Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПАТУВАЊА

media-library84h5ptqhpue4f2MYXMM

(Видео) Превисоки цени, ветер и песок што лета насекаде: Туристите разочарани од популарната дестинација

Туристите на социјалните мрежи со поделени мислења за канарскиот остров Ланзароте, каде што некои предупредуваат дека поради постојаниот ветер, песокот и растот на цените повеќе нема да доаѓаат, додека други го бранат островот како и понатаму атрактивна дестинација.По недели поплаки за условите на Тенерифе, се чини дека и островот Ланзароте се најде под лупа на посетителите.На социјалните мрежи се проширија снимки во кои поединечни туристи тврдат дека со популарната дестинација „е готово“. Едно видео, кое на TikTok го објави корисникот Биги Билс, предизвика бурна расправа. Многумина се согласија дека еден неочекуван фактор ги одвраќа од повторно доаѓање и изнесоа сериозни забелешки за Канарските острови.„Еве зошто на луѓето им е доста од Ланзароте. Ветерот не престанува. Песокот завршува насекаде — во лице, пијалак и храна. Сепак, не мислат сите така“, рече Биги во видеото и додаде: „Некои области се помирни. Прашање е колку тоа кому му значи.“ На туристите најмногу им пречат ветерот и високите цени.Видеото предизвика стотици коментари и се чини дека многумина имаат цврст став за островот.„Како да сте заглавени на Месечината, но со еден мал град во кој нема многу содржини“, напиша една личност.Друга додаде: „Стана прескапо.“Трет корисник коментираше: „Сега сè е прескапо, аеродромот е хаотичен, а ветерот беше неверојатно силен во Коста Тегуисе кога последен пат бев таму. Имам чувство дека местото пропаѓа.“„Времето е целосно непредвидливо. По години доаѓање повеќе нема да се враќаме, бидејќи три одмори ни ги расипаа лошите временски услови“, стои во еден коментар.Уште едно лице го сподели своето искуство: „Бев таму минатата недела. Нов систем на аеродромот, лошо време и превисоки цени целосно ме одвратија од повторно доаѓање.“Сепак, не сите се согласија со критиките. Голем број туристи застанаа во одбрана на островот и признаа дека обожаваат таму да летуваат.„Бев таму минатата година. Најдобриот канарски остров. Ќе се вратам“, напиша еден корисник.Еден од туристите порача дека ова е најдоброто место досега: „Најдоброто место некогаш. Чисто, пријатно и прекрасно. Се враќам во јули и едвај чекам.“„Ако не ви се допаѓа, не одете. Ланзароте е нашата омилена дестинација за одмор. Ветерот не ни пречи“, заклучи еден од бранителите на островот.Ланзароте се смета за една од најпопуларните дестинации за одмор во текот на целата година, особено меѓу Европејците кои бараат потопла клима. Островот е познат по вулканските пејзажи, плажите и елегантната, уметничка атмосфера.Сепак, познато е дека станува збор за многу ветровит остров. Речиси постојаниот ветар и силните пасати го прават идеален за водени спортови, но на некои посетители токму тоа почнува да им пречи. Ветерот обично е најсилен од крајот на мај до почетокот на септември.Кога станува збор за цените, Ланзароте некогаш се сметал за поповолна опција во споредба со земјите од северна Европа, но во последните години трошоците значително пораснале. Иако и понатаму нуди добар однос цена-квалитет, посетителите денес можат да очекуваат повисоки цени во рестораните и сместувањето отколку пред 2020 година. Особено се издвојува дека областите како Плаја Бланка и Пуерто дел Кармен станале забележливо поскапи.

Магазин | пред 1 ден

IMG_1429

Туристите не се откажуваат од одмор поради војната, но ја менуваат мапата на дестинации

И покрај војната на Блискиот Исток, германските туристи не планираат да се откажат од патувањата, но сè појасно го менуваат изборот на дестинации, насочувајќи се кон места што ги доживуваат како посигурни. Истовремено, нов притисок врз цените доаѓа од растот на трошоците во авио-сообраќајот, што во следните месеци може да се прелее во поскапи аранжмани.Шефот на туристичката агенција „Дертур“ (Dertour), Кристоф Дебус, предупреди дека во моментов расте цената на керозинот и дека, доколку таа остане на сегашните нивоа, со тек на време ќе се одрази врз цените на патувањата. Според него, за идните резервации не може да се исклучи помало зголемување на трошоците.„Дертур“, кој се претставува како најголем германски организатор на патувања во регионот на Блискиот Исток, веќе забележува промени во резервациите: откажувања, промени на аранжмани и зголемена несигурност кај дел од клиентите за дестинациите во погодениот регион. Сепак, севкупната побарувачка останува стабилна – желбата за патување кај Германците и Европјаните, според Дебус, не е намалена.Наместо целосно откажување, туристите почесто прават „брз пресврт“ кон алтернативи. Како дестинации што продолжуваат да привлекуваат голем број резервации се издвојуваат Шпанија и Грција, што упатува на префрлање кон добро познати медитерански избори со развиена туристичка инфраструктура.Претседателот на Германското друштво за туристички науки, Јирген Шмуде, оценува дека ваквото однесување не е невообичаено: класичните дестинации со „топли мориња“ во многу случаи се заменливи, а патниците брзо се пренасочуваат кога ќе се појави чувство на несигурност.За Персискиот Залив, проценката на моменталната состојба е тешка, но Дебус смета дека чувството на безбедност кај клиентите може релативно брзо да се врати, бидејќи овие места со години граделе добар имиџ. Во исто време, тој посочува дека Египет останува баран и дека претходно бил меѓу дестинациите со најголем раст, но дека актуелната ситуација сепак се чувствува – особено затоа што туристите често ги перципираат арапските земји „во пакет“ кога ќе избие конфликт во една од нив.Трендот сугерира дека сезоната ќе продолжи со силна побарувачка, но со поизразена претпазливост при изборот на дестинација и со можен ценовен ефект доколку повисоките трошоци за гориво и авиопревоз се задржат подолго време.

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања