Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОВК

hasim-taci-990x556-696x391

Завршни зборови во Хаг на судењето против поранешните лидери на ОВК

Изнесувањето на завршните зборови на судењето против поранешните лидери на таканаречената ОВК – Хашим Тачи, Кадри Весељи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, обвинети за воени злосторства, започнува денеска пред Специјализираните судски совет во Хаг и ќе трае до 18 февруари.Завршните зборови ќе се одржат од 9 до 13 февруари, а потоа на 16 и 18 февруари.Обвинителството ќе ги изнесе завршните зборови на 9 и 10 февруари, а на 10 февруари ќе се одржи и завршното излагање на застапниците на жртвите.Потоа, на 11, 12, 13 и 16 февруари, завршни зборови ќе изнесе одбраната на обвинетите, а на 18 февруари ќе се изнесат одговорите на страните во постапката и изјавите на обвинетите, соопштија претходно од Специјализираните совети.По завршните зборови, советот ќе донесе пресуда.Пресудата се носи во рок од 90 дена од завршувањето на доказниот процес, а доколку поради околности е потребно дополнително време, рокот може да се продолжи за уште 60 дена.Тие се товарат врз основа на индивидуална кривична одговорност во шест точки на обвинението за злосторства против човештвото: прогон, затворање, други нехумани постапки, мачење, убиство и присилно исчезнување на лица, и во четири точки за воени злосторства: незаконско и произволно лишување од слобода, сурово постапување, мачење и убиство.Во обвинението се наведува дека кривичните дела за кои се товарат се извршувани најдоцна од март 1998 година до крајот на септември 1999 година на повеќе од 40 локации низ Косово и Метохија, како и во Кукеш и Цахан, во северна Албанија.Тачи, Весељи, Селими и Красниќи се товарат за воени злосторства и злосторства против човештвото врз најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 102 биле убиени.Според обвинението, овие кривични дела таканаречената ОВК ги извршила против цивили и лица кои не учествувале во конфликтите и за кои се сметало дека не ја поддржуваат ОВК.Таќи, Весељи, Селими и Красниќи се во притвор во Хаг од апсењето на 4 и 5 ноември 2020 година, а судењето започна во април 2023 година.Вкупно 134 сведоци дале исказ во судницата, од кои 125 ги повикало обвинителството, два сведока ги повикал застапникот на жртвите, а седум одбраната.Дополнително, 164 изјави на сведоци се прифатени во писмена форма.Обвинителството го заврши изведувањето на доказите во април 2025 година, при што повикало 125 сведоци и изведело околу 3.000 материјални докази.

Свет | пред 1 месец

media-libraryd6fv9oi5jsmm3Tkz9s3

Ахмети повика на масовен митинг во поддршка на поранешните лидери на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, упати повик до граѓаните за масовно учество на митингот што ќе се одржи утре, 13 декември, во 13 часот на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, во знак на поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово.Во своето соопштение, Ахмети нагласи дека ОВК претставува дел од националниот идентитет и дека целта на собирот е, како што наведе, барање правда и отфрлање на „измислените обвинувања“ од Србија и Русија.„Утре, на 13 декември, во 13:00 часот, на плоштадот ‘Скендербег’ во Скопјe, се обединуваме за јасна цел: барањето за правда и отфрлањето на измислените обвинувања од Србија и Русија. Излегуваме одговорно, за да ја почитуваме жртвата и да ја одбраниме вистината за нашата историја. Ве поканувам сите да бидеме заедно утре“, стои во повикот на Ахмети.Организаторите најавуваат мирен собир со јасна порака за поддршка на обвинетите поранешни команданти на ОВК.

Македонија | пред 3 месеци

taravari-vredi-koalicija-h

Крилото на Таравари со поддршка за протестот за УЧК во Скопје, политичките реакции растат пред 13 декември

Силни политички реакции се отворија во пресрет на најавениот протест на 13 декември во Скопје во поддршка на поранешните водачи на Ослободителната војска на Косово, кои сè уште се наоѓаат во притвор во Хаг. Едното од трите крила на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, денеска соопшти дека целосно го поддржува протестот, оценувајќи го како „одбрана на вредностите на косовската ослободителна војна“.Од таборот на Таравари повикуваат на масовност и единство: сите Албанци, велат, без разлика на политичката определба, да се приклучат на настанот што треба да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопје. Според нив, протестот е момент за јасно и заедничко искажување на поддршка за „правдата и вистината за ослободителната војна, најчистиот чин на борба за слобода на албанскиот народ“.Организаторите, пак, информираат дека ги завршиле сите административни процедури со Град Скопје и дека очекуваат дозволата за одржување да биде официјално издадена. „Поднесовме две барања и ја плативме потребната комунална такса. Сега очекуваме формалната согласност, затоа што протестот е наше уставно право“, изјави Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Протестот веќе доби принципиелна поддршка и од градоначалникот на Чаир и лидер на Демократско движење, Изет Меџити, кој оцени дека иницијативата е легитимен израз на став за хашките процеси. Како градоначалник на општината на чија територија треба да се одржи протестот, тој најави дека ќе даде согласност за негово организирање, но не прецизираше дали лично ќе присуствува.Во меѓувреме, премиерот Христијан Мицкоски упати критика кон иницијативата, оценувајќи дека најавата за протест од страна на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, е „погрешен потег“ и дека треба повторно да ја разгледа одлуката.Протестот, кој формално сè уште го чека последниот административен чекор, веќе предизвика значајни политички превирања, дополнително вжештувајќи ја сцената пред 13 декември.

Македонија | пред 3 месеци

media-library0i20al20rdrt4k99z23

Голем протест во Скопје – се бара ослободување на Тачи и лидерите на ОВК од Хаг

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје оваа сабота, на 13 декември, ќе биде центар на регионален собир на кој ќе се побара ослободување на поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово (ОВК) – Хашим Тачи, Кадри Весели и други притворени од Специјализираните совети во Хаг. Организаторите најавуваат мирен протест и велат дека целта е „побарување правда“ за, како што тврдат, неправедно притворените.Иницијативата е поддржана од организации произлезени од конфликтот во Косово, кои сметаат дека хашкиот процес е политички мотивиран и дека има за цел ревизија на историјата на косовскиот конфликт.Џавит Јашари, претседател на Здружението на семејствата на паднатите борци на ОВК, изјави дека протестот не е насочен против правдата, туку против неправдата.„Нашата единствена цел е да побараме правда и да изразиме солидарност со Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и сите други кои неправедно се држат во Специјалниот суд во Хаг. Ние не повикуваме на спротивставување на правдата,“ рече Јашари, обвинувајќи дека судот тесно соработува со обвинителството на Србија за да ја оцрни ОВК.Организаторите велат дека се чека само формално одобрение од Град Скопје за одржување на протестот.„Според законот, поднесовме две барања до Град Скопје. Добивме заклучок да ја платиме комуналната такса, што го направивме, и очекуваме дозволата да биде издадена без пречки, бидејќи тоа е уставно право,“ истакна Бујар Дардишта од Организацискиот совет.Организаторите очекуваат голема мобилизација од регионот.„Упатуваме повик до сите граѓани на РСМ и до Албанците во Албанија, Црна Гора и Косово, како и до сите организации и здруженија, на 13 декември во 13 часот да ни се придружат на плоштад ’Скендербег‘,“ порача Фадил Шурџај, претседател на Здружението на инвалидите од војната на Косово.

Скопје | пред 3 месеци

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

По критиките од Мицкоски, Ахмети со порака: „Горди и непоколебливи, ќе бидеме на плоштад“

Поддржувачи на поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово најавија масовен протест во Скопје на 13 декември, на плоштадот „Скендербег“. Настанот, кој следи по протестите во Хаг, Приштина, Тирана и Стразбур, го организираат ветерани и здруженија што бараат „правда за обвинетите во Хаг“.Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, јавно ги повика граѓаните да се приклучат на протестот, наведувајќи дека, како што рече, „гласот за правдата мора да се слушне и во Скопје“. Во неговата објава Ахмети ја истакна поддршката за ОВК и порача дека „слободата не се обвинува, туку се брани“, алудирајќи на судскиот процес против косовските лидери.Според него, поддршката што доаѓала од Приштина и Тирана ќе продолжи и во Скопје, а протестот го нарече „дел од борбата за вистината“.Премиерот Христијан Мицкоски, кој претходно го повика Ахмети да се откаже од протестот, оцени дека ваквиот чекор ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена. Тој тврдеше дека протестот е мотивиран од внатрепартиски пресметки пред конгресот на ДУИ и предупреди дека ваквите потези можат да создадат дополнителни тензии.Мицкоски изјави дека, според информациите што ги добива, на протестот би можеле да се приклучат групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од земјата. Тој додаде дека не очекува поддршка за протестот од коалициската групација „Вреди“, ниту пак позитивен сигнал од меѓународната заедница.Здружението на ветераните на ОНА, кое исто така најави учество, посочи дека протестот во Скопје ќе биде петтиот по ред собир за поддршка на обвинетите поранешни лидери на ОВК.Настанот е закажан за 13 декември во 13 часот, со најавен марш кон плоштадот „Скендербег“.

Скопје | пред 3 месеци

416876087_10229161808062868_5647222288120258027_n

Ахмети најави протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети најави дека следниот протест за поддршка на поранешните водачи на ОВК на кои им се суди во Хаг ќе се одржи во Скопјe на 13 декември.Во Судот во Хаг им се суди на Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими за воени злосторствата извршени на Косово.,,На 13 декември, почнувајќи од 13:00 часот, ќе протестираме и во Скопјe за да бараме правда и да покажеме поддршка за ослободителите кои неправедно се држат во затворите во Хаг. Планирано е протестот да се одржи на плоштадот „Скендербег“ во Скопјe“, вели лидерот на ДУИ.Тој ги повикал Албанците да се приклучат на овој протест, со цел, како што рече, да ја демонстрираат чистата борба за слобода и независност.Ахмети, инаку, беше учесник на двата големи протести што беа организирани во Приштина и Тирана како поддршка на поранешните водачи на ОВК.

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања