Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИЈАЛКОВ

media-library0l1qv9v7nhv165QOjEc

23 февруари: Од „Господине Мијалков, вие сте во Македонија?“ до Груби на Блаце – две враќања и истата сенка на правдата

Дваесет и трети февруари сè поочигледно станува датум со симболика на македонската политичко-кривична сцена. Разликата е во имињата, но сличностите во сценариото се впечатливи.На 23 февруари 2021 година, Сашо Мијалков, по кратката и мистериозна „недостапност“, се појави пред Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал. Камерите беа подготвени. Новинарското прашање „Господине Мијалков, вие сте во Македонија?“ остана како симбол на тој момент.Мијалков, човекот кој со години беше персонификација на безбедносниот апарат, тогаш стана симбол на драматично враќање, откако судот му одреди притвор по пресудата во предметот „Таргет–Тврдина“, случај поврзан со масовното незаконско прислушување. Подоцна следуваа и одлуки по други предмети – „Трезор“, „Империја“ – со спогодби, намалени казни и финансиски договори. Дел од пресудите станаа правосилни, дел од постапките беа вратени на повторно судење. Правдата се развлекуваше во продолженија.Пет години подоцна, повторно на 23 февруари, јавноста беше разбудена со уште едно звучно име – Артан Груби. Утринските наслови објавија дека е уапсен на граничниот премин Блаце, откако се предал.Иронијата е јасна. Едниот се појавува пред Обвинителство, другиот на граничен премин. Едниот влегува во институција, другиот во државата.Името на Груби изминатиот период се поврзуваше со предмети за злоупотреба на службена положба и сомнежи за висока корупција, особено во делот на тендерски постапки и службени овластувања. За разлика од драматичното „се враќам“ сценарио во 2021 година, овојпат приказната се развиваше со информации дека не е достапен за органите, за потоа да се појави доброволно. Судот му определи мерка домашен притвор.Разликите во правниот епилог засега се значајни. Мијалков има правосилни пресуди и спогодби, дел од казните ги издржа, дел беа намалени со одлуки на повисоки судови. Груби е во фаза на завршени истражни постапки. Но јавноста повторно гледа познато сценарио: драматични наслови, кратка „недостапност“, појавување пред институциите и медиумски спектакл.23 февруари така станува датум што потсетува дека во Македонија правдата ретко доаѓа ненадејно. Таа се најавува, се преговара, се појавува со камери – понекогаш пред врата, понекогаш на рампа. И понекогаш, очигледно, го избира истиот датум.

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков демантира дека поседува земјиште во Морани

Од адвокатската канцеларија која го застапува поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков строго демантираат дека тој некогаш поседувал земјиште во Морани.„Вистината е дека никогаш не сум го поседувал и немам никаква поврзаност со тоа земјиште и заради тоа не можело да ми биде конфискувано, еднаш веќе категорично демантираше Мијалков откако беше објавена претходната понуда“, вели тимот на Мијалков.Нашата редакција се извинува доколку со оваа објава остави погрешен впечаток кај читателите дека овој недвижен имот бил во сопственост на некогашниот директор на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryca76ho55a71k2gTVCpk

Мијалков нема плац во Морани, тврди неговиот адвокатски тим

Плацот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, лоциран во селото Морани, во близина на Студеничани, кој беше одземен со конфискација во рамки на предметот „Империја“, по вторпат е ставен на продажба по пат на електронско јавно наддавање.Станува збор за земјиште со површина од 56.818 квадратни метри, заведено во Катастарската општина Морани, место викано Долно Поле, запишано во Имотен лист бр. 1580, како сопственост на Република Македонија – Агенција за управување со одземен имот.Според огласот бр. 3/2026, објавен од Агенцијата, продажбата ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, а почетната продажна цена е утврдена согласно процена на Министерството за правда – Биро за процена, во износ од 12.784.065 денари односно 207.870 евра. Јавното наддавање е закажано за 2 март 2026 година со почеток во 10 часот и ќе трае 15 минути.Претходно, овој плац беше ставен на наддавање на 12 декември, но не се продаде. Тогаш почетната сума за продавање беше 277.161 евро, а квадрат беше пет евра.Имотот беше конфискуван со правосилна судска одлука во предметот „Империја“, во кој Мијалков беше обвинет за злосторничко здружување и злоупотреби поврзани со стекнување имотна корист. Со конфискацијата, земјиштето премина во сопственост на државата, по што Агенцијата за управување со одземен имот го стави на продажба согласно законските процедури.Заинтересираните лица ќе можат да учествуваат во електронското наддавање преку системот на Агенцијата, со претходна уплата на гаранција и доставување на потребната документација, согласно условите наведени во огласот.

Скопје | пред 1 месец

media-library39dflsih7c5a5msiKCq

(Видео) ТикТок-рециклирање на стара снимка: колку чини стајлингот на Сашо Мијалков во Монако

Минатогодишната снимка на која се гледа поранешниот директор на УБК и осуденик во предметот „Империја“, Сашо Мијалков, како се движи низ улиците на Монако, повторно се најде во фокусот на јавноста, овојпат во преработена верзија на социјалните мрежи. Профилот на ТикТок „officialstellarspace“ ја реобјави снимката пред два дена, додавајќи наратив во кој се анализира и проценува вредноста на облеката и модните додатоци што Мијалков ги носи во видеото.Според тврдењата изнесени во преработената снимка, станува збор за комбинација од луксузни парчиња од познати модни брендови, при што поединечните елементи од стајлингот се претставени како исклучително скапи. Во видеото се наведува дека целокупниот изглед достигнува сума која за просечниот граѓанин е недостижна.Реобјавената снимка за кратко време стана вирална, со над 300.000 прегледи и илјадници споделувања. Дел од тие кои коментираат се воодушевуваат, други критикуваат.Иако станува збор за стара снимка, нејзината нова интерпретација покажува дека ликот на Мијалков и натаму предизвикува силни реакции, особено кога е поврзан со демонстрација на раскош и луксуз.

Настани | пред 2 месеци

media-libraryvdevgdqsk5m44GcRVra

Се продава големо конфискувано земјиште на Мијалков во Морани, почетна сума 277.161 евра

Агенцијата за управување со одземен имот , објави оглас за продажба на конфискувано земјиште од поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.Се рсботи за огромна парцела од 56.818 метри квадратни, а почетна сума за продавање е 277.161 евра, или по 5 евра од квадрат.Овој имот беше одземен од Мијалков за случајот ,,Империја”. Предметот го застапуваше обвинителката Лиле Стефанова.Земјиштето се наоѓа во Морани, Општина Студеничани, во местото викано Долно Поле.Огласот трае 15 дена и ќе трае до 09 декември. Наддавањето е закажано за 12 декември.„Продажбата на конфискуваниот имот од точка 1 од овој Заклучок, ќе се изврши со јавно наддавање по електронски пат, со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда – Биро за процени бр. СВ V- 3/25-8 од 25.03.2025 година, во износ од 17.045.421,00 денари, стои во огласот на Агенцијата.Истиот имот до сега неколку пати беше на продажба и во 2023 година, но немаше заинтересирани купувачи. Тогаш почетната цена беше намалена за една четвртина, но очигледно продажбата не била успешна.„Продажбата на одземениот недвижен имот да се изврши со јавно наддавање по електронски пат со почетна продажна цена утврдена согласно Процената на Министерството за правда Бирото за судски вештачања бр. СВ /EL V 19/23-11 од 19.4.2023 година, намалена за една четвртина од проценетата вредност, во износ од 12.784.066,00 денари””, пишува во една од одлуките на Владата, од пред две години.Ако се работи по закон, семејството Мијалкови нема право да си го поврати имотот, бидејќи за управување со одземен имот, на јавната аукција не можат да се пријават членови на неговото семејство.Според најновите законски измени, како купувач или закупувачи не можат да се јават ниту брачниот или вонбрачниот другар, роднина во прва линија или до четврти степен во странична линија на осуденото лице.

Македонија | пред 4 месеци

mijalkov-hotel-

Молк од институциите за хотелот на Мијалкови во Охрид – игнорирана претставка од 25 организации

И покрај поднесена претставка од 25 граѓански организации со барање за итно отстранување на хотелот што се гради во охридската Горица, ниту Владата, ниту премиерот, ниту Општина Охрид постапиле во законскиот рок – со што е прекршен и Законот за постапување по претставки и предлози.Хотелскиот комплекс на фирмата „Дивелоп Груп“, чиј сопственик е „Бест веј инвестмент“ на Мијалкови, се гради на местото на поранешна шума. Невладини организации тврдеа дека е без соодветна еколошка проценка, со незаконско одобрение и во спротивност со препораките од УНЕСКО и Бернската конвенција. Но, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, тврди дека се е според закон и дека Мијлаков не би дозволил таква почетничка грешка. Градбата е посочена како закана во Планот за управување со светското наследство, а активностите започнаа и покрај барањето на УНЕСКО за нивно стопирање.Од екоактивистите велат дека институциите ги игнорираат и законските и моралните обврски. Кабинетот на премиерот претставката ја препратил до Општина Охрид и МЖСПП. Молк стигнал и од пратениците, па дури и од ДКСК, каде случајот е поднесен уште во март.На оваа тема, зборуваше и потпретседател на Влада и министер за транспорт и врски, Александар Николоски во „Претрес“:?t=2233

Македонија | пред 9 месеци

mijalkov-hotel-

(Видео) Со кои пари Мијалкови го градат хотелот во Охрид и што ќе се прави со него

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, во поткастот „Претрес со Ландов“, рече дека хотелот, сопственот на семејството Мијалкови, бил мета на инспекциски контроли и утврдена е состојбата. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ расчистило со него.Отвори и прашање - како е можно толкави средства да се инвестираат во хотелот „Мериот“ на скопскиот плоштад и хотелот во Охрид.„Направија спогодба, ги легализираа финансиските средства“, рече меѓудругото Николоски.На самиот брег на Охридското Езеро, каде зеленилото од летувалиштето Горица се спушта кон водата, никнува нов хотел на парцела од 15.787 метри квадратни. Не би било ништо необично, доколку локацијата не беше дел од заштитено природно и културно наследство под УНЕСКО.Фирмата Дивелоп Груп, која сега е една третина во сопственост на Јордан Мијалков - синот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков, во 2011 година победува на јавно наддавање за продажба на тогаш државното земјиште.Таа година Сашо Мијалков сè уште е директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), а наддавањето за земјиштето го објавува Министерството за транспорт и врски предводено од неговиот сопартиец Миле Јанакиески.ЦЕЛ РАЗГОВОР:

Македонија | пред 9 месеци

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

20 станови, четири апартмани, земјиште - имотот на Мијлаков ќе оди на лицитација, државата цели на наплата од 21 милион евра

Остатокот од имотот одземен од Сашо Мијалков во предметот „Империја“, наскоро ќе се најде на продажба, најавуваат од Агенцијата за одземен имот за „Скопје1“. Тие очекуваат од имотот, државата да инкасира нешто повеќе од 21 милион евра, што е за девет милиони евра помалку од сумата која Обвинителството ја соопшти кога се спогоди со ексшефот на УБК за ниска затворска казна. Сега, ќе се продаваат становите и гаражните места на Водно, (каде што Мијалков живееше), апартмани во хотелот на Водно, апартмани во Охрид, градежни земјишта и деловен простор.„Најавуваме за многу брзо време објавување на јавен оглас за продажба останатиот дел од конфискуваниот имот по однос на оваа пресуда и тоа: -20 станови и 8 гаражни места на ул.Славејко Арсов; -2 апартмани во хотел Панорама Резиденс; -2 апартмани во хотел Парк во Охрид; - Градежно земјиште во КО Радња; - Градежно земјиште во Центар; -Градежно земјиште во Богородица; -Деловен простор на ул. 11 Октомври бр 32. Вкупниот проценет недвижен имот изготвен од страна на Министерство за правда-Биро за процени е во износ од 21.450.000 евра, што значи дека вo Буџетот на државата ќе се префрлат најмалку во тој износ“, велат од Агенцијата за одземен имот.Досега, државата наплати 332.276 евра од продажба на три стана и гаража на Водно. И тоа, фирмата „Бест веј инвестмент“, фирма во сопственост на Јордан Мијалков, сама си ги купи.Најголемиот дел од имотот, односно повеќе од 20 стана на истата локација на Водно ќе се продаваат сега, меѓу кои и парцела до хотелот „Мериот“.Во јули 2022 година, Мијалков призна вина и се спогоди со обвинителката Лиле Стефанова во истрагата „Империја“ за перење пари.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Не прифативме на Мијалков да му го вратат пасошот, ниту да му се даде условен отпуст, вели Обвинителството

Поради интересот на јавноста во врска со условниот отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков и неговото право да ја напушти државата, Јавното обвинителство појаснува дека ниту еднаш не дало позитивно мислење и не се согласило со условен отпуст на осудениот.Надлежниот јавен обвинител при првостепеното одлучување за условен отпуст на осуденото лице Сашо Мијалков даде негативно мислење. По донесената одлука со која му беше одобрен отпустот, обвинителот вложи и жалба, меѓутоа таа беше отфрлена како недозволена, бидејќи во меѓувреме, со измени на Законот за извршување на санкциите објавени во Службен весник на 2 април 2024 година, од членот 254 е избришана одредбата која предвидуваше обврска решението за условен отпуст да се доставува до јавниот обвинител, а со членот 256 практично целосно беше одземена можноста на јавниот обвинител да се жали на одлуката за условен отпуст. Тоа значи дека од тие измени, јавниот обвинител ниту е известен ниту има можност да се жали на условниот отпуст. Со оглед на тоа, во мај 2024 година, кога Сашо Мијалков добил конечна одлука за условен отпуст, јавниот обвинител воопшто не можел да има никакво влијание врз таквата одлука ниту врз заштитениот надзор врз условно отпуштениот. Тој надзор го одредува исклучиво Судот и согласно закон (член 255) може да се состои во посебни мерки на помош, грижа, надзор или заштита кои ги спроведува надлежен орган согласно со закон.Кога станува збор за предметот “Трезор”, надлежниот јавен обвинител и таму ниту еднаш нема дадено позитивно мислење за враќање на патната исправа. Напротив, на 31.05.2024 година обвинителот даде негативно мислење за враќање на пасошот на обвинетиот, а потоа на 19.06.2024 година вложи и жалба на решението на Кривичниот совет со кое беше укината таа мерка на претпазливост. Позитивно мислење во во тој предмет е дадено само во однос на укинување на гаранцијата и тоа по донесена правосилна ослободителна пресуда од Апелацискиот суд.Позитивно мислење на јавниот обвинител за определените гаранции во сосема друга кривична постапка која завршила правосилно со ослободителна пресуда на Апелацискиот суд не може да однесува на мерките потребни за надзор над условниот отпуст за правосилно осудено лице.

Македонија | пред 1 година

mijalkov

(Видео) Мијалков снимен во Монте-Карло сосе луксузниот автомобил

Ексдиректорот на УБК и осуденик, Сашо Мијалков бил уловен во Монако, пред мишелин ресторанот „Луј 15“, со луксузен автомобил „Ферари“. Снимката, според објавувачот, е направена во Монте-Карло и истата е објавена пред 14 часа. Но не е познато кога е направена.ВИДЕО:Според цените кои се споделени онлајн, автомобилот на Мијалков, зависно од годината, може да биде од $629,990 to $709,900. Од видеото се гледа како тој пристигнува, го остава возилото на паркирање и влегува во ресторанот.И во минатото се зборуваше дека Мијалков е имотен во Монако. Со плата во просек по околу 70 илјади денари месечно, во Македонија успеа да стигне до имот вреден 30-тина милиони евра. Тој е еден од ретките Македонци кој се поврзува со таа земја. Таму студираше и неговиот син.Мијалков беше гонет, но многу дела му застареа, додека граѓаните чекаа правда. Тој доби 24 години затвор и тоа: три години за „Империја“, 12 години за прислушувањето односно „Таргет-Тврдина“, осум години за „Трезор“, 1,3 месеци затвор за „Плацови на Водно“. Од сите, ја одлежа само таа за „Империја“ и тоа во затворот во Струга, каде можеше по цели денови да биде надвор и да работи, а навечер да се враќа.Тогаш дури и јавно се отворија прашањата, дали Мијалков воопшто е во затвор.

Македонија | пред 1 година

shevalj-mijalkov

(Видео) Шеваљ ќе се врати како слободен човек, Мијалков е помоќен по сите основи, вели ексначалникот од МВР, Ѓурчевски

Теоријата на ексначалникот и помошник директор во МВР, Љубомир Ѓурчевски, е дека Сашо Мијалков е помоќен од еден од лидерите на нарко-бандите во Македонија, Шеваљ Муареми. Тој смета дека моќта на Мијалков е голема од сите аспекти, без разлика на случувањата од измиантите години.„Моќта на Мијалков мислам дека е по сите основи“, рече Ѓурчевски, па додаде: „Мијалков за него (Шеваљ) е лидер“. На прашањето „Шеваљ му се плаши на Мијалков, да сумирам?“, ексначалникот додаде: „Да, да“.Ѓурчевски, очекува Шеваљ да се врати од Дубаи, како слободен човек во Македонија.За сите нарко-шеми, моќта во скопското подземје и нечуени информации, погледнете во „Претрес со Ландов“:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

(Фото) Се огласи Мијалков со пиштол и кама

Ексдиректорот на УБК, на кого му се суди и за масовното прислушување во Македонија, а е осуден во случајот „Империја“, притоа исклучен од партијата ВМРО-ДПМНЕ повторно честиташе празник, овојпат Денот на македонската револуционерна борба.„Македонија раѓала и ќе раѓа херои. Нивните идеали за слободна, независна и просперитетна Македонија живееле и ќе живеат пренесувајќи се од генерација на генерација. Нивните идеали се и ќе останат темел на четирите свети букви ВМРО. ВМРО е Македонија - Македонија е ВМРО. Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба ! Нека е вечна организацијата ! Нека е вечна и благословена Македонија“, напиша тој на „Фејсбук“.[caption id="attachment_308658" align="alignnone" width="688"] Screenshot[/caption]

Македонија | пред 1 година

271937299_421026089809384_1880700475912930685_n

Државата не се откажува од градење на плацовите на Груевски и на Мијалков

Агенцијата за управување со одземен имот бара да останат маркичките за изградба на хациенди на плацовите на Водно, кои беа одземени во судските постапки од поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед и поранешен шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, објави БИРН.Станува збор за четири огромни куќи, вцртани на два рида на Водно и вгнездени во самата шума. Заедничко за сите е што се наоѓаат во недопрена природа со поглед на Скопје и, ако се изградат, ќе бидат најголемите градби во околината што ќе се граничат со шумата на Водно.Можност за нивно бришење се отвори со укинувањето на ДУП-от Ј07 за овој реон пред две години, откако Уставниот суд утврди дека тој бил незаконски изгласан. Меѓу причините, пак, за во 2014 година да се истурка спорното гласање, беа маркичките за градба на плацовите на Водно, купени на незаконски начин од двајцата братучеди, кои сега се конфискувани од државата.Укинувањето на ДУП-от од страна на Уставен, кој инаку опфаќа третина од општината, ги запре сите нови градби во овој дел на Центар и наметна потреба од носење нов план за реонот каде што беа предвидени и хациендите на двајцата братучеди. Откако судот им ги одзеде овие плацови, тие ѝ беа предадени на Агенцијата за одземен имот, која треба да ги продаде и парите да ги врати во државната каса.Затоа од Општина Центар, која заедно со надворешна планерска фирма во моментов работи на носење на новиот урбанистички план, се обратиле до Агенцијата и побарале овие парцели да се отстапат за зеленило. Тоа, на последната седница на Советот и јавно го кажа претседателката на комисијата за урбанизам, Билјана Насковиќ.Уште на состанокот им било јасно ставено на знаење дека Агенцијата и во новиот план ќе бара да останат старите маркички за градба, што подоцна им било потврдено и писмено, пишува БИРН.Преписката траела неколку месеци, а во последниот допис, Агенцијата инсистира на тоа и во новиот ДУП да останат „истите урбанистички параметри што се затекнати при одземање на недвижниот имот на катастарските парцели во ДУП-от, кој веќе не е на важност“. Дописот од 12 септември е потпишан од новата директорка Ирена Илиевска, два дена откако таа ја презела оваа функција како кадар на ЗНАМ, партијата што е дел од владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ.Од Општина Центар, пак, без нивна дозвола, стравуваат да ги тргнат хациендите нацртани на државниот имот, затоа што на тој начин може да бидат прозвани за оштетување на државниот буџет. Без маркичките, овие плацови практично стануваат безвредни и Агенцијата не може да ги продава.Од друга страна, пак, законот дава можност општината да брише еднаш впишани маркички кога за тоа има јавен интерес или се крши соседско право, но, сепак, тоа се избегнува бидејќи законот, исто така, го штити и т.н. стекнато право. Тоа значи дека ако еднаш во ДУП-от бил вцртан објект, тој се брише само во согласност со сопственикот. Во спротивно, сопственикот може да тужи. Договарањето обично оди полесно кога имотот е на државата, па затоа при планирањето најчесто се посегнуваат по тргање маркички од државните парцели.Но, како што објави БИРН, „тие не може да се стават над државата и без нејзина согласност да менуваат маркички“, како во случајот со парцелите на Водно.

Македонија | пред 1 година

apasiev-mijalkov

(Видео) Апасиев: Мијалков е хохштаплер

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев го поврзуваа со ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков, а тој во „Претрес“ одговори дали муабетите држат вода. Средби, финансирања и разни муабети.. Што е вистина, а што не?На прашање што мисли за Мијалков, лидерот Апасиев рече: „Хохштаплер“.Раскажа и за заканите од телохранителот на Мијалков кој му ги упатил нему.Целиот поткаст:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.34

(Фото) Се огласи Мијалков по скоро една година

По пауза со статуси од една година, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, се огласи на социјалната мрежа “Фејсбук”. Без збор за времето поминато во затворот во Струга, коментарите дека таму не поминал ниту ден, купувањето на становите кои му ги заплени државата. Тој низ три пасуси, го честиташе Бајрам.“ Курбан Бајрам како празник на човечноста, солидарноста и дарувањето, ни го покажува патот на вистинските вредности и не учи дека животот е исполнет само доколку е посветен на правење добри дела и грижа за останатите. Се надевам дека овој голем празник го дочекувате во добро здравје и спокој, во кругот на вашите најблиски. Нека е честит Курбан Бајрам на сите кои го слават и нека донесе благосостојба, љубов и радост во семејствата и многу успеси на професионален план”, напиша Мијалков.Во поткастот “Претрес со Ландов”, ексминистерката Гордана Јанкулоска одговараше на прашања поврзани со него. Меѓудругото, се дозна дека тој не и се извинил иако по прислушуваните разговори таа трпеше низа реперкусии. Таа кажа дека прислушувањето доаѓа од УБК, а периодот е токму кога Мијалков раководеше со институцијата.Интересно е што последната објава на Мијалков е од минатата година кога честитал 2-ри август. Нема објава за велигденските празници кои поминаа.

Македонија | пред 1 година

gordana-jankuloska-mijalkov

(Видео) Ќе има ли второ полувреме Јанкулоска-Мијалков: Никогаш не ми се извинил, не сум го прашала дали имал недоверба, одговорот не ја менува реалноста

Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во поткастот „Претрес со Ландов“ зборуваше за нејзините односи со ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков. Таа е убедена дека прислушуваењето и бомбите излегле токму од оваа институција. За неа, со застарувањето на предметот - не е ништо изгубено. Откри што може да се направи за да се утврди одговорност и да се донесе правда за сите кои се дел од „бомбите“.„Па не ми се извинил“, рече Јанкулоска, а прашана дали треба, додаде: „Па ќе видиме, времето е пред нас“.Посочи дека Специјалното јавно обвинителство не ја исполнило клучната улога - да открие и да лоцира вина кај тие што прислушувале.„Се друго се направи освен тоа. За мене тоа е болка, незаконското прислушувње, без разлика што нема мој придонес, и јас сум на врвот од лицата кои се највеќе прислушувани, беше во мандат кога јас бев министер. Тоа беше огромен пресврт во мојот живот и мојата кариера. Мојот живот се сврте наопаку“, додаде таа.Прашана дали толку Мијалков имал недоверба во неа, одговори: „Тоа прашање го поставувате на погрешна адреса. „Ако сакате да добиете одговор би требало да го викнете и верувам ќе ви одговори. Не сум го прашала, затоа што навистина, било што, по се што се случи, било каков одговор, реалноста не ја менува“.Сите детали и одговори:

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Сашо Мијалков од утрово е на слобода

Поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, утрово се одјавил од струшкиот затвор.„Замина денеска, 9:20 – 9:30 часот. Куќниот ред го почитуваше, беше добар пример и за другите осуденици, им помагаше и на останатите во работните ангажмани внатре во затворот, во средување на паркот итн“, вели Ваљон Ќура, директорот на казнено-поправниот дом.Тој ги отфрла како шпекулации сомнежите во јавноста дека Мијалков воопшто не ни престојувал во затворот.Мијалков излегува од затвор под услов до 25 април 2025 година да не стори кривично дело.

Македонија | пред 1 година

436379323_753537420250242_4137723493996268395_n-1

Како Мијалкови стигнале до атрактивното земјиште во Охрид каде градат хотел

Фирмите на Мијалкови, земјиштето во Охрид на атрактивна локација со поглед на Охридско Езеро го купиле во 2011 година, а веќе во 2012 година добиле и одобрение за градење. Градоначалникот Кирил Пецаков нема преземено било какво дејствие во врска со предметната парцела.„Во 2007 година од страна на Општина Охрид е предложен план за вон населено место туристички локалитет Горица, кој од мнозинството советници е усвоен. Понатака во 2011 година врз основа на усвоениот план е организирано јавно наддавање од страна на Министерството за транспорт и врски, а по завршувањето на истото е склучен договор за оттуѓување на градежно земјиште со најповолниот понудувач.Понатака во 2012 година е издадено одобрение за градење на инвеститорот, а во 2013 година е склучен анекс од страна на Општина Охрид согласно измени во Законот за градежно земјиште со кој е предвидено плаќање договорна казна за непочитување на рокови. Исто така анекс на договор е направен и во 2020 година е направен уште еден анекс со ОпштинаОхрид согласно измени во Законот за градежно земјиште – уреденост на градежното земјште согласно УПВНМ.Од погоре наведеното може да се констатира дека целокупната постапка е започната и завршена многу оддамна пред моето доаѓање на позиција градоначалник, па оттука нејасно ми е зошто токму пред избори и зошто токму јас сум повикан за нешто што се случувало оддамна, иако на оваа тема многу пати се зборувало во минатото. Овие факти нека служат како одговор до сите медиуми и иницијативи кои што доставуваа барања за информации од јавен карактер“, вели Пецаков.

Свет | пред 1 година

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Сашо Мијалков предвреме излегува од затвор, му го уважија барањето за условен отпуст

Кривичен суд одлучи дека осудениот Сашо Мијалков треба предвреме да излезе од затвор. Ова доаѓа откако Апелација им го укина решението со кое тој требаше да остане во затвор до крајот на оваа година. Сега, решија да го пуштат.„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог на Директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С.М., по одржана јавна седница, прибавена и разгледана целосна документација согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го Уважи предлогот на Директорот на казнено поправната установа.Согласно решението, осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.04.2025 година.Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, велат од Кривичен суд.

Македонија | пред 1 година

949DE579-01E4-4DB3-84E9-B4A4962BD8E1

Мијалков доби слобода и во „Трезор“

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и останатите обвинети во „Трезор“, добија слобода. По четири години од првата пресуда, но и менувањето на Кривичниот законик, за случајот објавена беше нова првостепена пресуда.„За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат“, рече судијката Имране Селмани.Таа појаснуваше и како се работел предметот.„Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување... Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, додаде судијката.За Небоша Стајковиќ била стопирана постапката, оти му застарело делото.Со првата прсуда која беше укината, Мијалков доби - 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Како Мијалков дојде до слобода во „Трезор“: Обвинителот направил грешка и не доставил вештачење за милионската штета

Обвинителот Артан Ајро, две години откако одново се суди „Трезор“, до судот не поднел вештачење за да докаже дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и останатите вработени во МВР, направиле штета од 21 милион денари, кажа судијката Имране Селмани. Со ова, таа ја правдаше ослободителната пресуда која ја донесе. Сега, државата ќе му ги плати и адвокатите на Мијалков, како и останатите обвинети. Обвинителот Ајро, по пресудата, го напушти судот низ споредниот спореден влез на зградата, со што ги избегна новинарските прашања.„Судот при одлучување ги имаше напатствијата на Апелација и ги ценеше сите докази, но цени дека не се доволна основа за докажување на кривичното дело кое им се става на обвинетите. Во конкретниот случајот, не го достигна бараниот стандард и не докажа дека обвинетите се сторители на кривичното дело. Штетата мора да биде реална, а претпоставена. Обвинителот не ја докажа штетата, бидејќи нема вештачење. Во ситуација кога отсуствува вештачење во однос на штетата како суштински доказ, судот не може да ја утврди штетата. Пред се станува збор за утврдување на важен факт, а судот не може да се става во улога на вештак. Барањето да се издаде наредба за вештачење од судот, беше одбиено, бидејќи судот не може да предлага докази. Судот може да нареди само супервештачење“, рече судијката Имране Селмани.Судијката констатираше и: „Трошоците да паднат на товар на Буџетот на Република Северна Македонија“. Воедно, кажа дека судот не можел да бара вечташење бидејќи не е странка во постапката„Судот констатира дека е пропуштено дејствието на обвинителот, бидејќи не наредил вештачење иако имал можност на тоа, а судот со поинаква одлука, би ја вршел работата на обвинителството. Судот не е странка, нема теорија на случај, туку треба да расуди и да донесе правична одлука“, додаде Селмани.Со првата прeсудата која беше укината, Мијалков доби – 8 години затвор, а Горан Грујевски (поранешен началник на Петтатта управа во УКБ) – 15 години, Небојша Стајковиќ (бивш помошник-министер во МВР) – 5 години, Тони Јакимовски (поранешен началник на оддел во УБК) – 5 години.Предметот „Трезор“, се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија. Предметот беше вратен на повторно судење од скопска Апелација во 2022 година. Пет месеци судиите ја пишувале пресудата.„Трезор“ го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, ексшефот на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски беа обвинети дека предизвикале штета на буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на опрема за потребите на УБК. Според судот, обвинетите се договориле да купат опрема за потребите на МВР од британската компанија „Гама интернешнл“, а како посредник била искористена фирмата „Финзи“.Мијалков доби слобода и во „Трезор“ - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.43

Мијалков побарал да излезе порано од затвор: Кривичен го одбил, спас бара во Апелација

Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков кој призна вина во „Империја“ и доби три години затвор, барал условен отпуст, дознава „Скопје1“. Ова е можност која ја имаат сите затвореници кои ќе издржат половина од казната, а поради добро поведение, може да побараат да изезат побрзо. Кривичниот суд постапувал по неговото барање, но не му го одобрил, со што, тој треба да остане во струшкиот затвор до крај на казната.Сепак, Мијалков спас ќе бара во Апелација. Решението на Кривичниот совет од Кривичен суд го обжалил пред апелационите судии. Сега, второстепениот суд ќе може да му ја прифати жалбата и да му даде отпуст или пак да го потврди решението.Освен за случајот „Империја“ каде сам призна вина и се договори со обвинителката Лиле Стефанова да добие помала казна, Мијалков нема да понесе никаква одговорност за најголем дел од другите предмети каде беше обвинет. Застаре најголемиот предмет „Таргет-тврдина“ за прислушувањето, како и „Титаник 2“ за изборни нерегуларности. Не се знае иднината на предметот „Трезор“ за набавката на британската опрема за следење на комуникации. Мијалков има уште една условна казна, а тоа е за предметот „Плацови на Водно“.Казната за „Империја“ ја издржуваше во струшкиот затвор. Станува збор за отворен тип на затвор, што значи, тој излегува денски, се враќа ноќе. Тами треба само да преспие, ако се следи правилникот.Последно, Мијлакови успеаа да си ги повратат и становите кои им беа конфискувани од „Империја“, и тоа за џ'блк цени.

Македонија | пред 2 години

remenski-mijalkov

Дали воопшто некој смее да купи нешто што "му припаѓа" на бато Сашо, вели Ременски

Поранешната функционерка на СДСМ и експерт по безбедност, Фросина Ременски, на својот профил на Фејсбук истакна свое мислење дека никој не би купил конфискуван имот кој порано му припаѓал на шефот на тајната полиција Сашо Мијалков.Изминатите денови Управата за одземен имот објави повик за продажба на два стана во Охрид, земјиште во Студеничани и плац на Кожуф, запленети од поранешниот директор на УБК во „Империја“. Лицитацијата е закажана за 25 август доколку има повеќе од еден заинтересиран. Претходно, во јули беше објавен пакет со удели во различни акционерски друштва во вредност од околу 250.000 евра кои му припаѓале на Мијалков, но се уште не се купени.„Не е проблемот што никој не се јавил да купи, туку дали воопшто некој смее да купи нешто што "му припаѓа" на бато Сашо ... Кога никој не го казни начинот на кој се преземаа фирми, удели и акции по фирми и кој систем го правеше тоа во негово име, тогаш подолго време ќе читаме написи како никој не купил ништо на лицитациите ..., државни. Баш ме интересира кој ќе го купи станот во Охрид што Сашо го пријави како живеалиште за да може да одмара и вози комбе во затворот во Струга“, објави Ременски.

Коментари | пред 2 години

Screenshot-2022-12-26-at-15.38.34

Се продава недвижниот имот на Мијалков

Агенцијата за управување со одземен имот, објави оглас за продажба на дел од недвижниот имот на поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, запленет за случајот „Империја“.Се продаваат два стана во Охрид, едниот од 46 (+19 помошни простории) метри квадратни со проценета вредност од Бирото за судски вештачења на 5.775.234,38 милиони денари, а другиот од 58 (+ 56 ПП) метри квадратни во истата зграда, проценет на 9.032.505 денари.Се продава и земјиште од 56.818,07 метри квадратни кај Морани во Општина Студеничани крај Скопје со почетна вредност од 17.045.421 денари.Се продава и плац кај местото Џибарица на Кожуф од 321,81 метри квадратни, проценет на 29.686, 97 денари.Јавното електронско наддавање е закажано за 25 август.Претходно на аукција беа ставени запленетите акции на Мијалков во „ТТК“ банка, Тутунски Комнибат „Прилеп“, „Акцелор Митал“, Стопанска Банка Битола, „Попова Кула“, „Халк Банка“, Југотур и РЖ Услуги.

Македонија | пред 2 години

mijalkov

Мијалков стана шофер, вози низ струшкиот затвор

Мијалков станал возач за потребите на струшкиот затвор, но Управата за извршување на санкции одбива да каже какви се неговите специфични задачи и дали и колку е ангажиран надвор од затворот, пишува ИРЛ.Директорот од ЛДП Јовица Стојановиќ грубо и се обрати на новинарката на ИРЛ: „Што сакаш да ти кажам повеќе? Кој ден, во колку саат го пали комбето?“ ИРЛ открива дека од ВИП криминалците кои станаа охриѓани предвреме на слобода излегол Зоран Милевски Кичеец, а обвинителите не поднеле жалба на неговото барање.Затворските казни за поранешниот директор на тајната полиција Сашо Мијалков, бизнисмените Јордан Камчев и Зоран Милевски Кичеец на јавноста и беа претставени како триумф на правдата, иако казните беа ниски и не ги опфатија сите нивни дела. Обвинителството дури и се спогодуваше за пари наместо затвор со луѓето кои што го оштетија државниот буџет. Првиот сигнал дека казната затвор не е иста за обичен смртник и богат и моќен човек, беше привилегијата која ја добија да бираат каде ќе ја одлежат. Сите го одбраа затворот во Струга, во кој добија статус на слободни затвореници. Од елитното друштво таму остана уште Мијалков, кој според управата на затворот е работно ангажиран како “возач за потребите на затворот”.Осудениците пред да заминат на отслужување на затворска казна прво ќе ја променат адресата на живеење и ќе станат охриѓани. Со тоа ќе си овозможат наместо во затворот „Идризово“, казната да ја издржуваат во Казнено поправниот дом во Струга. Овој затвор не е озлогласен како тој во Идризово затоа што целиот затвор е од отворен тип. Го раководи Ваљон Ќира, кадар на ДУИ и е од отворен тип. Затворениците не се чуваат под клуч во ќелиите, туку се слободни во кругот на затворот и можат да бидат работно ангажирани надвор од установата. Во правосудството добивме и нов термин – затворски туризам, но институциите не открија ништо противзаконски кога елитните скопјани го одбраа затворот во Струга. И очигледно, не погрешија.Веќе 11 месеци поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање е затвореник во Струга. Тој лани во август почна да ја издржува тригодишната затворска казна за случајот „Империја“. Сашо Мијалков одлучил да не се вработи, но изразил желба да помага во секојдневните работни активности на затворот на позиција возач.Целиот текст можете да го прочитате тука 

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања