Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

МЗШВ

media-libraryop7nfopl9ev71pJ1OSv

Потпишан Колективен договор во МЗШВ – етапно зголемување на платите за вработените

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со претставниците од синдикалните здруженија денес во просториите на министерството го потпиша Колективниот договор со кој се предвидува раст на платите на вработените како и доуредување на работниот статус.„Ова е важен чекор, имајќи во предвид дека неколку години немаше важечки Колективен договор, што претставуваше загриженост и неизвесност, како и ограничена можност за унапредување на правата и условите за работа на вработените во ресорот. Дополнително, освен значително зголемување на платите, во Колективниот договор се обезбедува и заштита на правата и унапредување на работните услови за сите вработени. Согласно Колективниот договор зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со овој чин ја потврдува својата заложба за градење стабилен, праведен и мотивирачки работен амбиент, во кој трудот на вработените соодветно ќе биде вреднуван, а нивните права заштитени“, велат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 4 дена

Cvetan-Tripunovski

Трипуновски: Министерството им излезе во пресрет на оризопроизводителите со дополнителна мерка

„Денеска одржав состанок со оризопроизводителите од кочанскиот регион на кој што присуствуваа и дел од откупувачите на ориз кои што се во Регистарот на Министерството. Разговаравме за актуелната состојба односно решавање на овој проблем кој што го наследивме од претходните години, кој што бил наталожен“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Тука сме да ја информираме јавноста и сите оризопроизводители дека по неколкучасовен состанок заклучокот е дека Министерството ќе оддели дополнителни 6 денари за откупена килограм оризова арпа од реколта 2024 година. Мерката треба да биде со важност од 1-ви ноември до 31 март 2025 година“, појасни министерот.Министерот додаде дека сите оние кои што имаат предадено овој период ќе добијат дополнителна субвенција од 6 денари за килограм арпа.„Дополнително обврската на Министерството е да преку Агенцијата за стокови резерви се изврши набавка на оризова арпа односно ориз за потребите на стоковите резерви. Знаете дека се изменети законските процедури, сите Правилници, во тек се подготовките за ваквата објава. Што значи дека на некој начин ќе се надмине проблемот со откупот од реколтата 2024 година“, нагласи министерот.Тој посочи се решаваат наследени проблеми од претходната власт.„Овој пласман на овој производ и сеидбата на оваа култура ја организираше некој друг министер од минатата Влада. И заради такви сериозни пропусти во организирање на овој важен стратешки сега земјоделски производ ние денеска како нова Влада мораме да се соочиме со решавање на проблемите“, истакна министерот.„Со денешната мерка ќе се надмине оваа ситуација. Она што исто така е важно за мене како министер е дека покрај тоа што го решаваме проблемот од минатите години со пласманот, веќе работиме визионерски, домаќински како да се организира сеидбата која што ни е за неколку месеци од сега“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-28-103145

Објавени 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави 5 Јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.Првиот Јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари.Додека пак другите четири Јавни повици се однесуваат за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Северна Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-25.12

Трипуновски: За два дена се изврши исплата од над 1,7 милијарди денари на околу 78.000 земјоделци за тековната 2024

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски на денешната прес-конференција потсети дека во изминатиот период Владата на Република Македонија со ребалансот обезбедила над 1.250.000.000 денари со цел да се исплатат заостанатите обврски кон македонските земјоделци.„Работевме напорно, изминатите 6 месеци и ги исплативме сите заостанати обврски од претходните години во висина од над 2,5 милијарди денари.А, претходните два дена исплаќавме субвенции за тековната 2024 година- Над 294 милиони денари кон 4.533 производители за кравјо, овчо и козјо млеко се исплатени субвенциите за првите 6 месеци од тековната 2024 година.- Околу 83 милиони денари кон 10.727 македонски земјоделци е исплатена мерката 1.4 Директни плаќања за обработлива земјоделска површина.- Над 392 милиони денари кон 23.626 земјоделци за мерката 1.1. Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за сите поледелски култури.- Над 233 милиони денари денари кон 9.172 македонски земјоделци за мерката 1.2 Дополнителни директни плаќања за подмерка 1.1 за употреба на сертифициран семенски материјал.- Околу 118 милиони денари кон 8.729 земјоделци за мерката 1.8 односно Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади.- 146 милиони денари кон 13.412 земјоделци, корисници на мерката 1.11 Директни плаќања за обработливa земјоделска површина за одржување на постоечки лозови насади.- Околу 417 милиони денари кон 8.680 македонски земјоделци за сточарско производство од Програмата за 2024 година.- И за останати мерки“, кажа Трипуновски.„За изминатите два дена се исплатени над 1,7 милијарда денари кон 78.000 македонски земјоделци за тековната 2024 година.Во минатото сервисирањето на тековните субвенции кон нашите земјоделци беше мисловна именка, денеска тоа е реалност.За изминативе 6 месеци од кога е формирана Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ исплатени се над 4,3 милијарди денари кон македонските земјоделци.Бројките и делата говорат дека не пишуваме политички флоскули, ниту пак кажуваме лажни ветувања, напротив нашиот збор и нашето ветување кон земјоделците денеска е реалност.Секој еден граѓанин кој што решил да се занимава со земјоделство заслужува навремена и тековна исплата на финансиската поддршка.Земјоделците овојпат имаат вистински партнер во Владата и во Министерството каде што заедно ќе креираме нови мерки за наредната 2025 година, нови политики со цел да го вратиме македонското земјоделство на пиедесталот во нашата држава“, додаде министерот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-crnagora

Министерот Трипуновски во Црна Гора потпиша Протокол за соработка со министерот Јоковиќ

Денеска во Црна Гора министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со Владимир Јоковиќ, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство потпишаа Протокол за научна, техничка и економска соработка во областа на земјоделство помеѓу министерствата.Согласно потпишаниот Протокол двете земји во областа на земјоделството (градинарството, сточарството, овоштарство, лозарство и заштита на растенија), руралниот развој, ветеринарство, безбедноста на храна, прехрамбената индустрија, водостопанството и шумарството ќе овозможат:- Размена на научни и технички информации и документација;- Размена на резултати од истражувањата публикувани и верификувани од страна на овластените институции, како и воспоставување дирекни заеднички активности на споменатите институции;- Размена на генетски и биолошки материјал од областа на растителното производство и сточарство;- Размена на искуства во земјоделската политика, надворешно - трговската размена, специфични мерки на поттикнување и заштита на производството, земјоделството и извозот на земјоделски производи;- Поддршка и заеднички ангажман во креирањето, пронаоѓањето на средства за финансирање и реализација на регионални проекти;- Развој на организации на производители и здруженија на земјоделците;- Развој на советодавните служби и итн.За период од еден месец по потпишувањето на Протоколот, ќе се формира заедничка Работна група, со задача континуирано да ја следи и поттикнува реализацијата на соработката.На првата седница членовите од Работната група ќе одлучат за планот на активности во врска со договорените области на соработка.Работната група ќе одржува редовни седници најмалку два пати годишно наизменично во двете земји.Соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се продлабочува во наредниот период.

Македонија | пред 1 година

thumbnail_Wine-Vision-2024

Преку „Wine vision by Open Balkan“ ќе се промовира македонското врвно вино и традиционалната македонска храна

Од 22 до 24 ноември оваа година се одржува најголемиот саем во Белград „Wine vision by Open Balkan“ каде што свое место ќе заземе и македонското вино и традиционалната македонска храна.Оваа година од Македонија на саемот во Белград ќе учествуваат 80 наши винарии и дестилерии, 6 изложувачи на храна и ресторан со 3 готвачи.Токму на овој настан посетителите ќе имаат можност да ги вкусат врвните македонски вина, да се запознаат со нашите традиционални вкусови и гастрономски особености.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржува нашите изложувачи се со цел да се промовираат земјоделските производи и да се прошири извозот на истите надвор од границите на државата.Во склоп на настанот кој што се одржува овие неколку дена ќе се одржи и македонска вечер на која што ќе присуствуваат високи делегати и владини претставници од други држави.Преку македонската вечер присутните гости ќе се запознаат со богатството со кое што располага Македонија кога станува збор за вино и храна.Квалитетното македонско вино и храна заслужуваат посебно место во регионот, велат од МЗШВ

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Наменски огласи, редовни субвенции за сточарите, се мал дел на мерки со кои што сточарството во Македонија ќе се врати

„Македонија денеска има преку 100.000 крави помалку од тоа што некогаш имала. И тоа е поради тоа што велам дека имаме погрешно менаџирање изминатиот период“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.„За литар млеко предадено во откупен и преработувачки капацитет, задоцнувањето беше 18 месеци неисплатени субвенции. А, ние досега исплативме скоро за една година. Веќе наредниот период се подготвуваме и нови заостанати субвенции да исплатиме. И се со една цел да дојдеме до нула и да покажеме дека државата навистина се грижи за земјоделците“, појасни тој.Министерот Трипуновски посочи дека треба да се размислува и на зголемување на сточарскиот фонд.„Зголемувањето на сточарскиот фонд како ќе го постигнеме? Тоа не е едноставно мора да се нагласи. Потребни се наменски огласи за земјоделско земјиште за сточарите, секој кој што ќе сака да се занимава со сточарство или да го зголеми стадото мора да има земјиште. Инаку рентабилноста е на нула, или во тешка загуба, и тогаш немаме предвидливост на производството“, заклучи министерот.„Наменски огласи, навремени субвенции, враќање во делот на категориите за субвенции како што е за женско теле кое што досега беа исклучени. Затоа што ако не го стимулирате некој да го остави подмладокот од кравата за да биде возрасна единка, немаме проширување на стадото“, појасни тој.Министерот додаде дека потребно е и подржување на мерката за набавка на квалитетен генетски потенцијал во делот на сточарството за да се има зголемена продукција по адаптација.„Тоа се сет на работи со кои што сакаме да дојдеме до ситуација кога во македонските маркети полиците ќе бидат исполнети со македонско млеко“, истакна тој.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-13.11

Трипуновски: Мојата цел е активирање на младите во земјоделскиот сектор преку низа на мерки

„Јас се насочувам кон активирање на младите во земјоделскиот сектор. Тоа ќе биде преку низа на мерки кои што ќе ги понудиме како конфинансирање, како стимул за влегување во секторот, и кои што ќе продолжат да го движат процесот за произведување на храна“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ24.„Наредната година ќе имаме неколку сет на мерки кои што ќе значат сериозни грантови за поддршка при имплементација на земјоделски бизниси во државата“, заклучи министерот.Тој посочи дека ќе се врати рентабилноста на производството.„Секој млад земјоделец кој што ќе сака да влезе во процесот не му се доволни само 10.000, 20.000 па и 50.000 евра грант. Младиот земјоделец сака тоа што ќе го произведува да има регулација, да се следи процесот, и да има кај да го продаде. Математиката да биде во плус, да има рентабилност во продажбата. Така ќе имаме предвидливост на процесот“, заклучи министерот.„Ние мораме како земјоделска држава која што треба да произведува квалитет и квантитет, да анимираме и нова енергија во целиот процес“, нагласи тој.Министерот Трипуновски додаде дека преку различни мерки и програми ќе покаже како Македонија се насочува да се движи низ еден патоказ што значи земјоделска држава.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-vlada

Трипуновски: Младите земјоделци се во фокусот на Министерството

Утринава министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски гостуваше во утринската емисија на радио „Лидер“ каде што посочи дека младите земјоделци се во фокусот на Министерството. Според него секој кој што во семејството како нов член, како нов помладок сака да продолжи со земјоделство потребно е да ги следи светските трендови, да го модернизира сопственото производство или производството кој што го имал неговиот родител.„Значи тоа треба да биде со примена на нови технологии. Но тоа да биде во рамките на она што значи земјоделско производство“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека се прекинува ланецот затоа што нема рентабилност.„Да сега ќе ги убедиме младите да опстојат во секторот, ќе дадеме дополнителен стимул, ќе дадеме надеж, ќе вратиме доверба во системот, меѓутоа треба и тие млади што ќе продолжат, треба да ги следат светските трендови“, заклучи министерот.Министерот Трипуновски посочи дека во делот на образованието во земјоделскиот сектор, оваа е прва студиска година каде што на Земјоделскиот факултет се отвори нова студиска насока за Дигитално земјоделство. Тоа е комбинација помеѓу земјоделско производство и модерна технологија се со цел олеснување на процесите.„Во делот на земјоделското производство апелирам да се пристапи сериозно, образованието да биде основа за производство. Мора да го вратиме земјоделството како гранка, како професија, како дејност што има иднина“, заклучи тој.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Ние како Министерство работиме на враќање на довербата на земјоделците кон институциите

„Земјоделците изминатиов период ја изгубија довербата во институциите. Тие беа оставени сами на себе да се снаоѓаат како знаат. Едноставно немаше некој како министер за земјоделство, како Влада кој ќе креираше стратегија и ќе ги штитеше интересите на земјоделците. За потсетување земјоделците беа оставени во канџите на трговците, каде што тие го собираа кајмакот, а земјоделците работеа за под производни цени“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во гостување во утринската емисија на радио „Лидер“.„Овие пет месеци јас како министер и Владата во целина работевме и го заштитивме трудот на лозарите. Оваа година имаме рекордна највисока откупна цена. Дали оваа година имаше протест од страна на лозарите? Не, немаше“, нагласи министерот.Тој потсети дека во делот на откупот на пиперката, се седна пред да започне откупот и се договори цена. И поради тоа немаше протест од страна на производителите на пиперка.„Денес има пореметување во делот на откупот на оризот, поради тоа во саботата имав состанок со откупувачите и оризопроизводителите. И најдовме заеднички јазик како по рентабилна цена која што ќе е прифатлива за земјоделците и согласно анализите направивме производна цена која што е 26,68 денари за килограм оризова арпа. И на таа цена со зголемување од 30% дојдовме до цена од 35 денари за килограм“, појасни министерот Трипуновски.Тој посочи дека тој како медијатор седна со двете засегнати страни, откупувачите и оризопроизводителите и се договори цена која што е прифатлива за сите.„Се договоривме до крајот на годината да се откупат преку 3.000 тони оризова арпа по рентабилна цена“, заклучи министерот.Министерот додаде така ќе биде и со тутунарите, со сите земјоделци.„Ние како Министерство превенираме односно ја враќаме довербата на земјоделците кон институциите“, нагласи тој.

Македонија | пред 1 година

tripunovski1-1

Трипуновски: Оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун, опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства

„Денеска заедно со претседателот на Владата, проф. д-р. Христијан Мицкоски сме во посета на Тутунскиот комбинат – Прилеп. Благодарам за топлиот пречек на менаџерскиот тим и посакувам успешна работа во наредниот период“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.„Согласно податоците кои што ги има Министерството преку електронскиот систем за евиденција на тутун ИСЕТ, оваа година се склучени договори за 26.000 тони тутун. Опфатени се околу 16.800 земјоделски стопанства“, појасни министерот.Тој посочи дека согласно проекциите од теренот и комуникацијата со земјоделските здруженија оваа година се очекува над 10% поголема берба од минатогодишната.„Очекуваме дека ќе има одличен квалитет оваа година тутунот, пријавени се 298 пунктови ширум Македонија, односно 305 пријавени ваги кои што ќе функционираат наредниот период. Законскиот рок за почеток на откуп е 15-ти ноември, со оглед на тоа дека паѓа петок, најраниот рок за почеток е 18-ти ноември. А, најдоцна согласно Законот за тутун и тутунски производи е 15-ти декември“, заклучи министерот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-rosoman-2

Трипуновски од Росоман: Подготовките за идната сезона започнаа, нашиот фокус е обновување на системите за наводнување

„Денеска сме во општина Росоман каде што се чисти левиот магистрален канал, според информациите кои што ми ги даде директорот досега се исчистени повеќе од три километри. Со ваквата динамика на работа до почетокот на идната сезона целиот канал во должина од 40 километри ќе биде исчистен“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека на ниво на подружница заклучно со денес се исчистени повеќе од 13 километри каналска мрежа.„Денеска сме овде заедно со директорот на подружницата за да покажеме како навистина се работи. Се со цел да ја дочекаме идната сезона со навремена и доволна количина на вода за да не трпи земјоделството“, појасни министерот.Тој посочи дека Владата и Министерството за наредната година согласно Буџетот ќе даде еден сериозен приоритет во делот на водостопанството на ниво на држава.„Без вода не можеме да размислуваме на земјоделско производство. Поради тоа нашиот фокус ќе биде на работењето и обновување на системите за наводнување на ниво на држава“, нагласи министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

evra-falsifikat

Објавен Јавниот повик за мерка 7 од ИПАРД програмата во вкупен износ од 14 милиони евра

Заложбите за земјоделците продолжуваат со користење на средства од ЕУ фондовите, со што Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој објави Јавен повик бр. 02/2024 за доставување на барања за финансиска поддршка за мерка 7 од ИПАРД Програмата 2021-2027.Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик за мерка 7 “Диверзификација на фарми и развој на бизниси“ 14.000.000,00 евра односно 862.890.000,00 денари.Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно ИПАРД Програмата 2021-2027 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Македонија.Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:3.1. 60% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка Диверзификација на фарми и развој на бизниси.Процентот се зголемува до 70% за инвестиции предложени од млади земјоделци и/или сертифицирани органски производители и за колективни инвестиции.Процентот на кофинансирање може да се зголеми за дополнителни 10% за инвестиции поврзани со управување со отпад, обновлива енергија и инвестиции од типот на циркуларна економија.Највисокото кумулативно/комбинирано ниво на поддршка не смее да надминува 75%.Крајниот рок за поднесување на барањата е 20 декември 2024 година.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-10-31-085644

„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ на 2 ноември во Паркот Авионче – Ново Лисиче

На 2-ри ноември ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанствоНа 2-ри ноември во 11.00 часот во Паркот Авионче – Ново Лисиче, општина Аеродром ќе се одржи настан „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ каде што ќе има над 300 излагачи и над 50 здруженија, федерации, индивидуални земоделци кои што ќе го промовираат нивниот домашен производ.Со оваа манифестација ќе се промовираат нашите домашни и традиционални производи. Преку мерки во програмите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство им помага на земјоделците да произведуваат повеќе храна во Македонија, со што ќе се намали увозот, а истовремено работиме да станеме препознатлив бренд во светот.За вакви настани Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство додели 56 договори за поддршка на локални манифестации/саеми во вредност од над 6 милиони денари. Токму преку вакви настани се промовираат македонските производи, руралниот туризам и зачувување на традиционалните вредности.Оваа манифестација е доказ дека соработката помеѓу Министерството и земјоделците може да се достигне до посакуваната цел, а тоа е промоција на нашата домашна храна.„Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“ е синоним на успешна соработка помеѓу земјоделците и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Скопје | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски од Белград: Една од основните цели во водењето на македонската земјоделска политика е искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната сред...

„Природните богатства, вклучувајќи го земјоделското земјиште, растителниот и животинскиот свет, се уставно дефинирани како добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита, за што истите се третираат и во поедини Закони, меѓу кои и повеќе Закони во надлежност на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешната конференција во Белград насловена „Трансформација прехранбених система“.„Се стремиме земјоделските стопанства да го спроведуваат концептот на „зелено“ земјоделство како логичен и природен начин за извршување на земјоделските активности. И истите активности постепено ги прошируваме и прилагодуваме согласно нашето постепено прилагодување кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ и „Зелената агенда“ на ЕУ“, нагласи Трипуновски.Тој додаде дека во водењето на македонската земјоделска политика една од основните цели е оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина. Во овој стратешки период оваа цел е дефинирана како една од основните стратегиски цели: Примена на еколошки практики во производството кои водат кон намалување на влијанието на климатските промени и прилагодување кон истите.„Вака поставената цел треба да обезбеди зајакнување на отпорноста на земјоделскиот сектор кон климатските промени преку примена на нови иновативни практики и секако нови земјоделски системи - регенеративното земјоделство, за што е потребна буџетска поддршка и креирање на повеќе мерки и инструменти, како од националните програми но и од ИПАРД програмата на ЕУ“, истакна министерот Трипуновски.„Да се постигнат овие цели се стимулираат практики кои треба да придонесат кон прилагодување на земјоделството на климатските промени преку мерки со зголемен интензитет на кофинансирање на потребни инвестиции. Инвестициите се насочени кон ублажување и прилагодување кон климатските промени, како што се поддршките за набавка на заштитна опрема (мрежи за засенчување и друга опрема), ефикасни системи за наводнување и рационално користење на водата, поддршка за промена на сортите соодветни на идниот климатски режим, особено за најчувствителните подсектори. Внимание се обраќа и на стимулирање на инвестиции за производство на енергија од одржливи извори на самите земјоделски стопанства и подобрување на нивната енергетската ефикасност“, појасни тој.Министерот посочи дека особено се значајни активностите за поддршка на земјоделците за примена на еколошки и климатско подобни земјоделски практики, како и обуки за примена на нови земјоделски системи (вклучувајќи го и регенеративното земјоделство), со цел намалување на влијанието од климатските промени.

Македонија | пред 1 година

tripunovski-vlada

(Видео) Трипуновски: 100% посветено работиме земјоделските производи да бидат препознатливи надвор од границите и да го намалиме увозот на храна

„Првиот предизвик со кој што се соочивме беше во делот на земјоделството, исплатата на субвенциите кои што во минатото често кажувавме дека имаме нередовна исплата. И практично тоа се потврди со самото влегување во Министерството. Субвенциите се онаа поддршка која што на земјоделците им е неминовна за да го одржат своето производство и за да го планираат наредното производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на панел дискусијата 100% посветени за тебе на тема „Мерки и политики за земјоделието, животната средина и локалната самоуправа“.„Со самото доцнење на субвенциите имавме пад на земјоделското производство. Во овие 20 милиони евра кои што се исплатени се опфатени сите категории на земјоделци. Вкупната бројка на која е испорачана оваа сума е на над 20.000 земјоделци. Тука сакам да нотирам дека наредниот период продолжуваме со исплатата бидејќи со ребалансот на Буџетот обезбедивме дополнителни средства кои што се исто така за намена за исплата на субвенции спрема земјоделците“, појасни министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека ќе се исплатат сите заостанати субвенции заклучно со 2023-та година и да останат само тековните од 2024-та кои што до крајот на годината и веќе од наредната ќе се сервисираат се со цел субвенциите редовно да бидат исплаќани спрема земјоделците.„Веќе во тек се работат програмите за 2025-та година. Трите клучни програми на Министерството се Програмата за директни плаќања, Програмата за рурален развој и Програмата за водостопанство. Во Програмата за директни плаќања ќе се предвиди намалување на бирократијата која што досега ја имаа земјоделците како обврска, и нормално ќе има фузирање на мерките односно зголемување на сумата на субвенциите кај оние стратешки производи кои што се за нас како држава многу важни. Во делот на Програмата за рурален развој, тука се инвестициите и модернизацијата во земјоделското производство, и оваа програма ќе биде наменета кон оние помали земјоделци кои што ќе треба да ги доведеме во ситуација да ги искористуваат и европските средства кои што ни се на располагање преку ИПАРД програмата. И нормално во оваа Програма ќе има повеќе сегменти на инвестиции од модернизација во делот на механизација, во делот на модерни системи за наводнување, во делот на преработувачки капацитети итн. И со последната Програма за водостопанство планираме да ги вратиме во функција сите системи кои што досега беа запуштени и нефункционални“, нагласи министерот.Тој во текот на панел дискусијата додаде дека со програмите на Министерството Македонија повторно ќе се врати во вистинска смисла на земјоделска држава. Сите статистички податоци говорат дека во минатото повеќе Македонија увезуваше храна.„Нашиот план е пред се да ја вратиме довербата на земјоделците према институциите, према Владата, према Министерството. Затоа што во една таква симбиоза ќе можат да сметаат земјоделците дека имаат партнер со кој што ќе можат да разговараат за креирање на закони, програми, уредби кои што ќе значат искористување на повеќе средства или креирање на мерки кои што се од добробит на земјоделското производство“, рече министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека во изработка на програмите за 2025-та година вклучени се и науката, земјоделските здруженија, Министерството, и чинителите кои што се во секторот.„Работиме да обезбедиме сигурен пласман на земјоделското производство и нормално цени кои што се рентабилни во делот на производството за да можеме да ја зголемиме бројката на земјоделците“, додаде тој.„Во таа насока се изработува и Програмата за саемски настани за 2025-та година, тоа значи промоција на примарни и преработки на земјоделски производи надвор од границите. Нормално како Министерство ќе продолжиме да субвенционираме настани кои што се одржуваат во рамките на нашата држава со цел промоција на квалитетни земјоделски производи. Еве ја користам и приликата да најавам дека на 2-ри ноември ќе организираме една манифестација која што е под мотото „Вкуси ја традицијата“ на која што ќе бидат изложени повеќе од 300 изложувачи на македонски производи, преработки и примарни производи“, нагласи министерот.Тој додаде дека преку манифестациите може да се долови дека Македонија има навистина вкусна и здрава храна која што треба да биде препознатлива и надвор од границите.

Македонија | пред 1 година

slika-1

Трипуновски потпиша договор со ФЗНХ за користење на финансиска поддршка во износ од 12.000.000 денари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со деканот на Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје, проф. д-р Миле Маркоски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за инвестициони вложувања за воспоставување на научно демонстративни примери – набавка на опрема за лабораториски анализи за квалитет и безбедност на храна во износ од 12.000.000 денари.Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста на предлогот за воспоставување на научно демонстративни примери – за модернизација на лабораториска инфраструктура за современа научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки – за дел IV – ПРОЕКТНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ЛАБОРАТОРИСКА ИНФРАСТРУКТУРА точки 1.1, 1.2, 1.3 и 1.4, ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИ МЕТОДИ НА РАБОТА И ПРОШИРУВАЊЕ НА ОПСЕГ НА АКРЕДИТАЦИЈА точки 1.2 и 1.3 и ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ точка 1.1, 1.2 и 1.3, но не повеќе од 12.000.000 денари со вклучен ДДВ.„Преку модернизација на лабораториска инфраструктура за современа научно-истражувачка работа во областа на земјоделските науки ќе допринесеме за развивање на земјоделието во Македонија. Со вложување во науката Македонија повторно ќе стане земјоделска држава“, истакна министерот Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека преку модернизација на земјоделието и со добрите предуслови кои Македонија ги поседува, државата може да има квалитетни и безбедни земјоделски производи кои што ќе станат бренд во светот.

Македонија | пред 1 година

tripunovski

Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски со директорот на Управа за хидрометеоролошки работи, Игор Лазаровски потпиша Договор за користење на финансиска поддршка за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во износ од 1.000.000 денари. Со се овој износ од еден милион денари, целокупната поддршка на УХМР од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на годината изнесува 13 милиони денари.Финансиската поддршка се доделува во висина од 100% од вредноста за санација на радарски центри и метеоролошки станици за заштита на опремата и подобрување на условите за работа на вработените во висина не повеќе од 1.000.000 денари со вклучен ДДВ.„Целта на овој Договор е санација и модернизација на радарски центри и метеоролошки станици. Само преку редовно информирање може да се предупреди за евентуалните непогоди кои што можат штетно да влијаат врз земјоделието“, појасни министерот Трипуновски.Министерот Трипуновски додаде дека преку активната соработка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со Управата за хидрометеоролошки работи може да допринесе подобрување на метеоролошкиот систем во државата.

Македонија | пред 1 година

Нема фотографија

Трипуновски: Работиме на враќање на довербата на земјоделците кон институциите бидејќи тоа е клучниот момент зошто се намалува производството во Македонија

„За жал Македонија минатата година има потрошено над една милијарда евра за храна. Она што ние го правиме како стратегија е првин да ја вратиме довербата на земјоделците кон институциите затоа што тоа е клучниот момент зошто се намалува нашето производство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство, и водостопанство, Цветан Трипуновски во интервју за Дневникот на МРТ1.„Работиме на проектирање и враќање во функција на системите за наводнување бидејќи тие се важен сегмент во делот на земјоделското производство. Исто така работиме на креирање на вистински мерки, програми кои што ќе имаат ефект врз земјоделското производство“, појасни министерот Трипуновски.Тој додаде дека субвенциите ќе бидат редовно исплаќани.„Потребно е да почувствуваат земјоделците дека од другата страна имаат партнер со кој што можат да разговараат и да ги надминуваат проблемите“, нагласи министерот.Трипуновски додаде дека ефектите од мерките кои што тој ги планира со својот тим, земјоделците ќе ги почувствуваат во 2025-та година.„Сега на прагот е есенската сеидба на пченицата и на житните култури. И веќе од наредната жетва ќе почувствуваме дека навистина сме помогнале и дека сме креирале мерки кои што ќе дадат ефект врз нашето земјоделско производство. Јас сум убеден дека тоа ќе го постигнеме зашто ги имаме сите квалитетни предуслови почва, вода и сончеви денови, го имаме и вредниот земјоделец кој што чека од другата страна односно од Владата да му помогне да го стимулира она што го произведува“, заклучи тој.Министерот истакна дека има засилени контроли за тоа што влегува во Македонија како храна. Граѓаните треба да јадат безбедна храна.„Јас како министер постојано сум на терен со земјоделците, се со цел да постигнеме што е можно повеќе и да ја вратиме довербата која што беше изгубена изминативе години“, додаде министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

cvetan-tr

Трипуновски: Министерството подостапно од денеска и во општина Новаци и општина Могила преку новите подрачни канцеларии

„Денеска сум повторно на посета во општина Новаци, целта е отворање на подрачна канцеларија на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Овој пат оваа канцеларија ќе биде опслужена заедно со вработените од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски од општина Новаци.„Целта е како што ветивме да продолжиме да го отвораме Министерството кон земјоделците. Во оваа општина според Регистарот има некаде околу 1.000 земјоделци кои што своите потреби ги извршувале во општина Битола. Сега ќе можат овдека земјоделците да проверуваат податоци, да аплицираат итн.“, појасни министерот.Тој посочи дека целта е да се отвори Министерството и да биде подостапно за земјоделците. Тие заслужуваат да бидат информирани за секоја активност на Министерството.„Исто така потоа заминуваме и во општина Могила да отвориме и таму подрачна канцеларија. Значи општина Могила и општина Новаци ќе бидат со нови подрачни канцеларии“, истакна министерот Трипуновски.Тој додаде дека и во подрачната канцеларија во општина Могила ќе има вработени од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството.„Она што во минатото го направивме заедно со директорот на Платежната агенција сите земјоделци ќе можат во самата подрачна единица да ги следат апликациите, зошто во минатото многу од земјоделците морале да патуваат во поголемите центри па дури и во Скопје. Но, овој пат земјоделците сите тие активности ќе можат да ги прават на лице место. Со тоа сакаме да покажеме дека навистина се грижиме за земјоделците да имаат повеќе време да работат на полињата, а помалку време да губат на бирократијата“, појасни Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

slika

МЗШВ: Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители

„Исплатени се 216.712.603,00 денари на 4.430 млекопроизводители. Се што се вети, се исполнува. Исплатата е извршена на земјоделските стопанства – производители на кравјо, овчо и козјо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози и произведеното млеко го имаат предадено на регистрирани откупувачи на сурово млеко во месеците: август, септември, октомври, ноември и декември 2023 година“, велат од МЗШВ.Висината на директните плаќања изнесува 5 денари по литар за кравјо млеко и 6 денари по литар за овчо и козјо млеко.Грижата за земјоделците е приоритет на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се додава во соопштението на МЗШВ.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: Земјоделското земјиште од прва до четврта категорија ќе го заштитиме, нема да има градби кои што ќе значат девастација

„Некако изминативе години повеќе се делеше земјиштето на луѓе кои што се блиски до министер, премиер итн. А, вистинските земјоделци кои што ги среќавав ширум државата молеа за парче земја за да работат и егзиситираат“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при вчерашното гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.Трипуновски додаде дека со формирање на новата Влада се распределија договорите за околу 2.700 ха земјоделска површина.„Паралелно на процесот за да нема злоупотреби, за да нема манипулации во секторот, предложив брза законска измена во Собранието на Република Македонија, тоа е Законот за земјоделско земјиште“, појасни тој.„Со Законот кој што е во процедура, веќе на комисиската расправа помина и се очекува наредниве денови да помине и на Пленарната седница, што ќе значи влегување во сила, со него го заштитуваме земјоделското земјиште. Тоа е нешто што во минатото не беше случај. Знаете дека имаше многу пренамени, се злоупотребуваше, се градеа сериозни површини со фотоволтаици, се градеа хотели итн. Ние со оваа измена земјоделското земјиште од прва до четврта категорија го заштитуваме и нема да дозволиме градби на вакви објекти кои што ќе значат девастација на земјоделското земјиште“, нагласи министерот Трипуновски.Трипуновски посочи дека проектите кои што се од јавен интерес никогаш нема да бидат стопирани, но во најголем дел ќе се стопира злоупотребата на ресурсот почва.„Вториот сегмент кој што е на барање на земјоделците е дека со оваа измена го продолжуваме рокот на владеењето на земјиштето. Знаете дека досега согласно Законот договорите за едногодишни култури беше на 15 години со можност за Анекс. Сега новите договори кои што ќе ги склучуваме ќе бидат со времетраење од 30 години. И ова го бараа земјоделците затоа што едноставно сакаа да имаат превидливост во производството“, истакна тој.Министерот додаде дека во делот на измената која што се подготвува е и Анексите да можат да се прават во пократок рок.Тој истакна дека со тие неколку измени во Законот за земјоделско земјиште се дефинираат неколку пропусти кои што во минатото се случувале, а тоа е злоупотребата на овој ресурс.Министерот најави и дека за 10-тина дена ќе има и нови огласи за земјоделско земјиште и ги повика земјоделците да следат.„Во минатото дадов ветување дека ќе има и посебни огласи за сточарите, тоа е многу важно. Нашето сточарско производство е многу паднато во изминатиот период, производството на месо и на млеко е многу намалено. Затоа ваквите наменски огласи ќе бидат наменети исклучиво за сточарското производство затоа што не можеме да замислиме сточарско производство без сопствена земја“, укажа тој.

Македонија | пред 1 година

Cvetan-Tripunovski-02.10

Трипуновски: За овие 100 дена нема сегмент каде што не се посветивме, работиме напорно во корист на земјоделците

„Она што го наследивме со самото влегување во Владата, во Министерството за земјоделство, е еден тотален хаос, наидовме на едно девастирано министерство, закочени проекти, неисплатени субвенции, уништено водостопанство, неподелени плати за вработените во ЈП Македонски шуми и во АД Водостопанство“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при гостување во емисијата „Што мисли народот“ на ТВ Стар.„Во една реченица можам да кажам дека наидовме на едно тотално блокирано министерство поради неработењето на претходната власт“, заклучи тој.Министерот Трипуновски посочи дека во првите 100 дена во Министерството се даде силен фокус да се откочат сите процеси. Затоа приоритет беше исплатата на субвенциите, и на втората седница на Влада се донесе измена на Програмата за директни плаќања и Уредбата, со што се обезбедија околу 600 милиони денари за исплата на заостанати субвенции. Со оваа исплата беа опфатени полјоделците, сточарите, производителите на млеко, лозарите итн.„Со оваа брза интервентна исплата исплативме субвенции спрема 15.000 земјоделци. Оваа помош на земјоделците во делот на неисплатените субвенции продолжи и со ребалансот на Буџетот каде што обезбедивме повеќе од една милијарда денари и тие се за заостанати обврски кон земјоделците“, појасни министерот.„Околу 3.000 вработени беа оставени без здравствено и пензиско осигурување, без месечни примања. На предлог на премиерот обезбедивме 350 милиони денари. И платите за овие вработени беа експресно исплатени, затворивме неколку Јавни повици, склучивме над 967 договори со земјоделци ширум Македонија. За површина е некаде над 2.700 ха, што значи дека веќе го работиме процесот на распределба на земјоделското земјиште“, истакна тој.Тој додаде дека се исплатени над 493 милиони денари во делот на поддршката за мерката за зелена нафта. И исто така министерот најави дека се работи на модификација на оваа мерка бидејќи смета дека не е во полн ефект спрема земјоделците. И од наредната година ќе биде со корегирана сума и ќе биде поддршка која ќе е на задоволство на земјоделците.„Поделивме и над 6 милиони денари за 50-тина манифестации и саеми кои што се одржуваат за промоција на земјоделското производство ширум државата. Дел од нив веќе се спроведуваат, а дел од нив ќе завршат до крајот на годината“, нагласи тој.„Бевме во многу сектори вклучени, и дури се фокусиравме за заштита на нашето најголемо национално богатство, а тоа се македонските шуми. Со впрегнување на сите сили на Шумската полиција се направија десетици акции ширум територија на Република Македонија, во различни делови. Имавме преку 16 успешни акции каде што се заплени голема количина на дрвна маса, на превозни средства, алат за сечење итн.“, појасни министерот Трипуновски.Трипуновски истакна дека се склучија и два договори со два субјекти за порибување на Охридското езеро. Изминативе години немаше порибување на Охридското езеро што се стави под знак прашалник и опстанокот на нашата охридска пастрмка.„Немаше сегмент каде што не се фокусиравме и каде што не дадовме акцент, ги раздвиживме работите каде што беа закочени“, нагласи тој.Министерот посочи дека со одлука на Влада се донесе одлука да се зголеми поддршката на површина за производство на јачмен од 6.000 денари на 12.000 денари. А, за пченицата преку Програмата за интервентен фонд се обезбедија средства и ќе се поделат по 3 денари за килограм предадена пченица во регистрирани откупни центри.

Македонија | пред 1 година

tripunovski

(Видео) Трипуновски: Продолжуваме 100 проценти целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци

„100 дена посветено работевме и покажавме дека може и мора да се работи исклучиво во интерес на македонските земјоделци. За жал, на почетокот морам да констатирам дека Министерството беше целосно девастирано, во долгови, неисплатени плати, заостанати субвенции, целосно закочени проекти, но и сериозни сомнежи за криминал од претходното раководство. Со еден збор наследив хаос и тотално безредие“, кажа на денешната прес-конференција, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски по повод 100 дена нова Влада.„Но, изговори не смее да има. Ниту земјоделците, ниту граѓаните не смеат и не се должни да ги слушаат оправдувањата. Нашата обврска е да работиме за подобрување на работите.Ние се обврзавме на целосна трансформација на државата и целосно ресетирање на системот и конечно ставање на институциите во функција на земјоделците.Ова е Влада на земјоделците, и наш приоритет е да покажеме и докажеме дека земјоделците се нашиот партнер и заедно ќе ги креираме сите земјоделски политики.Токму затоа на првите владини седници донесовме одлука за исплата на повеќе од 600 милиони денари за заостанати субвенции од минатото, а во годината која што ќе следи ќе се исплаќаат и заостанатите и ќе продолжиме со редовно сервисирање на тековните субвенции.Проблем со кој се соочивме на самиот почеток беа и заостанатите плати на ЈП Национални шуми, и вработените во АД Водостопанство, каде што имаше неисплатени за 4 месечни плати. И претходната власт ги остави повеќе од 3.000 вработени во овие две институции без животна егзистенција. И затоа со ребалансот на Буџетот се обезбедија 350 милиони денари и истите средства беа префрлени до институциите и платите беа експресно исплатени“, изјави министерот Трипуновски.„100 дена се мал период за да покажеме на земјоделците дека Владата е насочена кон решавање на нивните проблеми. Но за овие 100 дена решивме многу проблеми кои биле наталожени од претходното раководство.И тука нема да застанеме. Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на македонските земјоделци. Македонија е земјоделска држава, а земјоделците заслужуваат многу поголем почит и достоинство.Мојот фокус остануваат барањата на земјоделците, како и обезбедување на подобар и поквалитетен живот. Продолжуваме целосно посветени, одговорно и домаќински да работиме во интерес на сите земјоделци, 100 проценти сме посветени за работата кон македонските земјоделци“, додаде министерот Трипуновски.

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-08-10-at-09.50.06

Се сретнале министерот и неговиот заменик во земјоделство: и?

Што беше толку битно за јавноста дека, замислете, денеска оствариле средба министерот и заменик министерот за земјоделство?Па тоа треба да им е секојдневие да соработуваат.И во отсуство на идеи, испратиле и соопштение до медиумите и фотографија. ПР секторот информира:„Трипуновски на средба со заменик министерот Флакрон Беџети. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари работна средба со Флакрон Беџети, заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тема на денешната средба беа тековните работи во министерството“, велат оттаму.На социјалните мрежи по ова се појавија низа шеги, а оваа средба, корисниците ја споредуваат како кога некој би се пофалил дека се сретнал со сопругата и разговарале за обврските кои ќе ги имаат во текот на денот.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања