Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МИСАЈЛОВСКИ

media-libraryutdvb4fuhbgk3bCtqlG

Министерството за одбрана продолжува со модернизација: до летото пристигнуваат дополнителни возила

Денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец беа претставени 17 нови лесни оклопни возила „страјкер“ (stryker), набавени од Соединетите Американски Држави. Во изјава за медиумите министерот за одбрана, Владо Мисајловски, истакна дека Министерството продолжува со интензивна модернизација на армијата, со набавка на нови возила и опрема, делумно во рамките на проектот „Клиса“ со САД.„Голема благодарност на сите што учествувале: колеги и во минатото и сега, и во иднина за да стигнат страјкерите. Ова е еден од најкрупните проекти на Министерството за одбрана, многу е важно да се продолжи со обуката. Наредниот период ќе стигнат дополнителни возила, како што може да видите позади мене, се веќе 17 возила стигнати. Останатите би требало да стигнат до средината на летото, се надевам. Но, ќе продолжиме и со се она што е во делот на нашата модернизација.Позади нас може да видите и други возила што во минатото биле во гаражите, а благодарение на проектот со Америка што се нарекува "Клиса", еве ги ставивме во функција останатите возила. Така да, продолжуваме и понатака со нови проекти. Благодарност до премиерот, до владата што ни даде огромен буџет, би рекол, историски најголем во Министерството, а се справиме со сите предизвици.Она што го бара НАТО од нас е да вложуваме преку 20% во модернизација, ние го правиме тоа уште повеќе, преку 32% во нашиот буџет се директно за модернизација. Следат уште многу проекти, бидејќи во изминатиов период, заедно со нашите пријатели од САД, направивме повеќе договори, влада со влада, дел поминаа, најголем дел поминаа во Собранието. Очекуваме следниот период дополнителни наоружувања, дополнителна опрема, беспилотни летала, опрема за специјалните единици и многу, многу проекти“, изјави министерот Владо Мисајловски.

Македонија | пред 5 дена

366543877_1034322614557217_5242194736722340467_n

Синдикатот на професионални војници за Мисајловски: Наместо да ја прифати критиката, излезе со напади и смешни кривични пријави

Независниот синдикат на професионални војници го обвинува Министерството за одбрана за манипулација и ширење невистини, по гостувањето на министерот Владо Мисајловски во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21. Според синдикатот проблемите со условите за работа и правата на професионалните војници се присутни децении, а решението е доставено во Собранието уште во 2025 година, но досега не е реализирано. Министерството, наместо да ги решава проблемите, според синдикатот, се обидува да ги прикрие преку јавни изјави и напади кон синдикатот.„По објавата на Независниот синдикат на професионални војници СО Скопје за катастрофалната ситуација со објектите во Армијата каде што престојуваат и работат професионалните војници, министерството за одбрана излезе со потврда дека ситуацијата е таква 35 години, но и повеќе дури 50 години некои објекти не се реновирани од времето на поранешната ЈНА. Министерството за одбрана наместо да ја прифати критиката од синдикатот и да ја прифати реалноста, тие излегоа со напади врз претседателот на синдикатот со неосновани и смешни кривични пријави.Оваа нервозна ситуација во министерството за одбрана која се пројави поради излегување на фотографиите за вистинската и реална состојба во Армијата, кај министерот за одбрана Владо Мисајловски се пројави дополнителна потреба да гостува во емисијата Клик Плус на ТВ 21 , со цел да ја ублажи катастрофалната состојба која синдикатот ја обелодени во јавноста.Но за жал министерот за одбрана одбра сакајќи или несакајќи, да искаже неколку невистини со цел да прикаже напредок во правата на професионалните војници со негова лична иницијатива, но напротив искажа невистина со што ја изманипулира цела македонска јавност, а тоа е дека професионалните војници на 45 години одат во пензија и земаат опремнина од 2 милиони денари.Министерот за одбрана треба да знае дека професионалните војници не одат во пензија од Армијата, бидејќи дискриминаторскиот Закон за служба во Армијата тоа не го дозволува. Затоа е утврдената индиректна дискриминација од КСЗД врз сите професионални војници од страна на министерството за одбрана поради нетрансформирање на работниот однос од определено на неопределено време. Барањата на синдикатот се токму тие, професионалните војници да добијат вработување на неопределено време согласно ЗРО и да остварат право на пензија како и останатиот активен воен персонал.Излегувањето на емисии и искажувањето на вакви невистини и манипулирачки изјави нема да ја подобри ситуацијата во Армијата, туку само повеќе граѓаните на Република Македонија дознаваат колку е лоша состјбата со правата на припадниците на Армијата и колку се лоши условите за работа во Армијата.Го потсетуваме министерот за одбрана дека наназад години синдикатот бара решение на статусот на професионалните војници и имаме доставено предлог закон за измена и дополнување на Законот за служба во Собранието на РМ уште на 3 јуни 2025 година, и ниеден пратеник до овој ден не го предложи овој закон за да се реши деценискиот проблем на професионалните војници .Му предлагаме на министерот за одбрана пред наредно гостување добро да ја проучи проблематиката и темите кои ќе ги зборува, и се надеваме дека ќе сфати дека решението на сите проблеми му е доставено во писмена форма, само треба да се има волја да се реализираат овие барања и конечно да се реши проблемот со професионалните војници. Синдикатот не е проблемот што укажува кои се проблемите, проблемот е нереагирањето на работодавецот. Се друго, како неосновано напаѓање на синдикатот и неговите претставници и искажување на невистини, допринесува за влошување на веќе лошата состојба во Армијата.Апелираме до минитерството за одбрана да се воздржи од медиумски и административен напад кон синдикатите, да се обнови социјалниот дијалог и да се превземат итни мерки за подобрување на состојбата во Армијата, ПР кампањата нека се стави на пауза до следните избори“, вели Александар Насковски.

Македонија | пред 6 дена

helikopter

Мисајловски: Државата ќе плати 100 милиони евра за хеликоптерите од „Леонардо“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски синоќа во емисијата „КликПлус“ на ТВ21 нагласи дека државата оваа година ќе исплати околу 100 милиони евра за договорот со „Леонардо“, што значително влијае врз буџетот на Министерството за одбрана.Министерот информира дека испораката на хеликоптерите се очекува до крајот на следната година..Министерството направило ревизија на договорот за набавка на хеликоптери од италијанската компанија Леонардо, но дека клучната цел останува тие да пристигнат во земјава без доцнење. Мисајловски рече дека ревизијата ги потврдила забелешките кои претходно биле нотирани и од Државниот завод за ревизија, по што случајот е разгледуван од надлежни институции.„За мене најважно е хеликоптерите да пристигнат. Станува збор за огромна индустрија, а ‘Леонардо’ е една од најголемите компании во оваа област и нивни хеликоптери користат повеќе НАТО држави“, изјави Мисајловски.Тој посочи дека првичната понуда за набавката била околу 213 милиони евра, но договорот подоцна пораснал на 249 милиони евра со вклучен ДДВ, што според него е едно од најсериозните прашања во процесот.„Доколку во постапката се бара дополнителна опрема, тогаш тоа требало повторно да се понуди и на другите компании кои учествувале во постапката, за да се види дали ќе има подобра цена“, рече министерот.Мисајловски објасни дека пред институциите постоеле две опции – арбитражна постапка за целиот договор или продолжување на процесот со подобрување на условите.„Арбитражата носи ризик да останете и без хеликоптери и без средства, а можни се и пенали. Затоа ангажиравме адвокатска куќа која детално го анализира договорот и предложи чекори за подобрување на условите“, истакна тој.Според него, во договорот има пропусти, меѓу кои и тоа што хеликоптерите не доаѓаат со сериозно вооружување.„Воен хеликоптер треба да биде соодветно вооружен. Овие се повеќенаменски, претежно транспортни, но постои можност дополнително да се догради вооружување и тоа ќе биде една од темите на разговор во следниот период“, додаде Мисајловски.

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryguk022uhcj9raVz3DvA

Мисајловски: Набавуваме ново оружје постојано, наскоро ќе ги покажеме новите „страјкери“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски изјави дека Армијата континуирано се модернизира со набавка на ново вооружување и опрема, најавувајќи дека наскоро во јавноста ќе бидат претставени новите оклопни возила Страјкер кои пристигнале во државата, како и дополнителни системи и воена опрема што се очекуваат во наредниот период.Набавуваме ново оружје постојано, и за некој ден, бидејќи имаме уште еден голем настан каде што ќе ги видите новите страјкери што пристигнаа во државата. Паралелно очекуваме огнена моќ, дополнително да стигне од повеќе држави, очекуваме да пристигнат мистралите, хаубиците пристигнаа во Македонија, се работи на првиот хеликоптер пристигнува. Ова се сериозни вложувања, каде што оваа година можеби е најтешката во Министерството за одбрана, да ги исплати сите овие работи. Тоа се сериозни вложувања за нас како држава. И во наредните 10 години ќе извојуваме многу средства за одбраната и се разбира со сите раководни структури во армијата, ќе започнеме со нов план, што е најважно да купуваме во наредните години. А верувајте, тоа се милиони и милиони, би рекол и милијарди што треба да ги издвоиме како Министерство за одбрана“, вели Мисајловски.

Македонија | пред 3 седмици

media-librarysbc774696dfs80nvtmA

Мисајловски најави 17 нови проекти: Ќе се реконструираат домот на АРМ, хотелот „Шар“ на Попова Шапка и касарните

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес беше во посета на припадниците на Армијата во касарната „Јане Сандански" во Штип. Тој во изјава за медиумите најави дека оваа година очекува да бидат започнати 17 нови проектиМожеме да видиме еден целосно готов објект како и еден проект како што можете да видите до 70% веќе завршен. Очекувам дека во наредниот месец комплетно ќе биде завршен овој објект. Мислам дека со овие услови покажуваме дека целосно се грижиме за нова, модерна инфраструктура. Ова се само дел од објектите што ги реконструираме. Како што може да видите, комплетно нова реконструкција. Ова ќе го правиме во сите касарни. Постојано вложуваме во нови проекти. Овие два објекти чинат, отприлика, 1 милион евра. А паралелно ќе ги работиме вакви објекти, скоро во сите касарни, но и многу други објекти.Околу 17 нови проекти очекуваме оваа година да започнеме. Започнуваме со проектирање на армискиот дом во Скопје, кој што 30 години не е пипнат, целосна реконструкција на домот на АРМ ќе направиме. Започнавме проектирање на хотелот Шар на Попова Шапка, имаме уште еден хотел во Скопје кој бил во хаотична состојба, кој со години не бил пипнат. Направивме нов проект за сите касарни, тоа е реконструкција да можеме да направиме рамковна секаде каде што е потребно, и тоа ќе чини околу половина милион евра, и паралелно секаде каде што има армијата потреба, повеќе компании што ќе бидат избрани, директно да ги вклучуваме на сите објекти, да ги поправаме, односно да ги реконструираме сите овие капацитети што ги имаме како Министерството за одбрана, каде што со години дел од нив не биле пипнати“, вели Мисајловски.Тој исто така изјави дека се работи и на нови капацитети, како и изградба на нов објект во Воената академија„Во секоја една касарна она што е потребно дополнително ќе го направиме како што е одобрување на фазите, односно електрика, имаме проблеми и со водата, и така натака. И таму се прават проекти, како што кажав, повеќе од 10 милиони евра ќе издвоиме директно само за инфраструктурата“, изјави Мисајловски.

Македонија | пред 3 седмици

siljanovska-davkova-arm-1

Мисајловски најави 300 нови војници во Армијата

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Во гостување на Тема на денот на Сител телевизија, тој информираше дека се очекува огласот да биде објавен по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел приемот да започне веќе во пролетниот рок.– Кога ќе стигнат од финансиите сите потребни документи, ќе ги објавиме конкурсите, се надевам веќе во пролетниот рок што доаѓа, што повеќе луѓе да влезат, да се натпреваруваат меѓу себе и да бидат дел од Министерството за одбрана, односно од Армијата, вели Мисајловски.Истакна дека интересот кај младите постои и дека офицерскиот кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Мисајловски додаде дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се создадат услови и за подобрување на статусот и примањата на припадниците на Армијата.– Минатата година, од јануари, сите вработени во Министерството добија 30 отсто зголемување на нивните плати. Кога ќе се зголемува буџетот на Министерството, се разбира дека ќе гледаме и кадарот да биде подобро платен, и тоа можам да го ветам, рече Мисајловски.Министерот, исто така, најави дека набрзо ќе има решение со кое би се задржале војниците кои што ќе наполнат 45 години, за да можат да продолжат да го даваат нивниот придонес во Армијата.– Има иницијативи, што најважно е како да се задржат сите војници што ќе наполнат 45 години. Мислам дека набрзо ќе има решение, со кое ќе бидат сите задоволени, како да ги задржиме сите војници во Армијата, за да можат дополнително да дадат придонес, рече Мисајловски.

Македонија | пред 1 месец

misajlovski-1

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска ќе учествува на состанокот на ниво на министри за одбрана на Северноатлантскиот совет на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел.- Министерот Мисајловски заедно со колегите-министри за одбрана на сојузничките земји, за време на состанокот ќе дискутираат на повеќе теми меѓу кои и инвестициите во одбраната согласно последните одлуки од Самитот во Хаг, исполнување на целите на способност, зацврстувањето на одбраната, придонесот во операциите предводени од НАТО како и за актуелните безбедносни предизвици, информира Министерството за одбрана.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryue6eo9brb2d49qqTqsB

Годинава ќе пристигнат сите 42 борбени возила „Страјкер“, вели Мисајловски

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска ја разгледа информацијата за потребата на доделување на амандаманот број 2 на договорот за техничка поддршка (Amendment 2 to TA 0206-23 050774402). Амандманот се однесува на договорот за набавка на 42 лесни оклопни возила на тркала STRYKER MK‑B‑UCE, склучен помеѓу владите на Република Северна Македонија и на Соединетите Американски Држави.Министерот за одбрана Владо Мисајловски при образложувањето на информацијата истакна дека се работи за технички амандман. Потенцира дека веќе 17 возила се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига.- Се работи за технички аранжман, односно ова е технички амандман бидејќи знаете дека е потпишан договор за 42 борбени возила од типот „Страјкер“ со САД. Оваа година сите стигаат. Веќе 17 се на пристаништето во Грција и треба технички аранжман за да се помине по барање на САД како амандман за инсталација на целата опрема што стига итн. Како краен корисник е Министерството за одбрана и треба да се направи целосна обука. Ова е технички (амандман), како што бараат САД, да се направи аранжман за сите потоа да ги примиме и целосно да останат на Армијата. Нема ништо дополнително, Договорот е во ред. Оваа година сите ќе пристигнат - рече Мисајловски.

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Повикуваме на масовна излезност во втор круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 550 советнички места, вели Мисајловски

„ВМРО-ДПМНЕ покрај огромниот успех на избрани 33 градоначалници уште во првиот круг, има огромен успех на советничките листи со 550 избрани советници во советите на општините и градот Скопје“, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ  и додава:550 советнички места за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 232 за СДС, 153 за ДУИ, 66 за Левица се доказ дека ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од апсолутен победник на овие избори и дека граѓаните јасно покажаа во кој правец сакаат да се движи државата.На овие избори ВМРО-ДПМНЕ освои 12.000 гласови повеќе на советничките листи во однос на локалните избори во 2021 година, а во исто време СДС изгубиле 111.000 гласови на советничките листи во споредба со 2021 година.ВМРО-ДПМНЕ е партија со најмногу советници во 59 општини и градот Скопје, од кои во најголем дел има апсолутно мнозинство во советите.Граѓаните покажаа дека политиките на работа, посветеност и одговорност се политики кои ги преферираат, и политики кои сакаат да продолжат.Граѓаните избраа раст и развој, одговорност и посветеност и чесна работа. Граѓаните избраа вистински луѓе на вистински места.Воедно ги повикувам граѓаните да ја заокружиме оваа огромна победа во вториот круг од локалните избори во општините каде што има втор круг. Да излезат масовно и да ги поддржат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ со заокружување на бројот 9.

Македонија | пред 5 месеци

media-library4qumblctd1offGB7dkC

Мисајловски: Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно и со срце

Владо Мисајловски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати денес на народниот митинг во Шуто Оризари, кој е во рамки на изборната кампања 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мисајловски зборуваше за кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ерџан Демир, и истакна дека тој е човек кој ги разбира потребите на жителите на општина Шуто Оризари и има план како истите да ги реши. Тој додаде дека со помош на Владата, во општината ќе се реализираат многу проекти од различни сфери.,,Да ја изградиме оваа општина како што навистина заслужува, модерна, чиста, безбедна и полна со можности за сите генерации. Време е Шуто Оризари да се исправи гордо. Шуто Оризари е симбол на храброст, заедништво, место до душа, со историја, со огромен потенцијал. Но, време е тој потенцијал конечно да се реализира“, рече Мисајловски.Како што вели тој, жителите на оваа општина заслужуваат локална власт која работи чесно и транспарентно, а дека кандидатот за градоначалник е човек кој обединува.,,Жителите на Шуто Оризари заслужуваат локална власт што ќе работи чесно, транспарентно, и со срце. Не ни требаат празни ветувања, туку конкретни резултати. На Шуто Оризари му е потребен градоначалник кој ги разбира проблемите на граѓаните и има план како да ги реши. Човек кој не дели туку обединува“, кажа Мисајловски.Според него, со поддршка на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Шуто Оризари ќе добие инвестиции, со цел модернизирање на општината и обезбедување подобар живот за граѓаните.,,Шуто Оризари не смее  и нема да биде заборавена општина. Со поддршка на Владата, Шуто Оризари ќе ги добие сите неопходни инвестиции, во  инфраструктурата и во сите јавни услуги“, нагласи Мисајловски.Мисајловски апелираше до граѓаните да излезат на гласање за локалните избори и да ја дадат поддршката за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе биде градоначалник за сите подеднакво.,,На денот на изборите излезете и покажете дека заедно можеме да постигнеме нешто големо. Гласајте за иднината, гласајте за Ерџан Демир, и за новото Шуто Оризари кое ќе покаже вистински потенцијал. Нашиот градоначалник ќе биде градоначалник на сите, на секое семејство, на секое дете, за секоја улица“, заклучи Мисајловски.

Скопје | пред 5 месеци

misajlovski

Мисајловски: Во Бутел во предизборната кампања ветивме проекти, сега тие веќе се реализирани, граѓаните даваат поддршка на Костовски

„Навистина ми е драго да сум повторно тука во Бутел. Еве започнавме нови средби, како потпретседател на партијата, но и како министер за одбрана можам да слушнам различни разговори, различни дискусии“ , вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и додава:„Но, можам да слушнам и многу позитивни коментари и навистина е една убава синергија каде што помеѓу граѓаните се сплотуваат сите за поддршка на Дарко Костовски за старо-нов градоначалник на Општина Бутел.Навистина чест ми е повторно да дојдам тука. Луѓето разговараат и зборуваат постојано дека се изградени преку 200 улици тука во Бутел, дека има неколку нови градинки, дека се преку 20 спортско-рекреативни центри, изградени игралишта на секоја страна. Навистина за поздрав.Не очекуваат еве нови избори, во пресрет на изборите да се видиме и со луѓето што се кандидати за советници, да разговараме директно со граѓаните, разговараме на темите што се важни од централно ниво, да зборуваме за проектите каде што ги има насекаде. Но конкретно тука, во Бутел, навистина драго ми е што масовно сите имаат поддршка кон Дарко, и Дарко ќе победи убедливо.Но, почнуваме на терен да се среќаваме со граѓаните, разговараме на сите теми и мене ми е навистина задоволство и во минатото како носител, да бидам тука во една друга позиција, но еве исто така и се разбира да продолжиме да разговараме.Во минатото многу пати зборувавме што ќе се изгради, а сега може да видиме проекти на дело, може да видиме еве тука пред нас еден преубав проект, што многу го ветуваа, а Дарко го направи целосно. Еден поттик каде што поред оваа река направи една многу убава пешачка патека по река Серава, културно уредена, осветлена и продолжува да ја надградува, тоа е само на едно населено место. Следат многу игралишта, гледате насекаде дека постојано се гради, секоја чест за Дарко. Дарко од Бутел, градоначалник, еден од подобрите градоначалници во целата држава и очекувам најдобар резултат тука и ќе почне победата во Бутел“ , заврши Владо Мисајловски.

Скопје | пред 8 месеци

misajlovski-1

Мисајловски во Турција, средба со министерот Гулер и посета на меѓународниот саем за одбрана - SAHA EXPO 2024

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска и утре ќе ја предводат македонската делегација на 4. меѓународен саем за одбрана - SAHA EXPO 2024, кој се одржува во Истанбул, Турција.За време на посетата на Република Турција, министерот Мисајловски ќе оствари средба со неговиот колега и домаќин министерот за национална одбрана, Јашар Гулер.Денес и утре македонската делегација ќе оствари средби со претставници на турски компании од наменско производство и ќе има можност да се запознае со најновите техничко-технолошки достигнувања на полето за одбраната.

Македонија | пред 1 година

misajlovski-nato-4

Мисајловски: Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности

На денешниот втор ден од состанокот на министри за одбрана на Северно-атлантскиот совет кој се одржува во седиштето на Алијансата во Брисел, Кралството Белгија, се разговараше за достигнувањата, развојот на способностите, логистиката, операциите, капацитетите во однос на Концептот за одвраќање и одбрана на НАТО во рамки на Евроатлантската област.Министерот за одбрана Владо Мисајловски потенцираше дека прагот за Буџетот за одбраната да биде минимум 2% од БДП е приоритет. Македонската влада е решителна во однос на инвестициите за развој и модернизација на одбранбените капацитети и затоа веќе е предложен Буџетот за 2025 година кој ќе обезбеди стабилно финансирање на проектите.„Посветени сме на исполнување на националните и обврските кои произлегуваат од нашето членство во НАТО. Само со стабилно финансирање ќе успееме да ги развиваме одбранбените способности“, заклучи министерот Мисајловски.На маргините на состанокот, денеска заедно со колегите од Романија, Италија, Албанија и Бугарија министерот Мисајловски потпиша Анекс на Писмото на намери за хармонизирање на Коридорот 8, по изразената намера на сојузничка Романија да се вклучи во оваа Иницијатива, која е од особена важност за олеснување на воената мобилност со цел одвраќање и одбрана на источното крило на Алијансата.

Македонија | пред 1 година

misajlovski

Мисајловски и Лафчиски остварија видео врска со тројца наши офицери во Либан: тие се чувствуваат добро

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски утрово остварија видео врска со нашите тројца офицери кои се дел од мисијата на Обединетите нации UNIFIL во Либан.Од страна на нашите офицери беше потврдено се чувствуваат добро, дека моралот меѓу сите припадници во рамки на мисијата е на високо ниво и дека континуирано се извршуваат задачите. Македонските штабни офицери заедно со останатите припадници на армиите од другите земји кои се дел од мисијата UNIFIL, континуирано ја следат безбедносната состојба на јужната граница на Либан, како и безбедносната состојба во целиот регион.Република Северна Македонија активно придонесува во мисијата на ООН во Либан, а во моментов двајца штабни офицери се во рамки на италијанскиот контингент во Шама, Либан, а еден штабен офицер е во Командата на УНИФИЛ во Нагура, Либан.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-06-24-at-08.59.11

(Видео) Владо Мисајловски го презема Министерството за одбрана

Владо Мисајловски ja преземa функцијата министер за одбрана од досегашниот заменик министер за одбрана Тирон Јајага. Ова е прва во низата свечености која ќе се одржи во текот на денешниот ден.Закажани се примо-предавања и на другите министерски функции, како и премиерската во Владата.

Македонија | пред 1 година

Misajlovski-12.06

Мисајловски: Ако со Заев Македонија го допре дното, сега со Ковачевски го проби

Ако со Заев Македонија го допре дното, сега со Ковачевски го проби, вели Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ„Вчера македонската јавност беше сведок на досега невиден меѓународен блам. Вчера видовме како Димитар Ковачевски го надмина Зоран Заев во секој поглед во погазувањето на достоинството и дигнитетот на државата преку срам на јавна меѓународна сцена.Не се само понижувачки зборовите со кои Македонија беше посрамена и навредена на меѓународна средба пред балканските лидери и германскиот канцелар, туку уште повеќе тоа што Ковачевски сето тоа го проследи со недоветно смеење и одобрување.Вчера кога го преставуваа како премиер на идна западна Бугарија, Ковачевски ако имаше грам достоинство ќе реагираше во одбрана на својата држава која ја претставува и за што зема плата од граѓаните, а не уште без врска да се смее и да се радува.Што има за смеење и радување господине Ковачевски?Ако вака понизно и со измеќарски пристап реагирате на јавни омаловажувања и понижувања на Република Македонија, тогаш е јасно дека вие немате кредибилитет и авторитет во меѓународните односи да ги застапувате и штитите македонските национални и државни интереси. Оваа вчерашна сцена само ја соголи вистинската слика за целиот сјај на бедотијата со која се води нашата дипломатија.Очигледно дека тие кои ја негираат и омаловажуваат и се мајтапат на сметка на Македонија се охрабрени затоа што спроти себе имаат политичари без кичма, со измеќарска ментална матрица кои немаат патриотско чувство, туку само болна амбиција и желба за власт.Почитувани,Ова однесување на Ковачевски е срамно и бедно. За ваквото навредување на својата земја тој должи не само извинување туку оставка, како чин на одговорност за срамот кој се нанесе на меѓународна сцена. СДСМ е таа која должи извинување за ова поведение на Ковачевски, но тие решија тоа да го бранат.Со тоа СДСМ решија да ја навредуваат интелигенцијата на своите граѓани. Ова кое што СДСМ се обидува да го направи е да го убедува народот дека тоа што некој го плука е всушност дожд.Доволно се порази, понижувања и погазување на националното достоинство. Доволно се срам и неуспеси со оваа влада. Време е да се каже - премногу е! Време е за протест за промени. Народот на 18-ти јуни јасно и гласно ќе каже доста е за оваа власт на СДСМ и ДУИ, меѓудругото и заради овој срам кој го приреди Ковачевски.Време е за избори и нова достоинствена и просперитетна иднина за Македонија“, додава тој.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања