Пзарна изрече 124 казни за една недела - најмногу прекршоци во трговијата и финансиската дисциплина
Државниот пазарен инспекторат во периодот од 13.04.2026 до 19.04.2026 година спровел вкупно 509 инспекциски надзори на територијата на целата држава, при што се изречени 124 прекршочни платни налози во вкупна вредност од над 3.589.801 денари.Надзори и санкции се реализирани по повеќе закони, меѓу кои Законот за трговија, Законот за заштита од пушење, Законот за угостителска дејност, Законот за заштита на потрошувачи, Законот за занаетчиство, Законот за финансиска дисциплина, како и други релевантни законски прописи.Најголем број надзори се спроведени согласно Законот за трговија (166 надзори), по што следуваат Законот за финансиска дисциплина (107 надзори) и Законот за угостителска дејност (49 надзори). Најголем број прекршочни платни налози се изречени токму по Законот за трговија и Законот за финансиска дисциплина.Дополнително, изречени се 43 опомени, за кои во наредниот период ќе се спроведат контролни надзори.Од Инспекторатот информираат дека постапуваат континуирано, како по сопствени планови, така и по пријави од граѓани и институции, со цел доследна примена на законската регулатива.Граѓаните неправилности можат да пријават на телефон 191 или преку веб-страницата www.dpi.gov.mk
Македонија | пред 7 часа