Папата предупреди: Иднината на човештвото е трагично загрозена
Иднината на човештвото е во опасност да биде „трагично загрозена“ поради војните и распадот на меѓународното право, предупреди папата Лав во обраќање за време на неговата африканска турнеја.Во говорот одржан во Екваторијална Гвинеја, пред политичките лидери, папата порача дека светот мора да го смени правецот, да преземе политичка одговорност и да ги почитува меѓународните институции и договори.„Судбината на човештвото е во опасност без промена на курсот и без почитување на институциите и меѓународните спогодби“, истакна папата.Тој остро реагираше и на злоупотребата на религијата, нагласувајќи дека Божјото име не смее да се користи како оправдување за насилство и војни.„Неговото свето име не смее да се повикува за да се оправдаат избори и постапки кои носат смрт“, рече папата.Воедно, тој ја осуди и „колонизацијата“ на природните ресурси, како нафта и минерали, посочувајќи дека токму тие интереси често стојат зад крвавите конфликти во светот.Папата Лав во последниот период сè погласно ги критикува глобалните конфликти, нееднаквоста и улогата на светските лидери, испраќајќи пораки против војните и злоупотребата на моќта.
Свет | пред 1 ден