Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

ПЕРСИСКИ ЗАЛИВ

media-libraryfk2kgr3l702hdYyUMrV

Војната ги чини земјите од Персискиот Залив повеќе од 50 милијарди долари

Кризата на Блискиот Исток и ограничувањето на пловидбата низ Ормускиот теснец досега ги чинат земјите од Персискиот Залив повеќе од 50 милијарди долари, наведува турската агенција Анадолу, повикувајќи се на анализа на истражувачкиот центар за енергетика TESPAM од Анкара.Во периодот од 27 февруари до 30 март, извозот на нафта од Иран, Ирак, Кувајт, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати и Бахреин се намалил за 36,4 отсто, на 7,833 милиони барели дневно, покажува анализата за влијанието на ограничувањата во Ормускиот теснец врз земјите од регионот.Пред почетокот на судирот, овие земји извезувале 12,3 милиони барели дневно, наведува TESPAM.Од почетокот на војната, земјите во регионот изгубиле 15,3 милијарди долари приходи од нафта поради намалениот извоз, пренесува Анадолу според резултати од анализата на TESPAM.Кога ќе се вклучат и нарушувањата на пазарот на течен природен гас (LNG), поморскиот сообраќај, оштетувањата на енергетската инфраструктура и проблемите во другите сектори, вкупните загуби на земјите од Персискиот Залив надминуваат 50 милијарди долари, покажува анализата на турскиот истражувачки центар.Покрај енергетските пазари, судирот ја забави и регионалната економија, влијаејќи врз производството, инфраструктурата, логистиката, трговските рути, финансискиот сектор и туризмот, наведува Анадолу.„Најголеми губитници во оваа криза се извозниците од Персискиот Залив, азиските увозници на нафта и LNG, танкерските превозници и земјите кои зависат од трговијата преку Ормускиот теснец“, изјави за Анадолу директорот на TESPAM, Огузан Акјенер.Во исто време, на значење добиваат нафтата од Централна Азија, гасот од источниот Медитеран, африканското производство на нафта и американскиот LNG, истакна Акјенер.„Со други зборови, глобалниот енергетски систем сè повеќе се дели на повеќе полови“, заклучи тој, предупредувајќи на нов енергетски поредок.Иран, по американско-израелските напади, презеде контрола врз Ормускиот теснец и го забрани транзитот за бродови поврзани со Соединети Американски Држави, Израел и нивните сојузници, со што дополнително се зголеми геополитичката напнатост.Иранските власти тврдат дека теснецот не е целосно затворен, нагласувајќи дека бродовите на „пријателските“ земји можат да поминуваат со координација со морнарицата, што укажува на селективен транзит.„На земјите кои ги сметаме за пријателски им дозволивме премин низ Ормускиот теснец — Кина, Русија, Индија, Ирак и Пакистан“, изјави минатата недела иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи, според агенцијата Тасним.Ирак пред војната извезувал 3,4 милиони барели нафта дневно, а приходите од нафта сочинуваат дури 90 отсто од државниот буџет.

Скопје | пред 3 седмици

SeKXr-

Илјадници морнари заглавени во Персискиот Залив: „Не сакаме да умреме“

Илјадници морнари се заглавени во Персиски Залив поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, а дел од нив работат за само 16 долари дневно без можност да се вратат дома.Според Меѓународна федерација на транспортни работници, телефонските линии за помош се преплавени со повици и пораки од екипажи кои бараат итна евакуација, храна, вода и медицинска помош.„Не сакаме да умреме. Помогнете ни да излеземе од тука“, стои во една од пораките испратени од морнар кој се наоѓа во зона на напади.Податоците на Меѓународна поморска организација покажуваат дека околу 20.000 морнари се заглавени во регионот, додека најмалку осум лица загинале во инциденти од почетокот на конфликтот.Областа околу Ормускиот теснец е прогласена за воена зона, што теоретски им дава на морнарите право на репатријација и повисоки примања. Сепак, многумина, особено оние без соодветни договори, не можат да ги остварат тие права.Морнарите сведочат дека се принудени да продолжат со работа и претовар на стока, иако се наоѓаат во опасна зона. Дел од нив тврдат дека компаниите ги игнорираат нивните барања за заминување, повикувајќи се на недостиг од летови или логистички пречки.Дополнителен проблем се и ниските плати. Според синдикалните податоци, голем број морнари работат за минимални надоместоци, што ги принудува да останат на бродовите и покрај ризикот по живот.Организациите за заштита на морнарите предупредуваат дека ситуацијата е критична и дека без итна реакција, бројот на жртви и хуманитарната криза на море може дополнително да се продлабочи.

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања