Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

НАЦИОНАЛНИ ШУМИ

media-libraryqijde50cadgb63SHosR

Нелегална сеча на дабови стебла кај Бакојца

Вчера шумочуварската служба на подружницата Преспадрво од Ресен, при редовна контрола во Шумско стопанската единица Лева Река Бигла, на место викано Бакојца во оддел 82а, откри бесправно посечени дабови стебла.„На ден 24.03.2026 година шумочуварската служба на подружницата Преспадрво од Ресен, вршејќи редовна контрола во Шумско стопанската единица ЛеваРека Бигла на место викано Бакојца во оддел 82а пронајде бесправно посечени дабови стебла и истите беа жигосани со жиг за шумска штета“, информираат од ЈП Национални шуми.

Македонија | пред 5 дена

media-libraryr5iqkjfu09sn5Ygt87Q

(Фото) Акции против бесправна сеча: одземени три моторни возила и голема количина дрва

Во текот на две одделни акции одземени се три моторни возила, поголема количина дрва и поднесени пријави за повеќе лица, вели заменик директорот на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.„Шумската полиција со службите на ПШС "Беласица" Струмица одземаа едно моторно возило и поголема количина складирани бесправно посечени огревни дрва.На Скопска Црна Гора, службите на полициска станица Мирковци одземаа едно моторно возило со кое се превезуваа бесправно посечени дрвни сортименти.Покрај овие акции, активности имаме на територијата на цела Македонија.Покрај пошумувањата и заштитата, во моментов се бориме да го ставиме под контрола пожарот на планината Јабланица во близина на градот Струга, пожар на чие гаснење дејствуваа и хеликоптери од воздух“, вели Михаилов.

Македонија | пред 2 седмици

media-librarytd8smjlg06obdAd9cdE

ЈП Национални шуми ќе исплаќа регрес во огревно дрво, Трендафилов реагира: Државниот инспекторат за труд да отвори постапка

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, објави дека директорот на ЈП Национални шуми заедно со Претседателот на синдикатот на КСС-СО, постигнале спогодба за исплата на регрес за годишен одмор за 2023/24/25 година. Се договориле исплатата да биде во огревни дрва.„Од рубриката верувале или не, ако е потпишана ваква СпогодбаДржавниот инспекторат за труд веднаш да постапи по пријавата и да утврди дали и од кој е потпишана ваква Спогодба која не само што е спротивна на Општиот колективен договор, спротивна е и на Кривичниот законик, а плаќањето во натура е спротивно на сите норми и принципи“, објави тој.

Македонија | пред 1 месец

media-libraryieg4pv38en095ogzW0w

„Животите ги ризикувавме за Плачковица“ – апел на заменик-директорот на „Национални шуми“

Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Национални шуми, Кире Михаилов, со јавно обраќање до граѓаните на Радовиш реагираше на, како што вели, недостигот од поддршка по преземените институционални мерки против бесправната сеча и пустошењето на планината Плачковица.Михаилов потсети дека во изминатиот период јавноста била силно вознемирена од уништувањето на шумите, од опасното движење на лица со неисправни возила без регистарски таблички, како и од кражбите по викендиците на Плачковица. Според него, токму тие појави биле причина за силен притисок врз институциите да реагираат, па дури и за најави за протести пред Општина Радовиш.„Ако сето тоа навистина ви пречеше, зошто сега не застанете во одбрана на она што го сработивме? Зошто молчите додека по социјалните мрежи се бранат ‘сиромашните дрвари’, а се премолчува огромната штета што ја прават на целата планина и на Радовиш“, прашува Михаилов.Тој упати апел до граѓаните јавно да им објаснат на оние кои, како што наведува, ниту ја познаваат Плачковица, ниту ја разбираат штетата од бесправната сеча, што всушност се случува на терен. Воедно, тој изрази разочараност што по акцијата спроведена од надлежните институции не следела очекуваната поддршка од истите тие граѓани кои претходно барале итни мерки.Михаилов нагласи дека во акцијата биле ризикувани човечки животи, справувајќи се, како што рече, со организирани групи кои со години правеле сериозни штети врз шумскиот фонд. Според него, тие активности не биле преземени за личен интерес, туку за заштита на граѓаните, нивните деца и природното богатство на регионот.„Ако ова не ви значи и ако не го браните она што го правиме, тогаш се поставува прашањето зошто било кој да се ангажира со проблемите во ‘вашиот’ двор“, порача Михаилов, повикувајќи ги радовишани, планинарите, еколошките активисти и медиумите јавно да се изјаснат.Во обраќањето, тој посочи и на улогата на медиумите, апелирајќи овојпат да се пренесе целосната слика и сите реакции од јавноста, а не селективни коментари кои, според него, создаваат искривена перцепција за преземените институционални чекори.

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2025-08-03-180237

(Видео) Национални шуми: Повторно нови пожари, во Македонија има многу граѓани кои не ѝ мислат добро

По краткиот прекин и станилизирање на состојбата претпладне, попладнево во повеќе места во Македонија изнувнаа нови пожари.Информацијата ја објави заменик директорот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов.„Дефинитивно во Македонија има многу граѓани кои не и мислат добро, друго објаснување за ова кое се случува јас немам. Пожаров кој го гледате е над село Ваксинце, општина Липково и избил пред 30 минути, а истиот ветерот многу бргу го шири накај Стража.Таму се две екипи на ЈП “Македонски Шуми” Куманово и ТППЕ Куманово.Откако ја стабилизиравме целосно состојбата и со добра координација на Главниот Штаб на Македонија до пладне го решивме и последниот активен пожар кај Долнени, во текот на попладневните часови веќе имаме пријава за неколку нови пожари.После пладне е пријавен нов пожар во близина на село Богомила, општина Велес каде веднаш од страна на Главниот Штаб беа упатени сили на ЈП “Македонски Шуми”, екипи на МВР и месно население, а таму на помош беше пратен и делуваше од воздух еден хеликоптер.Во 14 часот, во исто време се појавија два пожари, едниот во близина на село Милетино во општина Брвеница кој по брзата интервенција од копно беше локализиран и во општина Желино, во близина на село Церово на кој во моментов во координација со Главниот Штаб делуваат копнени сили составени од ТППЕ и ЈП “Македонски Шуми” и двата ЕР Трактори на ДЗС.Исто така, нашите копнени сили кои сеуште се наоѓаат високо на пожарот во Долнени над селото Стровија попладнево ни пријавија појава на дури четири нови чадења или нови пожари кој во моментов службите ги проверуваат и пристапуваат на гасење на истите”, напиша Михаилов на ФБ.Тој објави и видео од пожарот над Ваксинце.

Македонија | пред 7 месеци

Нема фотографија

Вработените од „Национални шуми“ во штрајк: Плати нема, а има нови 450 вработувања

Две илјади вработени од ,, Национални шуми” од денеска стапија во генерален штрајк. Револтирани се дека не добиле плати за месец јануари, а во исто време има 450 нови вработувања.,,Последната плата која ја добија вработените беше декемвриската и таа е намалена линеарно за 6.800 денари, кои деновиве биле доплатени. Недостоинствено е во услови на секојдневно зголемување на трошоците на живот, вработените да не добиваат плата. Барањата не се само исплата на плата, туку и исплата на теренски надоместоци за повеќе месеци. Ако раководството не може да исплати плата нека поднесе одговорност и оставка“, кажа на прес конференција Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија.Штрајкот на вработените се одвива во работните простории. Директорот на Национални шуми Валентин Груевски потврди дека доцни јануарската плата, за која вети исплата најдоцна до утре.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања