Драстични разлики меѓу докторите: Од 1.134 до нула операции за шест месеци
Министерот за здравство Азир Алиу откри сериозни разлики во продуктивноста на докторите во државните клиники за 2025 година. Според неговите податоци, некои лекари имаат двојно повеќе упати и операции од своите колеги, дури и во иста специјалност и институција, што отвора прашања за управување, системски недостатоци и распределба на работата.„Имаме и друга информација за доктори кои имаат најмногу реализирани упати за 2025 година, за шест месеци. Видете каква е разликата. Имаме доктор во една институција со 16.526 упати, и доктор во друга клиника со 7.352 упати. Се работи за различни специјалности, иако, имаме аутлајери кои мора да ги следиме за да разбереме како е можно, бидејќи платите и варијабилите и дополнителните исплати се важни. Има бројки кои се нелогични за системот и ќе видиме дали е недостаток на законски решенија или менаџирање.На пример за 2025, имаме доктор кој имал 1.134 операции и доктор кој што има 470. Се работи за иста специјалност тука. Овие двајца се во иста институција, но има и за различни институции каде што правиме компарација. Во секоја институција имате ваков тип на доктори кои што имаат операции и другите кои што немаат операции. Има во внатрешноста исто така и доктори кои што имаат нула операции направени“, изјави Алиу.
Македонија | пред 3 дена