Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МНТ

media-librarydr8g91i0ct7l0p1rkty

„Автентична енергија и големо срце“ – МНТ во среда ќе му оддаде почит на Кирил Поп Христов

На 18 март (среда) во 11 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар ќе се одржи комеморација во спомен на истакнатиот актер Кирил Поп Христов – Кили.„На комеморацијата, семејството, колегите, пријателите и почитувачите на неговото дело ќе имаат можност да се простат и да му оддадат почит на уметникот, кој со својата силна сценска појава, искреност, духовитост и препознатлив актерски дух остави длабока трага во македонската театарска уметност и култура.Кирил Поп Христов – Кили ќе остане запаметен како актер со автентична енергија, ведар дух и големо срце, како колега кој несебично ја споделуваше љубовта кон театарот.Неговиот уметнички придонес и човечност ќе останат трајно врежани во културната меморија“, врлат од МНТ.

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryflq410hlaef45ZIPaDn

МНТ: Кирил Поп Христов остави значаен белег во македонската култура, вечна му слава

Денес се простуваме од нашиот долгогодишен член на ансамблот - Кирил Поп Христов (1967 – 2026), театарски, филмски и телевизиски актер. Нашиот Кили, велат од Македонскиот народен театар.Дипломирал на на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од 1993 до 2014 година, работи во МНТ, а во 2018 г повторно се враќа на истата сцена, оставајќи значаен белег во институцијата како дел од актерскиот ансамбл. Во текот на богата театарска кариера оствари бројни улоги во претстави на сцената на МНТ. Помеѓу нив се: Дон Хусман во „Свадбата на Фигаро“ (2011), Антинор во „Троил и Кресида“ (2010), Пејач во „Мара/Сад“ (2008), Мик во „Домар“ (2004), Крсто во „Ослободување на Скопје“ (2002), Џиги во „Павилјони“ (1999), Џокер Мори Шербијак во „Бетмен – враќањето на црниот витез“ (1999), Осман бег во „МКС“ (1995), Микољка во „Злосторство и казна“ (1994), Стево во „Бунт во домот за старци“ (1994), Срета во „Народен пратеник“ (1993), Јохансон во „Соната на сеништата“ (1992), Александар Македонски во „Крик“ (1991), Ѓурко во „Зора на истокот“ (1991), Принцот Едвард во „Ричард Трети“ (1990), Петар во „Гнев Божји“ (1990), Илија во „Антица“ (1988), Еди во „Луди за љубов“ (1988), Мишка во „Ревизор“ (1987), Пијанистот во „Баал“ (1987), како и улогите во „Ревизор“ (2006), „Буре барут“ (1994) и „Рави“ (1989). Покрај улогите на театарската сцена, Поп Христов оствари значајна кариера и на филм и телевизија. Се вбројуваат улогите во филмовите „Еј“ (2018), „Скопје Ремиксд“ (2012), „Панкот не е мртов“ (2011), „Самитот на шаманите“ (2006), „Бал-кан-кан“ (2005), „Збогум на дваесетиот век“ (1998), „Преку езерото“ (1997), „Нечиста крв“ (1996), „Македонска сага“ (1993), „Тетовирање“ (1991), како и телевизиските филмови „Марика лета со авион“ (1988) и „Пикасо“ (1987). Учествуваше и во повеќе телевизиски серии, помеѓу кои: „Досие Скопје“ (2000), „Во светот на бајките – Трите светски камења“ (1995), „Македонски приказни – Христос и комарџијата“ (1992), „Трст виа Скопје“ (1990) и „Бумбари“ (1989). Покрај актерската работа, Кирил Поп Христов беше и композитор на филмот „Судијата“ (2002), чиј автор и режисер е Жанета Вангели.Со својата долгогодишна работа на сцената на Македонскиот народен театар и со бројните улоги во театарот, филмот и телевизијата, Кирил Поп Христов остави значаен белег во македонската култура. Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна му слава!

Магазин | пред 2 седмици

media-library4imssnjrbtj86ID4aPt

МНТ со „Кец на десетка“ ќе гостува во Кичево

Со хит претставата „Кец на десетка“, која неодамна јубилејно беше одиграна по 100-ти пат, Македонскиот народен театар ќе гостува во Домот на културата Кичево, на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“ Со изведбата на „Кец на десетка“, на 5 март во 20 часот, свечено ќе биде отворена театарската програма на манифестацијата „Кичево – Град на културата 2026“. Репертоарската претстава на МНТ, која веќе девет години континуирано ја освојува публиката, носи сценска свежина, колективна актерска синергија, препознатлива динамика, духовитост и непосредна комуникација со гледачите. Токму оваа искрена и топла театарска естетика, симболично ќе ја отвори театарската програма на „Кичево – Град на културата 2026“ , манифестација која во текот на годинава најавува реализација на 150 настани – концерти, изложби, фестивали, книжевни средби, филмски и мултимедијални проекти. Со тоа, градот ја степенува важноста на културата пред домашната и регионалната публика. Со гостувањето на „Кец на десетка“, театарската уметност станува првиот гласник на оваа целогодишна прослава на културата и најавува година исполнета со разновидно живо творештво.

Магазин | пред 3 седмици

media-librarygpc9o2npphfqbHHfHEz

„Кец на десетка“ со 100-та изведба во МНТ

Една од најгледаните претстави на камерната сцена на Македонскиот народен театар, комедијата „Кец на десетка“, на 19 февруари, во 20 часот, ќе одбележи значаен јубилеј — 100-та изведба. Девет години по премиерната изведба, претставата и понатаму живее со ист интензитет и сценски ритам, освојувајќи ја публиката одново. Во изминатите години, со безрезервна актерска енергија и посветеност на сцената настапуваат: Александар Микиќ, Тања Кочовска, Нина Деан / Софиа Насевска-Трифуновска и Ивица Димитријевиќ. Секоја изведба создава прецизна, искрена и непосредна комуникација со публиката, која е активен дел од заедничкото доживување. Комичните ситуации и спонтаната комуникација со публиката произлегуваат од вешто обликуваниот текст на Митко Бојаџиски и од колективната режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, кои на претставата ѝ даваат препознатлив печат и автентичен сценски шарм. Овој јубилеј сведочи за тоа дека „Кец на десетка“ е претстава со долготрајна сценска вредност и постојан интерес од публиката.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryfjm33ho73a3lbEr13lo

Финале на роденденската прослава на МНТ со „Од другата страна“ – претстава меѓу лицето и опачината

Заокружувањето на роденденската програма на МНТ е закажано за 4 април, кога ќе биде изведена претставата „Од другата страна“ во продукција на Црногорско народно позориште од Подгорица. Режисер на претставата е Борис Лијешевиќ. Драматургијата е на Стела Мишковиќ и Стефан Бошковиќ. Улогите ги играат: Александар Радуловиќ, Лазар Ѓурѓевиќ, Кристина Обрадовиќ, Зоран Вујовиќ, Нада Вукчевиќ, Тихана Ќулафиќ, Жана Гардашевиќ Булатовиќ, Бранка Оташевиќ, Мирјана Спаиќ, Јован Дабовиќ, Јелена Ненезиќ, Јована Брновиќ, Јелена Миниќ, Горана Драгаѓевиќ, Радмила Божовиќ, Јулија Милачиќ Петровиќ Његош, Анѓела Маруновиќ, Ана Вујошевиќ, Јадранка Мамиќ и Данило Челебиќ. Претставата ги поставува прашањата: „Што ни се случува?“, „Како дојдовме до ова?“, „Каде залутавме?“ и „Како се излегува од ова?“ Војната на клановите одзема десетици млади животи. Коцкарници се отвораат во поранешни библиотеки и културни центри, обложувалници покрај гимназии. Дрогата како состојка од бабината книга со рецепти. Црногорските морнари – синоним за кокаински ланци. Човечкиот живот вреди само онолку колку што може да се наплати. Човекот е во канџите на мафии, босови, дилери и лихвари. Тие стануваат авторитети, идоли и persona grata. Единица мерка за успех во животот е милионот. Се надеваме дека нема да нè закачи залутан куршум или експлозија наменета за кој знае кого. Децата навреме ќе заминат во странство и ќе се извлечат одовде. „„Од другата страна“ е приказна за време во кое Бог е синоним за пари, а молитвата – стекнувањето. За време, кое не избира средства. За исцрпување на должникот до последниот цент. За човек, кој повеќе не го гледа човекот. За човек кој го заборава постоењето. Приказна за време, кое го изгубило лицето и повеќе не прави разлика меѓу лице и опачина.“, вели режисерот Борис Лијешевиќ.Не можеме да ги затвораме очите пред фактот дека организираниот криминал навлезе во секоја клетка на општеството, дека ги разорува семејствата и дека сите ние, свесно или несвесно, станавме запчаници во тој механизам.„Начините на кои човекот e вовлечен во ваков систем се различни, а жртви на тој систем сме сите ние. Не поставуваме прашања за спас, не нудиме одговори, туку едноставно прикажуваме една застрашувачка слика на современото време. Сè додека не собереме сила да ја испиеме „црвената пилула“, не ни преостанува ништо друго освен да живееме во овој матрикс.“, вели драматургот Стела Мишковиќ. Непријателот повеќе не е скриен. Го видовме, го разбиравме, а потоа и го прифативме. Оттогаш се брише границата меѓу паралелните реалности – онаа што ја живееме и онаа за која мислиме дека се одвива далеку од нас.„Низ сите пукнатини на системот, извртената верзија на вредностите си го пронаоѓа патот и станува доминантен водич, кој ја структуира целокупната реалност. Реалноста потоа се претвора во театар, граѓаните во актери и статисти.“, вели драматургот Стефан Бошковиќ. Во чест на првата претстава во Македонскиот народен театар, изведена на 3 април 1945 година, мината година, театарот одбележа 80 години од постоењето. Годинава продолжи одбележувањето на јубилејот и на 81 година од постоењето. Роденденот на МНТ беше одбележан со македонски сценски спектакл, каде беше степенувана важноста на ансамблот на МНТ и претстави од македонски автори, кои оставија достоинствен белег во институцијата. Годинава пак, прославата се надоврза на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.

Магазин | пред 1 месец

media-libraryqpm5c4m907kcdREJDa2

Наследството на Томаж Пандур живее: Наградуваната монодрама „Безгрешна“ на сцената на МНТ

На 3 април, на сцената на Македонскиот народен театар, гостува Драмата при Словенечкото народно гледалиште од Марибор (СНГ) со монодрамата „Безгрешна“ (Immaculata), сценско остварување инспирирано од романот „Маријиниот завет“ на Колм Тојбин и создадено како омаж на големиот и прерано починат режисер Томаж Пандур.Гостувањето е дел од програмата со која МНТ продолжува со одбележувањето на својот јубилеј – 81 година од постоењето, во рамки на роденденската прослава на театарот.Претставата ја раскажува приказната за Марија, востоличена како Мајка Божја, која во оваа сценска адаптација добива уште поинтимна, поблиска и покондензирана форма. Во осаменото мапирање на пејзажите на нејзините исповеди, Марија ја раскажува својата вистина за настаните, кои го променија светот, преиспитувајќи ги сите големи идеи. Токму преку тоа преиспитување, тие идеи остануваат живи, како што сугерира и делото, идеите умираат ако не се доведуваат во прашање. Во улогата на Марија настапува Наташа Матјашец Рошкер, а драматизацијата и адаптацијата се потпишани од Ливија Пандур и Томаж Пандур. Претставата досега има добиено бројни меѓународни признанија, меѓу кои и Наградата за најдобра актерка за Рошкер на фестивалот „Мителфест“ во Чедад, Италија, во 2021 година.„Страсно верувам во моќта на театарот и сите мои дела се архетипови на ритуал“, велеше Томаж Пандур, режисер чиј уметнички опус остави длабока трага во словенечкиот и светскиот театар. Исклучително е тешко, ако не и речиси невозможно, да се заокружи неговата биографија. Пандур до самиот крај остана верен на својот уметнички принцип и препознатлив стил, несебично споделувајќи ги своите визии, соништа, осамености, стравови и ентузијазам со соработниците. Седум години го водеше театарот во Марибор, а од својата прва професионална претстава „Шехерезада“, до последната, „Фауст“, експериментираше со квинтесенцијата на театарскиот материјал, поврзувајќи и деконструирајќи митски, архетипски и трансцендентални пејзажи. Неговата работа беше постојан обид за надминување на формите на реалноста и истражување на односите меѓу човечкото и божественото, живите и мртвите, времето и просторот, конечноста и бесконечноста.„Преку својата глобална визија, Пандур ја артикулираше волјата за остварување на вистината и смислата на животот, каде што, зад тишината, секогаш стојат имагинацијата и убавината“, истакнуваат Ливија Пандур, драматург и театарска авторка и Бранко Јордан, театарски автор и есеист. Во центарот на „Immaculata“ е жената, која историјата ја претворила во слика, догма и инструмент на верата. Марија, мајката на Исус, трага по смисла во раните, кои никогаш не можат да зараснат, обидувајќи се да се сети на зборови, лица и фрагменти поврзани со смртта на нејзиниот син. Преку оваа исповед, претставата ја прикажува Марија како жена од месо и крв, избришана од историјата и злоупотребена од насилната религија, но и како фигура, која со тишина и сомнеж ги отвора најдлабоките прашања за верата, загубата и човечката болка.„Ако олтарот е таму каде што клечиме, тогаш мојот олтар е сцената“, вели Ливија Пандур, која „Immaculata“ ја доживува како длабоко личен и театарски чин, посветен на Томаж Пандур. „Immaculata“ има реализирано значајни меѓународни гостувања, меѓу кои Театро Еспањол во Мадрид (2017), Конхунто де Артес Есценикaс во Гвадалахара, Мексико (2017), Театар А. Ристори во рамки на фестивалот Мителфест во Италија (2020), фестивалот СОЛО во Москва (2021), како и 10. Театарска олимпијада во Будимпешта во 2023 година. Гостувањето на „Immaculata“ во МНТ е дел од роденденската програма на театарот, кој минатата година одбележа 80 години од постоењето од првата изведена претстава на 3 април 1945 година. Годинава, прославата се надоврзува на таа традиција, со ново проширување — рецентни меѓународни гостувања и настапи на светски познати уметници, како сведоштво за континуитетот и современата визија на театарот.Билетите за претставата се во продажба онлајн и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 1 месец

media-librarymqij4mhs40o6dlNUzbY

Александар Поповски со мариборскиот „Амадеус“ гостува во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар на 1 април, во рамките на роденденското одбележување 81 година МНТ, ќе гостува Словенечко народно гледалиште од Марибор со претставата „Амадеус“ од наградуваниот Питер Шафер и во режија на меѓународно признаениот македонски режисер Александар Поповски.Претставата е псевдобиографска комична драма за еден од најславните композитори на сите времиња, напишана од англискиот драматург, сценарист и романописец, добитник на многубројни престижни награди. Најпознатата драма на Шафер, „Амадеус“, првпат била изведена во 1979 година, а светска слава стекнала благодарение на истоимениот филм на Милош Форман (1984). Во своето најпознато дело, Шафер ги сумира историските околности и создава прецизни психолошки профили на протагонистите. Драмата е напишана во стилот на ретроспективна драматургија, што овозможува широки епски режисерски решенија и бројни можности за врвни актерски остварувања.„Амадеус“ се темели на митот за животот и меѓусебното ривалство на композиторите Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери. Шафер црпи инспирација од кратката драма на Александар Пушкин „Моцарт и Салиери“ од 1830 година.Во претставата играат: Алеш Валич, Жан Копривник, Јулија Клавжар, Давор Херга, Матија Стипанич, Матевж Бибер, Катарина Барбара Крњак, Софиа Тики, Тина Ројко, Ева Млакар Поштрак и Борис Каваца – глас.Нашиот Александар Поповски, покрај тоа што ја потпишува режијата на гостинската претстава „Амадеус“ е и уметнички директор на мариборската Драма.За Поповски, фасцинантна е врската меѓу уметноста и семоќниот создавач на световите. „Тоа на некој начин го потврдува феноменот Моцарт, кој својата музика ја транскрибирал – без преписи, без корекции. Она што го слушнал во својата глава го преливал на хартија. Барем така го замислил Шафер генијалниот Моцарт, иако тоа не е чиста вистина, лично за мене, божественото инспирирање, кое го добива уметникот е многу значајно. И верувам во него. Во мојот живот музиката отсекогаш имала посебно место. Меѓу сите уметности, таа е несомнено највозвишена, бидејќи само преку еден сигнал, нота или тон, отвора други светови. Во музиката нотата е или точна или погрешна. Нема средина. Интересен ми е моментот во драмата кога Салиери сфаќа дека преку музиката на Моцарт го слуша Божјиот глас. Со страв сфаќа дека Бог има друг избраник и му се спротивставува.“, вели македонскиот режисер Поповски. Во креативниот тим се потпишуваат: Вања Магиќ – сценограф, Марита Ќопо и Миа Поповска – костимографи и Росана Хрибар – кореограф. Билетите се пуштени во продажба онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 1 месец

media-library0a5i8iogrv8231QY641

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ ќе ја одигра претставата „Црнила“ на сцената во МНТ

На 21 февруари, во 20 часот, во Македонскиот народен театар ќе гостува претставата „Црнила“, во продукција на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, во режија на Дејан Пројковски. „Црнила“ е психолошко-политичка драма, која ја разоткрива кревкоста на човековата етика во затворен систем на заговори и идеолошка дисциплина. Во фокусот е ерозијата на индивидуалната совест под притисок на колективниот мит. Наместо херојство, пред публиката се разоткрива човечката слабост, но и она што останува од човекот кога идеологијата ќе го проголта.Вистинските „црнила“ не се историски, туку антрополошки — тие се појавуваат таму каде што човекот ја губи способноста за сопствено мислење и морален избор.Во претставата играат: Како Неда, Сара Спиркоска, во улогата на Иван, Бобан Алексоски, Катерија Чакмакоска-Клинческа како Милка, Александар Степанулески како Луков, Христов го игра Александар Тодески, ликот на Фезлиев е Димитар Ѓорѓиевски, како Методи, Михајло Миленкоски, Младичот е Илија Волчески, како и децата Иво Ачански, Ангелина Тодеска, Давид Кочоски и Ива Малинческа. Билетите за изведбата веќе се пуштени во продажба и се достапни онлајн, како и на билетарницата во МНТ.

Магазин | пред 1 месец

12

Претставата „12“ вечерва на Охридско лето

Во рамките на драмската програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, на 17 јули со почеток во 21:00 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „12“, по мотиви од драмата „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов.„12“ е моќна приказна за група луѓе – дванаесет поротници – кои носат одлука за судбината на еден млад човек обвинет за убиство. Делото го истражува судирот меѓу предрасудите, моралот, правдата и човечката совест. Во затворена просторија, дванаесетмина од различни општествени слоеви, со различни погледи и ставови, се соочуваат меѓусебно, но и со самите себе, додека се обидуваат да донесат правична пресуда.Иако на почетокот сите се убедени во вината на обвинетиот, еден поротник почнува да се сомнева во докажаното. Оттаму започнува интензивна и длабока дебата, низ која постепено се разголуваат личните уверувања, стереотипите и стравовите на секој од нив. Просторот на поротничката соба прераснува во микрокосмос на македонското општество, каде што се препознаваат пошироките општествени предрасуди и конфликти.Претставата „12“ премиерно беше изведена во ноември 2024 година и оттогаш гостувала на повеќе фестивали во земјата и во странство. Освои повеќе значајни признанија, меѓу кои: награда за најдобра претстава, награда за најдобро уметничко остварување во целина, специјална награда за колективна игра, како и награда за најдобра епизодна машка улога за актерот Оливер Митковски.Во претставата играат врвни актери, кои ја освоија и домашната и меѓународната публика: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев.Фестивалот „Охридско лето“ се одржува од 12 јули до 20 август 2025 година.

Охрид | пред 8 месеци

Screenshot-2025-05-26-at-12.52.12

Последен поклон за актерката Соња Каранџуловска, лик што ќе живее низ сите улоги

Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина актерката Соња Каранџуловска (1948 - 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.„На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонски народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година,. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.Покрај во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“. Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна и слава!“, велат од Македонски народен театар.

Македонија | пред 10 месеци

viber_image_2025-04-15_19-15-39-559

Ред солзи, ред аплауз на вчерашната изведба на „Бог на колежот“, каде во публика беа гимназијалци од Кочани

Ред солзи, ред аплауз. Вака изгледаше атмосферата на претставата „Бог на колежот“ во МНТ, чија публика беа гимназијалци од Кочани, градот кој е завиен во црно. Тие купија 250 карти за да ја гледаат претставата на 19 март, но по трагедијата, изведбата се откажа. Режисерката на претставата, Весна Петрушевска, фотографиите ги објави на социјалните мрежи.„Беше убаво, емотивно, нешто што не се опишува со зборови. Директорот на МНТ, Никола Кимовски е дел од оваа приказна и на чело на оваа приказна. Ние како МНТ, како глумци, професионалци ја прифативме приказната. Благој Веселинов и Наталија Теодосиевa се од Кочани, играат и Дарија Ризова и Ѓорѓи Јолевски.“, рече Петрушевска, режисер на претставата.На крајот од претставата, тинејџерот Максим Арсов кој бил во публиката запеал, а актерите и публиката имаа простор да се запознаат и разговараат. Оваа изведба на „Бог на колежот“ ја обележаа и транспарентите на кои пишуваше „Благодариме МНТ“ и „Кочани“.

Магазин | пред 11 месец

kocev-sas

Се огласи и Коцев: Поради болест на актер откажана изведбата на „Не се клади на Енглези“

Поради лошата здравствена состојба на актер, откажана е изведбата на претставата „Не се клади на Енглези“, закажана за вечерва.„Средствата од купените билети ќе ви бидат рефундирани. Онлајн купените билети ќе бидат вратени системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот. Ви благодариме на разбирањето“, објави МНТ.Се огласи и Сашко Коцев.„Големо извинување до публиката од колегата и од МНТ“, напиша тој.[caption id="attachment_323378" align="alignnone" width="680"] Screenshot[/caption]

Магазин | пред 1 година

logo-80-godini-MNTcolor-01

80 години Македонски народен театар

Македонскиот народен театар, најстарата национална професионална театарска институција и темелот на културата на Македонија, ја испишува сопствената историја, а од 31 јануари 2025 година и достојно ќе го одбележи јубилејот - 80 години.Чуварот на културните и традиционалните вредности низ годините преку репертоарската програма го чува и го негува театарскиот јазик и идентитет. По формирањето и натамошното постоење, поминува низ разни периоди: создавање и негување на ансамблот и на публиката, на творци кои ќе учествуваат во обликувањето на претставите, одржување на репертоарот и гостувања во и од светот. Создава место на европската и светската мапа преку поставување дела од севкупната класична и современа драматургија, но и преку постојано ангажирање на светски реномирани режисери.МНТ се стреми кон ширење на театарската уметност во јавноста, пред сѐ насочена кон публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење, како и приближување до младината за активно размислување на темата култура и театар.Во име на јубилејот, нашиот долгогодишен соработник, Зоран Кардула, направи голема чест за најголемата театарска куќа во нашата земја и со неговиот препознатлив дизајнерски печат, го создаде логото „80 години Македонски народен театар“.Сите ние и секоја следна генерација, сонуваме, мечтаеме кон патувањето и создавањето на нови креативни светови.

Магазин | пред 1 година

naroden-pratenik-citacka-proba-1

Прва читачка проба на претставата „Народен пратеник“

Првата читачка проба на претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во адаптација и режија на Егон Савин започна денес, а асистент на режија е Шенај Мандак.Во претставата играат: Александар Микиќ, Дарја Ризова, Тони Михајловски, Јордан Симонов и Тања Кочовска. Како сценограф се потпишува Весна Поповиќ, костимограф е Роза Трајческа - Ристовска, а преводот е на Загорка Поп-Антоска Андовска.Овој „Народен пратеник“ е трета постановка на познатата драма на Бранислав Нушиќ. Првата постановка премиерно е изведена на 8 мај 1945 година, во режија на Тодор Николовски, и таа е втората поставена драма на сцената на МНТ. Поставена е уште еднаш - 24 април 1993 година, во режија на Димитрие Османли. Таа е една од најпосетените и најдолговечни претстави: се игра до 2008 година, со вкупно 188 изведби.Режисерот Савин и авторот Нушиќ се неминовен и неизоставен дел од МНТ. Егон Савин се враќа во МНТ по подолг период – ова е негова трета претстава во театарот, претходно ги има поставено „Злосторство и казна“ (1994) и „Лаж и паралаж“ (1996). Бранислав Нушиќ, пак, е еден од најпоставуваните автори на сцената на МНТ. Во 80 години постоење, од 1945 година до денес, поставени се осум негови дела со вкупно шеснаесет постановки од повеќе режисери и во различни верзии.

Магазин | пред 1 година

BeliNokji_mnt_4

МНТ со претставата „Бели ноќи“ ќе учествува во одбележувањето на 80- годишнината на Народен театар, Битола

НУ Народен театар, Битола оваа година ја одбележува 80-годишнината од неговото формирање. Македонскиот народен театар на 7 ноември во чест на одбележувањето на овој голем јубилеј ќе ја одигра претставата „Бели ноќи“ според делото на Ф. М. Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.Во овој копродукциски проект играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.Претстава „Бели ноќи“ својата премиера ја имаше на 17 октомври на малата сцена во МНТ и наиде на многу позитивни коментари од страна на публиката. Следните изведби во МНТ, на оваа љубовна драма, се закажани на 15 и 28 ноември со почеток во 20:00 часот, а билетите се веќе пуштени во продажба.

Магазин | пред 1 година

NNeprijatel-2_38

Македонскиот народен театар на III Балкански театарски фестивал во Благоевград 

По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во БиХ, Македонскиот народен театар повторно со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на III Балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.Оваа година драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград ги селектираше најдобрите претстави од Балканот, меѓу кои е и нашата претстава „Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.Претставата ќе се одигра на 5 ноември, а програмата од 1 до 7 ноември оваа есен е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од: Романија, Србија, Бугарија и Словенија.Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград и има сериозни предуслови да стане водечки меѓународен културен форум на Балканот. Традиционално, фестивалот вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.

Магазин | пред 1 година

IMG-298f83fef6eefb0e199a51faf798dbae-V

Започна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“

Започна првата читачка проба на претставата „Замисли нов свет“ - колаж од делата на Горан Стефановски, во режија на Нела Витошевиќ, а по драматизација на Ана Ристоска-Трпеноска. Во претставата играат: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.Во креативниот дел се потпишуваат: композиторот Огнен Анастасовски, сценографот Костантин Трпеноски, костимографката Роза Трајчевска-Ристоска. Ова е шестиот проект по започнувањето на новата театарска сезона, овојпат со продукција „Сектор филм“ во копродукција со Македонскиот народен театар, а продуценти се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска.

Магазин | пред 1 година

bog-na-kolezot-probi-3

Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“

Започнаа читачките проби на претставата „Бог на колежот“ (копродукциски проект) - по текст на светски познатата француска авторка, Јасмина Реза, а во режија на Весна Петрушевска.Станува збор за еден од најпоставуваните текстови на Реза, напишан во 2006 година, за кој добива и многубројни награди.Режисерката Петрушевска го одбира овој текст на оваа брутално црна комедија, која безмилосно ја разобличува современата елита, притоа користејќи иронија и сарказам за да предупреди на дволичноста на човечката природа.Текстот изобилува со брилијантни дијалози и извонредна веродостојност на ликовите на два брачни пара кои ги играат: Ѓорѓи Јолевски, Дарја Ризова, Симеон Мони Дамевски, Наталија Теодосиевa, а кавгата меѓу двете момчиња е причината родителите да ја преземат контролата врз нивните односи.Односите стануваат сè понапнати, ситуацијата ескалира и се претвора во меѓусебни обвинувања и општо пресметување во се поголеми размери. Паровите водат психолошка војна, а на виделина излегуваат и долго скриените несогласувања во двата брака.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2024-10-18-125152

МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ на 21 октомври ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“, БиХ.Според селекторот на фестивалот, Горан Дамјанац, кој во изминатиот период имал можност да изгледа повеќе претстави, но по изборот на продукциите, решава оваа година селекцијата да биде насочена кон поединечни, големи мајстори на театарската уметност. Тој вели дека театарот е колективна уметност, ефемерна магија која пркоси на сѐ. Да се биде уметник во ова време е да не се гледа во часовникот, да се негува својот талент. Тој е подготвен да им даде поттик на своите помлади колеги.Во претставата од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.

Магазин | пред 1 година

BeliNokji_mnt_23

Премиера на претставата „Бели ноќи

Во Македонскиот народен театар на 17 октомври со почеток во 20:00 часот ќе се оддржи премиерата на претставата „Бели ноќи “ според делото на Ф.М.Достоевски, а во адаптација и режија на Звездана Ангеловска.Во оваа копродукција играат: Ана Јовановска и Дамјан Цветановски. Како сценограф се потпишува Мартин Манев, костимограф е Роза Трјческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак.Првата реприза е закажана на 18 октомври, а билетите се веќе пуштени во продажба.

Магазин | пред 1 година

image-184706

Никола Кимовски е новиот директор на МНТ

Согласно решението од Министерството за култура на РСМ, од 10 јули 2024 г., а потпишано од страна на министерот за култура на РСМ, Зоран Љутков, за в.д директор на РСМ НУ Македонски народен театар е назначен Никола Кимовски.Имено, Симона Угриновска поднесе оставка од функцијата директор на РСМ МНТ, која ја извршуваше од 2018 година.Функцијата вршител на должност на Македонскиот народен театар ќе се изврши денеска.

Магазин | пред 1 година

Screenshot-2022-09-20-113935

МНТ со „Последната лента на Крап“ на 19. ИФАД „Стоби“

Вечерва со почеток во 19:00 часот на сцената на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес, во офф-програмата на ИФАД „Стоби“, членот на жири-комисијата, Ѓорѓи Јолевски, ќе настапи со монодрамата „Последната лента на Крап“.Оваа година, 19. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, се одржува од 17 септември до 1 октомври, а покрај официјалната натпреварувачка програма, вклучена е и придружна офф-програма.Монодрамата „Последната лента на Крап“, во изведба и режија на Ѓорѓи Јолевски, изминатиот период гостуваше и на јубилејните 30. денови на Св. Кирил и Методиј, во Македонскиот културен центар во Крањ, Р Словенија, како и на фестивалот на монодрамата „Гавран фест“ во Загреб, Р Хрватска.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-09-02-at-10.51.10

(Шок фото) Скапува МНТ сосе темели, новата зграда е ќар до колена зијан до рамења

Мери Георгиевска, доктор на науки по менаџмент и репутација на јавните културни институции и академски графичар, прашува: „Кому му пречи функционален МНТ“. Таа вели: „МНТ е одамна поплавен. МНТ одамна нема кров“.Нејзиниот став по откако по последното невреме одново прокисна МНТ, во целост:Да почнам со вистината, се надевам и ќе завршам со вистината.Кога се гради едно здание какво што е МНТ, би требало да се тргне пред сè од општествената одговорност и одржливоста или која би била самоодржливоста за развојот на таквата установа.Не смеат да се изостават или заборават економскиот дел, еколошкиот и општествениот.Со цел оваа национална установа да ужива почит и доверба и понатаму, неопходно е да се појде од точката за разбирањето на поимот театар.Театарот е сложен жив организам, кој не подразбира само менаџмент и лидерство, туку тоа е жив организам кој дише преку живите актери на сцената, кои се во совршена „етичко- љубовна“ или дури интимна релација со петтиот елемент или чинител на театарот – публиката. Првите четири би биле – менаџмент, сценска техника, администрација, и актерите или супер живата материја заедно со креативниот потенцијал од уметници, дизајнери и сл. Сакам само да го упатам обичниот читател, дека Театарот не е банка, ниту пошта, ниту суд, ниту некаква административна компанија, ами жив организам. За време на една театарска претстава чукаат срцата на актерите заедно со публиката и уште на дваесеттмина други учесници зад сцената, без кои што овие срца не би чукале. Ланец од должности, начела, императив на доверба и интегритет.Прашањето ми беше кому му пречи МНТ интегриран, каков што го имавме во стариот МНТ, на смрдените теписони, старите ходници, старото бифе, но ходници во кои артистите креираа, бифе во кое што седеа актери, големи режисерски имиња, писатели, техника, бифето како насушна станица, или појдовна станица од каде се креира една театарска претстава. Со векови и децении наназад, во театарските бифеа се создавале најголемите идеи за последователно да се намине до канцеларијата на директорот да се одобрат финансии и да се отелотвори преку читачките проби па сè до мизансценот и премиерата. Кој го држи клучот од бифето на МНТ? Повелете истражувачки новинари тема на истражување ! Но тогаш, во 2011та се појави нов тим од директори, поставен од тогашната власт, кои замислете, прво што направија си ги реновираа/искречија нивните канцеларии, си купија нов мебел. А актерите бе дечки? Што ќе правевте без нив? Кај нив смрдеше, тоалетите беа како во хорор филм ! Пред 10 години, уште додека се градеше зградата на МНТ, многумина од нас бевме сведоци дека немаше проектирано врата за на сцена. Тука, ние кои сме со години по сцените барем на Балканот, се вчудоневидовме од тој пропуст. Тоа е како да градите тоалет, а да не оставите дупка за тоалетна шоља.Замислете, не можете на сцена да внесете нити сценографија нити ништо. Лесна му земја на архитектот. Но имаше други кои го знаеа тоа.Каде и кои беа надзорите?Па врвни архитекти кои граделе со векови наназад познати театри ликум на МНТ новиот, знаеле што е најпотребното нешто. Од Иван Зајц во Ријека, Иван Вазов во соседна Бугарија, Народно Позориште во Белград, Србија, Сараево, Загреб....Љубљана....Австрија....Така со наша сугестија се отвори и вратата за на сцена.Во меѓувреме, се изјаснив што мислам за Новата зграда со следниот статус, се цитирам самата себеси:„Уметноста ја создаваат уметниците, а не зградите !! Од каде и од кога неопходноста на уметникот да влезе во нова зграда за да твори??Уметноста што мириса на убаво може да произлезе и од најголемата „дупка“, но уметноста што смрди може да стане опасност од загада и во најмодерното архитектонско здание !!Драги колеги, ова е уцена. Уметноста не трпи уцени.„Ars est celare artem”. [True art is to conceal art]Нема да штрајкувам од причина што можам да создавам уметност на било кое место и под било кои услови, а најважно без уцени. Зградата која се гради за мојата матична куќа ќе ја доживеам како најубав подарок, никако како нужност за уметничка егзистенција.Ви благодарам,Мери Георгиевска, 21/12/2012, СкопјеПосле ова имав милион притисоци и проблеми, ми беше запретено јавно, после што бев многу суптилно казнета, да немам столче, да стојам, или барем закачалка, на која ќе си ја оставам чантата и палтото за 200 пати да трчам на сцена, кога режисерот ќе го повика моето име, односно мојата должност.Неважно за мене. Факт е дека МНТ не е изграден со цел - функција, туку некаква фикција за театар. Цената што ја плати МНТ беше нечија голема добивка. Ние како вработени живееме односно дишеме или твориме во новиот објект од 2013/2014. Сето тоа под голем притисок од таборите кои припаѓаат на двете најголеми политички партии. Време е да се проговори дека конечно дојде време за промени. Кога вработениот ќе се најде во ситуација да е запознаен со некои сериозни неправилности и факти за нечесно работење, единствена опција е оние кои нечесно работеле или располагале со финансии од државата и кои истите ги пренамениле за нивни приватни цели, да бидат пријавени.Со почит и голем исклучок на нашата директорка која екстремно етички го води МНТ, која обединува, и која не е воопшто виновна што зградата или зданието пропаѓа. Коренот лежи на друго место, како што пишав погоре. Коренот е во сепса. Смрди.Новата зграда МНТ е ќар до колена зијан до рамења. Ние не сме ни Австрија, ни Германија, ниту имаме капацитет да ги одржуваме илјадниците сијалици кои што се проектирани да го осветлат внатрешниот дел како и екстериерот на МНТ. Ние сме бедна држава, и како што тргнал светот, ќе бидеме сè помалку моќни да се нахраниме, камо ли да одржуваме греење, луксузни лустери, климатизација. Темелите скапуваат. Се поплавува нон стоп. А кровот е целиот со дупки. Да ти е срам од публиката која дошла да види убавина, да се спои со актерите, кои најверојатно се растргнати во страв од тоа дека ќе им падне нешто над глава додека го играат Ибзен или Шекспир. Во меѓувреме се слуша дека од МНТ се искрадени огромни суми на пари од сега минати луѓе, кои истите го држат под клуч единственото место каде треба да се седне, да се напиеме кафе и да разговараме за следните проекти, а тоа е бифето на Новиот народен театар. Не да се опијаниме (барем сите сите знаат дека јас лично пијам само вода), туку да се опијаниме во една нептуновска креација, да создадеме „илузија“, магија, за следната публика која нема да купи леб, но ќе купи билет да ги гледа нашите супер актери, супермени кои гинат за театарот да го одржат во живот. Јас не сум архитект, немам решение за опстанокот на зградата, и не можам да дадам. За тоа има надлежни.Но за начинот на кој се функционираше во минатото, треба и истражувачки новинари, кои ќе го отворат прашањето за големиот грабеж извршен врз МНТ. Имам предлог, доколку постојат такви сомненија и докази за истите, прво да се пристапи непосредно до раководителот. Да се изнесе случајот пред следното повисоко ниво на раководство.Да се исконтактира лицето задолжено за етички прашања (или Етичка комисија) во самата организација – Национална Установа Македонски Народен Театар, и, да се размисли и да се пријави случајот во некоја друга командна линија, не онаа на непосредно претпоставените. Едно вакво здание е на ниво на Миниcтерство и како такво, мора да е во постојан дослух со Министерството за Култура на РМ, на било која власт во Македонија.Здравата и позитивна корпоративна култура на во случајов МНТ и Министерството за Култура на РМ, сигурна сум дека каскадно ќе ја зголеми продуктивноста на театарот, заедно со степенот на одржување на квалитетен кадар, односно спречување на одливот на истиот. Ова од своја страна ќе носи и други финансиски придобивки за организацијата наречена Театар, повисоката продуктивност ја подобрува ефикасноста, додека грижата и задржувањето на квалитетниот кадар, ќе ги намали трошоците за обнова на кадарот, како што се - обуки, намалена продуктивност за времето на прилагодување, учење на новиот кадар, нивна одговорност, и сл.) И секако да се поседува инстинкт за природна оценка, на кој актер му треба малку одмор, а на кој му треба враќање на даските кои значат живот.Истовремено, на другите вработени да им се обезбеди столица, и место каде ќе ги остават палтата за слободно да функционираат низ театарот, зошто примаат таму плата, и да не се чувствуваат отфрлени заради политичка припадност или неприпадност. Истовремено да се обезбеди ефективен систем за ислушување на негодувањата на вработените, зошто секогаш ги има многу, и тоа е нормално, кога зборуваме за установа од т.н. жив организам, со различно работно време од сите други установи. Молам да се преземе сериозен чекор за обнова на МНТ. Зошто како тргнало, зградана ќе падне. А со тоа ќе останат на улица бескрајно многу вработени.

Коментари | пред 3 години

Slobodan-Unkovski

Унковски се враќа во МНТ со „Сите сме птици“

Со особена радост ја објавуваме веста за нови креативни почетоци и првата читачка проба на претставата „Сите сме птици“, по текстот на либанско-канадскиот автор, Важди Муавад, а во режија на нашиот ценет Слободан Унковски, информираатод МНТ.„Најновиот проект и соработка со Унковски сите го очекувавме веќе подолг период, кој по девет години од последната негова претстава, повторно режира во МНТ. Ја поставува оваа моќна современа драма која спојува повеќе јазици и различни светови на искуства, притоа го истражува и идентитетот за тоа кои сме - или мислиме дека сме.Во драмата на уникатниот и современ автор Муавад, додека во светот се случува израелско-палестинскиот конфликт и нападите, едно семејство е во теснец и е принудено да се соочи со сѐ она што го знаат за својот идентитет. Терористички напад во Ерусалим го става во кома младиот израелско-германски генетски истражувач Еитан, додека неговата мароканска девојка Вахида е оставена да ја открие неговата семејна тајна...Во претставата ќе игра веќе докажана актерска екипа: Емил Рубен, Звездана Ангеловска, Никола Ристановски, Николина Кујача, Дамјан Цветановски, Тина Трпкоска, Петре Арсовски, Сара Климоска и други.Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска. Унковски во изминатите децении на сцената на Македонскиот народен театар ги постави претставите кои уште долго ќе се паметат: „Јунона и паунот“ (1971), „Среќна нова '49“ (1985), „Ништо без Трифолио“ (1986), „Гнев божји“ (1990), „Црнила 005“ (2005) и „Изгубени германци“ (2013). Премиерата на претставата „Сите сме птици“ се очекува со почетокот на новата театарска сезона“, се вели во соопштението.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања