Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

МИЛЕВСКИ

media-library9cashdf23a9ofNaWttT

Милевски: Скандалозна распределба на парите во спортот, Ристовски дели по кумови или по критериуми?

Каде завршуваат парите на граѓаните во спортот? Министерот за спорт Борко Ристовски мора да излезе пред граѓаните и да одговори. Распределбата на државните субвенции за 2026 година во спортот е скандалозна и отвора сериозни сомнежи за можни злоупотреби, селективност и корупција, вели Панче Милевски – Панта, Комисија за спорт од СДСМ.„Нема сегмент во државата кој го контрлира ВМРО-ОКГ и каде не постојат сомнежи за корупција.Трета година по ред, Министерството не објавува листа на корисници, критериуми ниту методологија.  Како е можно некој да добива пари а да не нема информација врз основа на што?Кога свесно се кријат информации од јавноста тоа е веднаш упатува на сериозни сомнежи.Ристовски направил скандалозна и нелогична распределба на парите.На пример, во категоријата индивидуални олимписки спортови, највисок износ на спортски субвенции добил спортски клуб од спортско качување, втор највисок износ е од триатлон а трет е од бадминтон. А спортовите со континуирани меѓународни резултати и олимписки настапи – како теквондо, атлетика, борење и скијање – се ПОМАЛКУ вреднувани.Дополнително, особено индикативен е случајот во кој клуб кој е седмопласиран во ракомет и настапува во плеј-аут фаза добива поголема финансиска поддршка од шампион во кошарка кој учествува на меѓународни натпреварувања.Ова е скандал со парите на народот.Клубови без значајни резултати добиваат високи суми на пари. Олимписки спортови со докажани успеси се маргинализирани.   Седмопласиран ракометен клуб добива повеќе од шампион во кошарка со меѓународни настапи.Дали причината се кумовските релации на Борко Ристовски и дали тие се поважни од критериумите кои ги заслужуваат спортистите.Дополнително, ваквиот пристап претставува директна дискриминација на спортските клубови кои со години вложуваат труд, постигнуваат резултати и ја претставуваат државата на меѓународна сцена. Наместо поддршка, тие се казнети.Очигледно се фаворизираат партиски блиски и клубови блиски до Ристевски и ВМРО.СДСМ јавно бара:•             Итно објавување на сите исплати по клубови и спортови  како и врз основа на кои критериуми добиле пари.•             Државниот завод за ревизија да спроведе ревизија за последните две години на финаниското работење на Ристовски.•             Државна комисија за спречување на корупцијата да отвори предмет за утврдување судир на интереси.Незаконско работење, злоупотреба на јавни средства и фаворизирање не смее да се дозволи.Одговорност мора да има. Спортот не смее да биде приватна каса на ВМРО-ОКГ ниту на Ристовски“, додава тој.

Македонија | пред 1 седмица

media-library1t5ehovudcaq4fGaZbU

Милевски: Предлог-буџетот за 2026 година со силен фокус на намалување на сивата економија

Пеце Милевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде се осврна на делот за сивата економија при што потенцираше дека Предлог-буџетот за 2026 година има мерки за намалување на истата. Тој истакна дека во овој Предлог-буџет акцентот е ставен и на развојната компонента, преку високо ниво на капитални инвестиции.„Со овој Предлог-буџет многу се внимава на мерки за намалување на сивата економијата и зголемување на наплатата на буџетските приходи. Предлог-буџетот е темелен на реални проекции, а тоа значи испланирани приходи врз реални можности, а расходи исклучиво насочени кон стратешки приходи“, истакна Милевски.Тој посочи дека во овој Предлог-буџет е ставен акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции.„Најважно е што во проектирањето на овој Предлог-буџет, ставен е акцент на развојната компонента со високо ниво на капитални инвестиции кои се проектирани во износ од 40,5 милијарди денари“, рече Милевски.Како што вели тој, фискалната консолидација е една од главните одлики на овој Предлог-буџет.„Фискалната консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии е една од главните одлики што обезбедува поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства, односно парите на граѓаните“, кажа Милевски и додаде:„Одговорното буџетирање како главна одлика на овој Предлог-буџет, е клучно во вкупниот макроекономски контекст и управувањето со вакви проекции мора да ги следи голема дисциплина и финансиска мудрост. А оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Министерството за финансии, тоа во изминатиов период го потврди“.

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryhvejg0t3tqvfe2GH79i

Милевски: Виница заслужува ред и напредок, да не ја препуштиме повторно на локалните шерифи

Кандидатот за Градоначалник на СДСМ, Гоце Милевски, од трибината во Виница побара поддршка од граѓаните, потенцирајќи дека ова не е само кампања, туку борба за иднината на Виница. Тој повика на заедничка акција, јасно нагласувајќи дека промената е можна„Денес не сум само кандидат за градоначалник, денес сум човек со мисија: да ја вратиме Виница таму каде што припаѓа“, порача Милевски.Милевски остро се осврна на досегашното локално владеење и политичката клима, повикувајќи на одговорност и нов почеток.„Сакаме ли Виница повторно да ја препуштиме во рацете на локалните ’шерифи‘ кои мислат дека сè им е дозволено и дека градот им припаѓа само на нив? Јас не верувам дека тоа е Виница што ја сакаме“, истакна тој, додавајќи: „Верувам дека можеме подобро, дека можеме да изградиме град со ред, закон, човечност и почит.“Милевски  ја побара поддршката од граѓаните и го претстави неговиот план за конкретни, реални и остварливи проекти, кои, како што рече, не се празни ветувања, туку патоказ за развој: Изградба на дом за стари лица, грижа со достоинство за повозрасните, нов булевар на влезот во Виница, решавање на атмосферската канализација, спортска сала за ООУ „Гоце Делчев“, велосипедски патеки, зелена и чиста Виница, ред во сообраќајот и паркирањето, улично осветлување и поддршка за културата и уметниците.„Ова не се ветувања, туку планови што ќе ги реализираме, чекор по чекор, проект по проект. На 19 октомври, излезете масовно. Заокружете го бројот 5, затоа што е глас за нашата иднина“, порача од Виница, Гоце Милевски, кандидат за градоначалник на СДСМ.

Македонија | пред 6 месеци

301876588_639375227401437_7872121129142364216_n

„Овој дожд во Скопје е ништо во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски

Професорот Ивица Милевски се огласи по вчерашното невреме во Скопје. Тој вели дека уште во 2016 предупредувале за вакви појави на пороен дожд кои во иднина ќе ги има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки.„Веројатно многумина се сеќаваат дека катастрофалната Скопска поплава во 2016-та година, за тогашните (партиски послушници) беше „Божја работа“, „Божја казна“, „чудо невидено“. Кога пишувавме и кажувавме дека страшните последици се и ради човечката „аљкавост“, „неодговорност“ и „нестручност“, истите тие не отераа во 300 пм. Уште тогаш (но и претходно), предупредувавме дека вакви појави на пороен дожд, ќе има се почесто и поинтензивно, а последиците ќе бидат жестоки. Всушност еве што напишавме тој август 2016, ама кај нас нели, секое чудо за три дена. Се правеше по нешто ваму-таму, но се пропушти приликата да се направи една сеопфатна, интегрална, вистинска мултидисциплинарна студија за целиот регион и да се спроведат соодветни мерки (ама тоа е посебна тема).И само да напоменам дека денешниот дожд во Скопје и неговиот интензитет, „не се ништо“ во однос на дождот од 6.08.2016 (>90 mm/4h; 43 mm/h peak; 2 mm/min/15 min max), а особено во однос на она што го очекуваме во следните 20-тина години“, вели Милевски.

Коментари | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Сите политички чинители да го отфрлат Францускиот предлог“, вели Милевски

Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил посочи дека синоќа Извршниот одбор на партијата го отфрлил Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.„Синоќа, Извршниот одбор на ЛДП го отфрли Францускиот предлог кој циркулира во јавноста.Бараме да се достави на увид на министрите и пратениците и да се отвори дебата по истиот.Очекуваме сите политички чинители да ја отфрлаат оваа верзија.Ги детектиравме сите слабости на предлогот и очекуваме нивна корекција.Министерот и пратениците од ЛДП да се борат за ставовите на ЛДП и да ги заштитат македонските национални интереси.Доколку сепак се прифати Францускиот предлог во оваа верзија, Извршниот одбор одлучи, ЛДП да ја напушти Владата и за оваа одлука ќе побара согласност од Централниот одбор на партијата, доколку дојде до таа ситуација“, вели Милевски.

Македонија | пред 3 години

Liberali-08-02-2020-Goran-Milevski-pretsedatel-na-LDP

„Франција ти благодарам, но не“, Милевски се спротистави на францускиот предлог

Билатералните спорови не смеат да станат европски услови, а македонската евроинтеграција не смее да биде заложник на фрустрациите на Бугарија, смета министерот за локална самоуправа и лидер на Либерално демократската партија, Горан Милевски.Тој е првиот функционер во Владата кој гласно се спротивстави на францускиот предлог за решавање на спорот со Бугарија најави дека овој став ќе го застапува во рамките на партијата и во Владата.„Франција ти благодарам, но НЕ. Билатералните спорови не смеат да станат европски услови како што спорот помеѓу Словенија и Хрватска не беше за влез на Хрватска во ЕУ. Јазикот не може да биде компромис, тоа е веќе решено прашање со Преспанскиот договор.ЕУ треба да знае да се изјасни, ја сака ли Македонија во ЕУ или НЕ. Ние повеќе немаме време за губење. Потребен е брз развој со јасни политики и однос кон ЕУ и нивните перманетни условувања.Во ЕУ ќе влеземе како Македонци со својата вековна историја, култура, традиција и вредности, со сопствен јазик и посебности, а влез како втора бугарска држава, ниту сакаме, ниту некој може да прифати, ниту кореспондира со реалноста и историјата.Историската комисија да достави на увид што се договориле со оние од Бугарија. Не може тројца историчари да бидат историската вистина. За секое нивно решение треба да има широк општествен консензус“, објави Милевски.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања