„Главната уредничка на МРТВ2 е винвона што се емитуваше т.н. 'голема Албанија' во програма“: директорот бара смена на Гаши
Директорот на Македонска радио-телевизија, Марјан Цветковски, бара разрешување на главната уредничка на МРТВ2, Мерита Гаши, откако во програмата беше емитуван детски фестивал со симболи на т.н. „Голема Албанија“.Цветковски за „Скопје1“ изјави дека постапката од негова страна е завршена и дека ќе биде испратено барање до уредништвото и до Програмскиот совет за утврдување одговорност, со предлог за разрешување и прераспределување на пониско работно место.Постапката е покрената по задолжение од Програмскиот совет да се утврди одговорност за емитувањето на содржината на национална фреквенција. Дополнително, прекршувања констатираше и Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.Според извештајот на АВМУ, со изведбата на песната „Албански територии (Trojet Shqiptare)“ се поттикнувала етничка нетрпеливост преку иредентистички симболи и политички пораки. Изведувачката носела маица со карта на т.н. „Голема Албанија“, а на неа бил испишан слоганот „Еден јазик, еден народ, една крв“. Во текот на настапот биле користени и гестови со симболот на двоглавиот орел, додека текстот на песната содржел пораки за територијално обединување на делови од повеќе држави во регионот.Случајот беше отворен откако „Скопје1“ го детектираше емитувањето на спорната содржина и побара институционална разврска.
Македонија | пред 1 седмица