Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ЊУЈОРК ТАЈМС

pentagon

Судот пресече во корист на Њујорк тајмс: Пентагон незаконски го ограничува пристапот на новинарите

Федерален судија во САД ја блокираше политиката на администрацијата на Доналд Трамп за ограничување на пристапот на новинарите до Пентагон, оценувајќи дека делови од мерките се незаконски.Судијата Пол Фридман пресуди дека новите правила нелегално ги ограничуваат прес-акредитациите и ги потврди наводите на Њујорк тајмс, кој поднесе тужба против Пентагон и министерот за одбрана Пит Хегсет.Весникот тврдеше дека ограничувањата ги прекршуваат уставните права на новинарите, вклучително и слободата на говор и правото на правично постапување. Судот оцени дека политиката е спротивна на Првиот и Петтиот амандман од Уставот на САД.Новинарите на „Њујорк тајмс“, заедно со други медиуми, претходно ја напуштија зградата на Пентагон во знак на протест против новите ограничувања.Од Пентагон засега нема официјален коментар, додека од „Њујорк тајмс“ наведуваат дека целта на мерките била да се замолчи известувањето кое е неповолно за администрацијата на Трамп.

Свет | пред 1 седмица

korona-kovid-vakcina-vakcinacija

Њујорк тајмс: Десет деца починале од ковид вакцинација, постои документ на американската Администрација за лекови

Американската Администрација за храна и лекови (FDA) во внатрешен документ навела дека најмалку десет деца можеби починале како последица од вакцинација против ковид-19, пренесе „Њујорк тајмс“. Како потенцијална причина за смртните случаи е наведена појава на миокардитис, односно воспаление на срцевиот мускул, кое во ретки случаи може да се јави по примена на одредени вакцини.Документот го составил главниот медицински и научен службеник на FDA, Винај Прасад, но во него не се наведени ниту возраста, ниту здравствената состојба на децата, како ни тоа која од вакцините против ковид е поврзана со пријавените случаи. Притоа нема официјална потврда за дефинитивна причинско-последична врска, туку се работи за интерна проценка заснована на пријавени податоци и медицински извештаи.„Њујорк тајмс“ наведува дека дописот е дел од поширока анализа на ретките несакани реакции по вакцинацијата, кои американските здравствени институции продолжуваат да ги следат и ревидираат. Официјални претставници на FDA досега јавно укажуваа дека вакцините против ковид остануваат безбедни и ефикасни и дека сериозните несакани реакции се исклучително ретки.Очекувањата се дека институцијата дополнително ќе го разгледа секој од случаите, по што би можеле да следат и нови препораки или разјаснувања за јавноста.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања