Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МРТВ

media-library2lufctii90kp2bFVJ21

(Видео) Детски настап со симболи од „голема Албанија“ на МРТВ2

Песна насловена „Trojet shqiptare“ („Албански територии/земји“) беше емитувана на Македонската радио-телевизија, на вториот канал, во рамки на детски фестивал, предизвикувајќи реакции во јавноста поради содржината во сооднос со визуелните елементи на настапот. Ова е емитувано вчера (28 март) околу 11 часот утрото.Изведувач на песната е 13-годишно девојче, кое за време на настапот носи маица со мапа што во јавноста се поврзува со концептот на т.н. „голема Албанија“, што дополнително ја засили дебатата околу пораките што се пренесуваат преку јавниот сервис.Во текстот на песната се пеат стихови: „Летај, летај, Албанијо, летај, знамето наше се издигнува над земјата“, по што следува порака за обединување: „Ќе дојде ден кога сите ќе бидеме заедно, зашто сме еден народ, еден сон, една цел“. Песната завршува со мотиви за слобода и опстојување, со порака дека народот ќе живее слободно.Визуелниот дел со мапата на т.н. Голема Албанија, која опфаќа делови од Македонија, Србија, Грција и Црна Гора, предизвика особени реакции бидејќи ова е емитувано на државната телевизија на Македонија. Емитувањето на ваков настап на јавен сервис ја отвори дилемата за границата меѓу културен израз и политичка симболика, особено кога станува збор за програма во која учествуваат деца.

Настани | пред 1 ден

media-libraryha2bjpa1htq94iS8kgd

Филипче: Партизација на МРТВ преку партиски директор ќе биде нов удар врз демократијата

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешниот брифинг со новинари, предупреди дека новиот оглас за избор на директор на Македонската радио телевизија отвора сериозен ризик од партизација на јавниот сервис, доколку на функцијата биде избрано лице без соодветни професионални квалификации, но близок до власта. Филипче посочи дека тоа би претставувало нов удар врз демократијата и независното информирање.„Во тек е оглас за избор на нов директор на МРТВ. Имајќи предвид дека се погласни се шпекулациите дека за тоа место власта планира да поддржи човек кој што нема професионални квалификации, туку е само близок лично до премиерот и до некои други центри на моќ на владејачката партија, сметам дека е огромен ризик да после бруталната партизација на судството и прилично млитавата Државна комисија спречување на корупција, еден од столбовите на демократијата тоа е националниот сервис кој што треба да биде гаранција за независно објективно информирање на граѓаните,  биде препуштен на партиски кадар или човек близок до луѓето на власта“, рече Филипче.На брифингот Филипче упати апел до сите релевантните домашни и меѓународни чинители внимателно да го следат процесот на избор на нов директор на Македонската радио телевизија.„Апелирам до професионалните здруженија синдикатите на новинари, ЗНМ, будно да го пратат овој процес. Не смееме да дозволиме партизација на овој столб на демократијата во државата. Апелирам до меѓународните организации, канцеларијата на Европската Унија, исто така будно да го пратат овој процес“, нагласи Филипче.

Македонија | пред 3 дена

media-library7ren2uqmp54ccpSe1Yw

МРТВ вчера распиша конкурс за ново раководство, а веќе денес кружат имиња на потенцијалните нови директори

Македонската радио-телевизија (МРТВ) го распиша конкурсот за избор на нов генерален директор и заменик директор, со што започнува процесот за избор на ново раководство по повеќе од една деценија, откако Марјан Цветковски 15 години беше на директорската позиција, а Захарија Вулгаракис на функцијата заменик директор.Конкурсот доаѓа со задоцнување, иако требаше да биде објавен пред неколку месеци, а неговото пролонгирање, меѓу другото, беше поврзано и со изборот на новиот Програмски совет на МРТ.Сега следува фазата на пријавување кандидати, при што условите се релативно општи: кандидатот да има завршено високо образование, да достави програма за работа, да поседува искуство во области како новинарство, информатика, право, култура или економија, како и најмалку четири години раководно искуство.Иако конкурсот штотуку е распишан, во јавноста веќе се споменуваат две имиња како „сигурни“. За директорската позиција неофицијално се посочува Зоран Ристевски, кој не е познат во медиумската фела, додека за заменик директор се споменува Џулијани Шабани, за кого дел од медиумите на албански јазик наведуваат дека доаѓа од редовите на „Влен“. Според тие информации, Шабани е видео-монтажер и графичар со искуство и во маркетинг. За Ристевски нема повеќе достапни јавни информации до кои можевме да дојдеме во овој момент. Овие информации засега не се официјално потврдени.На темата избор на директор на МРТВ, „Скопје1“ уште пред речиси една година побара став од повеќе јавни личности чии имиња тогаш се споменуваа во јавноста, но дел од нив тогаш негираа дека имаат амбиции, други воопшто не биле запознаени со конкурсот за директор.Новинарот Борјан Јовановски тогаш изјави: „Јас лично и понатаму сметам дека јавниот тв сервис е единствената медиумска платформа која на општество може да му ја донесе неопходната медиумска писменост. За продукцијата на МТВ работев серијал репортажи за улогата и значењето на јавните ТВ сервиси во шест земји во Европа. Во сите шест ситуации станува збор за јавни сервиси кои се исклучително ценети во тамошната јавност како информативни и едукативни институции. Се надевам истите ќе бидат емитувани наскоро на МТВ. Како новинар, но и син на татко и мајка кои своите кариери ги завршија на МТВ, од срце посакувам МРТВ да го ужива угледот на јавните сервиси кои го посетив. Лично сметам дека моите новинарски перформанси би можеле да се реализираат единствено во рамките на еден високо квалитетен јавен тв сервис, но лично ниту сум имал ниту имам амбиција за било каква раководна функција во МРТВ“.Во истиот период, новинарката Лупевска изјави: „Освен румори ништо друго немам чуено на оваа тема“.Пејачката Бојана Скендеровски тогаш посочи: „Немам амбиции за директорска позиција и нема да аплицирам на конкурсот“.Ивона Талевска тогаш изјави: „Сѐ уште размислувам“.Режисерот и директор на Алфа ТВ, Јани Бојаџи, пак, одговори: „Јас сум бил извршен продуцент на Канал 5 национална телевизија во нејзините најуспешни четири продукциски години, впрочем моето име е сѐ уште на сите кредити на продукциите таму. Веќе шеста година сум главен извршен директор на Алфа национална телевизија која во овој момент има двојно поголем рејтинг од МРТ. Моите лични амбиции секогаш се насочени кон поголеми достигнувања од тие што сум ги остварил. Ти благодарам за интересот за моите професионални ангажмани“.Конкурсот за избор на директор и заменик директор на МРТВ ќе трае 15 работни дена.

Македонија | пред 5 дена

media-library366ul2cdlrhuf419AKk

МРТ: Падот на емитувањето на Дневник е поради технички проблем, можно и хакерско влијание

Сериозен технички проблем бил причината поради која Македонската радио-телевизија (МРТ) вчера не ги емитувала редовните телевизиски дневници во 17:00, 19:30 и 22:30 часот, соопштија од јавниот сервис.„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечки сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија“, се наведува во официјалното соопштение од МРТ.Од телевизијата додаваат дека во истрагата и расветлувањето на настанот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции, а во меѓувреме се преземаат мерки за стабилизирање на системот и нормализирање на емитувањето.Јавниот сервис им се извини на гледачите поради прекинот во програмата и неможноста да ги следат централните информативни изданија, нагласувајќи дека МРТ ќе продолжи да известува навремено, објективно и во интерес на јавноста.

Македонија | пред 5 месеци

media-library366ul2cdlrhuf419AKk

Паднал цел систем на МРТВ, вчера не се емитувал ниту централниот ТВ -дневник

Македонската радио телевизија вчера поради технички проблеми не била во моженост за го емитува ниту централниот ТВ-дневник, ниту пак останатата програма.Извори за Скопје1 потврдија дека паднал цел систем, кој е во надлежност, односно го одржува надворешна компанија, аутсорсинг, која не е во рамки на МРТВ.Техничкиот проблем се решавал подолго време, заради што на МТВ се емитувале вести само со тон, без слика.Денеска имаат редовна програма.

Македонија | пред 5 месеци

brza-pomos-partizanska

Несреќа во МРТВ – жена тешко повредена при пад во лифт

52-годишна скопјанка завршила со тешки телесни повреди откако паднала при влегување во лифт во зградата на Македонската радио телевизија. Инцидентот се случил на 3 септември во 11:20 часот, а повредената веднаш била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. За случајот е известен трудов инспектор, кој треба да ги утврди околностите на несреќата.На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ. За настанот бил известен трудов инспектор, соопшти МВР.

Скопје | пред 6 месеци

Screenshot-2025-08-09-at-09.47.45

Почина новинарката и уредничка на МРТВ, Јулијана Тануровска

На 60-годишна возраст, почина долгогодишната новинарка и одговорен уредник на сателитскиот сервис на МТВ1, Јулијана Тануровска.Тануровска целата своја новинарска кариера ја посвети на МРТВ, и како репортер и како уредник во информативната програма и на сателитскиот сервис, детално и со прецизен новинарски израз обработувајќи ги темите, во најголем дел од сферата на образованието и на црквата.Колегите и семејството на Тануровска се простуваат од неа на социјалните мрежи.Погребот ќе се одржи в недела на Градските гробишта во Бутел.

Македонија | пред 7 месеци

Screenshot-2024-08-05-at-19.22.06

(Видео) Да и помогнеме на МТВ да научи чиј премиер е Курти

Косовскиот премиер Албин Курти е премиер на Албанија, а гледате „Дневник“ на Македонска телевизија. Вака изгледаше неговото претставување од страна на уредничката и новинарка Сузана Фиданоска-Стоевска. На социјалните мрежи има коментари дека е дилетантизам да бидеш уредник во јавниот сервис, а да не знаеш чиј премиер се сретнал со вашиот.Интересно е што Фиданоска-Стоеска ја прочита најавата, го најави новинарот, но не застана и не се поправи. Можеби некој ќе рече лапсус, но за тоа треба извинување и повторување на веста.Граѓаните посочуваат дека јавниот сервис го плаќаме сите и за тоа треба да добиеме квалитет и професионалност.„Наместо огромните плати и варијабили кои си ги делат, може да им се организираат обуки од повеќе области“, се вели во коментарите.МРТВ ја „јаде“ времето. Се ветуваа измени и промени - но не се случија, како во делот на управниот и надзорниот одбор, така и на раководната структура.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања