Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

ОХРИД СОС

media-library71v7eienrlvqd6eXeGu

Охрид SOS бара заштитни зони околу Билјанини извори: Ризикот по питката вода не е хипотетички - туку реален и растечки

Денес невладината организација Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Според организацијата, ова не е само апстрактно правно прашање, туку реална опасност за водата и здравјето на граѓаните.„Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат.Билјанини извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка разновидност, во простор кој граничи со заштитени подрачја како Студенчишко Блато и Охридско Езеро, а кој наместо да се штити, масовно и насилнички се урбанизира. Без јасно утврдени заштитни зони, ризикот по питката вода за Охрид не е хипотетички - туку реален и растечки.Законот е јасен: ваквите зони мора да постојат. Прашањето е зошто сè уште, со децении не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на интитуциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција - таа е должност“, се вели во објавата.

Македонија | пред 1 седмица

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Охрид СОС за водата во Струга: Децении игнорирање и непреземање мерки за трајно решавање на проблемот испливаа на површина

Во Општина Струга веќе две недели водата од градскиот водовод е небезбедна и забранета за пиење. Граѓаните и понатаму немаат дозвола да ја користат водата за пиење и подготовка на храна, откако лабораториските анализи покажаа сериозно влошување на нејзината чистота.Локалниот градоначалник Кура соопшти дека две компании кои вршеле ископувања кај изворите во село Шум, надвор од Струга, предизвикале загадување на водата. Тој бара итна санација на изворите и кривична одговорност за сите одговорни за штетата, со цел да се обезбеди безбедно снабдување на граѓаните.Од Охрид СОС велат дека замижувањето пред сериозните предизвици и континуираното маскирање на проблемот и непреземање конкретни активности со цел негово трајно решавање испливаа на површина.„Деценискиот сериозен проблем со водоснабдувањето во Општина Струга поради загадување и зголемена заматеност на водата од изворите кај село Шум, од каде градот се снабдува со питка вода кулминира деновиве. Замижувањето пред сериозните предизвици и континуираното маскирање на проблемот и непреземање конкретни активности со цел негово трајно решавање испливаа на површина. Анализите покажаа дека матноста на водата е значително над здравствено дозволените параметри, поради што водата е забранета за користење, и покрај тоа што последниве денови заматеноста делумно опаѓа.Изминативе денови медиумите се полни со информации дека локалните власти и надлежните инспекциски служби, вклучувајќи го и Основното јавно обвинителство – Струга, започнале истраги и теренски проверки за да ги утврдат причините за загадувањето, со цел да се најде одговорност и да се спречат понатамошни еколошки штети. Од никаква активност одеднаш зголемен интерес за проблемот и будење на одредени институции и сектори кои одамна требаше за ова да реагираат и да спречат ваков епилог.Теренските проследувања укажуваат на активности како експлоатација на минерални суровини и градежни интервенции во непосредна близина на изворите, неконтролирано урбанистичко ширење со потенцијал за инфилтрација на отпадни води, интензивна употреба на хемиски средства во земјоделството, но и користење на непосредната околина околу изворите како локација за депонирање огромни количини разновиден неселектиран отпад. Сите овие фактори можат да влијаат на квалитетот на подземните води што ги напојуваат овие извори.Оваа вонредна состојба дополнително ја поставува во фокус потребата за подобро управување со природните ресурси, систематско следење на ризиците и конкретни мерки за заштита на изворите што ги користат илјадници граѓани, бидејќи секое продолжено загадување директно го загрозува здравјето и секојдневниот живот на населението. Останува да видиме дали институциите ќе бидат на висина на своите ингеренции и конечно ќе го одбранат јавниот интерес, ставајќи крај на децениските практики кои имаат погубно влијание врз животната средина“, велат од Охрид СОС.

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања