Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА

media-libraryguk022uhcj9raVz3DvA

Промоција на 17 нови „страјкер“ оклопни возила во Петровец

Владата и Министерството за одбрана денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец ќе претстават 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави.Како што соопшти Владата, оклопните возила „stryker“ се набавуваат од САД како дел од договорот за опремување на АРМ со лесни оклопни возила.„Во рамките на соработката со САД се реализираат два договора на принципот Влада-со-Влада. Станува збор за лесните оклопни возила од типот JLTV и STRYKER. До овој момент се пристигнати сите JLTV – лесни оклопни возила вкупно 96, а на овој настан се промовираат првата испорака на дел од возилата STRYKER, 17 од предвидените 42“, информира владината прес-служба.На презентацијата ќе присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик-шефот на Мисијата на Амбасадата на САД, Никол Варнс, и командантите на Командата за операции и првата пешадиска бригада.

Македонија | пред 5 дена

misajlovski-1

Министерството за одбрана: Рекордни инвестиции во касарните, обвинувањата се извртување на фактите

Министерството за одбрана реагираше на написите и обвинувањата за несоодветни услови во Армијата, посочувајќи дека јавноста редовно се информира транспарентно и врз основа на факти, а не преку, како што наведуваат, ПР кампањи.Од Министерството истакнуваат дека сите активности се отворени за медиумите и дека граѓаните имаат право да знаат како се трошат средствата во одбраната. Воедно, изразуваат зачуденост од, како што наведуваат, навредливите квалификации упатени од Александар Насковски кон медиумите кои присуствуваат на овие настани.Во реакцијата се признава дека дел од армиската инфраструктура не е на посакуваното ниво, но се нагласува дека станува збор за објекти во кои не било инвестирано со децении, во некои случаи и повеќе од 50 години. Министерството посочува дека во моментов се вложуваат, како што велат, рекордни средства за нивна реконструкција.Се наведува дека во тек се континуирани активности за подобрување на условите во касарните, кои вклучуваат изработка на проектна документација, изградба, реновирање и адаптација на објекти за сместување и работа, како и објекти за складирање и одржување на опремата.Дополнително, се реализираат зафати за подобрување на енергетската ефикасност, целосна замена на водоводната и електричната мрежа, грејните системи, кровните конструкции и системите за противпожарна заштита, со цел објектите да бидат функционални и безбедни.За 2026 и 2027 година се предвидени околу 12 милиони евра за вакви градежни активности низ касарните во државата.Од Министерството оценуваат дека и покрај тоа што овие податоци се јавно достапни, се пласираат, како што велат, нецелосни информации со кои се искривува сликата за состојбата и вложувањата во Армијата.Во реакцијата се наведува и дека против лицето кое ги изнесува овие обвинувања се поднесени кривични пријави за повеќе кривични дела до надлежните институции.

Македонија | пред 1 седмица

366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Јавен обвинител од Штип вршел притисок врз војник да ја повлече тужбата против 14 старешини, алармира Независниот синдикат на професионални војници

Независниот синдикат на професионални војници алармира дека како што велат јавен обвинител од Штип вршел притисок врз оштетен професионален војник да ја повлече тужбата против 14 старешини од Армијата.На ден 20.01.2026 година Независен синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против 14 старешини од Армијата. Од Основното јавно обвинителство Штип е отворен предмет по таа кривична пријава и по таа пријава постапува јавен обвинител од Штипското јавно обвинителство. Во постапување по кривичната пријава, од страна на јавниот обвинител кон оштетен припадник на Армијата - професионален војник (повикан како сведок) е вршен притисок за повлекување на тужбата која претходно оштетениот ја поднел пред надлежен суд, притисоци со искази од страна на јавниот обвинител за лична здравствена состојба на најблизок член на семејството на оштетениот со цел да се повлече од понатамошно гонење.Ова е уште еден показател дека од страна на Армијата се врши притисок врз јавното обвинителство и обвинителите за отфрлање на пријавите кон овие воени лица.Ова е втор случај за неколку месеци за директно вршење притисок врз јавни институции, пред неколку месеци униформирани припадници на Армијата вршеа директен притисок врз членовите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за отфрлање на сите претставки од синдикатот против МО и Армијата за дискриминација врз професионални војници, за сега да има повторно вршење на сличен притисок, но овојпат преку јавен обвинител со цел оштетеното лице да ја повлече тужбата пред надлежниот суд за да може јавниот обвинител да ја отфрли кривичната пријава против овие 14 старешини од Армијата на РСМ.За да биде скандалот уште поголем, јавниот обвинител искажува детали за лични здравствени состојби на најблизок член од семејството на оштетениот , но тие информации ги знае само 11 -то пријавеното лице од кривичната пријава поднесена кон 14 -те припадници на Армијата. Прашањето е : Како јавниот обвинител ја знае здравствената состојба на најблизок член на семејството на оштетениот и која е целта на барањата за повлекување на тужбата и прифаќање на незаконските постапки на овие 14 припадници на Армијата ?!Ова е доказ дека Министерството за одбрана и Армијата директно влијаат на јавното обвинителство за да се отфрлат сите пријави поднесени против припадници на Армијата кои правеле и сеуште прават криминални дејствија во МО и Армијата, штета на буџетот на државата и штета на припадниците во Армијата.Повторно по незнам кој пат како синдикат во Армијата , ја прашуваме претседателката на Република Македонија г-ѓа Гордана Силјановска Давкова која е и врховен командант на Армијата ДАЛИ ЗНАЕ што се случува во Армијата и што прават овие старешини - офицери и подофицери ?!Исто така ,го прашуваме министерот за одбрана г-дин Владо Мисајловски , откако ќе направи пауза од ПР кампањата со рилови за затскривање на катастрофалната состојба во Армијата , да одговори ДАЛИ ЗНАЕ што се случува во министерството кое го води скоро две години и ДАЛИ ќе превземе нешто да го спречи самоволието и незаконското постапување на овие воени старешини ?!Носењето на униформа на Армијата на Република Македонија и носење на чин на градите е гордост и чест за угледот на Армијата, но таа униформа и чин не ги прават тие да бидат над законот.За овој скандал во ОЈО Штип ќе поднесеме претставка до Советот на јавни обвинители за утврдување на одговорност за нестручно, несовесно и непрофесионално вршење на должност јавен обвинител и вршење на притисок врз сведок - оштетено лице, вели Александар Насковски, претседател на Независен синдикат на професионални војници.

Македонија | пред 3 седмици

366531169_1034322597890552_6490382837454383521_n

Шугата не потекнува од касарната во Велес, тврди Министерството за одбрана

Шугата е во фокусот на јавноста по информациите за неколку заболени професионални војници, но од Министерство за одбрана уверуваат дека заразата не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес и апелираат случајот да не се користи за манипулација и нанесување штета врз угледот на Армијата.Од Министерството нагласуваат дека станува збор за поединечен здравствен случај и дека е неточно тврдењето оти заразувањето се случило во касарнските услови. Потсетуваат дека шугата е инфективна кожна болест која се пренесува исклучиво преку директен контакт со заразено лице или преку предмети како постелнина и пешкири кои претходно биле користени од лице што веќе е носител на болеста.Според Министерството, пред приемот на професионалните војници во касарната во Велес биле преземени сите потребни подготовки. Просториите биле целосно уредени и дезинфицирани, а на војниците им биле обезбедени чисти и испрани постелнини и ќебиња. Оттаму посочуваат дека токму поради ваквите процедури, не постои основ за тврдења дека изворот на заразата е во самата касарна.Во меѓувреме, Армијата и Воено-медицинскиот центар, постапувајќи согласно здравствените протоколи, презеле мерки за спречување на евентуално натамошно ширење на болеста. Од одделението за превентивна заштита при Воено-медицинскиот центар бил извршен стручен епидемиолошки надзор, дадени биле мислења и препораки, а сите војници кои биле во контакт со заразените лица биле упатени на превентивни прегледи.За време на викендот, како што информираат од Министерството, во просториите каде што се сместени војниците била направена комплетна замена на постелнината, дезинфекција на спалните соби, ќебињата, перниците и душеците, како и перење на целокупната постелнина. Војниците биле детално информирани за симптомите на болеста и добиле насоки при појава на какви било кожни промени веднаш да се јават кај доктор.Според последните податоци од Министерството, досега се регистрирани четири лица кај кои е потврдена шугата и на сите им е пропишана соодветна медицинска терапија. Состојбата со останатите припадници се следи континуирано и се постапува според насоките на доктор епидемиолог.Од Министерството потсетуваат дека во касарната „Алексо Демниевски Бауман“, како и во другите центри за обука, на годишно ниво престојуваат голем број припадници на Армијата и на сојузничките армии, и досега не биле регистрирани вакви случаи. Токму затоа, апелираат да не се злоупотребува поединечен здравствен настан за ширење дезинформации и нарушување на угледот на Армијата.Во соопштението се нагласува и дека Министерството и Армијата, заедно со Генералштабот, континуирано работат на подобрување на условите за работа и престој. За 2026 и 2027 година се предвидени 41,3 милиони денари за реконструкција, санација и градежно-занаетчиски работи на објектите. Во изминатиот период биле обезбедени средства за реконструкција, адаптација и тековно одржување, со цел подобрување на инфраструктурата, безбедноста и условите во објектите што ги користат припадниците на Армијата, при што овој пристап ќе продолжи и во тековната година.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања