува на државата во целина, а не на поединечни сектори или компании. Двете компании во текот на процесот тврдеа дека законодавецот, а не судот, е надлежен за утврдување на климатските обврски за економијата, што судот во голема мера и го потврди.Одлуката јасно ги раздвојува обврските на државата и приватните компании во областа на климатската политика. Пресудата на Уставниот суд од 2021 година ја обврза државата да го заостри законодавството, но сега е потврдено дека таа логика не може да се прошири на приватните компании преку граѓански тужби. БМВ и Мерцедес ги почитуваат важечките ЕУ стандарди за емисии на CO2, а судот заклучи дека тоа е максимумот што може да се бара по судски пат.

Свет | пред 14 часа

media-library0f1861ola06bfUhVzcq

(Видео) Врховен судија сведочи дека бил разрешен откако одбил да го потврди затворот за Јанкуловска за „мерцедесот“

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.Катевеновски посочи дека формално бил разрешен во контекст на случајот „Кочан“, но тврди дека вистинската причина била неговиот став во врска со предметот за набавката на службеното возило „мерцедес“, во кој поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска беше осудена на затворска казна.Во разговорот во „Претрес“, Катевеновски појасни дека како судија добил предмет од Специјалното јавно обвинителство и дека, според неговата оценка, во конкретниот случај недостасувале клучни елементи за постоење на кривично дело злоупотреба на службена положба.„За злоупотреба мора да има доказ за штета или за корист. Овие два елемента не беа исполнети“, рече тој.Катевеновски нагласи дека не го потпишал предлогот за потврдување на пресудата и дека пред колегите изнел мислење дека предметот треба да биде укинат. Според неговото тврдење, само еден ден по изнесувањето на таквиот став, бил разрешен, а одлуката за предметот ја донел друг судија.На прашањето дали смета дека по секоја цена морало да се потврди предметот затоа што потекнува од Специјалното јавно обвинителство, Катевеновски одговори дека не се покајал за својата одлука и дека и денес би постапил исто.„Не само за Јанкулоска, туку за било кој – правично судење“, истакна тој, додавајќи дека принципите на правдата не зависат од личноста, туку од доказите.Случајот повторно ги отвори прашањата за притисоци врз судиите и за начинот на одлучување во предмети со висок јавен интерес.Во Претрес ексклузивно слушате за високо профилни случаи меѓу кои и за групата од Грчец:

Македонија | пред 1 месец

vozilo-pozar

Опожарен е мерцедес во Кисела Вода

Во Скопје, повторно е запален автомобил. Опожарен е мерцедес во Кисела Вода.На 16.10.2025 во 01:30 часот во Полициската станица Кисела Вода во Скопје е пријавено дека на ул.„Народни херои“ во Скопје е опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје.Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања