Нивото на Охридското Езеро е 24 см над месечниот просек, подобрено во споредба со лани
Нивото на водата во Охридското Езеро бележи стабилност и е над просекот за овој период од годината. Според најновите мерења, водостојот изнесува 693,73 метри надморска височина, што е 24 сантиметри над просечното мартовско ниво од 693,49 мнв.Во споредба со истиот период минатата година, состојбата е значително подобрена. Во март 2025 година нивото на водата било повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек и само неколку сантиметри над дозволениот минимум.Температурата на водата во езерото моментално изнесува 6,5 степени Целзиусови, што е за еден степен пониско од просечната мартовска температура.Стручните проценки укажуваат дека подобрениот водостој е резултат на интензивните врнежи во изминатите месеци, кои придонеле за стабилизирање на хидролошките услови во регионот и за одржување на поволно ниво на водата.
Македонија | пред 3 седмици